Евр0голот на Езгјан Алиоски против Белгија апсолутно заслужено се најде на листата од најубави четири погодоци во оваа квалификациска рунда. УЕФА вообичаено бира четири погодоци од кои фановите потоа го избираат најубавиот, а Алиоски за главен ривал го има Норвежанецот Нуса и неговото ремек-дело против Италија. Покрај него, во конкуренција за најубав погодок се уште и Хрватот Перишиќ против Гибралтар, како и чешкиот репрезентативец Хложек со ...
Мајсторијата во изведба на Дарко Чурлинов и Езџан Алиоски, сосема очекувано, се најде меѓу четирите најдобри голови на изминатото коло во европските квалификации. Македонија извлече бод со силната Белгија, а ремек-делото во „режија“ на нашиот репрезентативец доби место во најтесниот избор за гол на колото. Заедно со Алиоски, во конкуренција се Норвежанецот Нуса, Хрватот Перишиќ и Чехот Хлозек. Можете да гласате за погодокот на Џани Алиоски на ...
Џани Алиоски постигна магичен погодок против Белгија за 1-1 и продолжување на серијата без пораз. По комплетирање на првите средби од овој квалификациски циклус за пласман на Светското првенство, УЕФА ги номинираше најдобрите погодоци, секако место имаше и за нашиот Алиоски, кој постигна спектакуларен погодок. УЕФА им дава шанса на навивачите да одлучат чиј гол е најдобар. Џани дефинитивно заслужува да победи во тесна конкуренција. Гласајте на ...