
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Американската државјанка со српско потекло Ана Кнежевиќ (40) исчезнала во Шпанија откако пред две недели ја напуштила Флорида на одмор. Нејзините пријатели се загрижени, апелираат до сите да им помогнат во потрагата, а медиумите во Соединетите Американски Држави наведуваат дека во потрагата се вклучило и ФБИ. Пријателите на Ана не ја виделе, ниту слушнале од февруари, а како што изјавија за медиумите во САД, таа заминала на одмор кон крајот на ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи од денеска ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на 60-та Минхенска безбедносна конференција. Министерот ќе има обраќање на панелот на тема „Иднината на Западен Балкан – Предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”. На маргините на Минхенската безбедносна конференција, Османи ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи ...
Претседателот Стево Пендаровски, од 16 до 18 февруари 2024 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 60. Минхенска безбедносна конференција. Предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на настанот „Дали Западен Балкан е дел од големата слика? Мапирање на новата европска безбедносна архитектура“ во организација на Центарот за безбедносна политика од Белград и Центарот за безбедносна политика од Женева, на настанот ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден повторно го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека не треба да спроведува воена операција во Рафа без соодветен остварлив план за заштита на палестинските цивили, соопшти Белата куќа. Во разговорот меѓу двајцата лидери во четвртокот, втор за помалку од една недела, Бајден го предупреди Нетанјаху да не започнува операции во јужниот дел на Газа без безбедносен план за околу еден милион луѓе ...
ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи. Кога ДПМНЕ влезе во техничката Влада, нивниот министер направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши, истакнуваат од СДСМ. Според оваа партија, наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши, ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување. „Тоа негативно ...
Кога ДПМНЕ ќе добие власт се случува хаос, а потврда за тоа се случувањата во Скопје, велат од СДСМ. „Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје буквално го уништи јавниот превоз во градот, иако на граѓаните се уште им се свежи сеќавањата за бесплатен јавен превоз, нови 250 еколошки автобуси, фабрика за автобуси и слични погазени ветувања. Граѓаните на Скопје веќе не знаат кој ден ЈСП работи а кој не работи, не знаат дали може да користат јавен превоз ...
Пари Сен Жермен (ПСЖ) со месеци се подготвува за „животот по Килијан Мбапе“, планот отприлика гласи вака: Мохамед Салах (31) и Бернардо Силва (29). Двајцата левоноги виртуози се на приоритетната листа на најмоќниот француски клуб, чиј претседател Насер Ал-Келаифи, вчера бил известен од Мбапе дека ќе го напушти Париз по завршувањето на сезоната. „Лекип“ пишува дека веќе ги направиле сите можни врски, контакти за до првиот ден од преодниот рок ...
Грција стана првата земја со мнозинско православно население што ги легализираше истополовите бракови. Оваа одлука на грчките власти значи дека на истополовите парови сега ќе им биде дозволено да посвојуваат деца. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе се справи со сериозната нееднаквост“. Како што пишува Би-Би-Си, законот ја подели земјата, а жесток отпор води Грчката православна црква. Грчкиот премиер Кирјакос ...
„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Чучер Сандево и Сарај. Во периодот од 9 до 14 часот корисниците од куќите околу пералницата Smartwash на раскрсницата на булеварот Илинден со булеварот 8 Септември и бараките до ФДУ во општина Карпош ќе немаат струја. Во периодот од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од околината на пристапниот пат до манастирот „Св. архангел Михаил“ ...
Актуелниот шампион во Формула 1, Ред Бул е последниот тим кој го претстави својот болид за новата сезона. И овој автомобил го носи името „RB20“, што е еволуција на минатогодишниот болид, кој беше најдобар во сезоната. Не само што другите тимови го копираа Ред Бул, туку и австрискиот тим „украде“ идеи од другите тимови за новиот болид. На прв поглед, овогодинешниот болид има поголем преден дел, сите други тимови поврзале три елементи од ...
Вистинска драма се одвивала вчера во Букурешт кога 64-годишен маж во излив на бес ја запалил својата невенчана сопруга, а потоа и себеси. Во нападот е повредена и неговата баба, мајката на сопругата, која се обидувала да го изгасне пламенот. Настанот се случил околу 17 часот, а двете жени и напаѓачот се живи само благодарение на брзата реакција на соседите. На грозоморниот напад му претходела кавга меѓу двајцата сопружници, а бабата се обидела ...
Вчера во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип Кочани во близина на село Жиганци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, „голф“ со кочански регистарски таблици, управувано од 54-годишниот Д.Д. од Кочани, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски таблици управувано од 25-годишниот М.А. од Скопје и патничко возило „ситроен“ со винички регистарски ознаки управувано од 58-годишната Л.С. од Виница. „На самото ...
Автобусите на ЈСП утре нема да возат, зашто вработените сè уште не ги добиле јануарските плати заклучно со 15-ти во месецот, според законскиот рок соопшти денеска претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, Миќо Стојановски. „Нема плата, нема возење“, дециден е Стојановски. „Еве, денеска е 15-ти, последниот законски ден за исплата на плата. Чекавме до 14:30 часот кога е последниот миг да се префрлат парите во ЈСП ...
Врз патниците на авионот на „Delta Air Lines“ од Амстердам до Детроит во вторникот паѓале црви. Наводно, еден од патниците во рачниот багаж носел расипана риба и ја ставил во преградата над главите на патниците. За време на летот, црвите почнале да паѓаат врз патниците што седеле долу, пишува „Independent“. Филип Шот, Холанѓанец кој живее во Ајова, изјави за „Фокс 2“ дека видел десетици црви како паѓаат врз патникот за време на летот. ...
Раселените Палестинци бегаат од медицинскиот комплекс на болницата „Насер“ во Кан Јунис по нападот на израелската армија по повеќенеделната опсада. Тоа е најголемата медицинска установа во јужниот дел на Газа, пренесува „Ал Џезира“. Израел објави соопштение во кое се вели дека спроведува „прецизна и ограничена“ рација во болницата „Насер“, и дека одлуката да се направи тоа се заснова на информациите дека борците на Хамас се кријат и држат ...
Ајкулите се страв и трепет кај речиси секој пливач во морето. Иако нивните напади врз луѓето се ретки, дополнителната претпазливост не е на одмет. Повеќето луѓе одат на заслужен одмор во лето. Некои избираат соседна земја за одмор, додека други претпочитаат да се релаксираат на пооддалечени и егзотични дестинации. Некои локации, сепак, кријат одредени опасности, вклучително и ајкули, кои во минатото предизвикаа да умрат многу капачи, пишува ...
Следејќи ја својата визија да ви го олесни секојдневното живеење во вашиот дом, Samsung ви нуди широка палета на паметни уреди и апарати направени според најсовремените иновативни технологии. Современите трендови кои ги внесувате во вашиот дом преку најновите модели на телевизори, мобилни телефони, таблети, кујнски апарати и други апарати за домаќинството ви ја носат иднината дома правејќи го вашиот дом паметен и во голем дел навигиран од ...
Сигурно многу пати сте ја извадиле облеката од машината за перење, очекувајќи нешто меко и нежно, но сте завршиле со куп ткаенина која е многу цврста и непријатна за носење. Шансите се дека користите премногу детергент за перење. Иако детергентот ќе ги исчисти нечистотиите и дамките, сепак на крајот ќе создаде нов проблем. Имено, остатоците од детергент кои не се добро исплакнати ќе предизвикаат облеката да биде груба на допир и изгребана при ...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по шести пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков ...
Темата за миграција на луѓето е многу широка и немам намера детално да пишувам за неа. Не сум ниту доволно компетентен за тоа. Но не можам да бидам рамнодушен на маките на многу милиони луѓе во светот што се преселуваат не затоа што сакаат, туку за да преживеат. А причините за преселување (климатските промени) ги прават други луѓе, најчесто од богатите земји. Некои луѓе се преселуваат во потрага за повисок животен стандард, некои да напредуваат ...
Грчкиот парламент денеска ќе гласа за законот за легализација на истополовите бракови. На ова се спротивставува Грчката црква, но поддршка за законот најавија владејачката Нова демократија, главните опозициски партии Сириза и ПАСОК, Курс слободно, како и Новата левица, објави „Катимерини“. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Грци ја поддржуваат предложената реформа. Тоа прашање не предизвика длабоки поделби во земјата, ...
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со медиумите даде одговори на јавно поставените прашања во врска со резултатите од Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година. Таа категорично ги отфрли квалификациите за политичко или друг вид на одлучување или влијание на годишните конкурси и искажа незадоволство за начинот на кој некои корисници и членови на стручните комисии беа ...
Во врска со испратената нота до италијанското МНР, Министерството за надворешни работи информира дека ниту едно дипломатско – конзуларно претставништво на Република Северна Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за предметната тема до земјите на акредитација. По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на ...
Платата на вработените во ЈСП не доцни, стои во дописот од ЈСП. „Платите се исплаќаат редовно во тековниот месец за разлика од платите кои во „Македонски Пошти“ доцнат шест месеци, платите во МЗТ доцнат три месеци, потешкотии со исплата на плати има и во скопските општини. Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа“, се наведува во напишаното ...
Времето денеска ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени. Во Скопје ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени. До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со појава на мала до умерена облачност, особено во недела. Од почетокот на следната седмица ќе ...
Фудбалерите на Милан направија голем чекор кон пласман во осминафиналето во Лига Европа, а Карабаг ја забележа една од најголемите победи во својата истрија со убедливата победа во Брага. Бенфика од пенал во 98.минута го победи Тулуз. Немаше голови на натпреварот Ленс-Фрајбург. Милан на преполниот „Сан Сиро“ убедливо го победи Рен со 3:0. Херој на италијанскиот претставник е Рубен Лофтус-Чик, кој со два удари со глава го ја откула одбраната на ...
Последниот обид на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да ја запре неговата екстрадиција од Велика Британија во САД е прашање на живот и смрт, изјави денеска неговата сопруга Стела. Асанж (52) се бара во САД по 18 обвиненија поврзани со објавување на огромни количини доверливи американски воени и дипломатски извештаи на Викиликс. Велика Британија ја одобри неговата екстрадиција во 2022 година, која неговите адвокати ќе се обидат да ја оспорат ...
Доналд Трамп ја повтори својата претходна изјава за НАТО, истакнувајќи дека нема да ги заштити земјите за кои верува дека не плаќаат доволно за одржување на НАТО Алијансата со тврдење дека таквите нации им „се смеат“ на САД. „Ако не платат, нема да ги заштитиме, добро? И Бајден кој рече „О, ова е толку лошо. Ттолку е страшно тоа што го рече“. Не. никој нема да ги плаќа нивните сметки. Еден од шефовите на држави рече: „Дали тоа значи дека ако ...
Авокадото е достапно во продавниците во текот на целата година, спаѓа во најпопуларните овошја. Неговиот вкус е невпечатливо благ и има пријатна арома. Истражувањата покажале дека поради својот хранлив состав авокадото може да обезбеди подолго чувство на ситост и со негова помош да ја оддржувате вашата телесна маса. Купувајте плодови со средна големина, целосно узреани и со пријатна арома. Бидејќи авокадото лесно со комбинира во солени и благи ...
Сокот од цвекло се користи како природен лек со децении, бидејќи е исклучително здрав вид зеленчук. Содржи многу витамини и минерали, пред сè фосфор, калиум и сулфур, кои се важни за создавање на еритроцитите, а исто така содржи пигмент беталаин, кој има антиоксидантни и антиинфламаторни својства благодарение на кои се елиминираат слободните радикали од телото. Сокот од цвекло го зголемува нивото на енергија, го намалува високиот крвен притисок, ...