(Видео) Отворена истрага за недоличното однесување на Роналдо

Видео-Отворена-истрага-за-недоличното-однесување-на-Роналдо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кристијано Роналдо се најде на удар на критиките за непримерн0о однесување по победата на неговиот Ал Наср против Ал Шабаб, во натпреварот во Саудиска Про лига во неделата.

Роналдо постигна гол во првото полувреме од пенал, пред Бразилецот Талиска да му донесе победа на Ал Наср на гости со 3-2 на крајот од натпреварот.

По последниот свиреж на судијата, на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека петкратниот освојувач на Златната топка се врти кон домашните навивачи и недолично гестикулира додека од трибините се слушаат скандирања „Меси, Меси“.

Иако инцидентот не беше снимен на телевизија, брзо следеа критики за 39-годишниот Роналдо, а локалните медиуми објавија дека Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија отворил истрага.

Роналдо оваа сезона постигна 22 голови и моментално е водечки стрелец во саудиската лига. Ал Наср е втор на табелата со четири бода помалку од водечкиот Ал Хилал, но има и натпревар помалку.

https://topsport.mk/wp-content/uploads/2024/02/m2-res_1096p.mp4

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK