Стефковски: Набавивме механизација за комуналното претпријатие, почнуваме со градба на рекреативен комплекс, ќе се градат и училиште, градинка и спортска сала

Стефковски-Набавивме-механизација-за-комуналното-претпријатие-почнуваме-со-градба-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во посета на општина Гази Баба денеска беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Бобан Стефковски промовираа два проекти.

„Првиот е комплетно завршен проект, а тоа е набавка на нова механизација за јавното комунално претпријатие кое се состои од камион кипер со носивост до 1.200 килограми, кој што ќе биде наменет за подобрување на состојбата со комунален отпад и комуналната хигиена на територија на општина Гази Баба.

Второто возило е вакуумска цистерна која што ќе биде наменета за решавање на проблемите на граѓаните кои што ги имаат околу фекалните канализации.

И третото возило е камионет кој што исто така ќе биде наменет за решавање на проблемите на граѓаните кои што ги имаат околу водоводните системи, каптажите и фекалните канализациони системи, особено во високите рурални средини.

Вкупната инвестиција на набавката на механизација за јавното комунално претпријатие е девет милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Гази Баба“, рече Стефковски.

„Вториот проект кој што го промовираме токму тука во населеното место Хиподром е изградба на нов спортско рекреативен комплекс кој што ќе се содржи од две мултифункционални игралишта. Првото мултифункционално игралиште односно спортски терен ќе биде наменет за одбојка и за кошарка, на соодветна подлога од тартан. А, вториот спортски терен ќе биде наменет за ракомет и мал фудбал, кој што ќе биде на специјализирана, гумирана гранулатна подлога.

Исто така проектот предвидува комплетно осветлување на овој комплекс и изградба на ново детско катче, фитнес зона и комплетно хортикултурно уредување со патеки од павер елементи.

Ова беше едно од кредитните барања на граѓаните на населеното Хиподром и сметам дека ќе добијат еден спортски центар во кој што ќе можат особено помладите да спортуваат, рекреираат и да се дружат тука“, додаде градоначалникот Стефковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK