Наместо механизација за ископ во РЕК, ЕСМ набавува возила за 143 милиони денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Најавената-финансиска-полиција-која-ќе-влезе-во-М-Нав-е-само.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Не престануваат скандалите со набавките во ЕЛЕМ! Низа скандали го тресат ЕЛЕМ со изнајмување на механизација и разни договори со Марковски компани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од една страна се објавува огромен тендер од 46 м€ за ангажирање на механизација за потребите на РЕК Битола, а од друга страна се објавува оглас за набавка на 52 возила за потребите на Дирекција и подружниците, во износ од 90.268.092,00 ден без ддв. Покрај договор за набавка на 52 возила од една фирма, склучен е уште еден договор за набавка на уште 30 возила во износ од 31.338.600 денари без ДДВ. Што значи дека ќе се набават 82 возила и ќе се потрошат 143.495.896,00 денари со вклучен ДДВ“, додаваат од партијата.

Како што посочуваат, се поставува едноставното прашање зошто овие пари не се наменети за купување на механизација потребна за ископ.

„Раководството во заминување гледа на секаков начин да причини поголема штета на претпријатието“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK