
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Од полицискиот билтен на МВР На 21.03.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.К.(50) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На ...
Од МВР изјавуваат дека се работи на расчистување на случајот. Вчеравечер, еден и пол час пред полноќ, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, пријавил дека континуирано во неколку наврати добивал закани. Ова траело со месеци, а вчера затекнал и како гумите од неговото возило биле распарчени. Тој пријавил дека делото го сторил вработен во Општината. „Градоначалникот на општина Штип пријавил дека Ј. М. од Штип, вработен во Општина Штип, ...
Мониторинг комитетот на парламентарното собрание на Советот на Европа ме избра за известител за Босна и Херцеговина. Тоа значи дека во следниот период ќе го следам прогресот на Босна и Херцеговина во делот на исполнување на обврските кои што оваа држава ги има преземано кон Советот на Европа, пред се во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, борбата со криминалот и корупцијата, изборните реформи, како и ...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Во текот на вчерашниот ден (21.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 186 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час ...
Американците очекуваат поранешниот американски претседател Доналд Трамп да биде уапсен во Њујорк оваа недела и да се појави на суд следната недела под обвинение за фалсификување деловни документи. Според американските медиуми, големата порота свикана од окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, денеска ќе го потврди обвинението против Трамп, а Тајната служба, која ги штити и поранешните претседатели, се координира со обвинителите и ...
Вчера попладнето околу 16:30 часот, во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево кај местото викано „Бели мост” се случила cooбpaќajна незгода во која животот го загyбила Ј. Г. (25 г.), која живее во демирхисарското село Белче. Од СВР-Битола вечерва соопштија дека во cooбраќajната незгода учествувало патничко моторно возило марка „мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од Б.Г.(33) од селото Белче, ...
Управата на Барселона, предводена од претседателот Жоан Лапорта, ја доби првата битка по избивањето на аферата Негреира со која каталонскиот тим беше обвинет дека ги поткупувал судиите. Шпанското министерство за финансии, денеска соопшти дека нема докази дека парите кои Барселона му ги уплаќала на поранешниот потпретседател на судиската комисија во Ла Лига, Енрикес Негреира, биле користени за поткупување на судии. Лапорта упорно ги негираше ...
Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место локален водоснабдителен систем Ореовец – јавна чешма сред село – водоводна мрежа и с.Лениште – јавна чешма сред село – водоводна мрежа не одговара за употреба. Додека водата од мерно место локален водоснабдителен систем Канатларци – бензиска – водоводна мрежа, л.в.с. Ерековци – двор – водоводна мрежа, л.в.с. Тројкрсти – двор – водоводна мрежа и Лагово – Петрески Тоде – водоводна ...
Младиот кромид содржи витамини и минерали, фолна киселина, железо, хранливи влакна и хранливи материи. Благодарение на неговиот уникатен состав, тој може да ги намали воспаленјата во телото и го зајакнува имунитетот. Лекарите го препорачуваат за многу болести. Кромитчето, исто така, помага да се намали внесот на сол во телото. Но, како што објаснува нутриционистката Наталија Нефедоца за „Спутик“, не секој може да го поднесе, и тоа не само ...
Младенци – еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера. Младенци ги слават сопружниците во првата година од бракот, оние кои се венчале после 22 март претходната година. На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење. Младенци ...
Владата денеска ја замрзна цената на јајцата и оризот и го ограничи извозот на јајцата. Највисоките цени на оризот и јајцата ќе останат на нивото од 15-ти овој месец и ќе важат до 30-ти следниот месец. Со владината одлука најмалку 70 проценти од домашното производство на јајца треба да се пласира на домашниот пазар, а трговците на мало се обврзани да продолжат да ја набавуваат вообичаената количина што ја набавувале во јануари и февруари ...
Рано утрово затворската полиција во затворот во Идризово направила голема акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Во акцијата била вклучена и градежна механизација. Неофицијално, во акцијата е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостасувале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а во кој имаше ...
Стефан Трпковски, лице со Даунов синдром, од денес ќе работи во општина и ќе биде дел од мојот тим! Од денес, Стефан ќе запознае нови колеги во општина Кисела Вода, ќе извршува работни обврски, ќе почувствува дека општеството и нему му пружа еднакви можности како на останатите – напиша на ФБ, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. -Видно возбуден, ми раскажа за своите таленти, за кошарката која е негова прва љубов, за ...
Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и ...
Македонија бр.104/19, 146/19, 275/19, 311/20, 163/21, 294/21 и 99/22) а во врска со член 20-г од Закон за вработените во јавниот сектор (Службен Весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и 143/19) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица ...
Викендов, односно последниот викенд од месец март ќе започне летното сметање на времето. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот. Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во ...
Бугарското национално радио (БНР) доби информацијата за откажана екскурзија во Македонија од група туристи од Ќустендил, само поради лошиот однос на Македонците кон Бугарите. „Туристичкото друштво ‘Осогово’ – Ќустендил го откажа патувањето во Северна Македонија и Скопје поради тамошната ситуација и односот кон Бугарите, соопштиле пријавените во групата, пренесе радиото. Информацијата ја потврдил и претседателот на друштвото, Христо Абаџиев, кој ...
Владата апелира до пратениците да не го блокираат законот со којшто се овозможува намалување на цената на производите за менструална хигиена. Ако собраниската Комисија за финансирање и буџет го блокира законот со кој треба да се намали цената на хигиенските влошки, донесена ќе биде времена мерка, соопштија од Владата. Велат, законското решение е во Собрание и ги повика пратениците да го усвојат. – Тоа ќе се направи со закон, директно. ...
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.Н.(53) од Велес, М.О.(59) од Прилеп, Е.Р.(59), В.А.(59), двајцата од с.Лажани, правно лице од Кичево и две правни лица од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“. Пријавените, спротивно на законските прописи и без овластување на Народната банка на Република Северна Македонија, неовластено ...
Современ кружен тек „Табана“ над коритото од Градската река, пробивање и инфраструктурна реализација на улицата „Победа“, средување на влезот Прилеп – Македонски Брод и поставување фотоволтаци на сите објекти кои се во сопственост на општина Прилеп, а тоа се училиштата, се четирите капатални проекти кои општина Прилеп има намера да ги реализира со издавањето на обврзници во вредност од пет милиони евра. На оваа тема беше организирана и јавна ...
Витаминка, најголемиот производител од прехранбената индустрија во земјава ја изложи својата производна програма на Food Expo 2023, што викендов се одржа во Атина, Грција. На една од најпознатите изложби за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Витаминка ги покажа своите производи пред илјадници професионалци од трговија на мало, големо и угостителство од Грција и странство. Беше претставена благата програма, намази, сосови, масло за јадење, ...
На утрешната седница Владата ќе ги замрзне маржите на оризот и јајцата на цени од почетокот на овој месец. Министерот за економија вели дека замрзнување на маржите за брашното и шеќерот нема да има, но очекува самите трговци да ги намалат цените. „За замрзнување на маржите, утре на седница на Влада ќе се донесе одлука за замрзнување за оризот и јајцата, со цени кои биле претходно во текот на овој месец. За шеќерот и за брашнато, согласно ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,60 % во однос на одлуката од 17.3.2023 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот ...
Фејсбук статус на Александар Левески Кратка тажна приказна наречена “Имати па немати”: 1. Levi Strauss се произведуваше во “Вартекс” од Вараждин, 2. Lee Cooper во “Беко” од Белград, 3. Wrangler се произведуваше во “Македонка” од Штип, 4. Puma се произведуваше во “Борово” од Хрватска, 5. Adidas во Планика (Словенија), 6. Boss се правеше во Diork (Крагуевац), 7. Javor во Ивањица (Србија) произведуваше 20.000 кошули месечно за светски извоз, 8. ...
Вчера (19.03.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 132 возачи. Од нив, 94 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 38 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до ...
Вчера во Скопје во СЦ “Борис Трајковски”, екипата на Младост96 извојува две убедливи победи. Во дерби натпреварот на сезоната во 11-то коло со екипата на Телеком Нец, прилепчани забележаа победа со убедливи 4-2 и го презедоа врвот на табелата во Супер лигата. Одлични партии на Борчиќ, кој извојува две победи, Стомнароски со една победа, и до сега најдобриот настап на Костовски, кој имаше одлична можност да го совлада непобедливиот досега ...
На 19.03.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.О.(37) и А.А.(35), двајцата од Битола, а службен разговор во полициска станица бил извршен и со А.М.(27) од Битола. Тие се сомничат дека извршиле три тешки кражби и две кражби во куќи, патнички возила и спортска обложувалница, од каде одзеле разни предмети и пари. Одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците, а по целосно ...
Авторот на колумната е проф.по предучилишно образование и воспитување. Вработена во 00У,,Блаже Конески,, Анегдота која честопати некогаш се слушаше низ прилепската чаршија. Во она време кога чаршијата имаше мирис на штотуку испечатени весници, кои беа разнесувани доцна наваечер или изутрина (за тоа друг пат). Анегдотата раскажува дека во нашата Стара чаршија, еден трговец отворил дуќан. Целиот во надеж и среќа дека работата ќе тргне. Но, ете не ...
Барса за првпат по девет години го дочекува „Ел Класико“ со дури девет бода пред вечниот ривал. Ако победи сега, трката за титулата е завршена. Натреварот се игра вечерва со почеток од 21:00часот, а во Барселона речиси стандардно е присутен еден од најверните навивачи на македонската репрезентација и воопшто еден од најголемите поддржувачи на македонските спортисти ширум светот, но и на клубовите од Барселона, струмичанецот Наце Митев. Наце по ...
Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи спроведена е акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти, како и точење и продавање на алкохол на малолетници во 267 угостителски објекти на 26 локации. Во рамки на контролата на подрачјето на СВР Тетово откриено е едно кривично дело казниво по чл. 215 од Кривичниот законик, при што кај едно лице е пронајдена и одземена ...