
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Политичкиот консултант Абас Гаљамов беше еден од пишувачите на говори на рускиот претседател Владимир Путин, а неодамна руските власти распишаа потерница по него. Во интервју за грузиската редакција на Радио Слободна Европа/Радио Слобода, тој зборува за споровите со рускиот лидер и неговиот можеби изненадувачки избор за наследник на Путин, пренесува Блиц. – Според мене, мојот општ впечаток за Путин е дека тој беше добар менаџер. Тој беше многу ...
Идниот човек на таа позиција мора да ја има функцијата шеф на држава или влада во својата биографија. Мора да знае течно англиски, а пожелно е и француски. Личноста мора да биде во добри односи со Вашингтон. Јенс Столтенберг заминува од НАТО во октомври. Тој нема намера да продолжи уште еден мандат. А кој доаѓа? Сè погласни се шпекулациите за можна генерална секретарка на НАТО. Тоа би била прва ваква ситуација за Алијансата, анализира Дојче ...
Во текот на изминатата вечер (25/26.03.2023) во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е зacилена акциcка контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкoxoл. При контролата санкционирани се 65 возачи. Од нив 7 на територија на Битола, 50 во Прилеп ,по 2 во Ресен и Крушево, 3 Македонски Брод и еден во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 51 други видови пpeкршоци. ...
Во вчерашниот број на Службен весник, објавена е одлуката, со која поскапуваат обрасците за личните документи. Поскапуваат обрасците за пасоши, лични карти, возачки дозволи… Новото поскапување се случува непосредно пред задолжителната промена на личните документи и регистарските таблички на возилата, со што се впишува официјалното име на државата – Република Северна Македонија. Промената, според обврските од Преспанскиот договор, треба да ...
На 25.03 од страна на полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола на стариот пат Прилеп – Битола бил лишен од слобода А.М.(38)од Битола, кој управувал патничко возило”опел” со битолски регистарски ознаки, под сомнение за извршена тешка кражба во РЕК Битола, од каде одземени се ролни железо од Рудникот Брод, сопственост на РЕК Битола. Пронајдените предмети се вратени на сопственикот, а по документирање ...
Акатист кон Пресветата Мајка наша Богородица. Мајко на целиот човечки род, моли го Севишниот да ги прими нашите молби и даренија, за здравје и спасение на нашите семејства и нашиот народ. Во текот на великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло, и пченица за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат: „ Овој, пак, благословен ...
Полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје. По пријавата во полицијата веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, соопшти МВР. Против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение ...
Стапува во сила Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата која Владата ја донесе пред една година врз основа на Законот за употреба на јазиците, во главниот град Скопје и во другите општини каде што живеат најмалку 20 отсто граѓани од заедниците. -Во Градот Скопје, во општините во Градот Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, ознаките на основната ...
Денеска во Радовиш се одржа изборно државно првенство во борење до 20 години, каде учество зеде и боречкиот клуб “7-ми Мај – Златна Рака” oд Прилеп. Прилепчани освоија четири први места, едно второ и едно трето. По категории: Елена Малиноска до 50кг – второ место, Михаела Богеска прва до 53кг, а Елена Најдоска беше трета во истата категорија. Во категорија до 55кг. Михаела Тодороска го освои првото место, Христина Ристеска беше прва до 62кг, а ...
Eдно од најкултните места на прилепчани вечерва ќе блесне во ново светло. Стариот добар амбиент во срцето на Старата прилепска чаршија ќе биде надополнет со нов свеж и модерен стил, нешто што прилепчани го бараа и со нетрпение го очекуваа. Тие кои знаат што е најдобро, сега ќе уживаат во пролетното сонце пиејќи го чаршиското кафе во подновениот ТАBU Ultra lounge, место кое пружа најдобро искуство да го почувствувате Прилеп и прилепската Стара ...
Астероид доволно голем да уништи цел град викендов ќе помине помеѓу орбитите на Земјата и Месечината. Објектот наречен 2023 DZ2 е откриен пред еден месец, јавува Би-Би-Си. Тој денеска ќе помине на оддалеченост од 515.000 километри од Месечината, а неколку часа подоцна ќе помине и покрај Земјата. Ретко е толку голем астероид, кој се проценува дека има дијаметар од 40-90 метри, да помине толку блиску до некоја планета. Според НАСА, ова е ретка ...
Нашиот став е јасен и ние го кажавме, нема да учествуваме во постапката за уставни измени затоа што не ги подржуваме уставните измени. Сметаме дека истите не треба да се случат затоа што овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени, никој во програмата за изборите не вети дека ќе се случат устави измени, а граѓаните на избори гласаат врз основа на програма. Така што нашиот став е краток и јасен дека нема да поддржиме уставни измени ...
Соопштение до верниците од црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп “Почитувани прилепчани, браќа и сестри во Христа! Со радост ве известуваме дека оваа четврта недела од Великиот пост (26.03.2023), посветена на св. Јован Лествичник, кога го чествуваме споменот на св. Никифор Цариградски, во храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила, со почеток во 08:15 часот ќе се богослужи света архиерејска Василиева ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска околу 1:20 часот во СВР Скопје било пpиjaвено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во село Арнакија, скопско, се случила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, yправувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата. ...
Министерството за внатрешни работи, постапувајќи по заклучок донесен од Владата, спроведува постапка за изменување на решението за цените на обрасците за вадење лични документи. Обрасците во моментов се издаваат по цените кои важеа и до сега, информираат од министерството за „360 степени“. Со решението, додаваат оттаму, се вршат измени на цените, а ќе се применуваат кога решението ќе се објави во „Службен весник“ и ќе влезе во сила. Цената на ...
Состојбата со езерата во Македонија веќе извесен период е алармантна. Лошото управување со езерата е очигледно, а никој засега не презема ниту одговорност, ниту мерки за нивно спасување. Овие фотографии се од Мавровското Езеро се денешни, а на нив може да се забележи драстично намалување на нивото на езетото. Потопената црква „Свети Никола“, која некогаш била целосно под вода, сега е на суво тло. Мавровското езеро е само едно од езерата во ...
На 23.03.2023 во Полициската станица Прилеп било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Партизанска“ се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „опел“, yпpaвyвано од О.И.(68) од Прилеп и мотоцикл „кавасаки“, yпpaвyван од А.К.(37) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил возачот на мотоциклот констатирани во Општа болница Прилеп. Увид извршила увидна ...
Од вчера за десет денари од кутија се поскапени цигарите кои се увезуваат од Србија. Трговците велат дека дистрибутерите им го најавиле ова пред неколку дена, но се изненадени од процентот. Цигарите од домашните производители се уште се продаваат по старите цени, но не се знае до кога. Последен пат цигарите ја сменија цената лани во февруари, а потоа и во јули поради зголемената акциза. Новите цени се очекувааа со оглед на трендот на ...
Управата за јавни приходи информира дека е извршено прилагодување на апликацијата МојДДВ согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во Сл.весник на РСМ бр.65/2023 објавен на ден 23.03.2023 година. -Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од Playstore, Appstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во ...
Соединетите Американски Држави се уште не ги објавуваат имињата на оние кои се под истрага за корупција и кои можеби се дел од нивната црна листа, но, велат дека нема ограничувања за тоа кого може да вклучи оваа листа. Во интервју за „Патот кон“ на Алсат, американската амбасадорка Ангела Агелер, вели дека институциите во Вашингтон се многу внимателни во темелните истраги за имињата што ги разгледале, пред да ги објават. Во истрагите се вклучени ...
Можам да ја кажам мојата политичка проценка дека во овој момент за ВМРО-ДПМНЕ влада со ДУИ не е посакувано сценарио. ВМРО-ДПМНЕ најмалку го посакува тоа сценарио да има влада со ДУИ и со ова нивно раководство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, потенцирајќи дека за криминалните афери ќе има одговорност. – Ќе се работи со отчетност и не смее да има во влада министри кои не одговараат ...
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Гордана Кочоска Димитриевска и Тимчо Муцунски, како и членот на ИК Антонијо Милошоски оствари средба со министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Анелена Бербок во просториите на германската резиденција во Македонија. Од страна на Мицкоски беше посочено дека уставни измени под бугарски диктат нема да има, и дека овој ...
Вчера, на покачен шеќер 9, после приемот во битолската болница на шестгодишната Јана ѝ дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици. Вака за „Зелена берза“ сведочи таткото на девојчето кое вчера по примена инфузија почина во битолската болница, Стојче Христовски од село Кравари. Стојче вели дека немало ни температура, само била омалаксана бидејќи дома повратила. Пред три дена девојчето крена температура 37,7 и дадовме ...
Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ е избришан од Централниот регистар со одлука на Министерството за правда, пренесува Пресс24. Клубот имаше рок да се преименува, во согласност со измените во Законот за здруженија и фондации. Со законот се забранува основање на организации што во нивното име, програма, цели и дејности поттикнува и повикува на воена агресија, разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, ...
Според списоците на пријавени објавени на веб страницата на бугарското Министерство за надворешни работи, од вкупно предвидените седум градови, во Македонија ќе се гласа во шест: Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово, додека во Охрид гласање нема да има, бидејќи не се пријавил никој. Најмногу гласачи има во Кавадарци – 42, Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 22, Скопје 15, Битола 9. На пописот спроведен во Македонија во 2021 година, ...
Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда. Согласно овој закон, лицата чија ...
Во текот на првите два месеци од 2023 година на подрачјето на СВР Битола во врска со недозволена трговија со дрога од слобода биле лишени од слобода 62 лица (40 во Битола и 22 во Прилеп), биле извршени 13 претреси на домови и други простории(8 во Битола и 5 во Прилеп) и биле извршени 97 прегледи на лица и возила во Битола. Во овој период, исто така за сторени кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, поднесени се вкупно 24 кривични ...
фотографија – Шлакески Маринко „Бунар“ (2021) – Шлакески Маринко драмски текст (извадок) (ноќ, слабо осветлен двор на постара куќа; на крајот од дворот бунар соѕидан од камења; до бунарот со главата внатре, облечен во сиромашни алишта стои Јосиф; по подолго време се исправа) ЈОСИФ: Нема.. уште нема. Проклета суша. Ќе дојде.. кога, тогаш.. Знам дека ќе дојде. Ако е постар од куќата.., значи.. не е бадијала соѕидан! А и тие што го соѕидале, не го ...
Денеска (22.03 2023), полициски службеници од ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп, со судска наредба, ја привеле М.Д.(30) од Скопје. Таа била барана за издржување мерка притвор за извршено разбојништво по член 237 од Кривичниот законик. Со неа бил приведен и И.Б.(50) од с.Десово, прилепско, под сомнение за сторено кривично дело по чл.191 од Кривичниот законик. М.Д. ќе биде спроведена во надлежната ...
На 22.03.2023 во 18.20 часот во Прилеп од страна на полициски службеници од СВР Битола ,надворешна канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп при преглед кај В.А.(54)од Прилеп била пронајдена бела грутчеста материја. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп. Иако првичните информации беа дека лицето е наставник во некое основно училиште во Прилеп, сепак ...