На 17.12.2023 во 01.05 часот на ул.„Индустриска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и М.К.(32), двете од Битола. При преглед во патничко возило „алфа ромео“, во кое биле, биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, додека во близина на возилото биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од СВР ...

Во изјава за медиумите, Меџити нагласи дека се прави еден значаен исчекор за нашите граѓани, за заштита на пациентите и за осовременување и усовршување на здравствениот систем. „Со оваа соработка помеѓу двете Министерства за здравство и внатрешни работи, овозможуваме заедничко дејствување на припадниците на хеликоптерската единица при МВР и здравствените установи, односно употреба на хеликоптер за транспорт на пациенти. Хеликоптерот има ...

Поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески раскажува како ПРИЛЕП ГО ДОБИ ПАТРОНОТ НА ГРАДОТ СВ.НИКОЛА: Во не толку далечната 2006 година при посетата на Општина Прилеп (старите бараки) на Митрополитот Преспанско/Пелагониски и Австралиско/Новозеландски г-н Петар, во мое присуство како Градоначалник, заедно со намесникот од Прилеп покојниот протоереј-ставрофор Блаже Станкоски, тогашниот актуелен Претседател на Совет Диме ...

Милијардерот Марк Закерберг гради голем комплекс на Хаваи кој би требало да служи како засолниште во случај на апокалипса. Комплексот има подземен бункер и сопствени извори на храна и енергија. Вредноста на целиот проект е 100 милиони долари, а американските медиуми наведуваат дека станува збор за тајно засолниште на милијардерот. Комплексот на основачот на Facebook, наречен Koolau Ranch, е веќе делумно изграден и веројатно ќе биде еден од ...

На традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2023” во полн ек се натпреварите од групната фаза. Во изминатите 7 дена публиката уживаше во одлични дуели на теренот и многу погодоци, а она што е за пофалба е организацијата на турнирот. Организаторите како новина на турнирот оваа година воведоа и ВАР систем, што на натпреварите и тоа како им дава поголемо значење и се елиминираат сите сомнежи и дискусии за исправност на судиските одлуки. За ...

На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули. Објектот кој веќе е во напредна градба, се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор, и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат. ...

Денеска сме во една целодневна посета на Кавадарци, има како што веќе и спомена доктор Николов Академија на Комисијата за здравство, на која што ќе се поразговара за состојбите, но и проблемите во здравството, изјави денеска потпретседателот на ВМНРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Николоски истакна дека по парламентарните избори одговорност за скандалот со Онкологија ќе има, власта штити веледрогерија, а тоа ги чини граѓаните живот. -Она што би ...

Компанијата “АМД Прилепец” започна со едукативни работилници во училиштата во општина Прилеп, на кои целта е учениците да се стекнат со знаења за основните сообраќајни правила и прописи, како и со знаења за зголемување на безбедноста во сообраќајот. Првата од низата едукативни презентации од “АМД Прилепец” ја одржаа во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, каде учениците покажаа голем интерес и интерактивно се вклучија за време на предавањето. ...

Извадоци од полицискиот билтен на МВР -На 16.12.2023 во 03.20 часот во ОВР Прилеп, Б.О.(44) од Прилеп пријавила дека пред ноќен клуб во Прилеп нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување на објектот. -На 15.12.2023 во 14.30 часот во ОВР Прилеп, С.Ј.(29) од Прилеп пријавил дека на ул.„Борис Кидрич” бил физички нападнат од Е.А. и Е.А. -На 16.12.2023 во 00.45 часот, полициските службеници од ОВР Македонски Брод ...

Од недела времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура и со пораст на дневната, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла и ќе се задржи студено преку целиот ден. Времето утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи претежно од снег, особено претпладне. Долж Повардарието ќе врне дожд, освен во повисоките делови од котлините каде врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ...

Во пресрет на престојните Новогодишни и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола ги потсетува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија. Затоа, апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколку забележат лица кои ...

Општина Прилеп традиционално и оваа година ќе го одбележи патронот на градот, Св. Никола. Како што веќе е познато, домаќин оваа година е компанијата “Комфи Ангел”, а од општината ја објавија програмата за одбележување на градската слава. Чествувањето започнува во 08:00 часот со Архиерејска Божествена литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски, г. Петар, во црковниот храм „Св. Блоговештение“-Прилеп. Ќе следува ...

Да ја пречекаме новата година со позитивна енергија и добро дело. Под слоганот “Заедно за нов живот”, за прв пат во Прилеп оваа година ќе се одржи предновогодишен хуманитарен концерт, по повод предвремено родени деца. Дојдете и уживајте во празничната магија со познати музички имиња од нашиот град и пошироко. Концертот ќе се одржи во Дом на култура “Марко Цепенков” на 23.12.23 Сабота со почеток од 18:00h Карти во продажба во: Кафе “Стори”, кафе ...

Откупувачите ги отворија пунктовите за откуп на тутунот, но тутунарите не го донесоа родот на проценка на вагите иако денеска е последниот ден од законскиот рок за почетокот на откупната кампања. Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени, а велат дека и откупувачите со немањето слух за барањето на тутунарите калкулираат зашто родот годинава е ...

Се ближи големиот христијански празник Св. Никола, заштитникот на Прилеп и празник кој секоја трета куќа во градот под “Марковите Кули” го има за куќна слава. Прилепските домаќинки одново ќе се зафатат со приготвување на вкусни посни специјалитети, меѓу кои главни се малите посни прилепски сармички. За новопелените прилепски снаи кои оваа година влегоа во светиниколски куќи да се покажат во најдобро светло, ви го пренесуваме оригиналниот рецепт ...

Неформалната хуманитарна организација “Св. Никодим” при црквата Свето Благовештение во Прилеп, по 16-ти пат ја организираа хуманитарната акција за Божик. Во четирите храмови во Прилеп ќе бидат поставени добо познатите црвени кутии, каде гаѓаните ќе можат да оставаат парични прилози, со кои потоа ќе бидат купени пакети со храна и хемиски средства за околу 150 семејства. Целта и оваа годна е Божиќниот дух да се донесе до секоја трпеза и секое ...

Министерството за внатрешни работи набави налепници со натписот NMK за регистарски таблички за сите оние кои имаат таблички со старата ознака МК. Тендерот го доби фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците. Набавката изнесува речиси 2,3 милиони евра, а договорот е за период од три години. Според договорот објавен на страницата на јавни набавки, компаниите ...

На 14.12.2023 во 18.50 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп, на ул.„Ѓорѓи Абаџиев” во Прилеп заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лишен од слобода е С.Б.(51) од Прилеп. При преглед кај него, пронајдени и одземени биле 1620 парчиња пиротехнички средства. По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така, на 14.12.2023 од страна на полициски ...

Најниска температура од -2 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе и Маврови Анови со -1, 0 во Крушево, 3 Битола, Крива Паланка, Прилеп, Берово, Охрид, Претор, Дебар, 4 Тетово, Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Штип, 6 во Струмица, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Дојран и 8 степени во Гевгелија. Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд 28 л/м2 е наврнат во Маврови Анови, потоа 27 во ...

Со Концерт на Хорот „Стив Наумов“, на 17 декември во Офицерскиот дом од 19:00 часот, Општина Битола, започнува со програмските активности по повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“. Следниот ден, на 18 декември, кога и се одбележува празникот, програмата започнува со Литургија во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, по што продолжува Литијата низ улиците на Битола. Во 14:00 часот, во Офицерскиот дом, ...

Пет дена прилепчани уживаат во фудбалските мајстории кои ги пружаат екипите на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023”. Полна сала, атрактивни натпревари и многу погодоци. Во продолжение резултатите од вчерашниот ден и распоред на натпревари за вечерва и утре: Резултати, среда, 13.12.2023, сениорска конкуренција: Скара кај Балче – Дрим Тим 1:1 (1:3 пенали) Портал БТ – Best Solar/Tag Balkan 2:2 (3:2 пенали) Ролетар Боби/Кике Дизајн – Етно ...

Беше човек за сите додека беше меѓу нас, а како таков несомнено ќе биде запомнет засекогаш. Љупчо Перканоски, човекот кој прерано не напушти, вчера на свеченост во хотелот “Континентал” во Скопје, од страна на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, беше постхумно одликуван со Златна благодарница за „Трајни вредности во превенција од Dijabetes Miletus. Благодарница доби и компанијата “Автоконтрол”, која Љупчо ја предводеше заедно ...

Медицинска опрема и апарати во текот на целата година пристигнуваа на адресите на здравствените установи низ Македонија, како би можеле докторите непречено да се грижат за пациентите. Како и секоја претходна, така и оваа година компанијата Mozzart одвои значителна сума за поддршка на здравствениот систем во Македонија. Најголемата донација која компанијата Mozzart ја реализиаше оваа година беше на Клиниката за Неврологија во Скопје. На настанот ...

„Никола Јанчев“- семејната фондација на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, донира 10.000 евра за лекување на 19-годишниот Бошко Јанкулов од Кавадарци, кому му е дијагностициран канцер. -Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, сум во контакт со неговото семејството. Во текот на утрешниот ден треба и да оствариме средба. Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од се срце сакам ова да е само еден лош ...

Преку светлосни ефекти и 3 Д мапинг, Општина Битола, од минатата година, воведе нов начин на одбележување на Дочекот на Новата година, кој предизвика воодушевување кај пубиката и остави убави впечатоци. Поаѓајќи од минатогодишното искуство, а во насока на почитување на еколошките стандарди, заштитата на животната средина и еднаква грижа за сите граѓани, општина Битола, нема да организира огномет на Новогодишната ноќ. „Зимската приказна“, ќе ...

–Во последните десет години има прилично зголемување на корупцијата во земјава, оцени американската амбасадорка Анџела Агелер на брифинг со новинари. Таа ја повтори констатацијата дека во Македонија има епидемија на корупција. -Како што веќе кажав, има епидемија на корупција во земјава и тоа во секој сектор, во секоја организација. Само со објавување на корумпираните актери можеме да ѝ помогнеме на земјава да „се фати за работа“ за тоа, изјави ...

На 13.12.2023) во 03.50 часот во Битола полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при СВР Битола лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Битола заради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” казниво по член 237 ст.1 од КЗ. Имено, малолетникот на 13.12.2023 во 03.20 часот на ул.„Партизанска“ во Битола физички го нападнал Д.С.(68) од Битола и му го одзел паричникот. Малолетникот во присуство на родител е ...

Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до ...

Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.12) заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од с.Канино,битолско. Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар. При претрес во с.Канино, битолско ...

Гимназијалците од “Мирче Ацев” и оваа година конкурираа на конкурсот за најдобра рецитација, организиран од ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп. Во конкуренција на ученици од сите средни училишта, гимназијалците ги освоија првите три награди. ПРВОТО место и припадна на ученичката Софија Оџаклиеска од II година, под менторство на професорот Дарко Ристески. ВТОРОТО место го освои ученичката Евгенија Димитриоска од I година, под ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
78%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
65%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.95
74%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.26
80%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
77%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52