Дачиа Сандеро втор месец по ред и вкупно четврти оваа година е најпродаваниот модел во Европа. Извесно е дека ќе води тесна борба против Тесла Модел Y во борбата за титулата најпродаван автомобил во Европа во 2023 година. Имено, во ноември дури 19.760 клиенти го избрале Сандеро, а тоа на Дачиа и донесе 9,5% подобра продажба од истиот месец минатата година. По лошиот октомври, Тесла Модел Y речиси двојно се зголеми на 17.500 и се врати на ...

Драги деца, за неколку дена ќе го славиме Божик, светиот ден кој е исполнет со значење за сите деца во секое семејство па затоа Божикното празнување ќе добие своја полнота кога вие младенците, ќе дојдете при јаслите на Богомладенецот зашто вие, со вашите невини души, чисти срца и искрени насмевки ги претставувате ангелите кои околу јаслите на Богомладенецот пееја: „Слава на Бога во висините, на земјата мир а меѓу луѓето добра волја.“ Драги ...

И за ова ли не знае министерката за одбрана Славјанка Петровска, прашува пратеникот Драган Ковачки, откривајќи нов скандал во Министерството и Армијата на Македонија. -Во Министерството за одбрана имаме најнов изум на кој никој во институцијата се немаше сетено. Барем досега. Имено, политичкиот габарит Славјанка Петровска која си се испофали дека веќе инвестирала и ќе инвестира во човечки ресурси, има “иновативен” пристап во инвестирањето. Еве ...

ЦРКВА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (ПАРАКЛИС) ПЕТОК (05.01.2024) – Преп. Наум Охридски – утринска богослужба и царски часови со почеток во 7:00 часот САБОТА (06.01.2024) – Бадник, преп.мчца. Евгенија – Утринска богослужба со Златоустова литургија и вечерна, со почеток во 7:00 часот. НЕДЕЛА (07.01.2024) – Рождество Христово – Божик – празнична утринска богослужба со Света Василиева литургија со почеток во 7:00 часот. ПОНЕДЕЛНИК (08.01.2024) – Собор на ...

Во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, традиционално по 18-ти пат во Прилеп, над 400 деца ќе се дружат на свечен Божиќен ручек и ќе го прослават Христовото раѓање. Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата. Ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, ...

Во Финска и Шведска денеска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени. Во селото Никалуокти, населено со домородното население Лапонско население во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ. „Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север и понатаму ќе биде прилично студено“, изјави метеорологот Нилс ...

На 01.01.2024г. во 18:30часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај местото викано “Џаферица”, на И.С.(67) од Прилеп додека управувал со патничко моторно возило марка “сузуки” со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот. И.С. починал на лице место, а смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош. Во консултација до јавен обвинител телото на починатиот е предадено на ...

Оваа година за прв пат во Прилеп ќе се одржи Божиќно село. Настанот ќе се одржи на паркингот од “КАМ” маркет во населбата “Точила” на прв и втор ден Божик, а почетокот на настанот е од 16.00h двата денови. -Ќе уживате во пријатна божиќна атмосфера, божиќна музика, варено вино, греена ракија, топли напитоци, топла храна, bubble tea, божиќни колачи, божиќно катче за фотографирање со Дедо Мраз. Повелете сите заедно на овие убави празнични денови ...

Од два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи од денеска поради измените на Законот за акцизите донесен во октомри годинава. Тој предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ. -Овие измени произлегуваат од Директивата од ...

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за ...

Во соопштение преку социјалните мрежи Независниот синдикат на државната администрација соопштува дека со новата методологија на потрошувачката синдикална кошница платата на функционерите ќе им се зголеми за дополнителни 400 евра или 25.000 илјади денари. -Се ќе беше добро доколку ја вратија вербата на народот со зголемување на стандардот, почитување на правото, 0% корупција, добри политики…Доколку било која политичка опција имаше волја можеше ...

Малолетник во Тетово се здобил со повреда откако петарда му пукнала во устата за време на новогодишната ноќ, стои во полицискиот билтен на СВР Тетово. Засега не е јасно како дошло до инцидентот. Во ургентниот центар во Тетово се пријавиле седум граѓани, од кои тројца биле во алкохолизирана состојба, а четворица малолетници се повредени од петарди. Во СВР Тетово не е пријавена никаква несреќа и случај на нарушување и јавниот ред и мир. Од ...

На 2 јануари се празнува Свети Игнатиј, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Постои верување дека она што ќе го правите тој ден, ќе го правите и цела година. „Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игнатиј. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За ...

Со настапот на прилепското диџеј дуо Cyrillic, крушевчани синоќа се забавуваа и наздравија за Новата 2024 година. -На почетокот од новата година покажавме дека сакаме, можеме и успеавме, Градскиот парк во Крушево да го направиме место на кое повеќе љубители на музиката. Докажавме дека нашето Крушево заслужено се е на мапата на светска туристичка дестинација. Испишуваме нова страница за Крушево, стануваме препознатлива дестинација на Балканот ...

По четврти пат прилепските планинари АВАНТУРИСТИ, првиот ден од Новата година го започнаа со искачување на највисокиот планински врв околу Прилеп – Козјак. Козјак е висок 1747м, а она што беше забележително оваа година, е се поголемиот број на вљубеници во природата и планината кои се решаваат на овој подвиг на првиот ден од Новата година. Планинарите им ја честитаа Новата 2024 година на сите прилепчани и им посакаа здравје, среќа, љубов и ...

Промените се неизбежен дел од животот, а токму тоа го потврдува и колешката Мирјана Трпечска, која наскоро стартува на нова раководна позција, и која ја менува својата деловна средина. Мирјана преку Фејсбук се пофали дека во новата година ќе има висока раководна позиција во нашта веќе истакната телевизиска куќа. – Стартот на Новата Година за мене на професионален план донесе ново поместување. Предизвик со кој сум спремна да се соочам по 27 ...

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети приватната болница „Плодност“, каде првото женско новороденче во 2024 година се роди во 00.10 часот и се вика Антониа. Тој ги посети мајките и нивните новороденчиња при што им подели и соодветни подароци. „Чест и задоволство е да се биде во болницата „Плодност“, ја имаме Антониа, женско првородено бебе и уште едно, Матео, така што годинава, како што беше и во Клиничката болница, ќе ...

Релативно мирна Новогодишна ноќ со неколку интервенции – информираат од СВР Битола -На 31.12.2023 во 23.00 часот, во СВР Битола В.Т. од Битола пријавил дека на ул.„Свети Нектариј Битолски” бил физички нападнат од Т.С. и Н.В. двајцата од Битола. -На 31.12.2023 во 23.50 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул„ Кузман Јосифоски“ го лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Прилеп. При извршен преглед кај лицето е пронајдена прашкаста ...

Некаде еден час по полноќ на одделението за гинекологоја и акушерство при ЈЗУ Општа Болница ,,Борка Талески”, се роди првото бебе во Новата година Утринава ги посетив мајката и бебето и во името на Општина Прилеп им подарив штедна книшка со 12.000 денари, како и други подароци за бебето. На родителите им ја честитав нивната втора радост со желби за прекрасно детство и многу здравје, среќа и успех! На вработените во ЈЗУ Општа Болница ,,Борка ...

Во прекрасна атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа Битола ја дочека Новата година. За крај на „Зимската приказна“ и успешен почеток на Новата година, програмата беше исполнета со „Eruption Band“, „Elicsir band“, Групата „Чоканче“ и Битолскиот дувачки оркестар надополнет со Стендап комедија на Марјан Ѓорѓиевски. Точно на полноќ, впечатливи светлосни ефекти го означија почетокот на 2024 година, а градоначалникот на општина Битола, ...

Министрите за здравство и за труд и социјална политика, Фатмир Меџити и Јованка Тренчевска, денеска на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, ќе го посетат првото родено бебе во 2024 година. Првото бебе годинава се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10. Како што информираат од ...

За само две вечери (29/30/31.12.2023) во периодот од 22.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола, со акцент на Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола, за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 17 возачи, а откриени биле и 14 останати прекршоци – информираат од Секторот за внатрешни работи при МВР од Битола. -Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во ...

Во моментите кога отчукуваат последните часови од 2023 година, убаво е да се потсетиме низ што сме поминале во изминатите години, да споделиме убави сеќавања, но и желби за уште поубава и поуспешна 2024 година. Прилеп како град во последните 20-тина години имаше свои подеми и падови, имаше моменти кога градот се развиваше, но и моменти на апатија, пред се предизвикана од политичките случувања, но и пандемијата со корона вирусот која најтешко го ...

Почитувани мои сограѓани, Магијата на новогодишните празници е во споделување среќа, а таа се шири и пренесува со убави зборови. Новогодишните и божиќните празници се убави моменти, кога со другите се споделува радоста, среќата и спокојот. Затоа, во овие моменти, искрено Ви посакувам, Новата 2024 година да Ви биде исполнета со спокој, ведра мисла и добро здравје! Зад нас, оставаме уште една година исполнета со бројни предизвици; економски, ...

Уште едно успешно издание на Светиниколскиот турнир во мал фудбал во Прилеп е зад нас, а победничкиот трофеј оваа година на турнирот го подигна екипата на “ТЕА АНДРЕА – ХАЈФ КАФЕ”. Дечките беа неприкосновени на теренот, а својата големина ја покажаа уште еднаш, откако решија дел од наградата да ја донираат онаму каде што е најпотребно и како што доликува во овие предпразнични денови. Тие го израдуваа со подароци нашиот сограѓанин Далибор ...

МВР информира дека во џипот на внукот на Али Ахмети пронајдени се 749 пиротехнички средства. -Полициски службеници, синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас, и при преглед на возилото пронашле 749 пиротехнички средства. Како што соопштуваат од МВР, лицето е приведено во полициска станица и по документирање на ...

Во најновата колумна на порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски по обичај се освртна на дневно-политичките случувања во Прилеп, а посебен акцент секако стави на релациите помеѓу двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. “Читам на еден познат прилепски портал повеќе на шега отколку сериозно најавуваат дека кривичните пријави на ОК на ВМРО-ДПМНЕ по ревизорскиот извештај ги закочиле новогодишните забава. Нели пред Нова ...

„Sport Life“ обложувалници ја продолжија традицијата од последните неколку години и оваа година им подарија новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост. Од страна на тимот на „Sport Life“ во празнична атмосфера и заедничка дружба, беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово, во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака ...

Вложувањето во квалитетна дограма во денешно време е пред се спас од високи сметки за електрична енергија, а за прилепчани најчесто тоа е инвестиција која значи домаќинлук. Прашањето секогаш е кому да му се даде довербата, кој нуди поевтини цени и квалитет и кој најбезболно ќе ви го реши проблемот со дотраената надворешна столарија. Ако ги прашате прилепчани, особено оние кои веќе се увериле, ќе ви речат да се обратите во “Гермак Дизајн”, една ...

Во соработка со КАМ маркети, општина Прилеп и Дедо Мраз денеска доделија стотици колетчиња на најмалите кај Градскиот Саат во Прилеп. Дечињата се дружеа со кловнот Лили и се фотографираа со старецот со бела брада, а нивните мајки, татковци, баби и дедовци, уживаа во разиграната празнична атмосфера. -Ја завршуваме оваа 2023 година со една позитивна енергија и со добра мисла дека во новата 2024 година заедно ќе продолжиме со уште поголема ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
35%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
1.54
49%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
48%
1012
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
67%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.07
57%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
58%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
41%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
4.12
46%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
37%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
59%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
46%
1012
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52