
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Интересна кратка приказна која деновиве се прошири на социјалните мрежи, која без разлика дали е вистинита или не, носи силна порака. Ова е сликата на еден од работниците во фабриката за замрзнување риби. Додека продолжил да ја завршува работата, вратата од фрижидерот се затворила додека тој сè уште бил внатре. Почнал да вика за помош, но смената завршила и никој не останал во фабриката. Беше сигурен дека неговиот крај е запечатен, без сомнеж… ...
Од утре стартува евтината дневна тарифа на струјата во периодот од 13 до 15 часот. Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Тарифен систем за продажба на ...
Од 25 до 29.11.2023 год. во Струмица, се одржа XVI Младинска балканска олимпијада по информатика. На олимпијадата се натпреваруваа 64 натпреварувачи од 13 држави. Меѓу нив, како еден од претставниците на Македонија беше и нашиот ученик Благој Рујаноски Стојановски. Благој освои бронзен медал. Браво за Благој! Училишен ментор на Благој му е проф. Анета Стојческа, а подготвувач и водач на македонската екипа на олимпијадата беше д-р Емил Станков ...
Рок групата The Schmucks овој викенд на втори декември во клубот ,,Калинка” ќе го прослават нивниот четврт роденден. Ќе понудат добрa атмосфера и добра забава. На роденденската забава ќе има и специјален гостин. Формирани се 2019 година и од тогаш свират во повеќе локали во Прилеп и надвор од градот. Thе Schmucks воглавно свират rock and roll музика од 50те, 60те години, но во репертоарот имаат и понови песни. Имаат издадено една авторска песна ...
Не така одамна граѓаните и медиумската јавност беше опсипувана со сомнежи за сторени криминали од страна на претходната локална власт во општина Прилеп. Тогашната опозиција, а сега власт во градот под Марковите Кули беше особено гласна за набавката на четиритие нови автобуси за потребите на јавниот градски превоз – односно БОЛИДИТЕ како што ги нарекуваа граѓаните, со оглед дека за секој од нив беше платена сума од 250.000 евра. Општинскиот ...
Oд 8-ми до 24-ти декември во Спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одржи најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023”. Наградниот фонд за ова издание на турнирот е повеќе од 450.000 илјади денари! Пријавувањето започнува на 30.11.2023 година и ќе трае заклучно со 06.12.2023 година и истото може да го направите на телефонските броеви од флаерот. -Ги повикуваме сите фудбалски и спортски љубители да го посетат и да ...
По катастрофата на гостински терен викендов кај Арсими во Тетово, натпревар на кој Победа прими 8 гола, црвено-белите се подготвуваат за ПЕЛАГОНИСКОТО ДЕРБИ против Пелистер. Натпреварот се игра во сабота (02.12.2023) со почеток од 13часот на Градскиот стадион “Гоце Делчев”, a oд навивачката група “Majмуни” повикуваат на мобилизација. Собирот е во 11часот во паркот пред театарот. Да ги поддржиме црвено-белите против фаворизираната екипа на ...
Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. закупец и порезник или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата ...
– Пакетот СН ДОМ ги покрива ризиците од провална кражба и разбојништво. За да може корисникот на осигурувањето да ги оствари своите права за овој тип на ризик задолжително треба да се направи полициски записник за настанатата штета, бидејќи тоа е основата врз која постапува осигурителната компанија. Што покрива осигурувањето од провална кражба и разбојништво и дали се признаваат штети во однос на пари, скапоцености, злато, хартии од вредност и ...
Наскоро, Reels видеата ќе можат да се преземаат, а не само да се зачувуваат на „Инстаграм“, како што беше случај досега. Од јуни, на корисниците на „Инстаграм“ во САД овозможено им е да го преземаат Reel видеото, а не само да го зачуваат на споменатата мрежа. Оваа опција наскоро ќе биде применлива и за корисниците ширум светот. Оваа промена ја најавил шефот на „Инстаграм“, Адам Мосери. Сепак, и овде ќе постои една „цака“. Reels кои ќе бидат ...
Вчеравечер е уапсено едно лице кое попладнето од црквата Свети Наум Охридски Чудотворец лоцирана на Попова Шапка прво го симнал знамето на МПЦ – Охридска Архиепискоција а потоа поставил знаме на Албанија. -Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од ...
СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.И.(28), А.И.(27), Р.И.(23), Х.Б.(26), С.А.(74), Е.И.(30), А.Т.(42), А.Р.(19), С.Р.(44), А.Р., сите од Прилеп и А.А.(46) од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 19.08.2023 на семејна веселба во двор од семејна куќа во село Дебреште, сопственост на Е.И., пријавените пукале од огнено оружје – информираат од МВР. ...
Бранко Нешкоски е нов директор на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање во Прилеп. Нешкоски кој претходно ја извршуваше и функцијата раководител на Секторот за урбанизам во општина Прилеп, директорското место во ова јавно претпријатие ќе го преземе од Зоран Јовески, кој со ЈП за ПУП раководеше во изминатите две години. За Нешкоски ова нема да биде нова средина, затоа што повеќе години успешно раководеше со ова јавно ...
Денеска ја продолжуваме нашата теренска активност „Важно е! Од тебе зависат промените“. Денеска сме во Македонски Брод, заедно со градоначалникот, заедно со претседателот на општинскиот комитет, луѓето кои што се дел од администрацијата на општина Македонски Брод, но, исто времено и луѓето кои се симпатизери и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан ...
Божиќниот пост е втор по времетраење пост во Православната црква и трае четириесет дена почнувајќи од 15 ноември по стар стил или 28 ноември по нов и завршува на Божик, односно на 24 декември по стар или 7 јануари (Божик) по нов. Овој пост, како подготовка за празнување на големиот празник Рождество на Спасителот Господ Исус Христос, најпрво се појавил на Запад и се нарекувал Четириесетница на свети Мартин бидејќи започнувал на денот посветен ...
Театарот „Војдан Чернодрински“ со претствата „ДУПЛО ДНО„ од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска, ќе гостува во Ниш, Р. Србија. На 30 ноември од 20.00 ч. ќе ја изведе претставата во Нишкиот театар. Нишките медиуми веќе го најавуваат гостувањето на нашиот театар, за кое има голем интерес кај публиката. Играат: МАРИЈА СПИРКОСКА ИЛИЈЕСКА – Кристина ДАНИЕЛА ИВАНОСКА – Параскева ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ – Божо ИГОР ...
Компанијата Специјал Градба продолжува да придонесува за развојот на успешната туристичка приказна во Крушево. Би сакале да ја известиме јавноста дека компанијата изминатата недела започна постапка за преземање на хотелот Монтана и неговите придружни објекти во рамки на нашата групација од објекти за угостителство и туризам. Пред речиси 5 години започнавме со нашите инвестиции во угостителството со успешното рестартирање на хотелот Панорама во ...
Викендов во Штип, во организација на Боксерскиот клуб “Пинк пантер” се одржаа финалните борби од Државното поединечно првенство во бокс. Публиката уживаше во одлични борби во кои натпреварувачите ги оправдаа очекувањата. Боксерите од клуб “АС” од Прилеп дома се вратија до два златни и два бронзени медали. Во категорија на деца до 60 кг. Мендерес Еминос со 2:0 триумфираше над Лука Гроздановски од “А. Огненосвки”, а во истата категорија до ...
По успешните настани „Живот и работа во Словенија“, кои Заводот за вработување на Република Словенија ги одржа во Македонијa на почетокот на јуни и во Босна и Херцеговина на крајот на септември, a поради големата побарувачка од страна на словенечките работодавачи, вчера во Скопје, денеска во Прилеп и утре во Битола, се одржуваат настани за вработување. Настанот во Прилеп започна во 10ч и ќе трае до 17часот во Центарот за култура “Maрко ...
Пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари. ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од ...
И покрај големото ривалство со децении, од навивачката група “Мајмуни” го тргнаа фудбалот и навивањето на страна и направија убав човечки гест за пример. Мајмуни вчера одржаа состанок во клубските простории на Победа и донираа за член на Чкембари, чиј дом беше опожарен. Секој кој е во можност да донира за обновување на домот на Андреј Петровски, тоа може да го стори со паричен прилог на Трансакциската сметка: 200003791663062 – Стопанска Банка ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделник (27 ноември) изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Македонија доколку Бугарија го отвори својот воздушен простор и дека некои западни земји веќе побарале средби со него. -Очигледно Бугарија ѝ ветила на Македонија дека ќе го отвори нејзиниот воздушен простор, ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме – рече Лавров на конференција во Москва. Тој истакна ...
Локално, претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Утре времето ќе биде облачно на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално, претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2. Ќе дува засилен јужен ветер. ...
Победа го задржа максималниот учинок на домашен терен во Втората футсал лига, откако синоќа со 3:0 го совлада Мал Ајакс од Штип. Полните трибини во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” уште еднаш беа ветер во грб на разиграните црвено-бели. Стрелци на головите беа Кире Наумоски, Никола Трајкоски и Александар Китаноски. Со новите бодови Победа е на шестото место на табелата. Во наредното коло прилепчани гостуваат кај Партизан Брвеница. ...
Денеска е 14 ноември по стар стил и се слави Св. апостол Филип. Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух, Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција. Во Грција, Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни ...
Зорица Ѓорчевска на ФБ напиша дека е изгубена нејзината ќерка Вања Ѓорчевска. Апелот за брзо време се прошири на социјалните мрежи, па секоја информација за изгубеното девојче е добредојдена. -Утрово во 7:20ч. мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и’ се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е ...
Еден Хрват на потешкиот начин научил што се случува кога нема да вратиш заем во Германија. Тој бил уапсен од германската федерална полиција за време на гранична контрола на автопатот кај Киферсфелден, бидејќи по него трагало јавното обвинителство во Минхен. Човекот уште во 2018 година подигнал кредит од околу 20.600 евра за да купи автомобил, пишува магазинот Феникс. Но, откако ги добил парите и го купил возилото, не платил ниту една рата од ...
Низ приказните од Старата битолска чаршија исполнети со историјата, традицијата и безвремениот мелос, Битола започнува да ја ткае својата „Зимска приказна“. Зачинета со вкусот на топлото турско кафе, мирисот на варено вино и вкусна храна низ занаетчиските улици, трговските сокаци каде спојот на денешната и минатото создава носталгија, чаршијата се подготвува да ја доближе својата приказна до младите генерации, но и да го врати џагорот, ...
На 23 и 24. ноември во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, се одржа хуманитарен турнир во футсал, на кој учество зедоја ученици од средните училишта во Прилеп. Средствата собрани од турнирот ќе бидат донирани за лечење на малиот Андреј Христовски, кој боледува од душенова мускулна дистрофија. Од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” упатуваат голема благодарност до организаторите на турнирот, и тоа: „Младинската огранизација – Ричко“, ...
Сакам да ги споменам пензионерите кој што ги гледаме со месеци буквално измрзнати, гладни чекорат по плоштадите и улиците барајќи правична распределба на средствата од буџетот, барајќи линеарно зголемување на пензиите кои што тие во оние средби кои што јас ги имав со нив изминативе два месеци го поставија тој праг на околу 5.000 денари, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е ...