На состанокот на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово е донесена одлука премиер на Владата на од 28 јануари, за периодот до изборите ќе биде актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери, објави на социјалните мрежи Бујар Османи. За шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024 година е избран Фатмир Бесими.Централното претседателство на ДУИ го овласт претседателот на Партијата Ало Ахмети ...

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на денешната седница на Наставно-научниот совет, го избра новиот Декан на факултетот. Проф. д-р Миле Маркоски, ја доби довербата од Наставно-научниот совет на факултетот, да биде Декан во мандатниот период 2024 – 2027 година. Проф. д-р Миле Маркоски моментално ја извршува функцијата Продекан за наука, соработка со стопанство и развој. Факултетот за ...

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Полово вознемирување од член 190-а, Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 и Демнење од член 144-а став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ПР службата на Јавно обвинителство. Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – ...

Македонија денес го чествува св. Климент Охридски, најистакнатиот ученик на солунските браќа св. Кирил и Методиј и учесник во извршувањето на познатата Моравска мисија. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 ноември. Денеска е Св. Климент Охридски – Чудотворец. Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос. Учители му беа самите апостоли. ...

Културниот сектор на Ученичкиот парламент при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп организира „МЕСЕЦ НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ“. Имено, во месец декември, секоја среда, кабинетот по Физика ќе биде преуредуван во училишна кино сала во која ќе има проекција на некој македонски филм. Капацитетот на училишната „кино сала“ е 70 посетители. Целта на ваквата активност е учениците да се запознаат со некои од македонските филмови, да им се вроди љубов кон нив ...

Со пригодна програма и положување на цвеќе пред бистата на Св. Климент Охридски, истоименото училиште од Прилеп денеска го започна одбележувањето на својот патрон празник. На положувањето на цвеќе му претходеше литературно читање и ликовна работилница, а во текот на денот ќе се одржат и спортски натпревари. “Ние никогаш не го имавме видено без работа, туку секогаш, дење и ноќе ги учеше младите да читаат и пишуваат на различни начини, некому ...

Извадоци од полицискиот билтен на МВР -На 06.12.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје, Д.Д.(26) од Прилеп пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Д.С.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. -ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Р.(22) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.11.2023 ...

Во тек е подготовка на нови ставка во сметките за струја, таканаречена “Пристап до мрежа“, која ќе биде покрај постојната за мрежарина, открива првиот човек на Регулатрна (РКЕ) Марко Бислоимовски, за „Независен“. Бислимовски уверува дека тоа нема да ги зголеми сметките, или тоа ќе биде незначително, но истовремено ќе придонесе да се направи правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата, од другите кои тоа го прават ...

Теодора Силјаноска од Прилеп е избрана за најдобар студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, при Универзитетот “Св. Климет Охридски” во Битола. Запишана во академската 2019/2020 година, Теодора студиите ги заврши со висок 9,80 просек, а за постигнатиот успех денеска на свеченото доделување на дипломите, и’ беше доделена посебна Пофалница. Честитки за младата прилепчанка и желби за уште поголеми успеси во иднина! Прилеп ...

На 13 декември 2023/ среда/ од 19.30 ч. во кино “Мис Стон” ќе се одржи премиерата на првиот долгометражен документарен филм за Блаже Конески – „Јанѕа“, според мотиви од „Дневник по многу години“ на Конески, од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“, а продуцент е Златко Димески. Режисер и сценарист на филмот е Никола Т. Калајџиски. Монтажата е на Аристид Филактов, додека ...

Во организација на Боречкиот клуб “7-ми Мај” од Прилеп, денеска во спортската сала на ООУ “Гоце Делчев” се одржа осмиот по ред меѓуучилишен натпревар, на кој учество зедоја млади борачи од речиси сите основни училишта во Прилеп. Борачите прикажаа одлични борби, а најдобрите добија и дипломи. Натпреварот го посети и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, на кого организаторите му доделија Благодарница за поддршката на прилепското ...

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер денеска изјави дека постојат различни начини и во различни етапи за да се изрази незадоволството на лицата кои САД ги поместуваат на „црната листа“. Таа денеска за време на посета на Криволак одговараше за новинарски прашања во врска со најавите на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев дека ќе ја обжали одлуката на Стејт департментот, кој го стави на „црната листа“ поради значителна корупција. ...

„Многу брзо од денеска јавноста ќе ги знае сите детали. Има детали и големи недостатоци во истрагата, погледајте кога објавува ќерката на лицето кое е исчезнато со неговото возило, видете која е датата кога за жал малата Вања исчезнува и потоа видете кога почнува истрагата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Интервју“ на Телевизија Шења. Запрашан од страна на новинарот дали тоа според него значи ...

Извлечени групите за традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2023”. Екипите се поделени во 8 групи од по четири екипи, кои од сабота ќе го започнат походот до престижниот фудбалски пехар во Прилеп. Покровител на турнирот е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот, заедно со генералниот спонзор, компанијата Комфи Ангел која што годинава е и домаќин на градската слава и се разбира со поддршка на ...

Граѓаните во Македонија пушат најмногу цигари во споредба со жителите од Југоисточна Европа. Во земјава дури 48,40% од граѓаните пушат цигари, а во ЈИЕ тој процент е 22,30 отсто. Споредбено се земјите од Европа, Македонија се уште ги има најниските цени по кутија цигари што воедно ги прави и најдостапни за популацијата независно од возраста. Ова се резултатите кои ги објави „Аналитика“ тинк-тенк која на денешниот настан „Преку зајакнување на ...

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници – информираат од Царинската управа на Македонија -Патникот кој патувал од Истанбул на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од ...

Денеска ја славиме Св. Великомаченица Екатерина, а именден празнуваат: Катерина, Ката, Катица… Житието раскажува дека светата великомаченица Катерина потекнува од царско семејство од градот Александрија. Живеела кон крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Мајка ѝ била христијанка, но поради тоа што христијаните биле прогонувани, таа тоа свое верување не го кажувала јавно. На 18 годишна возраст Катерина била ретко убава, паметна и ...

Лина Рангелова, студентка од прва година на првни студии го освои второто место на XXVI Ораторска вечер „Иво Пухан“ која се одржува на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, УКИМ. „Зошто „не“ за уставни измени“ е темата за која Лина освои второ место. Таа изрази благодарност до сите кои ја поддржале, како и до многубројното жири од професори меѓу кои имало и професори од Србија и Хрватска. Вели, комплиментите кои ги добила од нив особено ...

„Не“, ова беше краткиот одговор на Пендаровски на новинарско прашање дали ќе трча по втор претседателски мандат. По учеството на „Отворениот форум за антикорупција“ тој беше категоричен дека се откажува од трката за втор претседателски мандат. Досега и неговото име циркулираше за претседателски кандидат, но по денешната изјава се отфрла. Коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ беше поддржувачот на Стево Пендаровски претходните избори кога ...

Општина Прилеп и оваа година се приклучи во поддршка на 16 дена активизам против родово базирано насилство и насилството врз жените и девојчињата Годинешната кампања се одржува под слоганот “Обединето: Инвестирајте за да се спречи насилството врз жените и девојчињата”. На денешната работилница свој допринос дадоа: Александра Димова, Претседателка на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Прилеп која беше и модератор на ...

Утре со почеток од 19:30ч. во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, РК Прилеп ја пречекува екипата на РК Јехона од Гостивар, во рамките од елиминациското коло од Купот на Македонија. Да ги поддржиме момците на Боби Мојсов со масовно присуство во спортската сала и да им помогнеме да стигнат до посакуваната победа. Во останатите натпревари ќе се сретнат: РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК МУЛТИ ЕСЕСН РК КИЧЕВО 2020 – РК ВАРДАР НЕГОТИНО РК ...

Градежната офанзива во Општина Кривогаштани продолжува, во текот на вчерашниот ден во две населени места беа комплетно асфалтирани две улици, крак од улица Македонски Просветители во Кривогаштани, улицата Најдо Најдоски во Воѓани – информираше на социјалните мрежи градоначалникот на општината, Николче Мискоски. -Искористени се финансиските средства добиени од светска банка во висина од 5.000.000 и дополнување на Општина Кривогаштани со ...

Централната власт продолжува со партискиот интерес за одземање на ингеренциите на градоначалникот во сите училишта во општината и тоа само во делот на ангажирање на наставниот кадар, притоа не водејќи грижа за иднината на најмладите кои се дел од воспитно образовниот процес – учениците. Материјалните трошоци (гориво, превоз на ученици и друго) за кои општината годишно само за основните училишта издвојува околу 1 милион евра, не се во интерес на ...

На 04.12.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети. Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна ...

По последните случувања во државата кои ја вознемирија јавноста, а пред се’ сите родители, ООУ “Климент Oхридски” ја отстрани забрната за носење мобилни телефони од страна на учениците. -Со оглед на немилиот настан што ја потресе цела држава вклучително и нас како училиште. Наставничкиот совет на училиштето одлучи од денеска 06.12 2023 год повторно да се воведе носење на телефон со редуцирано користење и тоа: -Се забранува користење на телефон ...

Пет лица се осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, а меѓу нив е и каратист од Велес, пренесува Пресс24. Велешкиот спортист Боре Видевски, кој е во притвор, е уапсен во неговата спортска школа за боречки вештини. Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство – 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, ...

Гастро Куп Србија е меѓународен натпревар во готвење на кој учествуваат професионални готвачи, а оваа година се одржа по седми пат во саемот за туризам во Нови Сад. Целта на овој шампионат е да собере што поголем број на готвачи од Србија и земјите од регионот, но и од Европа и земјите ширум светот, кои на едно место ќе се натпреваруваат, но и ќе разменуваат искуства за нови трендови на готвење и кулинарски техники. Натпреварот годинава се ...

Министерството за внатрешни работи го демантира случајот за обидот за киднапирање пред основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци. Како што информираат од СВР Штип, момче поканил во своето возило да влезе ученичка за да одат на кафе. „Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое ...

Градежниот институт информира за изменет сообраќаен режим на два магистрални патишта во Македонија. Според информацијата од 11.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. -Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена ...

Прилеп започна со подготовките за организирањето на градската слава „Св Никола“ и традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2023“. Покровител на турнирот е Локалната Самоуправа на Општина Прилеп која дава максимална поддршка на спортот, заедно со генералниот спонзор, компанијата Комфи Ангел која што годинава е и домаќин на градската слава и се разбира со поддршка на други општествено одговорни компании и Регионалната Стопанска Комора – ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
78%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
2.57
65%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.95
74%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.26
80%
1011
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.45
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
84%
1012
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
77%
1009
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52