
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. Имено, на 19.12.2023 на ул.”Кире Базерко” во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко ...
Денеска (21.12.2023) во 10.15 часот во близина на манастирот „Св.Никола“ во с.Слепче, општина Долнени, бил пронајден починат Г.А.(58), за кој на 20.12.2023 во Полициското одделение Ропотово неговиот внук З.Ј.(41) од Прилеп пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – информираат од МВР. ...
Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец и по Повардаријето. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правните лица во Хрватска за октомври изнесува 1.178 евра, што е номинално повисока за 14,6 отсто, а реално за 8,3 отсто, покажуваат податоците на Централниот завод за статистика (ДЗС) објавени во средата. Во однос на платата за септември годинава, просечната нето-плата за октомври номинално е повисока за 1,9 отсто, а реално за 1,4 отсто. Највисока просечна месечна исплатена нето-плата по ...
На турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2023” вечерва и вчера се одиграа осминафиналните дуели, кои очекувано донесоа одлични фудбалски претстави на теренот и многу погодоци. Салата во “Ристе Ристески-Ричко” беше исполнета до последно место, атмосферата одлична, прилепчани жедни за спорт. Ова се резултатите: Портал Битола-Лимонада 0:5 Компанија Атанасоски-Скара кај Балче 9:1 Могила-За наш Прилеп 1:1 (2:0 на пенали) Инекс Олгица-Брест Хем 3:5 ...
Наместо општината да распишува тендери и да плаќа на приватници, отсега во Велес хоризонталната сообраќајна сигнализација ќе биде обврска на ЈКП “Дервен”. –Набавена машина за одбележување на хоризонталната патна сигнализација!Безбедноста на сите учесници во сообраќајот е на прво место, поради што Општина Велес набави машина за одбележување на хоризонталната патна сигнализација. Редовното одбележување на улиците е неопходно, затоа оваа машина ќе ...
Тука за жал не гледам капацитет во оваа влада на заминување и ќе треба многу сериозно да се работи на оваа задача после следните парламентарни избори убеден сум дека Македонија има и добро поставени институции и добро законодавство ниту мислам дека ни требаат нови закони ниту мислам дека ни требаат нови институции треба професионалците во институциите да се остават да работат. Прво да поздравам што на овој начин дискутираме во рамки на ...
Полицијата поднесе кривична пријава против С.П.(59) од кичевско поради постоење сонови на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. „Тој, од 2017 до 2022 година, во својство на претседател на здружение за лов и спортско рекреативен риболов ја злоупотребил службената положба и неовластено од службената трансакциска картичка наменета за гориво, наместо во службено возило, точел гориво во приватни ...
Српската полиција денеска уапсила шест лица со обвинение за криминално здружување и перење пари до кој дошле на нелегален начин. Според информациите најголем дел од овие средства кои изнесувале околу 26 милиони фунти биле од грабежот на легендарниот фудбалер Френк Лампард, поранешниот сопственик на Лестер, Вашаи Шриваданапраб и ќерката на поранешниот сопственик на Ф1, Тамара Еклстон. Овие пари по разни канали биле пренесени во Србија, каде што ...
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО до сите градови и населени места во Републиката и дијаспората! Ги започнуваме подготовките за БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2024. Затоа, екипирајте ги коледарчињата, подгответе ги божиќните ѕвезди, повторете ја ,,Вечниот Бог” и очекувајте го 6-ти јануари 2024 за во еден глас од сите страни на светот да Му пееме на Христа и да го најавуваме Неговото Раѓање! Ги замолуваме сите ДОСЕГАШНИ ОРГАНИЗАТОРИ да се вклучат со полна пареа и најголема ...
Прилепчани по 16-ти пат вчера се помолија пред својот заштитник на градот, Св. Никола. Стотици верници запалија свеќи за здравје пред параклисот во центарот на градот, а покрај литија и празничен ручек, манифестацијата оваа година беше збогатена со настап на единствената, Калиопи. Македонската поп дива ги исполни своите најголеми хитови и ги стопли срцата на сите присутни, особено на најмалите кои заедно со неа пееја и играа на Камената бина. ...
На 4. декември 2023г. Здружението за ,,Македонско-Бугарско пријателство” од Битола реализира проект по програмата ОПР финансиран от Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија. Со проектот “Здраво тело, здрав дух, здрав живот” се опреми фитнес сала во државниот училишен дом “Мирка Гинова”. Целта на проектот е да инвестираме во правилниот раст и развој за одржување на здравјето на сите 300 ученици кои што престојуваат во интернатот, како ...
Градот под “Марковите Кули” уште еднаш го прослави својот заштитник Св. Никола. Големиот христијански празник, кој за своја куќна слава го празнуваат во речиси секоја трета куќа во Прилеп, и оваа година со богат празничен ручек и музичка програма беше одбележан во центарот на градот. Домаќини оваа година беше компанијата “Комфи Ангел”, а за в година домаќин ќе биде Oпштина Прилеп. Одбележувањето на празникот започна со Света божествена ...
На 18.12.2023, поради сомнение за сторено кривично дело „убивање или уништување на заштитни видови на дива флора или фауна“, казниво по член 232 од Кривичниот законик, а по наредба од Основен суд Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп извршиле претрес во домот на Н.З.(60) во Прилеп, при што пронајдени биле 19 птици од сортата трнан и цајзли, кои биле предадени во Државен инспекторат за шумарство и ловство на РСМ. По ...
Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари Врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/23), министерот за образование и наука распишувa ЈАВЕН ПОВИК За финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат ...
Свети Никола е голем празник кој го чествуваме денеска, а како слава го има речиси секое трето македонско семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола се смета за заштитник на морињата. Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар ...
Со Света литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Петар во црквата Св. Благовештение, започна чествувањето на патронот на Прилеп, Св. Никола. Во 11 часот ќе следува Литија низ улиците на градот, а после сечењето на славскиот колач пред параклисот посветен на светецот, ќе има празничен ручек и пригодна музичка програма. Домаќин оваа година е компанијата “Комфи Ангел”, а масите за празничната трпеза се веќе поставени во центарот на ...
Античката византиска црква која се наоѓа во турското приморско градче Демре, иако на луѓето им звучи како чудна локација, е едно од најголемите христијански светилишта. Зборуваме за црквата во Анталија, за која турските археолози тврдат дека е местото на кое е погpeбан Свети Никола. Весникот “Хуриет” пред две години пренесе дека археолозите откриле недопрен храм и гpoбница под црквата Свети Никола во Анталија. – Постигнавме навистина добри ...
Општина Битола, во соработка со Преспанско – пелагониската епархија, денес го одбележува Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски“. Програмата започна синоќа со Концерт на Хорот „Стив Наумов“, во Офицерскиот дом, а денес продолжи со Литургија во Соборниот храм „Свети Великомачник Димитриј“. Од храмот, верниците продолжија со Литија низ битолските улици, движејќи се по улицата „Кирил и Методиј“, покрај Универзитетската библиотека ...
Студентите од Универзитет Скопје, од 13-16 декември беа учесници на Меѓународниот гастрономски натпревар ,,Гастро Истанбул – 2023,, кој се одржуваше по дваесетти пат во областа Тузла Марина. Студентите под менторство на проф. Даниела Пантич Влахович – меѓународен судија, се натпреварува во 4 категории (паста, пилешко, риба и модерно јадење). На овој јубилеен натпревар, кој е организиран од страна на турската готварската федерација TASFED и ...
Секоја година, еден ден пред празникот „Св. Никола“, жителите на прилепската населба “Жабино Маало” со богата посна трпеза, топли напитоци и со желби за успех го слават патрониот празник на Прилеп. Редици верници и денеска се собраа пред параклисот во оваа населба, запалија свеќи и се помолија за здравје за себе и своите најблиски. На настанот беше присутен и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој го честиташе христијанскиот ...
Општина Прилеп оваа година, зa прв пат ќе организира Новогодишен базар на Платото кај Градскиот Саат. Пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе ги чуваме, ќе им се понудат на Прилепчани во трите предновогодишни денови. На 28, 29 и 30 декември 2023г. од 11:00-15:00, на Новогодишниот базар, ќе има ...
На 17.12.2023 во 22.00часот во ОВР Пилеп, Д.В. (47) од Прилеп пријавил дека на ул. “Кузман Шапкарев” било опожаено неговото патничко возило “фолксваген голф” со битолско регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистуување на настанот – информираат од СВР Битола. Ова е втор случај на опожарено возило во Прилеп во ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот(15/16/17.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 130 возачи, меѓу кои 48 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за непрописно престигнување… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и ...
. Според 50 отсто обработени избирачки места, листата „Србија не смее да запре“ има 47,1 отсто поддршка, објави синоќа премиерката Ана Брнабиќ од седиштето на СНС. Прва зад листата „Србија не смее да запре“ е листата „Србија против насилство“ со 23 отсто, додека СПС има 6,7 отсто. На четврто место е Нада со 4,9 отсто, додека на листата на Бранимир Несторовиќ има 4,6 отсто, додека Двери е меѓу 2,9 и 3 отсто. Вака ќе изгледа Парламентот: Според ...
Од 14 до 17 декември во Домот на култура “Марко Цепенков” се одржа 28-миот по ред Орнитолошки шампионат на Македонија, кој го организираше Друштвото за заштита и одгледување на птици ,,Кардинал” од Прилеп. Во Орнитолошката федерација на Македонија членуваат 8 здруженија, а денешниот и последен ден на изложбата беше отворен ден за посетители, при што сите наши сограѓани имаа прилика да видат над 500 различни птици. За најдобрите изложувачи беа ...
Здружението на слепи лица од Прилеп, Национален сојуз на слепи на Република Македонија, во соработка со ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” Прилеп, денес организираа спортски активности и натпревар во ,,Гол бол” помеѓу вакви здруженија и клубови од повеќе градови од Македонија, во спортската сала на училиштето. -Оваа игра е наменета за лица со оштетен вид. Грижата за лицата со попреченост и инклузијата која што ја практикува директорот на ова училиште ...
Известување до сите битолчани, чкембари, пелистерци и сите други хумани лица: Како што наближува крајот на ова година и почнуваме да ги одбројуваме последните денови редно е да ја најавиме нашата трета по ред хуманитарна акција наменета за помош за најранливите категории во нашето опшество. Ги повикуваме сите добронамерни лица кои малку од малку се сочуствуваат со оние на кои им е најпотребно во претстојните големи христијански празници, да ја ...
Времето во наредните денови ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска, информира УХМР. Утре времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...