За новопечените прилепски домаќинки да го положат најтешкиот тест: Рецепт за вкусни посни сармички

Се ближи големиот христијански празник Св. Никола, заштитникот на Прилеп и празник кој секоја трета куќа во градот под “Марковите Кули” го има за куќна слава.

Прилепските домаќинки одново ќе се зафатат со приготвување на вкусни посни специјалитети, меѓу кои главни се малите посни прилепски сармички.

За новопелените прилепски снаи кои оваа година влегоа во светиниколски куќи да се покажат во најдобро светло, ви го пренесуваме оригиналниот рецепт за вкусни посни сармички.

1. Оризот, црниот пипер, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно.

2. Листовите од киселата зелка се сечат на мали парчиња ( отприлика 3 x 5 сантиметри ) .

3. Со мало лажиче се зема од филот отприлика 5-6 зрна. Се виткаат мали сармички и се стегнуваат со рака за да бидат цврсти и во варењето да не се растурат.

4. На дното од тенџерето се ставаат листови од зелка. Врз нив се редат сармичките во круг. Кога ќе се исполни првиот ред, врз сармичките се тура 100 мл масло, 2 лажици црвен пипер и малку црн пипер.

5. Потоа се реди вториот ред и пак врз нив се става масло, црн и црвен пипер. На крај се ставаат листови од зелката.

6. Сармите се полеваат со вода и 2 чаши расолница за да се покријат сармичките.

7. Се става капак за да се потиснат сармичките.

8. Се вари на 180 степени 3-4 часа и од време на време се долева со вода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.