
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Иако бил распнат на крстот, тој им се обратил на собраните луѓе од крстот, го проповедал христијанството и се молел на Бога до неговата смрт. Свети Андреј Првоповиканиот, првиот следбеник и првиот Христов апостол, кој пострада на крстот заради неговата преданост на новозаветната вера. Свети Андреј беше постар брат на Светиот апостол Петар и ученик на Свети Јован Крстител, и го проповедаше Евангелието во Византија и Тракија, во земјите од Дунав, ...
Во рамки на работните активности на ЈКП”Водовод и канализација” Прилеп е извршена целосна реконструкција на главна водоводна линија на ул. “Киро Базерко” со DN 63 полиетиленска – информираат од ова јавно претпријатие. После извршената реконструкција улицата е целосно асфалтирана, на големо задоволство на жителите од оваа улица, кои долги години се надеваа на решавање на нивниот проблем со водоснабдувањето и нормалното движење по истата – ...
Родители во Словенија кај своето дете пронашле пиротехнички средства кои ги купило без нивно знаење и самите повикале полиција. Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до први јануари, додека продажбата е дозволена од 19 до 31 декември. Но, секоја година пукањето почнува се порано и порано, а особено загрижува што во оваа „забава“ учествуваат млади луѓе, дури и малолетни. Од ПУ Љубљана за N1 ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Ќ.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „демнење“. На 06.12.2023, пријавениот на неговиот Фејсбук профил објавувал видео записи и статуси за жена од Битола и за нејзиното семејство. Имено, тој од нејзиниот профил и профилот на нејзиниот сопруг преземал фотографии и без нивна согласност ги споделувал ...
Регулаторната комсија за енергтика (РКЕ) ги доби барањата за одредување нова цена на струјата од АД МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО. Компаниите бараат од 1 јануари струјата за поскапи 27 %, но одлуката дали воопшто ќе им биде одобрено поскапување и колкаво би било, Регулаторната комисија допрва ќе ја носи. „Барањата ги добивме, но дали и колку ќе има зголемување ќе покажат деталните анализи. Сега влегуваме во процес во кој што детално ќе се ...
Во еден ден серија на пријави за физички напади во Прилеп На 10.12.2023 во 00.20 часот во ОВР Прилеп, Р.А.(23) од Прилеп пријавил дека во населба „Тризла” бил физички нападнат од К.А. Истиот ден (10.12 2023) пред полноќ, во 22.15 часот во ОВР Прилеп, С.А.(40) од Прилеп пријавил дека ,пак, на ул.„Мавровска“ бил физички нападнат од Р.А. Исто така на 10.12.2023, во 07:20 часот во ОВР Прилеп, О.Б.(37) од Прилеп пријавил дека кај катната гаража во ...
Денеска се одржа голем протест на пензионерите пред Владата. Тие остануваат на барањето минималната пензија да изнесува 18.000 денари и да има линеарно зголемување од 5.000 денари на сите пензии. -Ги повикувам пратениците Законот да го донесат пред изборите. Бараме тој закон да биде изгласан онака како што ние бараме. Не сме задоволни со социјални пакети, рече Драган Угриновски, претседател на Здружението на пензионери за достоинствен живот. ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во Србија на средби со нашинците кои што живеат таму. Првично Мицкоски беше во посета на Лесковац каде што беше пречекан од тамошниот градоначалник како и претставници на македонската заедница. Мицкоски ќе ги посети и Маккедонците во околината на Панчево. -За нас ова е значаен ден, затоа што ние како партија, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за македонско национално обединување, практично и така се ...
Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер со победа ја заврши полусезоната, откако на гостувањето во Прилеп потешко од очекуваното триумфираше со 38:33. Избраниците на Божидар Мојсов се вратија во второто полувреме, во неколку наврати изедначија и им „покажаа заби“ на гостите и до 55 минута се играше во егал. Сепак, поискусната екипа со мини серија го скрши отпорот на домаќинот во финишот и со победа ја затвори годината. Кај ...
Организациониот одбор при храм „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ во нас. Точила, Прилеп, за прв пат објавува ГОЛЕМ БОЖИКЕН КОНКУРС за литературна творба (проза или поезија) и ликовна творба на тема: “РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК” Овој голем христијански празник е повод за инспирација и творештво на малите уметници од нашиот град, а со цел приближување на верата и овој радосен празник до нивните срца како и нивно обединување и ...
Професорката по математика Фросина Митрушева сподели дел од македонски учебник. Таа како професионалец во својата работа сигурно има за приоритет да го пренесе знаењето на своите ученици. Но, македонските учебници наместо да помогнат, го прават токму спротивното. Имено, таму во задача е наведено дека збирот на аглите во затворен тријаголник е 190, а не како што треба – 180. „Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста. Збирот на ...
Нови подпретседатели на УО се Анита Блажевска (41) – „ФИЛИП МОРИС ТКП“„ и Ирена Јакимовска (50) – „Комфи Ангел“. Во УО беа избрани Снежана Савиќ Димовска (45) – „ПИВАРА СКОПЈЕ“ АД, Ана Таневска Ѓерѓиевска (41) – „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД-Скопје“ и Горан Мауровски (37) – „ФАКОМ„ АД Скопје. Во тек е постапка за вклучување на Јордан Димитровски (44) – „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски (34) – „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска (34) – КРЕАТИВ ХАБ. Исто така ...
Од 14-ти до 16-ти декември, ни пристигнува фестивалот кој што ќе го оживее Прилеп преку филмови, музика, работилници, разговори, дружби и добро друштво. Со големо задоволство ве покануваме на 8-то издание на Mеѓународниот филмски фестивал „Winter Apricots“. За време на фестивалските денови ќе имате можност да погледнете филмови во три натпреварувачки селекции (национална, балканска и интернационална), како и неколку придружни програми. Покрај ...
Во пресрет на вечерашниот натпревар помеѓу РК Прилеп и Еурофарм Пелистер, ракометарите на битолскиот шампион беа на кафе дружба во градот под Марковите Кули, а домаќин им беше тренерот на голманите во редовите на пелистерци, Ице Соколески. Соколески ја искористи приликата да ги запознае колегите со својот роден град пред натпреварот со РК Прилеп, на кој само триумф и нови три бода е опција за гостите од Битола. Во продолжение линк за следење на ...
Да се допре до нечие срце и да се изнудат воздишки не е лесно, но ним и тоа како им успева во изминатите години. Омиленото гастрономско место на прилепчани сега зрачи со нов маестрален изглед. Од викендов одново се отворени вратите на “PIZZA BAR ACADEMY”, каде сега ќе ве дочека нов аристократски амбиент, нешто што е реткост за градот под Марковите Кули. Благодарение на “Академи”, Прилеп освен со највкусната скара, во изминатите години може да ...
Минијатура од тркачкото порше со кое македонскиот професионален автомобилист Ристо Вуков се тркаше на патеките на Формула, во СН Мото Центарот во Скопје му беше врачена на Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Христо Кондовски. Минијатурниот автомобил му го врачи лично Вуков во знак на благодарност за поддршката која СН Групацијата ја овозможи за учеството на македонскиот тим на годинашниот Порше Супер Куп. ...
Денеска го исплаќаме надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи. ,,Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со ...
Првите три денови од новата седмица ни носи стабилно, суво и потопло време со повеќе сонце, иако повремено ќе има и облачност над македонското небо. Наутро и понатаму ќе биде релативно студено со минимални температури на воздухот кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и за некој степен под нулата, прогнозира Славчо Попоски. Најтопло ќе биде на средината од седмицата кога максималните дневни температури ...
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.12.2023 година. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена ...
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (08/09/10/12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 315 возачи, меѓу кои 203 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 39 мерки за возење без возачка дозвола, 24 возачи за управување под дејство на алкохол… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните ...
Девојките од прилепскиот боречки клуб “7 Мај – Златна рака”, викендов зедоја учество на силниот меѓународен турнирн “Победник” во Белград, каде одново постигнаа врвни резултати. Девојките во Прилеп се враќаат со две први места и две трети места. Првопласирани во своите категории беа Тамара Цветкоска до 66кг. во пионери и Елена Дејкоска во категорија до 49кг. во кадети, а трети места освоија Ангела Трајкоска и Јована Тодороска во категорија до ...
Koj пробал знае, а кој не пробал отсега нема да одолее. На улица “Јоска Јорданоски”, отспротива на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп, се наоѓа еден од главните репрезенти за добра храна во градот под Марковите Кули – сендвичарата и пицерија “КАСНИ ПОРАСНИ”. Постојат веќе 13 години и секоја наредна година стануваат се’ подобри и подобри. Во нивната понуда ќе најдете секаков вид на пици, печени сендвичи, тостови, пастрмајлии, топено сирење…. ...
,,О, тешкото! Синџир ти беше на робја, дур не стана народ во листена гора, сè дури со јадот од векови собран не поведе бујно, бунтовничко оро! Се залула танец низ крвје и оган, и повик се зачу и грмеж во чад – те разнесе сегде бунтовната нога по родниот кат” Маестрален рецитал на “Тешкото” од страна на младата актерка од Прилеп, Димитрина Мицкоска, а потоа и настап на Ансамблот “Македонија” на Вториот Пленум на политичката партија “Левица”. ...
Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи. Започнувајќи од понеделник, 11 декември, ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот ...
Да се допре до нечие срце и да се изнудат воздишки не е лесно, но ним и тоа како им успева во изминатите години. Омиленото гастрономско место на прилепчани сега зрачи со нов маестрален изглед. Од денеска одново се отворени вратите на “PIZZA BAR ACADEMY”, каде сега ќе ве дочека нов аристократски амбиент, нешто што е реткост за градот под Марковите Кули. Благодарение на “Академи”, Прилеп освен со највкусната скара, во изминатите години може да ...
Советникот на Левица од Прилеп, Методија Костоски, си дал неотповиклива оставка од Советот на општина Прилеп, пишува во најновата колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски. Според пишувањето на новинарот, Костоски пред се’ бил незадоволен од односот и работата на претседателот на Советот, Дејан Проданоски, кој досега одбил над 20 иницијативи и предлози од Костоски и Левица. “НАД 20 ПРЕДЛОЗИ И ИНИЦИЈАТИВИ ОД КОСТОСКИ И ...
Ретко кое граѓанско здружение од нашиот град може да се пофали со 56 години континуитет, ентузијазам, љубов и посветеност. Од 1967 година како “Канарија” до 1998, а потоа како “Кардинал”, па се до денешен ден, друштвото за заштита и одгледување на птици од Прилеп опстојува континуирано како непрофитно и аполитичко здружение на граѓани – вљубеници во природата и птиците. Низ годините во друштвото членуваат бројни активисти и ентузијасти од сите ...
TEKСТОТ Е ПРЕЗЕМЕН ОД “ГЛАДИАТОР.МК” Добредојдовте во срцето на македонската слатка традиција, каде што уметноста на производство на локум напредува повеќе од еден век. Денес ја имаме привилегијата да навлеземе во слаткиот свет на најреномираната македонска компанија „Тагас Балкан“, која го носи факелот на традицијата и иновативноста повеќе од 100 години. Арома на шеќер и вековни рецепти нè поттикнаа да влеземе и истражиме во светот на ...
Во рамките на последното коло од есенскиот дел од суперлигашката ракометна сезона, РК Прилеп во понеделник ќе биде домаќин на минатогодишниот шампион – екипата на Еурофарм Пелистер. Битолчани во градот под Марковите Кули доаѓаат како првопласирани со 36 бода, колку што има и Вардар на второто место на табелата. Од друга страна прилепчани потфрлија во очекувањата, па после 13 одиграни натпревари имаат само 3 победи и еден нерешен резултат, и со ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан останува жестоко против преговорите со Украина за пристапување во Европската унија (ЕУ), тврдејќи дека во земјата има премногу корупција и претставува закана за европското семејство. „Украина е позната како една од најкорумпираните земји во светот. Не можеме да донесеме одлука за почеток на процесот за пристапни преговори (со таа земја)“, рече Орбан во Париз во интервју за неделникот Ле Поинт. На средбата со ...