
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



На 28.12.2023 во 22.15 часот на ул.„Шералти” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У.К.(36) од с.Граешница, битолско. Тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната ...
Во соработка со Љупче Бубио и пицерија “Ла Страда”, Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп синоќа ги израдува своите најмали членови со новогодишни пакетчиња и дружба со Дедо Мраз. Старецот со бела брада кој деновиве ги радува сите дечиња патем научи и некои боксерски техники, а добро се снајде и на спаринг во рингот. Од БК “АС” Прилеп им ја честитаат Новата 2024 година на сите нивни членови и нивните семејства, и им посакуваат уште поголеми успеси ...
Пред пилјарата Fruit Маrket во населбата “Точила” во Прилеп е поставена закачалка на добрината. Мотото е: “Ако имаш донеси ако немаш понеси”, а досега повеќе хумани граѓани дале свој придонес за оние наши сограѓани на кои им е најнеопходна помош. Празничните денови не се само прослави по кафеани и ресторани, туку во овие денови треба да научиме да сакаме, да споделуваме, да шириме позитивна енергија и да даруваме. Само така нема да има ниту ...
Следната година ја започнуваме веднаш со неработен ден, а тоа е 1 јануари, а деталната листа на сите неработни денови погледнете ја во продолжение: Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ: 01 јануари (понеделник), Нова Година, 07 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари ...
Општина Битола во предлог програмата на буџетот за спорт, предвиде речиси 1 милион евра за спортските клубови и спортски настани. За фудбалскиот клуб Пелистер во буџетот за 2024 година предвидени се дури 14 милиони денари, 12 за кошаркарскиот клуб и уште 15 милиони за Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер. Понатаму за традиционални спортски и хуманитарни манифестации, општината предвидела 1,6 милиони денари, а за училишен и универзитетски спорт ...
Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП на сите граѓани им ја честита Новата 2024 год. и Божиќните празници со желби за добро здравје и бериќет Воедно ги информираме граѓаните дека aвтобусите на Јавниот Градски Превоз ќе имаат редуциран возен ред на сите линии за време на Новогодишните и Божиќните Празници. И тоа по следниов редослед: 31.12 – Неработен ден 01.01 – Неработен ден 02.01 – Полно работно време од 6.30 h до 19.30 h 03.01 – Полно работно ...
400 денари повеќе на сметката за струја за граѓаните е новогодишната честитка од оваа неспособна власт, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Иако со денови и месеци се обидоа да го сокријат покачувањето, сепак власта на СДС и ДУИ удрија по џебот на граѓаните со повисоките сметки за струја од јануари 2024 година. Покачувањето ќе го плаќаат сите граѓани кои своите домови ги затоплуваат со електрична енергија. Толку од ...
Денес од раните утрински часови под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција извршува претреси на повеќе локации во Прилеп и се приведуваат осомничени лица. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Цицач“, за кривични дела против службената положба, јавните финансии, платниот промет и стопанството што ја ...
Aко досегашната практика беше Регулаторна комисија да им даде можност на јавните претпријатија од колку до колку проценти да ја поскапат водата за пиење, овојпат комисијата на прилепски Водовод му наложи да ја зголеми цената за 33,9%. Па така прилепчани во Новата година ќе плаќаат за толкав процент поскапи сметки за вода, ова денеска на прес конференција го соопшти директорот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, Игор Гулабоски. “Ова знаеме ...
Училиштата и училишните дворови деновиве во Прилеп како никогаш досега весели, исполнети со многу љубов, детски џагор и прекрасно шаренило од новогодишни украси и креации, кои ги изработија учениците и нивните наставници. Речиси секое училиште организира новогодишни базари, а така беше и денеска во дворот на ООУ “Гоце Делчев”, каде школскиот двор беше претесен да ги собере сите дечиња, родители, баби, дедовци… Една преубава новогодишна слика и ...
Во огласот за вработување на здравствени работници на неопределено време се вели дека ГАК има потреба од двајца доктори на специјализација по гинекологија и акушерство, еден од турска и еден до албанска националност, двајца специјализанти по педијатрија од албанска националност и специјализанти по анестезија и интензивна медицина каде што се бараат Ром и Албанец. „Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром… ...
ООУ “Климент Охридски” веќе подолг период важи за пример образовна институција во Прилеп, и е вистински репер за тоа како треба да функционира едно училиште, а во деновите пред празниците “климентовци” се пофалија и со совршен новогодишен амбиент. Во ова прекрасно новогодишно шаренило, учениците и нивните ментори организираа новогодишен пазар на кој се продаваа нивни креации, а пазарот привлече голем интерес кај родителите, бабите, дедовците… ...
Македонските пензионери нема да добијат пензија на 1-ви јануари во 2024 година. Ова го соопштија од Министерството за труд и социјална политика. Причина за тоа е, неработниот ден по повод Новата година. Од министерството ги известуваат сите пензионери дека пензиите ќе се исплатат на 2-ри јануари. Сите пензионери веќе на вториот ден од новата година ќе може да ги подигнат своите пензии од банкомат. На 1-ви нема да работат ниту експозитурите на ...
Во сабота бесплатни новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои ќе дојдат кај Градскиот Саат во Прилеп -Почитувани мои сограѓани, драги дечиња, родители, баби и дедовци ве поканувам во сабота 30.12.2023 со почеток од 11:00 часот на платото околу Градскиот саат, заедно во една пријатна атмосфера во рамките на Новогодишниот базар. Заедно со општествено одговорната компанија КАМ, кловнот Лили и Дедо Мраз, ќе доделиме новогодишни пакетчиња за сите ...
Учениците од нижото музичко училиште “Ордан Михајлоски – Оцка”, по којзнае кој пат докажаа дека Прилеп е огромен расадник на музички таленти. Во вторникот талентираните ученици заедно со нивните ментори, во преполната сала на Центарот за култура “Марко Цепенков”, го одржаа својот традиционален Новогодишен концерт. Дечките се претставија со одлични изведби и ги воодушевија присутните. Зад нив е уште една успешна година и голем број освоени ...
Добротворната организација „The Big Help Project“ од Кенсингтон го објави на социјалните мрежи писмото на 10-годишната Лили до Дедо Мраз, кое многумина ги расплака. „Драг Дедо Мраз, мама ми рече дека си болен оваа година и не можеш да дојдеш кај нас. Се надевам дека ќе оздравиш наскоро. Мислам дека тоа би го израдувало мојот брат! Те сака Лили (10 години). П.С. Бевме навистина добри“, се вели во писмото. „Ниту едно дете не треба да пишува вакво ...
Бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени, соопшти министерот за земјоделие, Љупчо Николовски „Исто така сакам да соопштам дека оваа година субвенцијата за прва класа ќе биде зголемена за дополнителни 20 до 30 денари односно ќе постигнеме рекордни субвенции по класи. Најавувам уште неколку други мерки за тутунарите што ќе ги спроведеме за прв пат со ...
Изложба на дела од ликовната колонија “Дрен 2023”, што се одржа годинава во јули, по 15. пат, отворена е во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На изложбата се претставени вредни дела од уметниците Павлина Копано, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Массети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски – Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески, Маја Танеска, Тони ...
Доколку праламентарните избори се одржат следната недела на гласање би излегле 46,4 проценти од гласачите, покажува анкетата на Институтот за политички истражувања – Скопје, изготвена по барање на Канал 5. Анкетата покажува двојно поголема предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, а според испоитаниците политичар со најголема доверба е Христијан Мицкоски. Резултатите од анкетата детално ни ги пренесува Владимир Божиновски. Со него разговара Јован ...
Денеска (27.12.2023), од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп при претрес во дом и други простории во Прилеп и на тезга во Градски пазар во Прилеп, во сопственост на А.Б.(47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 2472 парчиња пиротехнички средства. Заради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Денес 27.12.23 во раните утрински часови (03:14 часот) лицето А.Д(56) од Прилеп пријавил во полициска станица дека неговото возило “ауди,, со прилепски регистарски паркирано на ул. “Битолска” во Прилеп ознаки било опожарено. ТППЕ од Прилеп го изгаснале пожарот, а увид извршиле увидната екипа од ОВР Прилеп. Ова е четврти случај на опожарено возило во Прилеп во изминатите две недели. Пред неколку дена полициски службеници уапсија две лица за ...
Во текот на вчерашниот ден( 26.12.2023) од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп на ул. „Прилепски бранители” во Прилеп, при контрола и преглед на патничко возило „голф“ управувано од А.Б (47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства. Заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 декември 2023 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот при што се доделија одличија на заслужни свештеници. На почетокот од седницата Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот, им посака добредојде на ...
Вечерва заседаваше Централниот одбор на СДСМ, на кој беа донесени одлуки за тоа кој министри ќе бидат предложени како кандидати во техничката Влада пред изборите. Повеќето од имињата се старо-нови министри, но меѓу нив се најде и секретарот на ОО СДСМ Прилеп, Мики Крстев, кој партијата го предлага за заменик министер во министерството за локална самоуправа. Крстев беше директор на домот за стари лица “Киро Крстески – Платник”, додека со општина ...
Нема чаршиски човек во Прилеп кој не се сеќава на неговите настапи низ прилепските локали, особено оние во поранешна “Апореа”. Беше и остана рапер кој се уште знае да го погоди вистинскиот бит. Прилепскиот рапер Боро Бро Блажески од неодамна со нови песни полека се враќа на сцената. Откако на неговите следбеници им се допадна последната “МВП”, на ред дојде и “Опсесија”. Текстот е на Блажески, снимањето и обработката ја направи Mr. T, ...
Во Прилеп се чека на дозволата за градба на нов театар за кој се заговара од поодамна. Одделени се средства во буџетот за 2024 година и по добивањето на дозволата за градба, да се изгради нов театар во Прилеп, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при посетата на Крушево одговарајќи на новинарско прашање за тоа до каде е изградбата на нов театар во Прилеп. -Прилепскиот нов театар требаше оваа година да започне да се ...
Нашата Анабела Блажеска денеска по 129 дена си замина за Охрид во прегратките на мама, тато и на дада. Родена е во 26 гестациска недела со тежина од само 600 грама – информираат од Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје -Заедно со докторите и со медицинските сестри успешно ги помина сите препреки кои пред неа ги стави животот и дома си замина со тежина од 2080 грама. Нејзината силна борба беше мотивација за целиот ...
Дури тројца прилепчани биле каснати од кучиња скитници во изминатите 24 часа според полицискиот билтен на МВР -На 25.12 2023 во 10.40 часот во ОВР Прилеп, Б.К.(53) од Прилеп пријавил дека на ул.„5 Прилепска бригада“ бил каснат од куче скитник. -На 25.12 2023 во 10.30 часот во ОВР Прилеп, Д.Ј.(69) од Прилеп пријавила дека на ул.„Димче Антулески“ била касната од куче скитник. -На 25.12.2023 околу 11.30 часот во ОВР Прилеп, З.Б.(49) од Прилеп ...
Во полн ек се подготовките на дечињата за веќе традиционалните бадникови поворки, а на две недели до Божик од Здружението ,,Бадникови поворки” информираат дека оваа година поворките ќе се одржат под мотото ,,Почувствувај радост”. Катерина Левкоска која е координаторката за Прилеп од здружението “Бадникови поворки”, вели дека оваа година пријавени се околу 200 дечиња, но очекуваат нивниот број да се зголеми на последната проба. -Поворката ...
Изминаа речиси два месеци откако Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на Општина Прилеп во изминатите години, а најголем бум кај јавноста предизвика информацијата за “новото мовче” на Градската река во населбата “Сточен пазар”, за кое општината патем како инвеститор исплати 554.846 евра, е пуштено во употреба без обезбедена комплетната изведбена документација, што пак претставува ризик за безбедноста на корисниците на ...