
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Тој истакна дека проектот за паркингот во Капиштец одамна е целосно подготвен, финансиран и предвиден во буџетот, но поради тоа што Град Скопје трипати негативно се произнесе за него, неговата реализација е закочена. „Средствата планирани за оваа намена ги пренаменивме за други проекти“, додаде Герасимовски, нагласувајќи дека Општина Центар веќе неколку години е финансиски стабилна и има доволно средства за реализација на сите планирани ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги започнува клучните разговори во Вашингтон за втората фаза од прекинот на огнот со Хамас. За време на посетата тој ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп, а теми на средбата ќе бидат продолжување на прекинот на огнот, односите со Иран и ослободувањето на израелските заложници. Нетанјаху е првиот светски лидер што ќе се сретне со Доналд Трамп откако тој се врати во Белата куќа во јануари годинава. „Ова ...
Украина утринава нападна енергетски објекти во Јужна Русија со десетици дронови, предизвикувајќи пожари во голема рафинерија и постројка за преработка на гас, како и нарушување на воздушниот сообраќај, јавија официјални руски и украински извори. Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушните сили пресретнале и уништиле 70 украински дронови во текот на ноќта, од кои 25 над Волгоградската област, 27 над Ростовската и седум над ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 43 мерни места во градот. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 27 до 31 јануари 2025 година зема 191 примероци за физичко-хемиска и 191 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за ...
Услугата „Итно копче“, наменета за лица над 65 години кои живеат сами, како и за други изнемоштени и болни лица од денеска ќе функционира и на територијата на општина Ѓорче Петров. Градоначалникот Александар Стојкоски, промовирајќи ја услугата која се спроведува во соработка со скопскиот Црвен крст, ќе им овозможи на корисниците да добијат ипомош со едноставно притискање на едно копче. Со воведувањето на „Итно копче“, ние како општина ја ...
Институциите не настапуваат координирано за идентификување на младите кои се во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството, велат од Иницијативата „Кој е следен?“ Денеска во 17 часот ќе се одржи протест на булеварот Партизански одреди, кај Универзална сала. Од граѓнската иницијативата „Кој е следен?“ велат дека случајот со Фросина Кулакова не ...
Инспекторите затекнале низа недоследности – нерегистрирани оператори со храна, нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини. Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништиле инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведени 43 вонредни инспекциски надзори, ...
Основниот суд во Велес, постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство, донесе првостепена пресуда против негувателка во градинка која им давала електронски цигари на децата. -Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. ...
Тимчо Муцунски како кандидат за градоначалник на општина Аеродром на локалните избори во 2021 година, меѓу останатите ветувања, гарантираше и зголемување на еднократната парична помош на секое новороденче во општина Аеродром на 20.000 денари. Од јуни минатата година Муцунски е министер за надворешни работи и надворешна трговија во владата на Христијан Мицкоски, но за време на неговото раководење со општина Аеродром, како и во тековниот мандат на ...
Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) најавија покачување на цените на парното и топлинската енергија за 20 отсто. Ова барање е поднесено поради зголемените трошоци за набавка на гориво од страна на ЕСМ. Дали сметаат дека греењето на парно е исплатливо и дали ова барање од страна на ЕСМ е оправдано? „Слободен печат“ праша, а граѓаните одговорија. На прашањето дали граѓаните знаат за најавеното покачување на цените за парното, размислувањата ...
„Се истражува дали возачот Васил Јованов несреќата ја извршил со умисла или од небрежност“, рече јавниот обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „DailyClick“ на ТВ21. „Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди дека возачот бил под влијание на алкохол, нема валидна возачка дозвола, возел многу повеќе од дозволената брзина и прекршил правилата со поминување на црвено светло. Сите овие фактори ќе бидат ...
Интернет измамите, особено оние преку социјалната мрежа Фејсбук, стануваат сè почести и почести, а заштитата од нив е оставена главно на корисниците. Преку „дисекција“ на неколку раширени онлајн измами ќе видиме како може да се заштитиме од истите со неколку едноставни чекори. Интернет измамите, особено оние преку социјалната мрежа Фејсбук, стануваат сè почести и почести, а заштитата од нив е оставена главно на корисниците. Преку „дисекција“ на ...
На протестот ќе се адресираат три главни проблеми, нефункционалноста на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволната безбедност во градовите и глорификацијата на девијантното однесување. Иницијативата „Кој е следен“ информираше дека утре, 2 Февруари, во 17 часот повторно ќе се одржи протест на булеварот „Партизански Одреди“, кај Универзална сала во Скопје. Посочуваат дека случајот со трагичната смрт на младата ...
Иако и во Словенија веќе дојдоа таканаречените забави без алкохол, кои веќе се повеќе етаблирани на други места во светот, нема индикации дека тоа ќе стане доминантен тренд. Во Словенија алкохолот е дел од секојдневието и сите важни животни настани, а податоците покажуваат и дека сме далеку над просекот на другите европски земји во однос на потрошувачката. Етнологот и културен антрополог од Филозофскиот факултет во Љубљана, Рајко Муршиќ, кој го ...
Единственото место во државава за уништување на фармацевтскиот отпад се наоѓа во ЈП „Дрисла“. Се работи за печка којашто од пред 23 години е донација од Велика Британија, но се поставува прашањето дали сме добиле исправна печка со инцелератор и дали сиве овие години на соодветен начин се согоруваат лековите кај нас. Кога печката пристигнала во Скопје не била соодветна за уништување на овој отпад, па била надоградувана за оваа намена, вели за ...
Според годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство при потпретседателката Илијана Јотова, лани бугарско државјанство добиле над 16 илјади лица. Ова е за 4.000 повеќе отколку во 2023 година. Според податоците, на прво место се Украина и Турција, а на четврто македонските граѓани, објави БНР. „Над 2.400 лица од Украина добија бугарски пасоши минатата година. Турција е на второто место. Речиси 2.200 лица од нашиот ...
Во Богданци се поставуваат нови 4 ветерни турбини, што ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 MW капацитет. Турбините на ветерниците во ветерниот парк во Богданци се производство на „Сименс“ Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Паркот, со своите 16 турбини, има инсталирана моќност од 36,8 MW и годишно произведува околу 100 GWh природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја ...
Семејството Ангеловски три години чека правда за смртта на тогаш 76-годишниот Слободан Ангеловски кој на мостот „Гоце Делчев“ беше прегазен од „БМВ Х5“, управуван од кумановката Гордана Филиповиќ. Филиповиќ се уште ужива во слободата иако првично беше осудена на три години затворска казна, но скопска апелација ја укина пресудата поради тоа што во предметот има три вештачења, од кои двете на Обвинителството и оштетеното семејство се совпаѓаат, а ...
Патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (64), удрило во пешакот А.Б.(89), двајцата од Битола. Осумдесет и девет годишниот А.Б. од Битола, завршил во Клиничката болница со тешки телесни повреди откако во него удрило возило марка „фолксваген поло“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што е наведено во билтенот, несреќата се случила вчераутро. „Во СВР Битола е пријавено дека на ул. ...
Претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски во рамки на прес-конференција даде изјава неодамна во врска со американската помош за земјава, која може да се оцени како делумна вистина. Последици секако ќе има, макар и само доцнење од три месеци во спроведувањето на проекти што во 2024 година биле проценети на 22 милиони долари. Оттаму, тие последици на тој начин ќе ги почувствуваат и државните институции на кои се однесуваат важни проекти ...
Купувањето облека од втора рака не само што нуди единствена можност да се најдат квалитетни парчиња облека, туку исто така игра клучна улога во намалувањето на отпадот и поддршката за поодржлива иднина. Во последните години, глобалната модна индустрија бележи значителни промени насочени кон одржливост, при што половната облека станува клучен дел од ова движење. Од славни личности до модни блогери, сè повеќе влијателни фигури во модниот свет ...
Јавната расправа за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот ќе се одржи денеска, во рамки на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Како што информира собраниската прес-служба, јавната расправа е закажана во 13:00 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“. Претходно пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ до Собранието поднесоа барање за одржување ...
Правда за Фросина мора да има и овој случај да не се повтори, порача денеска сестрата на Фросина Кулакова, Росица, која скршена од болка даде изјава за медиумите За Фросина бараме правда. Бараме одговорност од Зоран Јованов, таткото на Васил кој ја прегази Фросина, а бараме да одговара и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа ниту да изразат сочувство на семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили од социјални мержи. ...
Центарот за управување со кризи информираше дека вчера попладне бил спасен повреден планинар над кичевското село Лавчани, на местото Два Камења. Како што посочуваат од ЦУК, вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кризи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен. „Преку бројот за итни случаи 112 во ЦУК вчера, во 14:12 часот, била добиена ...
ССМ е разочаран бидејќи на денешната седница на Економско-социјалниот совет нема да се расправа за зголемување на платите ССМ ја добил поканата за денешната седница на Економско-социјалниот совет, но за жал на дневен ред ја нема точката за зголемување на минималната плата, туку ќе се дискутира за вредноста на синдикалната кошничка, изјави пред седницата Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. Тој е разочаран од ваквиот след на настаните и ...
Каков ќе биде одговорот на Европската Унија кон САД за најавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Унијата ќе биде царинета за увоз на стоки во Америка е дилемата за која поголемиот број на европските медиуми деновиве на големо анализираат. Имено, американскиот претседател Доналд Трамп неделава ги повтори своите закани дека ќе воведе царини за увозот на стоки од Европската Унија во САД, најави кои предизвикаат вознемиреност во ЕУ, ...
Повеќе од 25 милиони Американци редовно играат голф секоја година. Бидејќи не се сите толку вешти како познатиот играч Тајгер Вудс, тие губат околу 300 милиони топки годишно на терените. Но, лошите голферски потези на една личност, претставуваат деловна можност за другите. Во Америка, порасна пазарот на користени топчиња за голф, чија вредност во САД е околу 200 милиони долари годишно, а со овој бизнис претежно се занимаваат помали компании. Ако ...
Од понеделник, 10 февруари, Општина Карпош започнува акција за отстранување на старите и хаварисани возила од јавните површино. Сектор Инспекторат, како што информираат од Општината, ќе спроведе подигање на старите отпадни возила согласно Закон за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој Општина Карпош има склучено договор за соработка. Апелираме сите кои поседуваат таков тип на возило и на кое ...
Под доста профитабилни услови, една фирма чие име засега од Министерството за здравство го кријат под оправдание дека „уште трае постапката“, се пријавила на повикот за концесија за да изгради две катни гаражи во Клинички центар „Мајка Тереза“. Фирмата ќе треба годишно да исплаќа само 1 процент од приходот што го остварила кон Министерството за здравство, а останатите 99 проценти ќе бидат нејзини. Концесионерот ќе изгради две катни гаражи со ...
Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1.535 инспекциски надзори од кои 1.008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори. Како резултат на контролите, утврдени се 300 неправилности/законски повреди за кои се изготвени 300 решенија со кои се наредуваат или забрануваат одредени активности, односно се поведени постапки за санкционирање, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од ...