Министерот за правда Игор Филков ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судијката Даниела Алексовска Стојановска која ја донесе одлуката што јавноста ја оспорува, возачот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, да оди во воспитно поправен дом откако бил фатен со дрога. -Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие ...

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен. Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија. Истражните органи работат на расчистување на ...

Миле последен пат бил забележан во Марена, на 30 јануари, околу 10:30 часот. Облечен е во работничко одело,бело палто и црн елек. Семејството на Миле Тодоров кој во четвртокот исчезна, бара посериозна истрага за негово пронаоѓање. – Зошто секогаш мора да се молиме, зошто мора да чекаме, зошто народот да ве потсетува што треба да сторите? Се работи за младо 28-годишно момче, веќе пет дена е исчезнат, без трага и глас. Дали е е изгубен, дали е ...

Следниот генерален директор на Церн, Марк Томсон, смета дека вештачката интелигенција даде нов поттик во потрагата по нови сознанија во физиката на субатомско ниво и дека големите откритија би можеле да се случат по 2030 година, кога големата надградба ќе го зголеми интензитетот на зракот на Големиот хадронски судирач за 10 пати. Напредната вештачка интелигенција треба да ја револуционизира фундаменталната физика и може да отвори прозорец кон ...

Кинескиот стартап DeepSeek и неговиот основач Лианг Венфенг се во центарот на вниманието поради најновиот модел на вештачка интелигенција (ВИ) кој наводно има можност за рационално расудување. Растот на популарноста предизвика реакции кај технолошките гиганти во САД и ја потресе берзата на Волстрит. Во меѓувреме, гигантите Mајкрософт и OpenAI водат истрага за тоа дали DeepSeekнезаконски презел податоци за технологијата на развивачот на ChatGPT, ...

Во голема меѓународна акција координирана од ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција разоткрија организирана криминална група која се занимавала со фалсификување пари на територијата на повеќе држави. Во Скопје, Велес и Прилеп биле уапсени 10 лица, додека во Србија приведени се уште шест осомничени. „Во акцијата биле пронајдени и запленети околу 500.000 евра, 25.000 американски долари, големи суми во други валути, како и специјални машини за ...

Најмалку три лица загинаа, а 22 се повредени кога камион удри во три возила, а потоа падна од надвозник во градот Шанлиурфа во Турција. При падот, камионот повлекол и автомобил, во кој претходно удрил, јавуваат турските медиуми. Во областа се испратени голем број амбулантни возила, пожарникари и полициски екипи. Şanlıurfa'da üç araca çarpan kamyon, sürüklediği otomobille üst geçitten düştü. 3 kişi hayatını kaybetti, 26 kişi yaralandı. ...

Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград. Руското Министерство за одбрана тврди дека руската војска пресретнала и уништила 70 украински беспилотни летала. Гувернерот на регионот Астрахан, Игор Бабушкин, изјави дека украинската војска се обидела да нападне објекти во неговиот регион со беспилотни летала, велејќи дека тие биле насочени кон енергетската ...

Лидерите на земјите-членки на ЕУ денеска се собираат во Брисел за неформално да разговараат за европската одбрана во контекст на растечките геополитички тензии, особено за војната во Украина. Неформалните собири на шефовите на држави или влади на ЕУ се наменети за размена на мислења за конкретни теми со цел да се подготви теренот за подоцнежни одлуки и законодавни иницијативи. Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, пред ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Лондон се сретна со британскиот премиер Кир Стармер, а во фокусот на разговорот беше зајакнувањето на врските меѓу Велика Британија и Европската унија. Британскиот премиер се обидува да ги подобри односите со Европската унија, а двајцата лидери по денешната средба утре во Брисел ќе присуствуваат на состанокот на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ, каде што британскиот премиер ќе се обиде ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека без американската финансиска помош, Канада ќе престане да постои како остварлива земја. „Плаќаме стотици милијарди долари за субвенционирање на Канада. Зошто? Нема причина. Не ни треба ништо што тие имаат. Имаме неограничена енергија, треба да правиме свои автомобили и имаме повеќе дрва отколку што можеме да користиме. Без огромни субвенции, Канада ќе престане да постои како остварлива земја, но ...

Григор Цветанов, генерален директор на „Макпрогрес“ и потпретседател на Стопанската комора, пример за човек кој знае што сака, има свои цели и се труди да ги исполни, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески зборува за улогата на Комората како претставник на компаниите. Комората не ја гледа како претставник на сопствениците на капиталот – Комората, според него, е претставник на компаниите во целина и на сите засегнати ...

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. ...

На снимките се забележува дека во „цитроенот“ има три лица, додека во „реното кангу“ има само едно лице, утрото на 27 ноември 2023 година кога двете возила се движат кон Визбегово. По убиството двете возила одат на местото каде што е запален „цитроенот“, по што само „реното“ се враќа назад. Во нова серија видео снимки обвинителките денеска покажаа како по грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска „цитроенот“ тргнал кон Момин Поток, каде се ...

Скопски обвинители и судии здружено работат да им го олеснат животот на криминалците. И во тоа се екстремно успешни. Еве еден случај кој го потврдува тоа. Може човек да биде дилер на дрога, може да се случи да биде фатен, може да биде и обвинет и осуден, а пак да не одлежи ниту еден ден во затвор. Каде го има тоа? Па во Македонија, нормално. Во Основното јавно обвинителство Скопје и во Основниот кривичен суд Скопје. Плусинфо ги објавува деталите ...

Вкупно 16.500 лица лани добиле бугарско државјанство, што е за 4.000 повеќе од 2023 година. На врвот на листата се државјани на Украина (2.400 лица), по што следат Турција (2.200) и Молдавија (1.800). Македонија е на четвртото место со речиси 1.700 добиени бугарски пасоши. Речиси 1.700 Македонци во 2024 година добиле бугарски пасоши, продолжувајќи ја тенденцијата на барање подобри можности за живот во европските земји. Ова го покажува годишниот ...

Бројни млади Европејци на возраст од 15 до 29 години студираат или работат надвор од земјата во која се родени, но не е време за безгрижни забави за младите во Европа, пишува Европската новинска агенција (ЕНР). Според податоците на Евростат од 2023 година, 14,2 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години се родени надвор од нивната сегашна земја на живеење, а 11,9 отсто живееле во земја без државјанство. Причините се доста слични насекаде – ...

Паника во авион на „Јунајтед ерлајнс“ откако неговиот мотор се запалил на пистата за време на полетувањето во Тексас, поради што патниците биле принудени да бидат евакуирани. Патниците забележале портокалови пламени кои избиваат од крилата на авионот и почнале да го повикуваа екипажот да ги симне од авионот. На едно такво видео, може да се види како патник ја врти камерата за да покаже портокалови пламени на крилото и патниците кои покажуваат ...

Педесет и пет од 67-те загинати во несреќата меѓу патнички авион на Американ ерлајнс и воен хеликоптер над реката Потомак во Вашингтон се идентификувани, изјави денеска началникот на противпожарната служба, Џон Донели. Тим од воен персонал се подготвува утре да започне операција за отстранување на остатоците од двата авиони од водата. Тие ќе бидат однесени во хангар на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон. Во меѓувреме, семејствата на ...

Едно лице загина, а четворица се повредени во експлозија во станбена зграда во северозападниот дел на Москва, јавија руските медиуми, повикувајќи се на итните служби. „База“, канал на Телеграм близок до руските специјални служби, објави видео снимка на која се гледа сериозна штета на станбениот комплекс „Али Паруса“, каде што се случи експлозијата. Причините за експлозијата засега остануваат непознати. Во декември Украина ја презеде одговорноста ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис одржа вонреден состанок со сеизмолозите, експертите и претставниците на владиниот кабинет, на кој се разговараше за неодамнешната сеизмичка активност во морската област меѓу Санторини и Аморгос, каде во неколку дена се регистрирани стотици земјотреси. За време на средбата, сеизмолозите ја анализираа ситуацијата и констатираа дека моменталната сеизмичка активност наликува на онаа од 2011-2012 година, но со ...

Неколку членови на политичката партија „Десна“ се собраа пред Кривичен суд од каде што побараа правда за нивниот претседател и првообвинет за убиствата на Вања и Панче. „ОЈО произведува монструми, не политичката партија Десна“ и „НОрмализација на НЕправдата“, беа дел од паролите кои ги истакнаа сопартијците на Палевски. Тие во својот кус говор рекоа дека се врши прогон на членовите на Десна, а партиското седиште било запечатено од истражните ...

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обвинителството презентираше снимки од околните камери кои се наоѓале во близина на зградата во кое живеело девојчето. На снимки од надзорните камери на хотелот, кој се наоѓа на неколку чекори од домот на Ѓорчевски, се гледа возилото „цитроен“ со кое Вања беше киднапирана од влезот на нејзината зграда. -Во 6:37 минути се забележува возилото ,,цитроен” како ...

Претседателот на Судскиот совет – Александар Камбовски на прашање за одлуката на судијката Даниела Алексовска Михајловска во врска со случајот со Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова на булевар „Партизански одреди“ во Скопје вели дека ќе се разгледува случајот. Тој порача дека ако има пропусти, ќе има санкции. – Ова не е проблем само на благи казни и постапување на судот, туку на целото општество. Треба да размислиме што можеме ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска, во гостување во „DailyClick“ на ТВ21 за трагичната несреќа на булеварот „Партизански одреди“, во која загина 22-годишната Фросина Кулакова рече дека се истражува дали возачот, Васил Јованов, ја извршил несреќата со умисла или од небрежност. „Јавниот обвинител ќе испита дали постои можност за умислено дејство, особено ако се утврди дека возачот бил под влијание на алкохол, нема валидна возачка ...

Српскиот премиер во заминување Милош Вучевиќ денеска изјави дека „брановите на протести се можност за опозицијата која сака отцепување на Војводина да стави такви планови на маса“. Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека „ова прашање не се наметна одеднаш“ и дека оние кои сонуваат за тоа и кои политички се борат за такво сценарио виделе можност по трагедијата од 1 ноември минатата година. – Брановите протести се нивна можност да ги стават овие проекти на ...

Партијата „Левица“ реагира за отказот што во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ го доби специјалистот за бронхоскопија доктор Веселинка Митровска Јосифова. Таа беше отпуштена од страна на директорката Каролина Симоновска, иако на 31.12.2024 година добила наредба да биде дел од бронхоскопскиот тим што ги вади залетнатите туѓи тела од дишните патишта на децата. Јавноста е сведок на уште еден скандал во македонското јавно ...

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, денеска се приведени осум лица од Битола, Кичево и Велес и извршен е претрес на една локација во Велес. Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште ...

„Реформите, вклучувајќи го и усогласувањето на нашата регулатива и практики со европските, се значаен фактор за привлекување странски директни инвестиции. А странските директни инвестиции во малите економии како нашата вообичаено се еден од двигателите на економскиот раст“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во видео интервју за „Инвисо“ (организаторите на Форумот на Централна и Источна Европа, порано познати како ...

Судот го отфрли барањето на Љупчо Палевски – Палчо, кој на 27 јануари побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага. Судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе продолжи денеска во Основинот кривичен суд, каде ќе бидат изведени докази предложени од Обвинителството. Претходно, од страна на Обвинителството беа изведени видео записи од ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
7.2
27%
1017
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
4.12
40%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 32ᴼ
1.54
38%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
32%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.8
32%
1017
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
0.89
37%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
8.05
39%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.17
28%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
26%
1016
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
38%
1016
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
6.17
42%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
10.8
38%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.12

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

175221.57

Цинк

2.75