Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница. Според Основното јавно обвинителство, од април годинава, се постапуваше во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а ...

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска побара одредување мерка притвор за шест лица и мерки на претпазливост за уште петнаесетина, по големата акција поврзана со истрагата за финансиското работење и можни злоупотреби во Општата болница во Прилеп. Предлог за забрана за учество во јавни набавки е поднесен и за шест до седум правни лица од Прилеп, Битола и Скопје. Ова следува откако синоќа и утрово во прилепската полиција беа приведени повеќе ...