
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Најмалку 900 луѓе биле убиени минатата недела во борбите меѓу владините сили на Конго и бунтовниците поддржани од Руанда во конгоанскиот град Гома, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). СЗО информира дека најмалку 900 тела биле пронајдени на улиците на Гома по петдневните борби во кои бунтовниците М23 ја презеле контролата врз градот. СЗО соопшти дека во борбите биле повредени речиси 2.900 луѓе. ОН и владата на Конго ...
Европската унија ќе ги зголеми царинските контроли на стоките што директно се доставуваат до потрошувачите во ЕУ преку платформите за е-трговија како што се Тему и Шејн, бидејќи се обидува да обезбеди фер конкуренција и безбедност на производите, се вели во нацрт-официјално соопштение во кое денеска имале увид некои светски агенции. Директивата на Европската комисија, која се очекува да биде објавена в среда, ќе влијае на сите продавачи од ...
Инспекторите ја пронашле црната кутија од амбулантен авион кој се урна во населба во Филаделфија, соопшти Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB). Во авионската несреќа што се случи завчера загинаа седум лица, а повеќе од 20 беа повредени. – Црната кутија е пронајдена на местото на несреќата, во земја на длабочина од околу 2,5 метри. Пронајден е и уред за предупредување за близина на тло, кој може да содржи и податоци за летот, ...
„Од кога сум јас директор на управата за извршување на санкции има постапки во обвинителството, 32 обвиненија и постапки се водат против затворски полицајци. Од кога сме ние како ново раководство, јас како директор на управата за извршување санкции и директорите по останатите затвори 100 дисциплински претставки има против затворски полицајци. Дел од овие се суспендирани, не се веќе на работа“, истакна директорот на управата за извршување на ...
Додека регионот и Македонија ги тресат протести против големите маркети, за кои се вели дека наметнуваат неоправдано високи цени, Пари истражува кој колку ставил плус во целиот синџир на исхрана за да стигнеме до високите цени. Ги анализираме десетте најголеми производители и трговци на големо, како и седумте најголеми продажни синџири на храна на мало. Во центарот на истражувањето ни се нето-профитните маржи. По дефиниција, тие претставуваат ...
Во изјавата на в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, д-р Каролина Симоновска во која таа забранува користење на нејзиното име и презиме во медиумите има многу елементи на закана кон новинарите и медиумите, сметаат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) осудувајќи ја ваквата нејзина постапка. Во реакцијата, од ССНМ ја потсетуваат директорката дека ...
Канадскиот премиер најави дека Канада ќе воведе царина од 25% за стоки од САД во вредност од 155 милијарди канадски долари како одговор на тарифата наметната од Доналд Трамп за стоки од Канада. Канадскиот премиер Џастин Трудо апелираше граѓаните да ја „изберат Канада“ кога ќе одлучат да купат производ, по воведувањето царини од 25% од САД. -Тоа може да значи проверка на етикетите во супермаркетот и избор на производи произведени во Канада. Тоа ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, рече дека Европската Унија треба да напредува во својата одбранбена индустрија и да инвестира повеќе за да има предност. Тој појасни дека Европа ќе направи сѐ за да биде почитувана во случај на „напад на нејзината меѓународна трговија“. Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска во Брисел повика на „понезависна“ Европска Унија (ЕУ) од САД во однос на набавките и колективната безбедност. – Многу е ...
Реториката што сега ја користи Курти, тврдејќи дека е близок со САД е апсолутно лажна. Не се залажувајте, вели Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател за специјални мисии, на својот профил на социјалната мрежа Икс. Тој упати остри критики кон косовската влада на Албин Курти, нарекувајќи го премиерот недоверлив и додаде дека со неговите активности го дестабилизра регионот. Гренел во објавата вели дека администрацијата на Трамп и ...
Над 62 милиони туристи ја постила Туркије минатата година, што претставува раст на бројот на туристи од 9,8% на годишно ниво. Растот на бројот на туристи е уште поголем и изнесува 20,3% доколку остварените резултати од минатата година се споредат со резултатите пред пандемијата од 2019 година. Зголемениот број на туристи донесе и раст на приходот на Туркије од туризам за 8,3% во однос на 2023 година. Приходот од туризам во 2024 година изнесува ...
Градоначалникот на Приштина Перпарим Рама прогласи вонредна состојба во градот поради проблеми со отпадот, објавија косовските медиуми. Рама на прес-конференција рече дека регионалното Јавно комунално претпријатие „Пастрими“ нема капацитет да управува со отпадот во Приштина, поради што се ангажирани приватни фирми. Ангажиравме приватни фирми бидејќи „Пастрими“ немаше капацитет да управува со отпадот. Откако Беким Брестовци ја презеде ...
Ајкула денеска уби 17-годишно девојче кое пливало во близина на австралиски остров, со што бројот на вакви фатални напади во земјата се искачи на три за нешто повеќе од пет недели. Тинејџерот бил на плажата Вурим, популарно место за сурфање на островот Бриби, околу 50 километри северно од Бризбејн, главниот град на североисточната австралиска држава Квинсленд. Брзата помош не успеала да го спаси девојчето, кое неколку минути подоцна „се здобило ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де факто преземањето на државната хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот. Како што јави „Си-ен-ен“, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека ...
„СДСМ научи од своите грешки, тоа треба да го покажуваме на дело. Да не биде само празна флоскула. Дистанцирањето од ДУИ се однесува на повеќе аспекти, а тоа е дека имавме во минатото една непринципиелна коалиција, а секој однос на коалицирање треба да има двостран однос. Така што, дефинитивно, сите изјави коишто можете да ги видете и сите постапки коишто ги прави СДСМ и гласот на членството од нас тоа го бара“, изјави генералниот секретар на ...
СДСМ е на добар пат, ги менува работите внатре во партијата и тоа веќе се гледа. Поставена е целат партиска структура по хоризонтала и вертикала. Евидентна е разликата од пред изборите и сега, се враќа ентузијазмот и енергијата на членовите. Задоволен сум како се одвиваат процесите во партијата, и во која насока се движиме., рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша-Димитријевиќ, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Тој информираше дека ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими професорите – добитници на признанието за посебен придонес за развој на научноистражувачката дејност и интернационализација и афирмација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2022 и 2024 година. Добитници на плакети за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови, индексирани во базата Web of Science, се: академик проф. д-р Валентин ...
Новата влада формирана пред осум месеци е влада со најлош старт во историјата на Македонија која потфрла на секое поле особено во економија, па се до надворешната политика, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Димитријевиќ нагласи дека ништо од сите работи што ВМРО-ДПМНЕ ги вети во предизборието, со кои добија огромна одговорност од гласачите, немаат испорачано во овие 8 месеци и ...
„На сите ни е познато дека особено град Скопје во последнава деценија е на врвот на најзагадени градови во светот и е горлив проблем на скопјани, а како резултат на загадувањето имаме се поголем број на хронично болни лица. По една деценија единствено Владата на ВМРО-ДПМНЕ има слух и конкретен план за справување со загадениот воздух, кој премиерот во неколку наврати изјави за активностите на планот”, прецизираше во своето излагање советничката ...
На телевизија Телма, во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше потпаролката на Влада и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која се осврна на документот за транспарентност донесен од страна претходната власт. Митева објасни дека документот за стратегија донесен од страна на претходната власт има недостатоци и нагласи дека документот за транспарентност е потребно да содржи барем една единствена цел која ќе биде исполнета во ...
Сериозни чекори и системски решенија за безбедноста на граѓаните, се обележје на денешниот ден. Одржана консултативна средба од Министерството за локална самоуправа во која се вклучени научната заедница, локалните власти и граѓанскиот сектор, која има за цел да го подобри животот на граѓаните и ќе придонесе кон посилни и поавтономни општини. Продолжуваат консултативните средби за измените во законот за локална самоуправа, целта е да се зголемат ...
Државната телевизија РТС во голема мера ги игнорираше студентските блокади против претседателот Александар Вучиќ,пишува Њујорк Тајмс, но сега ги насочи рефлекторите кон протестите. Српските државни медиуми ја менуваат реториката во известувањето за огромните протести кои се одржуваат во земјата, пишува Њујорк Тајмс, а пренесе Н1. Државната телевизија РТС во голема мера ги игнорираше студентските блокади против претседателот Александар ...
Ова доаѓа откако тарифите што Трамп ги воведе во саботата за Мексико, Канада и Кина предизвикаа одмазднички мерки од сите три земји. Мексико и Канада најавија сопствени давачки, додека Кина и Канада покренаа правни постапки. Доналд Трамп се закани со проширување на неговите трговски тарифи, повторувајќи го предупредувањето дека Европската Унија – а можеби и Обединетото Кралство – ќе се соочат со давачки, иако призна дека Американците би можеле ...
При претресите во земјава биле пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500.000 евра, 25.000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1.800 израелски шекели, 500 хрватски куни, 10.000 албански леки, 1.000 шведски круни и 25.000 рубљи. По повеќемесечна меѓународна соработка, заеднички истражен тим од Македонија и Србија вчера спровел активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување на евра, ...
„Се работи за систем и антисистем“, рече таткото на прерано починатата Фросина, Тодор Кулаков и ја прогласи неговата ќерка за еден од хероите на нашето време. Непомирлив судир меѓу два различни цивилизациски концепти – на овој начин таткото на трагично починатата Фросина Кулакова попладнево пред македонското Собрание ја сумираше суштината на гневот кој го предизвика нејзината прерана смрт. Илјадници граѓани се собраа во Скопје попладнево на ...
Академската титула е достигнување за кое размислува мнозинство од младите денес и наша должност е да им обезбедиме квалитетно високо образование. Целта полесно се остварува ако со некого разменувајќи искуства, заедно чекорите по патот, а уште полесно е ако ве води некој што веќе го поминал тој пат. Унгарија е земја која со добро обмислени реформи го унапреди високообразовниот систем, може да биде добар пример и да им помогне на земјите од ...
Како резултат на вчерашната оперативна меѓународна акција под кодно име „Вардар“, предметен обвинител од ОЈО Скопје, овластен да постапува во овој предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека како организирана криминална група фалсификувале европска валута – евра во различни апоени, ...
Корупцијата во институциите доведе до перманентна неказнивост, при што одговорноста за криминални дела често се избегнува. Оваа состојба не е само резултат на корумпираните елити, туку и на институционалниот систем кој не функционира во служба на граѓаните, нагласуваат од Иницијативата „Кој е следен?“ Ситуацијата е сензитивна и поради тоа е неопходно да се пристапи внимателно кон прашањата и проблемите кои беа адресирани во повикот зад овој ...
Од полноќ, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 79 денари за литар, а литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 73 денари. Од ноќесна на полноќ, бензините ќе поевтинат за еден денар, а дизел горивото за денар и половина, одлучиле членовите на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто во однос на одлуката од 30 јануари“, соопштуваат ...
Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија, информираат во Овинителството. Во текот на ноќта, засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, информираат оттаму. „Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на ...
На негователката ѝ е изречена и споредна казна – забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 години по правосилноста на пресудата. Вработената негователка во градинка во Велес е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара, соопшти денеска Основното јавно обвинителство (ОЈО). Како што информираат оттаму, Судот ѝ изрекол условна осуда. „Освен тоа, изречена ѝ е и споредна казна – забрана за ...