
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Со одлука на Совет на Општина Гевгелија, се упати препорака до Министерството за труд и социјална политика да се вратат надлежностите за дестката градинка „Детска радост“ во Гевгелија. Во образложението што го наведе советничката од ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Елена Хаџи Николова, важно е да се вратат надлежностите затоа што, како што наведе, во градинката се случуваат немили настани како оној оваа седмица во Брајковци кога во полиција беше пријавено дека ...
Дојранчанки ги засукаа ракавите и зготвија вкусни специјалитети познати и специфични за Дојран. Десетици видови риба: на скара, на жар, во тава, пржена, во баница, се понуди на традиционалниот настан „Дојранска софра“ што го организира здружението на жени „Дојрана“. Храна каква што само можете да замислите е дел од локалниот гурмански тефтер, а рецептите остануваат тајана. Дојранчанки не сакаат да го откијат својот марифет. Велат, наследени им ...
Пречистителната станица е клучна за Дојранското Езеро да може да се смета заштитено од загадување. Ова е ставот на Центарот за јавно здравје Велес кој го мониторира квалитетот на водата во езерото. Специјалистот по здравствена екологија Снежана Петрова вели дека езерото се проверувасо земање примероци од три локации кои годинава покажале дека водата е безбедна за капење, но, треба да се исполнат и други параметри заради долготрајна заштита на ...
Северна Македонија ќе има избори во 2024 година, прво ќе имаме претседателски, а потоа и парламентарни избори. На тие избори ќе се случи истото што се случи и во општината Маврово Ростуше, кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за огромна предност на нивната политичка партија и на крај катастрофално ги изгубија изборите, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на фабриката „Брилијант“ во Штип. Според ...
Заеднички вежби и обуки реализира пожарникари од Југоистокот но и од Бугарија преку проектот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион кој го имплементира прекугрничниот проект за поефикасно справување со шумските пожари во прекуграничен регион. Акцент се стави на функционирањето на доброволните друштва кои се први на интервенции во поодалечени места Поголема поддршка од државата за да заживее и развива доброволното пожарникарство во ...
25 жени жртви на родово базирано и семејно насилство престојувале во шелтер-центарот за згрижување во Струмица од почетокот на оваа година. Најголемиот дел од нив, биле сместени со своите малолетни деца, велат податоците на здружението Скај плус, кое управува со центарот. Стојне Митева вели дека бројките на евидентирано насилство се алармантни, но охрабрува фактот дека сѐ повеќе жени се охрабруваат да го пријават насилството. Проблемот со ...
Десетмесечното бебе во гевгелиската градинка било повредно при пад во игра со останатите деца. Гребнатинките биле веднаш санирани од страна на негувателите задолжени во групата за кои директорката поднела предлог за поведување дисциплинска постапка. Вака с оопшти Министерството за труд и социјална политика откако денеска испрати инспектори во клонот Цветови во градинката во Гевгелија каде во вторникот се случил инцидентот а за кој реагираше ...
Денеска е Меѓународен ден против насилството врз жените во спомен на трите сестри Мирабел од Доминиканската Република. Во 1960 година, диктаторот Рафаел Трухиљо наредил да бидат погубени поради нивните револуционерни активности и борба за демократија и правда. Сестрите Мирабел станаа симбол на националниот и феминистичкиот отпор, а во 1999 година Генералното собрание на Обединетите нации официјално го прогласи денот на нивното погубување како ...
Синоќа во 20.05 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Ѓорги Василев“, „Ристо Ќурчиев“ и „Ката Поцкова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Г.П.(40) од Струмица и моторно возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.К.(49) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, ...
Во Домот на културата „25 Мај“ во Валандово, во организација на Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“, во соработка со Општина Валандово,беше одржано второто издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“. На манифестацијата настапија членови на читателскиот клуб од Валандово кои се претставија со избор на поезија од македонски и странски автори, меѓу кои Тагоре, Рацин, но и ...
Во општина Радовиш беа претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот . Овој настан беше органзиран од страна на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) за „Теренска имплементација на решенија засновани врз природата“ – Презентација на прелиминарните резултати од намалувањето на ризици од катастрофи и ...
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува за брутално насилство врз десетмесечно бебе во гевгелиската градинка „Цветови“, а управата на градинката сакала да го затскрие случајот. Според ВМРО-ДПМНЕ настанот се случил во вторникот, а наместо одговорните од градинката, родителот го пријавил случајот во полиција и го однел на лекар. „Во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случи брутален инцидент, 10 месечно бебе ...
Наскоро нова платформа за млади на Тв ВИС- „Биди свој“. Информации, забава, поткасти, разговори. Искусната екипа на канал ВИС заедно со младите создаваат посебен медиумски простор во кој ќе можат тие да се информираат, но и да создаваат содржини по своја мерка. „Ќе им дадеме глас на младите луѓе, да ги кажат своите ставови, проблеми, да им помогнеме да се фатат во костец со предизвиците на современиот живот“, вели Мери Јанчева, маркетинг-менаџер ...
Радовишкиот градоначалник, Ацо Ристов, денеска едногласно е избран за претседател на Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион. Ристов го почнува едногодишниот мандат на местото на досегашниот претседател Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија. Ристов на денешната седница во Гевгелија рече дека тој ќе ги води седниците, но, очекува сите одлуки да се носат со консензус како и досега. Тој се надева дека следниот ...
Градскиот мешан хор „Гортинија“ ќе одржи рокерски концерт. Настанот е закажан за 25 ноември, во Народниот театар Гевгелија. „Гортинија“ ќе го одржи својот Rock ‘n’ choir концерт под диригентската палка на диригентот, м-р Илија Атанасов. Ќе бидат изведени 10 познати рок-нумери на групите и рок-пеачи: Toto, Guns N’ Roses, AC/DC, Deep Purple, Queen, „Леб и сол“, „Конкорд“, „Зијан“ и Леонард Коен. На „Гортинија“, во изведбата на овие рок-класици ќе ...
Денеска во Народниот театар Гевгелија ќе се прикажува најновиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Кајмак“. Влезниците чинат 150 денари и веќе се пуштени во продажба, а можат да се купат во просториите на Дом на култура „Македонија“- Гевгелија (од 08:00 до 18:00 часот, Народен театар- Гевгелија) и пред почетокот на прикажувањето, кое ќе почне во 19:00 ч. „Кајмак“ е црна комедија или среќна трагедија за две семејства кои се пристојни ...
Струмичани ги избраа трите приоритетни проекти кои ќе се финасираат од општинскиот буџет следната 2023 година. на вечерашната форумска сесија што се одржа во Домот на АРМ во Струмица, граѓаните гласаа за проектите коишто сами ги предлагаа. Преовладуваа проекти за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, а трите проекти сеЧ -Набавка на еко електрични автобуси и поставување на смарт постројки -Поставување на фотоволтаици на сите ...
Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат, пак додаде, покажуваат дека од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто. -Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но ...
Најмладиот тим на ШК ,,Цареви Кули” од Струмица во состав Мартин Гоцев, Јован Вукашиновиќ, Трајче Карадакоски и Мартин Велков го освоија второто место на “Екипното првенство на Македонија за млади 2022”. Станува збор за тим за деца до 8 годишна возраст кои на првенството како што објавија од клубот покажале мудрост и знаење на шаховските табли. Тие второто место го освоија без пораз. Екипно добија 4 партии против тимовите на Алкалоид, Прилеп, ...
Околу еден милион шпански домаќинства кои спаѓаат во ранливите категории ќе добијат помош од Владата за отпата на хипотеките. На овој начин државата ќе им помага на Шпанците да ја преживеат кризата и да не банкротираат. Податоците говорат дека околу 3/4 од шпанските граѓани поседуваат недвижнини а за нивна отплата земаат хипотекрани кредити со променлива каматна стапка. Според договорот постигнат во понеделникот, банките преку изменетиот кодекс ...
По повод 11.Декември – Денот на заштитниците на градот и оваа година ќе бидат доделени традиционалните Годишна награда и животно дело на Општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”. Наградите се доделуваат како признание на општина Струмица на правни и физички лица од повеќе области, а коишто дале посебен придонес за развој и афирмација на Општината во државата и надвор од неа. Конкурсот е отворен до 25 ноември, а Формуларот ...
Средното општинско училиште од денсска ја почнува постапката за избор на изведувач што ќе го гради новиот ученички дом. Денеска на страницата е-набавки е објавен огласот со кој ова училиште распишува тендер за избор на изведувач на граде7ните работи. Станува збор за нов објект што ќе се смести во дворот на ова училиште. Проектот уште лани во октомври го најави градоначалникот Костадин Костадинов кој рече дека потребите на Струмица се менуваат, и ...
Осумстотини правни и физички лица денеска добија пари за субвенции за мерката Органско производство. Станува збор за пари за субвенции за ланската година во зинос од околу еден милион и шестотини илјади евра. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и органско производство и производство преод согласно Законот за органско земјоделско производство или, пак, имаат земјоделски површини кои се ...
Шестмина ловџии останаа без ловечките пушки откако во претрес вчера полицијата им ги одзеде кај рампата за ветерниците Богданци. Во периодот од 04:00 до 08:00 часот, на подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство. При контролата, со која биле опфатени 132 локации, биле констатирани шест кривични дела „незаконит лов“ по член 228 од ...
Мора да се направат измени во приоритетите затоа што граѓаните треба да се лекуваат во топли болници. Вака одговори директорката на струмичката општа болница, доктор Катерина Кузмановска на прашањето како ќе се справуваат со високите сметки за греење во екот на енергетската криза. Минатата година гасификацијата беше голема вест за општа болница Струмица. Наместо со мазут кој многу чинеше и имаше обвинувања дека го загадува амбиенталниот воздух ...
Наскоро нов серијал емисии на Тв канал ВИС „Каде живеам“ Во првата емисија зборуваме со младиот стоматолог-хирург Антоније Донев кого школувањето го однело во Италија и таму ја гради својата професионална кариера. Донев вели дека добил квалитетно образование во Македонија и тоа му помогнало успешно да се запише на стоматолошки факултет во Италија. Оттаму, пак фасциниран е од праксата која ги подготвува за работа. Серијалот има за цел да ги ...
Учениците од седмо и осмо одделение од основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ од Дабиље драматизираа на тема родова еднаквост. Учениците заедно со здружението за музика, уметност и култура „Хармонија Акорд“ го обработија текстот на сликовницата „Розелија и Синовило“. Настанот се одржа во основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во Дабиле, под наслов „Куклена сказна“. Проектот беше одржан по повод Месецот на книгата и Светскиот ден на ...
Во Струмичко денеска почна откупот на тутунот од годинашната реколта. Првите колични тутунопроизводителите ги предадоа на четирите отупни пунктови, кои први почнаа со откуп, од вкупно десет колку ќе бидат отворени во овој регион. Според информацијата од Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак“ од село Василево,првиот ден се откупува тутун од прва и втора класа по просечна цена од 270 денари за килограм. -Тутунот е со добар квалитет и ...
Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија се првите министерства што учествуваат во пилот постапката за реорганизација во рамки на ИПА-проектот, финансиран и поддржан од Европската Унија, во кој учествува целата Влада на Република Македонија. Како што информираше на денешната конференција, Слаѓана Тасева, претседателката на Транспаренси ...
Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорге Божинов и директорот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Ѓоко Камчев денеска потпишаа договор за реализација на проектот „Туризмот- иднината на регионот“. Информацијата, на својот ФБ профил ја објави градоначалникот Божинов кој напиша: -Денес потпишав договор за партнерство во реализација на проектот ,,Туризмот – иднината на регионот” со Директорот на Центар за развој на ...