
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Патувачкиот караван на УСАИД пристигна во Струмица. Попладнево во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи јубилејниот настан, на кој поздравно обраќање ќе има Џери Дајбл, претставничка на канцеларијата на УСАИД. Во рамки на настанот ќе се одржи и модна ревија „Рециклирана убавина“ под менторство на креаторката Ирина Тошева со учениците од СОУ „Никола Карев“ од Струмица. Откриен ќе биде и муралот на Сања Симоска. Публиката во „Антон Панов“ ...
Министерот задолжен за соработка со дијаспората Џемаил Чупи и градоначалниците на трите рурални општино од струмичко, Василево, Ново Село и Босилово потпишаа договор за отворање Канцеларии за дијаспора. Со договорот се овозможува отворање канцеларија која како што рекоа ќе биде мост меѓу општината и Македонците кои живеат во странство. -Многу често нашите граѓани кои живеат и работат надвор од државата имаат потреба од документи, информации и ...
Уште еднаш се покажа на дело медитеранската клима во Дојран. Жителите на село Николиќ се пофалија дека почнале да созреваат првите плодови на дрвото мандарина кое пред неколку години е засадено во селото. Тие се среќни што им успеа да го одгледаат ова овошје, за кое досега се сметаше дека не е погодно за растење во Македонија. Според одгледувачите кои засега имаат само неколку дрвца, една од причините е и топлото време во текот на целиот ...
После 40 години Струмица добива нова градинка. Станува збор за установа во кругот на касарнатаза што општинските власти формираа нова јавна установа Виножито. Градоначалникот на Струмица Костадинов кажа дека се решава едно значајно прашање и градинката е резултата на соработката меѓу општина Струмица и Владата За овој проект порошени се околу 125 милиони денари. Во градинката ќе бидат сместени околу 300 дечиња од предучилишна возраст. ...
Министерството за образование и наука распиша Јавен повик за основни и средни училишта на кој ќе се изберат најдобрите пријави кои ќе содржат активности за развој на мултијултурализмот, меѓуетничката толеранција иинтеграција. Грантовите ќе бидат доделени на вкупно 95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми. Ги ...
Училиштата ќе можат да се греат на поевтина струја во текот на гжзимата. За нив ќе биде овозможено кушување на струја од ЕСМ продажба по цена од 95 евра за мегават час. За разлика од училиштата, поевтина струја ќе има за прехранбената индустрија, од 80 евра за мегават час. Во продолжение еве како се распределени приоритените групи по категории и цена: За снабдување од 1.12.2022, поради мрежните правила на ЕВН Електродистрибуција за промена на ...
Првото тромесечје од школската година помина без учебници-МОН ветува дека ќе стигнат следната недела. Министерството за образование и наука информира дека оваа и следната недела ќе испечатат и ќе испорачаат најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и за петто одделение. Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки по наставни предмети во прво, второ, четврто и во петто одделение, и тоа на сите јазици на кои се ...
Бугарски граничен полицаец е убиен на границата со турција во престрелка што избила со мигрантите кои се обиделе на илегален начин да ја поминат границата, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија. Министерот Иван Демерџиев рече дека неидентификувано лице пукало кон полицијаците и војниците кои патролирале на границата во близина на селото Голем Дервент. Полицаецот починал на лице место, додека останатите не се повредени. На местото на ...
Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за донесување програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија на домашни и странски превозници за периодот од 2023 до 2025 година и воедно ја донесе. Донесена е и уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација ...
Што сакате да се финансира од општинскиот буџет во 2023? Ако имате предлог кој сакате да влезе во буџетската програма за следната година, сега е време да го кажете. И оваа година буџетот на општина Струмица за 2023 година ќе се крои заедно со граѓаните. Синоќа почнаа да се одржуваат Јавни собири во градот и населените места. Со Домот на АРМ се одржа Јавен собир со граѓаните од осумте урбани заедници во градот. на собирот присуствуваа ...
По повод одржувањето на квалификационите натпревари за Европското првенство во кошарка, во Гевгелија, градоначалникот Сарамандов денеска се сретна со репрезентативците и Стручниот штаб на Македонската кошаркарска репрезентација. Во спортската сала „26 Април“, на 10 и 13 ноември, Гевгелија ќе биде домаќин на одржувањето на натпреварите со Норвешка и Данска. Градоначалникот Сарамандов им посака успех и победа на Македонската кошаркарска ...
Вицепремиерот Бојан Маричиќ очекува дека до ноември другата година да бидат Бугарите веќе вменатни во Уставот. Тој посочува дека ако не ги направиме уставните измени, тогаш сами ќе бидеме што ќе бидеме блокирани. Според него, овој процес не е толку тежок, бидејќи потешко било во минатото кога се менувал Уставот. „Јас сум оптимист дека до крајот на скринингот ќе ги завршиме уставните измени. Мислам дека е незамисливо кога ние сами би се ...
На обвинителот Ислам Абази му е предизвик да работи како шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција, рече пред новинарите. Се заблагодари за гласовите и кажа дека за него се мотив за професионално да раководи. Пред новинарите сам кажа дека немал програма, но бил во комуникација со обвинителите кои избираа. Потенцираше и дека има визија. Прашан да наброи предмети на кои работи не сакаше да одговори и кажа: „Обратете се во ...
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска присуствуваше на првиот ден од дводневната јавна дебата за предлог-законот за родова еднаквост во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање. На дебатата којашто е одржана со цел транспарентно и инклузивно носење на законите присуствуваа претставници од министерствата и сите други релевантни институции, како и граѓански организации. Министерката ...
Вишиот јавен обвинител на Гостивар Ислам Абази е новиот Јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција, на местото на досегашната шефица Вилма Русковска. За само два гласа го победи Ермонд Незири од ОЈО Скопје, за кого гласале мнозинството колеги од Скопје. Но, главните во Републичкото обвинителство, гласовите ги дадоа за Абази. Шест гласа од Републичкото за него, еден за Незири. Абази е познат по тоа дека иако не е од Академијата за ...
На маргините на својата дводневна посета на Бугарија министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на тркалезна маса на тема „Промоција на конструктивниот капитал во Бугарија и Северна Македонија”, организирана од страна на Центарот за проучување на демократијата. Во своето обраќање пред присутните гости Османи нагласи дека новиот геополитички контекст, предизвикан од руската инвазија на Украина и членството во НАТО ја наметна меѓу ...
Општина Струмица има распишано јавна набавка за уредување и адаптација на простор во општинската зграда за Младински центар. Од буџетот се издвоени 6,8 милиони денари. Градоначалникот Костадинов верува дека во рок од 6 месеци истиот ќе биде готов и младите ќе добијат свој простор да бидат двигатели на локалните политики Центарот за истражувања и анализи Новус вчера ја отпочна постапката за креирање на Стратегија за млади на општина Струмица до ...
Центарот Новус од Струмица почна со процесот за изготвување на Стратегија за млади за периодот 2023-2027. Станува збор за значаен документ со кој ќе се детектираат потребите на младите од општина Струмица независно дали станува збор за млади од грдот или населените места. Како што потенцираше Ана Клесова од Новус ова стратегија ќе биде основа за креирање на одреднеи младински политики кои ќе се најдат и пред советниците Првиот човек на Струмица ...
Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 до два денара за литар, а дизелот поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе изнесува 94 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два ...
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов денес беше во посета на училиштето во населеното место Радичево, каде изврши увид во реализираните активности кои се одвиваа во училишниот двор. Поставени се бекатон плочки на површина од 70 м2 така што целата влезна партија во дворот е поплочена, со што целосно се подобрени условите за пристап во училишната зграда. Во рамки на оваа активност опфатено е и оградувањето на училишниот двор, односно ...
На 06.11.2022 во 16.57 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во аптека на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 06.11.2022 во 13.20 часот во Полициската станица Струмица, В.А.(22) од село Куклиш, струмичко, пријавил дека околу 01.00 часот на плоштадот во Струмица бил физички нападнат од едно лице. ...
Околу 160 обвинители од држават утре ќе го изберат новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителите за прв пат ќе имаат можност да гласаат, а своето право ќе го искористат на гласачките места во вишите обвинителства. На избирачкото ливче се пријавени четворица обвинители, односно досегашната шефица Вилма Рускоска, скопскиот обвинител Ермонд Незири, гостиварската виша обвинителка Деса Пауновска и шефот на ...
Струмичката фирма Дикор ЦД ДООЕЛ го доби тендерот за реконструкција на улица ,,Крушевска Република,, откако општина Струмица пред повеќе од месец дена распиша јавна набавка за таа намена. Ова фирма достави најдобра цена на електронската аукција на која учествуваа вкупно 12 фирми. Дикор ЦД целиот проект треба да го реализира за приближно 19 милиони денари или 308,5 илјади евра со ДДВ . Согласно потпишаниот договор, реконструкцијата на улицата на ...
Како резултат на долгогодишната соработка помеѓу СОУ Димитар Влахов и Поликлиниката ,,Жан Митрев Дијагностик од Струмица се организираше трибина која беше наменета за граѓаните а на која се одржаа предавања како навремено да се дијагностицира и превенира при карцином на дојка Целта на оваа трибина беше да се подигне свеста кај локалното население, да делуваме превентивно за рана дијагноза и навремено лекување со цел да се намали смртноста кај ...
Мелничарите најавуваат поевтинување на лебот за околу 10 отсто кон крајот на декември или од почетокот на идната година. Тие ја поздравуваат владината одлука за обезбедување електрична енергија по поволни цени со која се опфатени производителите на храна и велат дека од неа најголем бенефит ќе имаат граѓаните. Но, сепак, како што објаснуваат, цената на лебот ќе зависи и од движењето на цените на суровините. – Со двете владини одлуки, за цената ...
Мерката МојДДВ ќе продолжи да се реализира, а од почетокот на 2023 година граѓаните што скенираат сметки наместо досегашните 1.800 денари за едно тромесечие ќе може да добијат до 2.100 денари, најави директорка на Управата за јавни приходи(УЈП), Сања Лукаревска за ТВ Сител. Проектот почна пред неколку години со цел да се намали сивата економија и како што најави Лукаревска, обезбедени се средства тој да се модифицира и да продолжи. „Мерката Мој ...
Вчера (04.11.2022) во 14.30 часот во с.Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Л.Р.(21) и А.М.(20), двајцата од Република Србија. При преглед во возило “мерцедес” со српски национални ознаки, кое го управувал Л.Р., а совозач бил А.М., биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан. Претходно, возилото не застанало на знак за запирање, даден од ...
Општините ќе започнат со новина на издавање на општински обврзници. Секое домаќинство, правно и физичко лице, ќе може да учествува во купување на тие обврзници, пари кои ќе се употребат за градење на капитални проекти, улици, патишта, булевари, водоводи канализации, нови градинки и нови училишта, па дури и економски општински зони. За разлика од сега, каматната стапка за депозит во банка е до 0.5%, каматните стапки за седумгодишен период на ...
Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија, на научниот симпозим што се одржа во Струмица им додели плакети за мир на поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и на долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски. „Како премиер добив повеќе меѓународни награди за мир, а заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас бевме номинирани и за Нобелова награда за мир. Сепак, за мене постои ...
Дали се продава компанијата Еуромакс Рисорсис, на која Владата и ги одзедеконцесиите за експлоатација на руда од рудникот Иловица-Штука? Активистите против отворање на рудници во Југоистокот велат дека со месеци кружат информации дека има преговори за продажба на Еуромакс на македонска компанија. Активистите велат дека за нив рудникот е завршена работа и будно ќе следат дали македонски компании ќе ја купат Еуромакс Рисорсис. За нив е ...