
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Министерството за труд и социјална работа и Владата информираат дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури. Почитувајќи ги препораките ЈПКД „Комуналец“ во наредниве две недели започнува со ноќно собирање на сметот од домаќинствата. Воедно со цистерна ќе се врши ноќно перење на улиците со техничка вода за намалување на температурата на асфалтот и ќе се подобри хигиената по улиците. Воедно поради ...
Еднонеделен курс за спасувачи на вода на затворени води и аквапаркови, организираше општинската организација на Црвен Крст Струмица. Обучени се нови 13 лица кои ќе бидат подготвени за спасување и давање прва помош на лица, доколку се случи некоја незгода или инцидент во базени и аквапаркови. Курсот го водеше обучувачот со меѓународна лиценца, Кирил Стојменов, кој за канал Вис објасни кои услови треба да ги исполнува едно лице за да биде спасувач ...
Градоначалникот Костадинов информираше дека пратениците од параламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои законските измени: каматата да не биде поголема од долгот. Според него ова за мнозинство граѓани е разочарувачки и навистина жално. Затоа им честиташе за мудрите одлуки на пратениците од мнозинството за донесените законски измени во интерес на граѓанките и граѓаните. Градоначалникот информираше дека со измените во Законот за ...
Министерството за внатрешни работи објави детали за масовната тепачка на градскиот базен во Штип, каде што со боксови се тепаа мажи и жени. На 17.7.2023, во 16.10 часот, во Полициската станица Штип, Е. Н. (25) од с. Бучим, Радовишко, пријавила дека околу 15.30 часот на градскиот базен во Штип била физички нападната од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР. Пресметката се случила вчера во текот на ...
Како дел од програмата на Струмица Опен Фест, струмичката публика во сабота, 22 јули 2023 година, со почеток во 20:30 часот во Градската уметничка галерија на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица ќе има прилика да присуствува на промоцијата на книгата „Раскази од минатиот век“ од роднокрајната авторка Виолета Танчева-Златева. На оваа невообичаена и интерактивна промоција модераторка ќе биде Сузана Мицева, промоторка д-р Ана Витанова Рингачева, а ...
Во периодот на топлотниот бран кој го зафати нашиот регион, волонтерите на ЦКРСМ ОО Струмица во соработка со општина Струмица делеа вода на 4 пункта во градот. Само денес се поделија 800 шишиња вода, а во периодот што следува ќе се продолжи со оваа акција сѐ додека трае топлотниот бран. Најмногу внимание се посветува на постарите лица на кои покрај шишенце со вода му беа споделени препораки за зачувување на здравјето. Пунктовите беа стационирани ...
Седум мигранти од Сирија, меѓу нив и тројца малолетници, се повредени вчера на регионалниот пат Нов Дојран-Валандово, на крстосницата за село Дедели, кај местото „Фурска чешма“. Како што соопшти СВР Струмица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран забележале патничко возило „форд мондео“ во кое се превезувале мигранти. Увид на местото извршила екипа од ОВР Валандово и се преземаат мерки за ...
На 17.07.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Струмица – ОВР Валандово на Валандовско брдо било запрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.А.(27) од с. Дедели, валандовско, и при преглед во возилото пронајдена е торба во која имало седум пакувања и две ќеси со марихуана во ...
Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата. Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во ...
Гевгелиските љубители на убавиот пишан збор уживаа во топлата летна вечер со афоризми на македонски автори. Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и во рамки на „Гевгелиско културно лето“, пред гевгеличани со свои афоризми се претставија: Атанас Крлевски и Кире Василевски од Велес, Ружа Стоилова, Ленче Стојменова и Јане Атанасов од Кочани и Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски од Струмица. За настанот да биде и музички покриен, се ...
Роденденска забава поважна од проблемите со кои се соочуваат децата болни од дијабетес. Социјалните мрежи вријат од коментари, откако екипата на Алфа ТВ снимала прилог за проблемите со кои се соочуваат децата болни од шеќер во Македонија. Мајката чие дете требало да го прослави роденденот во летниковец на јавен простор, во Градскиот парк во Скопје, без грам чувство и емпатија, ги избрка новинарката и родителите во обид да снимат сторија за ...
Шумските пожари се уште се активни во Грција, јавува „Анадолија“. Силниот ветер и високите жештини им ја отежнуваат ситуацијата на екипите на теренот. Во регионите Лутраки, Анависос и Саронида, каде изгореа многу куќи, пожарот се прошири и на населените места. Во регионот Дервенорија, на околу 40 километри од Атина, битката со огнената стихија траела цела ноќ. Официјални лица изјавија дека пожарот постојано расте поради силните ветрови во ...
Вицепремиерот Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија, Шимон Шинковски вел Сенк, министер за Европска Унија на Република Полска, изјави дека уставните измени ќе бидат покажување на дело вистинска грижа за интересите на државите и граѓаните и дека ова е шанса која ...
Полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци вчера попладне го лишиле од слобода С.П.(40) од Богданци. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во периодот од 8:00 до 14.30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и прашкаста материја и таблета. Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Брера Струмица ремизираше со ,,Теута“ Драч од Албанија на подготовките во Банско Бугарија. Од тимот на Брера се задоволни од одиграниот меч против албанскиот состав во кој акцент ставија на воигрување на одредени акции според проекциите на стручниот штаб. Според нив, можеле да извлечат и победа, но сепак фокусот бил играта на сениорите. Преку Ване Крстевски го отворија резултатот по што „Теута“ преку два пенала дојде до пресврт, но Иван Галевски ...
Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“. На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница. Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен, кој се смета за еден од најчестите видови оси, има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура, како што информираат од УХМР, ќе биде во интервал од 16 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10. Како што соопшти УХМР, во наредните денови подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на многу ...
Општина Гевгелија организира хуманитарен концерт „Од срце за Луна“ за Луна Поп-Костова од Гевгелија, на која ѝ е потребна финансиска помош за лекување во Турција. Хуманитарниот концерт е во соработка со и учество на Националната алијанса за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“- Гевгелија, ОО Црвен крст- Гевгелија, ЈУМЦСР- Дневен центар за лица со попреченост- Гевгелија и локални изведувачи и ќе се одржи на 21 јули 2023 година (петок), на ...
Голем дел од македонските компании, особено оние поновите, го почнуваат економското работење без јасна визија и долгорочна стратегија за својата работа. Според искуството на маркетинг-агенциите, најголемиот дел од компаниите работат стихијно и не се сигурни на каде се движат. Во такви услови, тие сметаат дека вложувањето во реклами не е инвестиција, туку непотребен трошок. Андонов вели дека тоа е само еден од проблемите. Друг е што главните ...
Од денеска (17 јули 2023 година), започнува аплицирањето за добивање субвенции за набавка на велосипеди, согласно донесената Одлука на Советот на Општина Гевгелија на 28. седница. Право на аплицирање имаат граѓаните на општина Гевгелија, кои купиле велосипед во периодот од 1 април сѐ до потрошувањето на средствата во висина од 500.000 денари од Општинскиот буџет за 2023 година предвидени за оваа намена, освен вработените во општинската ...
Завршија градежните работи за изградбата на локален пат-обиколница во должина од 905,66 метри во Општина Радовиш, со кој се поврзуваат сите патни правци кон планината Плачковица. Како што информираа од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, изградбата на обиколницата е дел од проектот „Туризмот-иднината на регионот“. Проектот е со вкупна вредност од 8.635.024 денари, а е финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој и ...
На 16.07.2023 во 16.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица – Берово, на место викано „Коцева чешма“, Ј.Ц.(20) од село Владимирово, беровско, управувајќи комбајн без регистарски ознаки, изгубил контрола над комбајнот и се превртел надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската ...
Во неделата нешто пред 18 часот девојчето било во дворот на комплексот во Неа Макри каде си играло со својата другарка. Нејзината мајка била во близина и го товарела нивниот багаж во нивниот автомобил за да се вратат дома во Атина. Претходно, нејзиниот татко го напуштил одморалиштето со нејзиниот брат близнак. Во еден момент 10-годишното девојче останало само во базенот. Потоа се нурнало во водата за да ја фати маската што нејзините другари ја ...
Градот Санбао, во провинцијата Синџијанг, на северозападот од Кина, вчера регистрира рекордно висока температура во земјата од 52,2 степени Целзиусови. Според извештаите, се очекува рекордната жештина да трае уште најмалку пет дена. Претходниот рекорд од 50,3 степени Целзиусови беше измерен во 2015 година во близина на Ајдинг, во Синџијанг, во депресија на повеќе од 150 метри под нивото на морето, пренесуваат британските медиуми Од април досега ...
Во Република Српска, која со недели се бори со африканската свинска чума, во моментов има 138 активни епидемии, од кои 128 се во Бјелина, изјави директорот на Ветеринарниот институт на Република Српска „Д-р Васо Бутозан“ Драган Кнежевиќ. Тој изјави дека се работи за многу тешка болест која негативно влијае на добитокот. Тој повика на совесно однесување на одгледувачите на свињи, за да се спречи натамошното ширење на заразата, апелирајќи на ...
Уште едно новороденче починало вчера во болницата во Битола, објави „Слободен печат“ повикувајќи се на изјава на директорката на болницата Елизабета Ивановска. Станувало збор за четврта бременост на млада мајка на возраст од 21 година, која до 7 месец не била во Македонија и немала контролирана бременост, а според директорката Ивановска и третото бебе на родилката починало на сличен начин. Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините поради ...
Карневалисти од ООУ „Видое Подгорец“ и СОУ „Јане Сандански“ викендов учествуваа на Меѓународниот карневал во Врњачка Бања, Србија. Тие се претставија со маските „Струмичка корида“ и „Тик-Ток“, а на карневалот учествувале и 30 други странски и домашни групи. Тие информираа и дека биле остварени повеќе контакти и добиле покани за продолжување и продлабочување на соработката со повеќе карневали од регионот, вклучително и со Карневалот во Врњачка ...
Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Јерусалим и прими монашки потстриг во лаврата на Свети Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за ...
58 кумановец бил физички нападнат од жител на Струмица во кумановската населба Карпош. – На 15.07.2023 во 12.40 часот во СВР Куманово, З.М.(58) од село Пчиња, кумановско, пријавил дека во населба Карпош во Куманово бил физички нападнат од Д.Р.(27) од Струмица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот. На социјалните мрежи се појавија фотографии од инцидентот. Станува збор за ...
„Решаваме деценски проблем, нема повеќе заборавени граѓани на општина Василево“, истакнува градоначалникот Славе Андонов. Во наредниот период ќе се проектираат останатите улици кои заедно со жителите на општина Василево се договорени како приоритет за нивните населени места. Во изминатиот период се асфалтираа неколку улици кои се опфатени во првата фаза, а асфалтирањето продолжува и во наредните денови. Се подобрува патната мрежа во сите ...