
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во текот на вчерашниот ден во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат од село Ново село кон село Мокриево, струмичко, Ѓ.К.(23) од село Добрејци, струмичко, управувајки патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(25) од село Борисово, струмичко, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на 31.07.2023 година (понеделник); За пензии над 14.001 денари ...
Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија ...
Едно од приоритетните барања на жителите на Ораовица беше уредувањето на кејот на Ораовичка река. Благодарение на одличната соработка со Рудникот „Бучим“, потпишувањето на Договорот за донација и спроведувањето на потребните постапки, денес фирмата-изведувач „Техника“ ги започна градежните активности околу уредувањето на самиот кеј. Оваа активност, во должина од 140 метри е всушност првата фаза од целосното уредување, почнувајќи од влезниот мост ...
Благодарение на одличната соработка на општина Радовиш со компанијата „ДЕТОНИТ“ ДООЕЛ, а секако и со фирмата „ТРАЈАЛ“ од Крушевац, започна обновата на градскиот стадион во Радовиш и поставување на ново фудбалско игралиште со вештачка трева. Со директна финансиска помош од овие две компании, а во соработка и со Рудникот „Бучим“, Јавното претпријатие „Плаваја“ и ЈПССО „Радовиш 2014“, во наредните месеци интензивно ќе се работи на ова игралиште, ...
Меморијалниот турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“, во организација на ЗГ „Фантоми Север“- Гевгелија, се ближи кон самиот крај. Вечерва, ќе бидат одиграни натпреварите за третото место, а утре последните натпревари во финалето и борбата за првото и второто место. За неполни два дена, ќе бидат познати најдобрите од пријавените 26 екипи кои играа во чест на Никола Гелебешев, долгогодишен тренер и голман во ФК „Кожуф“- Гевгелија, за кого ЗГ ...
Три општини во еден ден кажаа НЕ за родовата идеологија. Советите на Општина Дојран, Општина Василево и Општина Охрид на денешните седници направија промени во терминологијата на Програмите за еднакви можности меѓу мажите и жените исфрлајќи го терминот „родова еднаквост“. Градоначалникот на Василево, Славе Андонов на својот Фејсбук профил напиша дека денес ставиле „крај на заблудите и манипулациите со родовата идеологија“ променувајќи го ...
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV индексот ќе биде 9. И утре ќе се задржи стабилно и топло време со пониски утрински температури. Во понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во деновите потоа ќе има ...
Живееше во еден манастир близу градот со десетмина ученици. Во времето на Диоклецијан во Севастија дојде Филомарх, лут мачител на христијаните. Испофаќа и уби мнозина христијани од градот. Кога Филомарх ги виде Атиноген и неговите ученици, му рече на старецот да им принесат жртви на идолите за да не загинат како што пострадаа другите христијани. Атиноген му одговори: „О мачителу, тие што ги нарекуваш загинати не се загинати, туку на небото ...
Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини „Богородица“ и на „Табановце“. Најбројни се автомобилите од Македонија, Србија и Романија. Според информациите на АМСМ, за влез во Грција се чека до 45 минути, но туристите кои се пред граничниот премин велат дека се чека и повеќе од час и половина. Колони има и на граничниот премин Табановце за влез во Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е ...
Десетте општини од Југоисточниот плански регион поднеле предлог проекти до Министерството за животна средина и просторно планирање со кои бараат да им се финансираат проекти за подобрување на водната инфраструктура. Поднесени се вкупно 40 проекти, кои можат да опфатат нови водоснабдителни и канализациони системи, пречисителни станици и опрема за подобрување на водната инфраструктура, соопшти министерката Каја Шукова. Таа нагласи дека средствата ...
Општина Василево периодов реализира повеќе капитални проекти. Градоначалникот Славе Андонов ги истакна следниве активности: Продолжуваат градежните активности на повеќенаменското игралиште во ООУ Гоце Делчев. Деновиве на асфалтната подлога се постави акрилна боја специјална за повеќенаменски игралишта. Ова игралиште добива сосема нов лик. Изградбата на првиот дел од фекалната канализација до Домот на културата е при крај и се очекува во месец ...
Вчерашното време донесе малку свежина во жешките ноќи на гевгеличани, ама дефинитивно Завршниот концерт на Школата за гитара донесе уште поголема свежина во културните настани по повод „Гевгелиско културно лето“. Младите гитаристи, на кои им е ментор Костадин Динев, како и Guitar school band, им приредија пријатно расположение на сите возрасни генерации- од мало до големо. Им понудија усогласени звуци од познати рок-нумери, меѓу коишто и ...
Македонскиот Национален Совет од Швајцарија, поддржан од Општина Ново Село и Општина Босилово организира заеднички настан за сите сограѓани кои се на привремена или постојана работа во странство. Настанот ќе се случи на 4 август, а ќе настапат КУД Јане Сандански од Ново Село, КУД Св. Наум Охридски од Швајцарија и КУД Кирил и Методи од Иловица. На настанот ќе бидат присутни многу официјални гости и иселеници од целиот свет. Градоначалникот Ѓорѓе ...
До недела времето ќе се задржи стабилно, со свежи ноќи, најавува УХМР. „Дневните температури ќе се покачат но ќе бидат во рамките на просечните за овој дел од годината. Во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи“, велат од УМХР. За денеска, известуваат дека ќе биде сончево, со повремена облачност. „Претпладне во западните делови со променлива облачност. Преку денот сончево ...
Македонската банкарска асоцијација (MБA) информира дека е надминат проблемот со картичките на Мastercard и Visa. Граѓаните денеска не можеа да вршат трансакции, ниту да извадат пари од банкомат со картичките, но проблемот веќе е надминат. Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard. Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за терпението и разбирањето, ...
Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин „Богородица“ запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата. Информациите од Царината се дека на 26.07.2023 година околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од ...
На 27.07.2023 во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а ...
Дел од услугите на нашите членки-банки, поврзани со картичните брендови Visa и МasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија, соопшти денеска Македонската банкарска асоцијација која обединува повеќе банки во Македонија. До соопштението доаѓа откако денеска на банкоматите на дел од банките или во трговијата граѓаните не можеа да подигнуваат парични средства или да плаќаат услуги. -Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ...
Полициски службеници од СВР Велес вчера ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка. – По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се ...
Учебната година повторно ќе почне на 1 септември, а ќе заврши на 17 јуни. Од новата учебна 2023/2024 учениците од основните и средните училишта ќе имаат и пролетен распуст, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). На последната седница на Владата, на предлог на МОН, донесена е одлука учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023. Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто ...
Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании. Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил. Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос и дистрибуција на ...
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за четвртиот мерен период за учебната 2022/2023 година. Со ваа исплата се опфатени 30.999 корисници на образовен додаток на ниво на држава. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на ...
ОО Црвен крст – Гевгелија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина реализираше уште една успешна крводарителска акција. На акцијата, којашто се одржа во Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, беа собрани нови 38 единици крв. Како што беше и најавено, на оваа крводарителска акција наменета за граѓаните од регионот ОО Црвен крст – Гевгелија додели таблет-компјутер обезбеден од G-Store Computers Гевгелија на еден крводарител. ...
Речиси еден месец по затворањето на dm дрогеријата во Струмица заради реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 27 јули повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на ул. Климент Охридски бр. 51ј, во склоп на трговскиот центар Ston´n´Shop. Дрогеријата на dm во Струмица беше затворена минатиот месец, со цел нејзино разубавување и реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и ...
Од 4 до 8 август, во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест”, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм. Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната”, „Сребрената” и „Бронзената потковица” и за неколкуте други награди. Главната програма ...
Во рамките на Струмица Опен Фестивал 2023, синоќа се случи музички настан на кој струмичани имаа можност да уживаат во една боемска вечер со пејачот Живко Динев и неговите музички колеги и пријатели Сузана Гавазова и Миле Кузмановски. Репертоарот беше исполнет со авторски песни на Динев, но и други македонски песни, боемски песни од српско-хрватскиот пазар кои нашата публика обожава да ги слуша. Градоначалникот Костадинов исто така го поддржа ...
Времето денеска во утринските часови утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд. Преку денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо, информираат од УХМР. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а ...
Општина Струмица продолжува со реконструкција на детските и спортските игралишта и паркови во населените места. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска изврши увид во градежните зафати во населеното место Сачево, каде е уреден паркот со поставување клупи и се чисти главниот одводен канал. Градоначалникот Костадинов најави уште еден проект кој се однесува на спортските игралишта таму каде што ги има и за домовите на културата кои веќе се ...