Сончево и многу топло со мала локална облачност – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нѐ очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 30 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9. За утре, пак, УХМР најавува нестабилно време со ...

Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово, заради што е наречена Магдалина. Претходно мачена од седум зли духови, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресветата Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господа трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ ...

Четири часа гори кај Богданци. Запалена е нискостеблеста шума и сува трева, а според информациите на Дирекцијата за заштита и спасување пожарот се шири кон ветерниците. Неповолно е што дува ветер и брзо се зафаќа нова површина. Како што изјави за канал ВИС, Ѓорге Илиев од Дирекцијата за заштита и спасување, се гаси со два авиони од дирекцијата, а присутни се и од противпожарната единица од Валандово, како и вработени во шумското претпријатие. Во ...

Пред стартот на новата првенствена сезона и официјално комплетирани се документите за новото засилување што го ангажираше Брера – Струмица. Станува збор за 20 годишниот Папе Оумар Сисе од Сенегал кој игра во нападот, а во редовите на тимот на Брера доаѓа од италијанскиот клуб Авецано каде на 28 натпревари, постигна 4 гола и 5 асистенции. Сисе во Струмица дојде на почетокот на јули и беше дел од сите фази на подготовките на тимот на Брера за ...

Општина Гевгелија, во екот на туристичката сезона и многубројните транзитни туристи кои минуваат низ и запираат да се одморат во Гевгелија, го промовира туристичкиот потенцијал на општината. На граничниот премин „Богородица“, Општина Гевгелија во соработка со Клубот за млади при ОО Црвен крст- Гевгелија реализира започна со акцијата за промоција на туристичкиот потенцијал на Општина Гевгелија. Тимови составени од млади волонтери во ОО Црвен крст ...

Во Србија до 2 август поради африканска свинска чума (АСС) се еутаназирани околу дваесет илјади свињи, а потврдени се уште 1.637 случаи, од кои 979 починале, соопшти српското Министерство за земјоделство. Африканска свинска чума е регистрирана кај повеќе од 1.100 одгледувачи на територијата на 32 општини, а 19.742 свињи од заразените фарми за размножување биле еутанизирани, соопшти Министерството. Случаите се потврдени во Пчињско, Браничевско, ...

Во беровско Русиново заврши дводневната манифестација Илинденски Видувања Вршник 2023. Во рамки на настанот кој се возобновува по пауза од неколку години се приготвуваше традиционална храна подготвена под вршник, а во вечерните часови беше подготвена богата музичка програма со главните ѕвезди на вечерта, групата Некст Тајм. Во рамки на Илинденските Видувања беше одржана и изложба на стари оружја карактеристични за револуционерниот период. Во ...

Граѓанското движење за слободни плажи, кое започна од островот Парос, брзо се прошири и на други грчки острови и бара отстранување на нелегално поставените лежалки од бич баровите и поголем слободен простор за граѓаните, донесе владина одлука за интензивирање на контролите на плажите, но и отстранување од плажи на три бизниси на Парос, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис ...

Син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Језекиил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Јеремија. И додека Јеремија учеше и пророкуваше во Јерусалим, Језекиил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на Јеремија ги дознаваа во Вавилон, а пророштвата на Језекиил во Јерусалим. Пророштвата на обајцата свети мажи се совпаѓаа. И ...

На 02.08.2023 во периодот од 08:00 до 18:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 140 прекршувања на брзината, од кои 52 на подрачје на Струмица, 36 на подрачје на Радовиш, 32 на подрачје на Валандово и 20 на подрачје на Гевгелија. -Од нив, 74 прекршувања на брзината биле констатирани надвор ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се искачи до 37 степени. Утре и задутре пак, ќе биде потопло со температури до 39, односно 40 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во сабота пак, ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и ...

По повод 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ се одржа пригодна свеченост пред Споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад. Во чест на празникот беше положено свежо цвеќе, а за значењето на празникот зборуваше Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица. -Има еден ден во годината кој е ден над сите денови, празник над сите празници, гордост над сите наши гордости. Тоа е 2 Август – денот на ...

Од 4 до 8 август, во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест”, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм. На 5 август ќе биде прикажан краткометражниот филм „Лука“ на режисерот Ице Виранов. За да го приближиме овој филм кон публиката, претпремиерно разговараме токму со режисерот Виранов. ТВ КАНАЛ ВИС: Кој беше мотивот да се создаде „Лука“ и ...

По повод 2 Август, Денот на независноста во еминентната галерија „Константин Бранкуши“, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент во Букурешт, вечерва ќе биде отворена изложбата „Табула Раса” на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин. На два монитора во галеријата со површина од околу 600 квадратни метри посетителите ќе можат да ги проследат документарните филмови на Урдин, ...

На 2 август Православната црква и нејзините верници слават голем празник и црвено писмо во календарот, празникот Свети Илија. За Свети Илија се вели дека е непоколеблив светец затоа што со својот гром со гори секој грешник без можност за помирување за гревот. Илија е роден во Тесвит, Израел, во 9 век п.н.е. (816). Поради местото каде што се роди, го нарекоа Илија Тесвичанин. Според легендата, кога се родил Илија, неговиот татко Сабах ги видел ...

Валандовските и гевгелиските пожарникари денеска добија нови возила, кои ги обезбеди Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Како што информираше директорот на Центарот, Ѓоко Камчев, возилата се обезбедени преку проектот „Рано откривање на пожари и нивно движење, за превенција и справување со катастрофи eFIDAR“, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион заедно со Регионот на Централна ...

Ова прашање сѐ почесто се поставува последната деценија, откако природните убавини на Беласица станаа вистинска атракција за посетителите. Со бујната вегетација и уникатните водопади, селата во овој регион будат се поголем интерес кај гостите за изнајмување соби за ноќевање. Дури и општината бележи зголемен интерес од локалото насление кое сака да се занимава со туризам во својот дом. Градоначалникот Божинов вели дека нема да е едноставно да се ...

Локалниот совет за превенција како алатка за превенирање на локални проблеми, доби две официјални покани за учество и интерактивна работа заедно со силни градови од регионот и пошироко. Првата средба се одржа во Куманово на 13 и 14 јуни на која учествуваа повеќе општини исклучиво од нашата земја. Општина Струмица го презентираше својот начин на функционирање и пристап за решавање на локални проблеми преку алатката Локален совет за превенција. ...

На 31.07.2023 во 08:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат во близина на село Белотино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.М.(28) и патничко возило „пасат“ со словенечки национални ознаки, управувано од П.С.(31), двајцата од село Рич, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на ...

По повод традиционалниот „Јуручки фестивал“ кој оваа година по 15-ти пат е под покровителство на општина Радовиш, а во организација на КХО на Турците од Источна Македонија, во официјална посета на општина Радовиш се нашите пријатели од збратимените општини Ергене и Ташкопру од Република Турција. На 29-ти во Сабота во општина Радовиш беше одржан официјален прием од Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, на Градоначалникот на општина ...

Младите одбојкарки на Наковски волеј се вратија со награди од најстариот одбојкарски клуб во Србија, Дејан Брџовиќ. Ивана Ценева е избрана за најдобра пионерка, а Марија Донева ја освои наградата за најдобра кадетка на овогодинешниот летен камп. Kвалитетот на одбојкарки беше препознаен од тренерите во кампингот во Гоч, Србија како и посветеноста и работењето на тренерите во нашиот клуб. На кампот присуствуваше и младиот одбојкар Атанасиј ...

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена ...

Заврши 1. Меморијален турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“ во Гевгелија. По одигрувањето на натпреварите во финалето, официјално беше затворен четиринаесетдневниот турнир, во организација на ЗГ Навивачка екипа „Фантоми Север“- Гевгелија, со доделување на наградите, пехарите и медалите на најдобрите екипи коишто машки се бореа за ги освојат првите места. Честа да им ги врачат наградите на победничките екипи ја имаа градоначалникот на општина ...

Најстарата сeстра на свети Василиј Вeлики и на свети Григoриј Ниски. Какo девојка ранo беше свршeна за нeкoe благoрoднo мoмчe. Нo, кoга нeјзиниoт свршeник умрe, Макрина сe завeти никoгаш да нe стапи вo брак вeлeјќи: „Нe e правo дeвoјката, свршeна за eднo мoмчe, да oтидe за друг; пo прирoдниoт закoн трeба да има eднo сoпружништвo какo штo e eднo раѓањeтo и eдна смртта“. Таа уштe гo oправдуваше тoа сo вeрата вo вoскрeсeниeтo, смeтајќи гo свoјoт ...

Со претставата „Циркус Пирандело“ во адаптација и режија на Бојан Трифуновски, Народниот театар „Антон Панов“ во август ќе учествува на Меѓународниот џез театарски фестивал Нишвил во Србија. Театарскиот џез фестивал е културен настан од меѓународен карактер кој традиционално се организира и одржува секоја година во Ниш од 2017 година, во првата половина на август како дел од традиционалниот „Нишвил џез фестивал“. Од 4 до 13 август ќе се одржи ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 85,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5, ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, денеска, на заеднички настан го пуштија во употреба концептот „One-stop-shop”, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Ќафасан-Ќафтане. На настанот на кој присуствуваа министри во двете влади, пратеници, како и највисоки претставници на институциите за ...

Европската комисијата предложи Регулатива за безбедност на играчките со која се ревидираат сегашните правила за заштита на децата од потенцијални ризици предизвикани од детските играчките. Како што соопшти Еврокомисијата, иако играчките што се продаваат на територијата на ЕУ и сега се меѓу најбезбедните во светот, целта на овие измени е дополнително да се заштити безбедноста на децата особено од штетните хемикалии, како и при нивна набавка преку ...

Најдобриот македонски кошаркар во „3 на 3“, Ервин Цого, го стави својот дрес на Инстаграм аукција. Како што објави тој на својот профил, оној што ќе понуди најмногу пари ќе биде идниот сопственик на дресот, а ќе го добие веднаш штом уплати средства на сметката на Луна. Малата Луна Поп Костова (14) боледува од церебрална парализа, за неа дечиња собираа донации со помош на продажба на крофни и се одржа хуманитарен концерт на плоштадот во ...

Градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со министерот за правда, Кренар Лога и претставничката на Советот на Европа, за време на промоцијата на бесплатната правна помош во Гевгелија. Имено, Општина Гевгелија е една од општините, коишто се опфатени во Проектот: „Консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош“, во реализација на Советот на Европа и со поддршка од Министерството за правда. На средбата, ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
47%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
60%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.58
47%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
52%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52