
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Вкупно шест пластикомати ќе бидат поставени наредниот период во Струмица каде граѓаните ќе можат да депонираат пластични шишиња а за возврат ќе добиваат пари. Два веќе се поставени и тоа во ТЦ Глобал и СОУ Јане Сандански. Како што не информираше градоначалникот Костадин Костадинов станува збор за три пластикомати кои општината ги набави по распишана Јавна набавка а ја доби фирмата ,,Пакомак“ која пак ќе монтира дополнителни три кај струмички ...
Градежната експанзија во Дојран мора да се контролира, смета градоначалникот Ангов. Градот треба да се развива според реалните можности за да не дојде до загадување на езерото и околината, но и да се задоволат потребите на изградените објекти. Дојран во моментов се соочува со потреба за изградба на нова пречиситителна станица и обнова на колекторскиот систем, бидејќи градот се прошири, а за време на летната сезона капацитетите се искористени до ...
Продолжува „Гевгелиско културно лето“ со организација на настани за сечиј вкус. На 9 август, следи целовечерен концерт на Ансамблот за традиционални ора и песни „Бојмија“, којшто ќе се одржи на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот. „Бојмија“, пред гевгеличани, ќе се претстави со кореографски поставки од својот богат репертоар. Настанот е во организација на ЈОУ Пионерски дом – Гевгелија и ЈОУ Дом на култура ...
Изградена е влезната улица во Старо Конско. Проектот е реализиран со средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Со тоа е решено уште едно ветување кон мештаните, нагласи градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој изврши увид по завршување на градежните активности на улицата и направи заедничка обиколка со жителите во населеното и туристичко место. Зафатот за изградбата на влезната улица се реализираше во пресрет на ...
Државјанин од Египет и лице од скопско Рашче се приведени откако беа затекнати кај Дојран и граничниот премин Богородица како помагаат на лица од Сирија илегално да влезат и ја поминат територијата на државата. Станува збор за вкупно 26 лица мигранти кои се префрлени во прифатниот центар во Гевгелија, а двете лица ќе заработат соодветни пријави.МВР приведе две лица и против нив ќе поднесе кривични пријави за криумчарење мигранти откако кај ...
Државјанин од Египет и лице од скопско Рашче се приведени откако беа затекнати кај Дојран и граничниот премин Богородица како помагаат на лица од Сирија илегално да влезат и ја поминат територијата на државата. Станува збор за вкупно 26 лица мигранти кои се префрлени во прифатниот центар во Гевгелија, а двете лица ќе заработат соодветни пријави. МВР приведе две лица и против нив ќе поднесе кривични пријави за криумчарење мигранти откако кај ...
АП Брера започна со победа на отварањето на новата сезона. Тимот славеше со 1-0 против Вардар благодарение на фантастичниот евро-гол на Јанкулов во 59. минута од средбата. Џовани Валенти, тренерот на АП Брера беше задоволен од неговите играчи и истакна дека го одработеле договореното, но остави и простор за напредок во иднина. „Натпреварот беше добар. Го одигравме тоа што го работевме на подготовките. Одредени работи ги направивме добро, но не ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто. Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 85 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 87, еуродизел (Д-Е V) за 79,5, а ...
МВР извести декавчера околу 15.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека улицата „Младинска“ во Струмица, Р.Ц. и М.С., двајцата од Република Турција, по претходна расправија, биле физички нападнати од Ц.Н., Н.А., А.И., С.О., О.Д., Л.А., Ф.И., Н.А. и Ј.А., сите од Република Турција. Според пријавеното, притоа С.О. со стаклен предмет го удрил М.С., додека Ф.И. со метален предмет го нападнал Р.Ц.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...
На 7 септември Струмица по втор пат ќе биде центар на Балканот. Минатата година Струмица покажа дека сака, може и успева, Големиот градски парк да го направи место на кое повеќе од 20.000 луѓе уживаа во Егзитовиот спектакл, прв и единствен во државата. Струмица заслужено се најде на мапата на светски познатиот фестивал „Егзит“. Струмичани со нетрпение го очекуваат второто издание на #GetEXITed – музички спектакл кој ќе понуди музичко-сценска ...
Во чест и продолжување на споменот на Иван Пенов, на игралиштето кај Детската градинка „Цветови“, именувано по него, се одржа третиот по ред Меморијален турнир во баскет. На годинашниот турнир, се натпреваруваа 12 сениорски, 14 јуниорски и 2 женски екипи. По одигрувањето на натпреварите во периодот од 31 јули до 4 август, со што се одбележа и денот кога е роден Иван Пенов, беа прогласени најдобрите екипи. Имено, победници во Јуниорска категорија ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град. Од ова невреме во поголем дел од Македонија се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни и чести ...
На социјалните мрежи се појавија фотографии кои на прв поглед изгледаат како улиците да ги покрила густа снежна покривка. Ова е последица од силно невреме со град и силен дожд што го погоди во петокот градот Ројтлинген во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, пренесува магазинот Феникс. На улиците за кратко време се наталожи бел слој град кој досега до околу 30 см. Токму овој слој град, како и паднатите лисјата ги блокираа одводните ...
Вчера се случила тешка сообраќајна незгода во која со повреди се здобиле две лица. – На 04.08.2023 во 17.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управуванно од С.А.(52) од Струмица и патничко возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.П.(25) од село Просениково, струмичко, ...
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување во петокот се движи околу вредноста од 102,38 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,56 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 143,30 на 142,65 јени. Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото ...
Српската компанија – Chips Way – /Чачак/, соопшти дека целата пратка на нејзиниот чипс со вкус на пиперка, што била испратена до компанија во Хрватска, е уништена како мерка на претпазливост бидејќи анализата покажала дека нивото на канцерогената супстанција акриламид е повисоко од дозволеното. Компанијата во соопштението наведува дека информацијата за пратката на 33 палети ребраст чипс со вкус на пиперка во пакувања од 150 грама од својот ...
Под мотото „Со нови искуства“ синоќа во амфитеатарот во градскиот парк започна Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ кој годинава го доживува своето 18-то издание. Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ и за неколкуте други награди. Фестивалот го отвори градоначалникот Костадин ...
Денеска времето во земјава во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, се очекува наоблачување почнувајќи од запад кое ќе се зголемува и ќе донесе нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Наместа врнежите ќе бидат во форма на невреме со интензивен краткотраен дожд, силен ветер, поинтензивни електрични ...
Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. А Господ ги прослави и на земјата и во Своето ...
Министерството за надворешни работи информира дека поради големото невреме кое ја зафатило Словенија, затворени се голем број на патишта и автопатишта низ целата земја. Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштаат загрозените подрачја, особено подрачјата покрај реките. Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни. Воедно се ...
Се известуваат граѓаните дека согласно направениот план на активности за третото прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото во Општина Струмица ќе се изврши во текот на наредните денови: -На 10.08.2023 година (четврток), со почеток во 18.00 часот, во населените места ќе се изврши прскање против возрасни комарци -На 11.08.2023 година (петок), со почеток во 10.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција -На 11.08.2023 ...
Се смирува пожарот кај Богданци. По неколкучасовна борба со огнот кој зафати голема површина на ридовите меѓу Богданци и селото Ѓавото, пожарот е ставен под контрола. Гореше нискостеблеста шума и трева околу ветерниците, но тие генерално беа безбедни, бидејќи нивната околина е без вегетација. Превентивно сепак, дел од ветерниците беа исклучени. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека акцијата за гасење почнала во раните утрински ...
Во просториите на ФФМ беше одреден распоредот на натпревари за новата сезона во Втората фудбалска лига. Во првото коло кое ќе се игра на 12 август, најинтересно се очекува да биде во Прилеп и Струмица. Победа во првото коло го пречекува Тетекс, додека во Струмица, Беласица игра против еден од најсериозните конкуренти за Првата лига, Пелистер. Беса, која донесе неколку квалитетни засилувања, новата сезона ја започнува на гости кај Осогово, додека ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави јавен повик од ИПАРД II програмата, со што заинтересираните треба да достават барања за користење средства по мерката 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи. Краен рок за поднесување на барањата е 18 септември. Финансиската поддршка е составена од 75 проценти средства обезбедени од Инструментот за претпристапна ...
На хрватската граница бил откриен прехранбен производ произведен во Србија со високо ниво на канцероген акриламид. Како што е потврдено од европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна, високо ниво на акриламид е откриено во чипсот со вкус на пиперка, произведен во Србија. Производот, како што пренесуваат медиумите во соседствот не влегол на хрватскиот пазар и истиот бил уништен. Земјата на пријавување е Хрватска, а ...
Понеделник, 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните кои се православни верници. Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица е значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. ...
ЦУК (Центарот за управување со кризи) информираше дека пожарот западно од Богданци кај местото викано Брдаров камен во моментов е ставен под контрола. Според информациите од терен во овој регион со пожар беше зафатена нискостеблеста шума, прнар и сува трева. Сепак дел од пожарникарите остануваат будни и ја следат ситуацијата бидејќи на одредени места повторно се распламнува. Од ЦУК информираат и дека во моментов во гасење на пожарот нема потреба ...
Изминативе две недели под покровителство на Општина Радовиш а во организација на ФК Изведен, се одржа Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2023“. На турнирот учествуваа вкупно 24 екипи. Вчера во прекрасна атмосфера се одиграа финалните натпревари, а најдобра екипа во сениорска конкуренција беше екипата на Гостилница Кај Џек. Пехарите, медалите и вредносните ваучери на најуспешните екипи ги доделија претставници од орагнизаторот и Секретарот на ...
Во недела стартува новата првенствена сезона, а ждрепката посака во првото коло тимот на Брера да се соочи со тимот на „Вардар“ од Скопје. Натпреварот ќе се игра на теренот на СРЦ „Пандев“ во Струмица со почеток во 17 часот. Од тимот на Брера велат дека ќе се обидат со победа да ја отворат новата натпреварувачка сезона. Тие упатија отворена покана до сите симпатизери на „АП Брера Струмица“ и љубители на фудбалот да бидат дел од новата фудбалска ...
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ги известува граѓаните дека од 08.08.2023 година ќе започне со реконструкција, односно замена на тунелското осветлување на подземната сообраќајница под плоштадот „Гоце Делчев“. Реконструкцијата е дел од јавна набавка, а целта е да се подобри функционалноста на тунелското осветлување и да се обезбеди подобра фотометриска распределба на осветлувањето. Изведувач на работите е фирмата Дигитал од Струмица. ...