Под мотото „Со нови искуства“ синоќа во амфитеатарот во градскиот парк започна Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ кој годинава го доживува своето 18-то издание. Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ и за неколкуте други награди. Фестивалот го отвори градоначалникот Костадин ...

Жирито во состав: м-р Гоце Ристовски (писател и универзитетски професор), д-р Дрита М. Фазлија (филмски продуцент и универзитетски професор) и Мили Чумиќ (филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија), по опстојна расправа за сите 23 филмa во официјалната конкуренција прикажани на 18-тиот Интернационален филмски фестивал „Астерфест“, донесе едногласна 📒О Д Л У К А ———————— 🖇Наградата „Златна потковица“ се доделува на филмот ИВАЛУ ...