Ова е малку поинаков појадок, кој лесно може да послужи и како десерт без шеќер. Потребни состојки: Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Измијте ги компирите и направете неколку дупки. Ставете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги 45-50 минути. Измешајте го јогуртот со снегулките од кокос, а путерот од бадем со снегулките од бадем. Кога компирите ќе се испечат, внимателно исечете ги на половина, но ...

Ако сте заинтересирани за нега на вашата кожа на природен начин, сигурно сте забележале дека една состојка често се појавува во составот на растителните препарати. Тоа е маслото од шипка. Ова масло има магични својства кога станува збор за отстранување на акните и на разни воспаленија од лицето, а во продолжение прочитајте зошто треба да се најде на списокот на производи за нега на лице и тело. Маслото од шипка е направено од плодовите на ...

Повеќегодишните растенија се исклучително лесни за одгледување затоа што откако еднаш ќе се посадат, нема потреба повторно да се пресадуваат. Друга предност на овие растенија е тоа што тие не бараат многу внимание и успеваат, дури и ако одвреме-навреме ги „заборавите“. 1. Ехинацеа Потребно е да се стави на сончево место, а се препорачува прво да се засади во саксија, а кога ќе созрее може да се пресади во градината. Така ќе го избегнете нападот ...

На сите им се случува да скршат сад или да изгубат нешто низ куќата. Меѓутоа, кога предметите често почнуваат да се кршат и да исчезнуваат, фенг шуи предупредува дека тоа може да се поврзе со негативната енергија. Во повеќето случаи, хаосот во куќата започнува поради насобирањето негативна енергија. Кршењето и губењето работи според фенг шуи укажува на тоа дека негативната енергија се задржува и се акумулира во домот, што може да биде последица ...

Погледнете ја илустрацијата, а тоа што ќе го забележите прво открива тајни за вашиот карактер. Пар Ако силуетата на љубовници е првото нешто што го привлекува вашето внимание, тогаш имате посебна врска со луѓето околу вас. Тие уживаат да поминуваат време со вас. Пред сè, потребни ви се комуникација, интимна врска, чувство на блискост и свесност дека сте сакани. Вие сте внимателни, се грижите за вашите најблиски и секогаш сте подготвени да им ...

Тука ќе најдете прекрасна природа, чисто море, прекрасни градови и повеќе простор за себе. Леванцо, Италија Островот лоциран веднаш до западниот брег на Сицилија зафаќа само 6 квадратни километри. Идиличното село се наоѓа покрај крајбрежјето, во подножјето на ридовите кои обезбедуваат заштита, а освен тивките улици и бело-сините градби долж крајбрежјето, тука можете да ја најдете и познатата пештера Грота дел Џеновезе, насликана од античките ...

Лавовите треба да бидат многу трпеливи во овој период, а Стрелците ќе имаат подобрување на односите во врската. Прочитајте што ги очекува останатите хороскопски знаци за време на првата половина на јули. Овен Од ден на ден препознавате дека вашата сакана личност ве поддржува и ве сака, па ќе ја наградите со мал подарок. Продолжува вашата позитивна и исполнета љубовна фаза и ќе чувствувате среќа и задоволство. Бик Ќе ги игнорирате нереалните ...

Пристигна ретроградниот Јупитер, што значи дека може да очекувате само позитивни промени. За разлика од ретроградниот Меркур, кој негативно влијае на нашите животи, оваа астролошка појава носи само подобрување, а овие хороскопски знаци најмногу ќе го почувствуваат неговото позитивно влијание. Бик Бикови, ќе имате среќа. Нешто што ве мачи со години конечно ќе остане во минатото и ќе се чувствувате ослободени. Ова не мора да значи дека станува ...

Сонцето влезе во знакот на Рак на 21 јуни и осветли еден од најемотивните и најнежни хороскопски знаци. Ова е период на љубов, засилени чувства, но и шанса да се отвори вратата за нова енергија! Астролозите откриваат кои три хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа и шанси за време на владеењето на Ракот до 21 јули. Овен За време на владеењето на Ракот ќе имате шанса да ги поправите и да ги зајакнете односите. Во љубовта повторно ќе се ...

Полната месечина во Јарец ќе заблеска на 24 јуни, што претставува одлична можност за личен развој, проширување на знаењето, успех и ослободување од емоционалниот товар. Носи чувство на радост и разиграност, но само ако ја насочите нејзината енергија во вистинската насока. Еве како да ја „преживеете“ енергијата на полната месечина во Јарец, односно што треба да правите, а што да избегнувате: Прочитајте што носи крајот на јуни за овие 3 ...

Летото ќе ни донесе многу промени и неочекувани ситуации, а ќе биде особено предизвикувачко за Раковите. За да можете да ги надминете сите стресни настани што следуваат, астролозите советуваат да се вооружите со трпеливост и да размислите добро пред да започнете дискусија. Не дозволувајте вашиот јазик да биде побрз од умот, за подоцна да не жалите за она што сте го кажале. Ќе ви биде многу тешко да ги контролирате своите емоции и изливи на ...

Потребни ви се само неколку намирници, а подготовката е многу едноставна. Потребни состојки: Начин на подготовка: Измелете ги бисквитите во блендер и префрлете ги во подлабок сад. Додајте го растопениот путер и 1 лажица крем. Измешајте добро. Ставете ја смесата во калап со дијаметар од 18 см, добро притиснете и израмнете. Ставете 100 грама чоколадо и 100 грама крем во сад и стопете ги во микробранова печка. Измешајте 400 грама крем и арома на ...

Покрај тоа што треба да ја заштитите вашата коса од УВ-зрачењето затоа што може да стане дехидрирана, сува и распукана, таа треба да се заштити и од водата од базенот полна со хлор. Покрај тоа што хлорот од водата во базенот ги отстранува природните масла и влажноста од вашата коса, тој е полн со хемикалии кои можат да ја ослабат вашата коса и да ја променат нејзината боја ако е бојадисана. За среќа, постои решение што ќе ја заштити вашата коса ...

Секој возач кој некогаш влегол во автомобил што стоел на сонце цел ден, знае колку е непријатно тоа, но тоа исто така може да биде и опасно за здравјето. Без разлика дали имате клима-уред во вашиот автомобил или не, овој трик ќе ви овозможи да го изладите автомобил што стоел на сонце за само десет секунди. Оние што го испробале овој метод велат дека ја намалува температурата во возилото за околу 10 степени. Сè што треба да направите е: На ...

Не треба да влегувате во вода барем половина час по оброкот, а има и одредени намирници што е подобро да се избегнуваат пред пливање. Овие намирници може да ви го уништат разладувањето во водата ако ги консумирате пред пливање. 1. Зачинета храна Бидејќи телото е претежно во хоризонтална положба додека пливате, киселинскиот рефлукс може да биде проблем, а зачинетата храна може да го направи тој проблем уште полош. Затоа, пред пливање, не ...

Дојде време да се збогувате со памучните парчиња облека и да ги прегрнете плетените и сите со нетрпение очекуваат да ја освежат летната гардероба со светли бои, разиграни текстури и иновативни принтови. Сепак, никој не очекуваше дека најпопуларниот зимски тренд ќе добие својата летна варијанта. Не заборавајте дека летото е за експериментирање и за невообичаени стилови. Ќе се носат плетени костими за капење, плетени долги панталони и плетени ...

Овие пет одлични совети ќе ви помогнат да создадете вистинска мала оаза полна со сенка и да го заштитите вашето тело од штетните УВ-зраци. 1. Импровизирана тенда Ако е премногу топло, прекривката или стариот чаршав ќе ви послужат како голема заштита од сонцето на балконот. Со жица заврзете го едниот крај на ткаенината на балконот, а другиот на шајките што ќе ги поставите на ѕидот. 2. Перници на оградата на балконот Старите перници исто така ...

Колку би било добро да скокнете во море или во базен сега, да се освежите и да уживате во летните радости. Летото пристигна, температурите се високи, па би било убаво да го поминете вашиот одмор во близина на базен. На овие фотографии ќе најдете луксузни места, од каде што од собата одите директно во базенот, вклучително и од спалната соба, па можете да замислите како скокате од креветот во базенот наутро – дали има подобар повик за будење во ...

Ако некогаш сте се обиделе да ги исчистите трошките со метла и ѓубралник, тогаш веројатно знаете дека секогаш има тенка линија прашина што не можете да ја отстраните. Но, овој трик на ТикТок им го олесни животот на многумина. @shimmyshim17#lifehack #cleaningtiktok #foryoupage #DoritosDuetRoulette 😉 ♬ It’s A Vibe – 2 Chainz Погледнете како да направите домашен омекнувач за алишта. Следете нѐ на Инстаграм САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ ...

Рецептот за чизкејк палачинки е идеален за мрзливо попладне и кога ќе ви падне нивото на шеќерот во крвта. Потребни состојки: За чизкејк: За овошниот сос: Начин на подготовка: 1. Посипете го овошјето со шеќер и оставете го десет минути, а потоа загрејте го во тенџере. Промешајте го скробот во малку вода и промешајте го овошјето кога ќе зоврие. Гответе кратко додека не згусне, па оставете го настрана да се излади. 2. Измешајте ја слатката ...

Балконот е едно од најубавите места каде што можете да го поминете летото. За максимално уживање, украсете го со цвеќиња кои не само што изгледаат убаво, туку се и отпорни на високи температури. 1. Плумбаго Плумбаго е растение во форма на грмушка и потекнува од Јужна Африка. Има прекрасни светлосини или сини цветови на кои никој не останува рамнодушен. Овие цвеќиња растат многу брзо и цветаат во текот на целото лето. Му одговара целосна сончева ...

По цветниот принт, кој е задолжителен кога станува збор за летото, има уште еден тренд што може да стане уште повеќе популарен. Овој неодолив тренд ќе ве освои на прв поглед, а станува збор за овошниот принт. Овој принт дава интересна, весела нота и изгледа како да е создаден за тропските денови, а ќе го гледате на секој чекор. Освен на облеката, можете да додадете овошје на обетките, чантата или чорапите. А, забавниот и весел изглед е ...

Кога надвор е топло, а сакаме да јадеме нешто слатко, идеална опција се колачи за кои не е потребно да се вклучи рерната. Потребни состојки: За основата: За кремот: За шлагот: За декорaција: Начин на подготовка: 1. Прво подгответе го кремот за да може да се излади додека го подготвувате остатокот. 2. Во сад измешајте ги пудингот од ванила, шеќерот и 200 мл млеко. 3. Истурете го преостанатото млеко во тенџерето и оставете да зоврие. 4. Кога ќе ...

Дали сакате да знаете што ве чека ова лето? Изберете ја сликата што ве привлекува најмногу и откријте го одговорот! 1. Ова лето ќе добиете неверојатно вреден совет од странец кој целосно ќе ве натера да го преиспитате вашиот поглед кон светот. Ќе разберете во која насока треба да одите понатаму и како да ги постигнете своите цели. Веќе на почетокот на есента ќе започнете да ги собирате првите плодови од вашата внатрешна трансформација, што во ...

Наместо класичен сладолед, пробајте ја оваа замрзната пита. Потребни состојки: 400 мл кондензирано млеко 200 мл шлаг-крем 200 грама чајни бисквити 6 лажици путер 4 лимети 3 лажици текила 3 лажици шеќер малку сол Начин на подготовка: 1. Во блендер издробете ги чајните бисквити додека да се иситнат во прав. Измешајте ги со растопениот путер, со шеќерот и со малку сол. 2. Притиснете ја добиената смеса во кружен калап и ставете ја стои во ...

Без разлика дали сте само почетник или веќе вежбате активно, подлогата за јога е исклучително важна бидејќи таа е вашата основна опрема за вежбање. При изборот, од суштинско значење е да ви биде пријатно и лесно да ја одржувате. Популарноста на јогата расте, па затоа и понудата на подлоги е одлична, а при купувањето задолжително обрнете внимание на материјалот, што е исклучително важно бидејќи ви овозможува мекост, издржливост и еластичност. ...

Венера влегува во знакот на Лав на 27 јуни и ќе остане таму до 21 јули. Овој астролошки период носи убави промени во нашите животи, а тој ќе биде особено поволен за овие 3 хороскопски знаци. Овен Ќе сакате да бидете во центарот на вниманието и ќе бидете неодоливи за спротивниот пол. Целата ваша енергија ќе биде насочена кон флерт и забава. Луѓето ќе трчаат по вас за да бидат во вашето опкружување и да ја почувствуваат вашата енергија. На ...

Очилата за сонце се неизоставен дел од комбинациите во текот на целата година, особено во лето. Освен што се одличен моден додаток, тие имаат и практична и здравствена функција, бидејќи штитат од штетното УВ-зрачење. Оваа година во мода е футуристичкиот дизајн, но и златната боја на рамките, а во продолжение погледнете ги моделите што ќе бидат популарни ова лето. Златни рамки View this post on Instagram A post shared by ...

Овие темнорозови цвеќиња ќе ѝ дадат допир на тропски предели на секоја градина. Бугенвилијата може да порасне и до 25 метри, а има повеќе од 300 подвида бугенвилија и тие се формирани со вкрстување на јужноамерикански видови. Најчесто имаат темнорозова нијанса, но со вкрстувањето се создале и жолти, портокалови и црвени цветови. Како да одгледувате бугенвилија? Бугенвилијата може да се сади кон крајот на пролетта или почетокот на летото, па ...

Ако се грижите за здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем, веројатно знаете дека е пожелно да јадете помалку месо и повеќе зеленчук. Кога станува збор за спакувана храна, немате друг избор освен внимателно да прочитате што пишува на етикетата за составот и за хранливата вредност на производот. Обрнете внимание на следниве три работи ако здравјето на срцето ви е во преден план. 1. Содржина на натриум Проверете дали храната што ја купувате да ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
75%
1034
weather icon

Белград

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
89%
1037
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
72%
1036
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
2.57
93%
1033
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.71
47%
1033
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
67%
1034
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.36
51%
1028
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
29%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
53%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
4.47
62%
1031
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
84%
1036
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
61%
1030
Currency

61.53

Currency

59.7076

Currency

72.8354

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.2769

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $