
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Во новата 2025 година рускиот гас престана да тече низ Украина до Европа. Киев го нарекува „историски“ момент бидејќи одбивањето да се продолжи транзитниот договор со руски Гаспром го запре протокот на пари за финансирање на инвазијата на Украина. Но, во соседна Молдавија, тој потег се заканува да предизвика криза. Во Придњестровје, сепаратистички регион на истокот на Молдавија, лојален на Москва, годината започна со греење само во болниците и ...
На крајот на септември 2024 година, девизните средства на светските централни банки изнесуваа 14,3 трилиони долари во споредба со 12,9 трилиони долари една година порано, пренесува Капитал. Апсолутен лидер во нивниот раст беше Кина, која ги зголеми златните и девизните средства за 263,3 милијарди долари. На второ место е Швајцарија со пораст на резервите за 131,9 милијарди, а трета е Индија со 118,1 милијарди долари. Во изминатата година ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Велика Британија прави грешка во својата политика за фосилни горива и дека треба да се „ослободи од ветерниците“. Трамп денеска на мрежата „Truth Social“ ја сподели веста од ноември за повлекувањето на американскиот производител на нафта од Северното Море, главниот регион за производство на нафта на шкотскиот брег. „Велика Британија прави многу голема грешка. Отворете го ...
Околу илјада демонстранти, според проценките на црногорските медиуми, вечерва се собраа пред зградата на црногорската влада за да протестираат против трагедијата што го снајде Цетиње на 1 јануари и масовното убиство во тој град, додека седницата на Советот за национална безбедност се одржа во зградата на Владата. Демонстрантите побараа одговорност и смена на целото раководство во безбедносниот систем. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше ...
Шоуменот, актер и музичар Игор Џамбазов (61), во свој стил се прости со 2024 година, која за него била тешка и непредвидлива. На годината која измина и порача да не се повтори, и ја спореди со опасна вештерка. -2024 годино, тебе ти се обраќам. Завршивме со тебе сестро, засекогаш. И да не си се осмелила да ни се појавиш пред очи уште еднаш! Ти беше една бесчувствителна, непредвидлива, тешка, напорна, напната, грда и опасна вештерка! Збогум! И ...
Во моментот кога било пријавено дека имало пукање во кафуле во Цетиње и дека има неколку ранети, во градот имало најмногу девет полицајци. Полицијата тврди дека добила погрешна дојава, која најверојатно му овозможила на убиецот со пиштол без дозвола за половина час да убие 12 сограѓани. Кога завчера во 17 часот и 26 минути било пријавено во полиција дека имало пукање во кафуле во Цетиње, ангажирани се три полициски патроли, оперативен инспектор, ...
Сопругата на еден од убиените браќа Мартиновиќ, која и самата беше ранета во масакрот на Ацо Мартиновиќ, успеала ранета да му побегне на првиот сосед, изјави денеска на прес-конференција Лазар Шќепановиќ, в.д. директор на Полициската управа по масовното убиство во Цетиње. – Откако влегол во семејната куќа на Радован и Радмила Мартиновиќ, каде ги убил и нивните синови близнаци Марко и Милош, убиецот ја застрелал и Марија Мартиновиќ, сопругата на ...
Инспекторите на ФБИ не пронајдоа докази дека напаѓачот кој косеше луѓе со пикап и отвори оган во Њу Орлеанс на Нова година, имал соучесници, изјавија два извори за Си-Ен-Ен. Истрагата продолжува, а официјалните лица се очекува на денешната прес-конференција да разговараат дали осомничениот, идентификуван од властите како 42-годишниот Шамсуд-Дин Џабар, делувал како „волк-самотник“. Во часовите по нападот, ФБИ првично бараше индиции дека ...
Цетиње и Црна Гора тагуваат. На улиците на главниот град се појавија некролози со имињата на жртвите на безумниот Ацо Мартиновиќ, кој вчера уби 12 лица, а рани четворица. Меѓу неговите жртви има и две момчиња, на возраст од девет и 14 години, Јован и Вукан Вулетиќ. Покрај нивните слики, на некрологот има и фотографија од Мирко Вулетиќ, нивниот чичко, објави Телеграф. Погребот на момчињата ќе биде утре на новите гробишта во Цетиње. Истиот ден на ...
Деветгодишниот Вукан и неговиот пет години постар брат Јован Вулетиќ се најмладите жртви на масовното убиство во Цетиње што го изврши Ацо Мартиновиќ (45), а најстариот е седумдесетгодишниот Радомир Марковиќ. Во трагедијата загина и вујкото на браќата, Мирко Вулетиќ (45). Според полицијата, Мартиновиќ убил четири лица во куќата на роднина во Бајце, Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ. Во куќата на ...
Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо Мартиновиќ, по неговата смрт откако изврши масакр и уби 12 сограѓани и ранување на уште четворица, во Цетиње. Покрај муницијата, во неговиуот пиштол биле пронајдени уште неколку крушуми калибар 9 милиметри. Според сите докази, тој планирал да го продолжи масакрот. Мартиновиќ вчера нешто по 17 часот и 30 минути во кафаната „Велестово“ во близина на Спортскиот центар уби четири лица. Потоа убил ...
Последниот руски напад со беспилотни летала врз Киев уби познат брачен пар научници, а шест лица се повредени, изјави министерот за образование и наука,Оксен Лисовиј. Министерот ја идентификуваше двојката како истакнат невробиолог Ихор Зима и доктор по биолошки науки Олесија Сокур. „Семејството го посвети речиси целиот свој живот на науката“, рече Лисовиј. Повеќе од 100 беспилотни летала го нападнаа главниот град на Украина во раните утрински ...
Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“. Според локалните жители, бездомникот често престојувал на железничката, но дека никогаш не правел проблеми. На 1. јануари околу 16 часот, случајни минувачи го забележале неговото безживотно тело, по што била алармирана итната помош, кои само констатирале ...
Околу половина час траел крвавиот поход на Ацо Мартиновиќ во Цетиње, при што на пет локации убил 12 жртви и ранил четири лица, пред специјалните полициски единици да го опколат во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа, дознава порталот Стандард. Мартиновиќ уби три жени, седум мажи и две деца. Сѐ започнало во една кафана по цел ден пиење во пријателска атмосфера, кога Ацо Мартиновиќ се расправал и решил да го започне крвавиот поход. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ во утринската програма на ТВ Пинк говорејќи за масакрот во Цетиње се осврна и на масовнoто убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“. ,,Јас сум против теориите на заговор, но чудни работи се случуваа поврзани со Рибникар. Тоа привлече големо внимание кај странците, вклучително и во врска со односот кон убиецот (К.К.). Во мојата канцеларија побараа да им го дадеме Коста К“, рече претседателот и ...
Oд денеска во Швајцарија стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото прекршување може да се казни со парична казна до 1.000 швајцарски франци (1.064 евра), објави Swissinfo. Иницијативата против носење бурка беше одобрена од 51,2 отсто од швајцарските гласачи во март 2021 година, а исклучоците од законот ќе вклучуваат покривање на лицето од безбедносни, временски или ...
Монструмот од Цетиње, Александар Мартиновиќ, кој во масакр уби 12 лица, а потоа си пресуди самиот, од претходно и бил познат на полицијата по своето насилничко однесување, но соседите велат дека немале никакви проблеми со него. ,,Не се расправаше со никој во соседството. Беше мирен, искрен и воздржан. Што се случи вчера, никој не знае. Дали бил виновен алкохолот или нешто друго, никогаш нема да дознаеме“, изјавил еден од првите соседи за ...
Најмалку едно лице загина, а седум се поврдени во експлозија на електричен автомобил „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“, на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, што бил паркиран пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната ндржава Невада. Шерифот од Лас Вегас, Кевин Мекмахил, на прес конференција изјави дека пожарот на возилото бил пријавен во 8:40 часот по локално време. Екипите за итни случаи ...
Инцидент во хотел во Белград за време на новогодишната ноќ. Како што пренесува српски Блиц, група туристи од Виена ја уништиле забавата за новогодишниот дочек во хотелот „Краун Плаза“. Го демолирале хотелот, фрлале камења и ги тепале сите пред нив, вклучително и гостите. Инцидентот се случил откако биле предупредени за употреба на дрога на масата, предизвикувајќи хаос. „Имаше и повредени лица, обезбедувањето и неколкумина од нив. Надвор се ...
Ацо Мартиновиќ, сторителот на повеќекраткото убиство кое вчера попладне се случи во ресторан во Цетиње си пукаше во главата откако беше опколен од полицијата. Почина на пат кон црногорскиот Клинички центар. Ова вчеравечер, како што пренесуваат црноготските медиуми, го соопшти директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ, посочувајќи дека претходно сторителот бил лоциран во населбата Хумци во Цетиње, а местото каде бил сокриен било опколено ...
Масовниот убиец од Цетиње Ацо Мартиновиќ се самоубил, објави црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ. Тој вчера уби најмалку 12 луѓе, од кои две деца, а лекарите во Клиничкиот центар во Подгорица се борат за животот на уште четири лица. Владата на Црна Гора прогласи тридневна национална жалост, почнувајќи од денеска. Полицијата кажа дека мотивот на убиствата засега не е познат, а убиените биле пријатели, кумови и роднини на ...
Автомобил од марката „Тесла“ експлодирал пред хотелот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Лас Вегас. Како што пренесуваат американските медиуми, полицијата брзо реагирала и го затворила булеварот лоциран во центарот на Лас Вегас. На местото на настанот излегле и бројни противпожарни единици. Официјални лица од полиција во Лас Вегас и противпожарната служба на округот Кларк на прес-конференција соопштија дека едно лице загинало во ...
Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ, изјави дека според досегашните информации во Цетиње убиени се најмалку 10 лица. Осомничен за убиството е Ацо Мартиновиќ, по кого трага полицијата. Како што беше претходно најавено, четири лица се тешко ранети. Од полицијата соопштија дека по расправија во кафеаната, Ацо усмртил неколку лица, по што со крвавиот пир продолжил на три други локации, каде усмртил и две малолетни лица на ...
Рускиот енергетски гигант Гаспром соопшти дека извозот на гас преку Украина во Европа е прекинат во 8 часот наутро по московско време, бидејќи истече договорот за транзит. Украина соопшти дека транзитот на руски природен гас низ нејзина територија е суспендиран од 7 часот наутро по локално време, поради „националната безбедност“. -Го запревме транзитот на руски гас. Ова е историски настан – изјави министерот за енергетика Герман Галушченко. ...
Полска од Унгарија ќе го преземе шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, при што ќе ги поддржи активностите кои ја зајакнуваат европската безбедност во сите нејзини димензии. Мотото на претседателството ќе биде „Безбедност, Европа“, што, како што рече претходно полскиот министер за прашања на ЕУ, Адам Шлапка, ги одразува актуелните предизвици со кои се соочува континентот. Полска го презема претседавањето со Советот на ЕУ во време на ...
Повеќе од 20 години не разговарал со својата единствена ќерка, девојката го оставила поради бизарна причина, а неговите животни лекции треба да ги слушнат сите – Ентони Хопкинс денеска го слави својот 87 роденден. Тој е роден како Филип Ентони Хопкинс на 31 декември 1937 година во Маргам, Велс. Хопкинс бил многу сиромашен студент и имал дислексија, што уште повеќе му го отежнувало учењето. Со глума почнал на 17 години, а во таа одлука го ...
Војската на Русија составила детални списоци на цели за потенцијален конфликт со Јапонија и Јужна Кореја, вклучувајќи нуклеарни централи и друга цивилна инфраструктура, според тајните документи од 2013 и 2014 година што ги видел „Фајненшл тајмс“. Плановите за напад, сумирани во шверцувани руски воени документи, опфаќаат 160 локации, вклучувајќи патишта, мостови и фабрики. Овие цели беа избрани за да се спречи „прегрупирање на војниците во ...
Земјите низ Источна и Југоисточна Азија ја дочекаа Новата 2025 година, пренесува Би-би-си. Кина, Филипини, Малезија, Хонгконг и Сингапур беа осветлени од огномети и од шоу-програми со дронови. Претходно Јапонија, Јужна и Северна Кореја го означија влегувањето во 2025 година. Прославите во Јужна Кореја се откажани поради авионската несреќа која се случи пред неколку дена, а во која загинаа 179 лица. Во 14 часот по средноевропско време, Новата ...
Најголемиот австралиски град Сиднеј ја дочека Новата година со познат огномет над пристаништето, а следната година, во 2025 година, ќе влезат и азиските земји. Огнометот започна на полноќ, 14 часот по средноевропско време, со мостот и операта во Сиднеј во позадина. Годинава се употребени девет тони пиротехнички средства. Беа лансирани огномети од 264 различни точки, многу повеќе од претходните години. Со помош на иновативна технологија, на ...
Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад, тешко се повредени две едномесечни близнаци, а како што пренесува српски „Телеграф“, новосадската итна екипа згрижила и превезла двајца мажи на возраст од (43) и (34) и една жена на возраст од 34 години. Според портпаролот на Институтот за ургентна медицина, д-р Зоран Круљ, на помош на ургентното одделение во Жабаље дошла нивна екипа. Сите со повеќе политрауматски повреди се пренесени на реанимација во ...