
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Воздухопловните сили на Израел изминатиот викенд нападнаа повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа, соопшти војската на Telegram. Десетици терористи на Хамас се „елиминирани“ како одговор на нападите извршени од Хамас, велат тие. Војската, исто така, соопшти дека погодила неколку лансирни рампи за кои тврди дека биле користени за истрелување проектили од Појасот Газа на израелска територија. Оваа информација не можеше да се потврди ...
Милиони Американци од централните рамнини до источниот брег на САД се соочуваат со закана од снежни виулици, обилен снег и замрзнат дожд до утре, објави вчера Националната метеоролошка служба (NWS). Гувернерите на Кентаки и Вирџинија прогласија вонредна состојба пред зимската бура. „Бурата сè уште се формира“, изјави метеорологот Рич Бан од NWS. „Тоа носи повеќе опасности, од обилен снег во рамнините до значителен мраз што ги покрива патиштата ...
Италијанската премиерка Џорџија Мелони вчера отпатува за Флорида за да се сретне со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во обид да ги зајакне врските со него пред неговата инаугурација на 20 јануари. Вработените во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп и дадоа овации на Мелони откако новоизбраниот претседател ја претстави, според видеата споделени на социјалните мрежи. First vid of Trump hosting Italian Premier Georgia Meloni in ...
На 91-годишна возраст вчера во Белград почина Ана Глигиќ, вирусолог и раководител на лабораторијата на Институтот Торлак за време на епидемијата на сипаници во 1972 година. За време на епидемијата, таа успеа да го изолира вирусот на сипаници, а нејзините научни трудови за откривање на вирусот Марбург и треската на глувците се познати низ целиот свет. Глигиќ, специјалист по медицинска микробиологија и виш научен соработник на Медицинскиот ...
Американскиот бизнисмен Илон Маск денеска оцени дека доделувањето на Медал на слободата од страна на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден на американскиот финансиер Џорџ Сорос е „пародија“. „Бајден да му го додели Медалот на слободата на Сорос е пародија“, напиша тој на социјалната мрежа Икс. Белата куќа денеска соопшти дека Бајден ќе го додели Медалот на слободата, а меѓу 19-те наградени се и поранешната државна секретарка на САД ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската армија претрпе големи загуби во областа Курск и дека загубила пешадиски баталјон од севернокорејски војници и руски падобранци. „Продолжуваат жестоки борби по целата линија на фронтот, а најжестоко е на правецот Покровски. Окупаторот продолжува да троши луд број свои луѓе во напади. Особено, во борбите денес и вчера во областа на селото Махновка во областа Курск, руската ...
Екс вработен во хотелот „Сиклауз“ на германскиот остров Узедом запалил четири автомобили и оштетил уште 17 возила пред тој објект, објави денеска „Билд“. Според информациите, откако бил отпуштен од хотелот, 29-годишникот барал последната плата да му биде исплатена во готово бидејќи нема жиро сметка и им се заканувал на вработените. Штетата била проценета на околу 120.000 евра, а полицијата го уапсила насилникот на блиската железничка станица. ...
Турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, изјави дека Турција е подготвена да и испорачува на Европа до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку балканскиот гасовод, но само доколку европските земји покажат политичка волја и вложат во потребните инфраструктурни врски. „Турција е подготвена да придонесе повеќе за енергетската безбедност на Европа. Доколку Европа покаже политичка волја и посветеност, и се направат ...
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посетија машката сениорска ракометна репрезентација која се подготвува за настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Имаа можност да поразговараат со играчите и со селекторот Кирил Лазаров и притоа им посакаа успех на престојниот мундијал на кој ние во првата фаза имаме средби со Холандија, Унгарија и Гвинеја. Селекторот Лазаров во знак на ...
Преговорите меѓу двете најголеми австриски центристички партии за формирање коалициска влада без екстремно десничарската Партија на слободата се прекинати, рече канцеларот Карл Нехамер, еден ден откако либералната партија НЕОС ги напушти преговорите. „Ќе се повлечам од функцијата канцелар и лидер на (конзервативната) Народна партија во наредните денови и ќе овозможам уредна транзиција“, рече Нехамер во видео изјавата на Х по коалициските ...
Кога Јордан Мијалков, министерот за внатрешни работи, за првпат ме слушна што зборувам на влада, гласно коментираше: „А бе овој ќе ја продаде Македонија!“ Му одговорив на смеење дека не сум подготвен да полемизирам со него затоа што секогаш носи пиштол, па неговиот „аргумент“ ќе биде посилен. Некое време подоцна, на само, ми вели: „Море сум слушнал јас за тебе. Си бил подобар и од Будимир Лончар“. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од годините на ...
Една од задачите на борбите во Северниот воен округ е демилитаризација на Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. Таа го изјави ова додека ги коментираше тврдењата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Вашингтон го вооружува Киев долго пред почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година. „Русија долги години зборува за тоа како САД и Велика Британија и даваат ...
На Крим денеска е прогласена вонредна состојба поради загадувањето со нафта на плажите кај Севастопол, најголемиот град на полуостровот. Нафтата се излеа од два танкери погодени од невремето пред речиси три недели во Керчкиот теснец, на околу 250 километри од Севастопол, кој се наоѓа на југозападниот дел на полуостровот. „Денес во Севастопол беше прогласена регионална вонредна состојба“, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Михаил ...
Премиерот на Србија – Милош Вучевиќ на Инстаграм објави дека недела, 5 јануари, во Србија е прогласена за Ден на жалост со одлука на Владата. „Одржавме состанок на Владата на Србија, на кој присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Со одлука на Владата на Србија, утре во Србија е прогласен Ден на жалост поради трагедијата што се случи во Црна Гора“, се вели во објавата на Вучевиќ на Инстаграм. View this post on Instagram A ...
Француската полиција откри и заплени голема пратка со повеќе од два тони кокаин во вредност од околу 130 милиони евра и уапси двајца мажи на пристаништето во францускиот град Авр – јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од полицијата. Агенциите забележуваат дека Франција и другите европски влади се обидуваат да ги ограничат активностите на бандитите за шверц на дрога и да спречат смртоносни престрелки меѓу нив. Минатата година ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ерата на оружје, насилство и терор е завршена. Тој говореше на регионалниот конгрес на неговата владејачка Партија на правдата и развојот во северниот град Самсун. „Од сега сите мора да ја прифатат оваа вистина – ерата на оружје, насилство и терор заврши. Сепаратистичките убијци или ќе го закопаат оружјето што е можно поскоро или ќе бидат закопани со своето оружје. Нема трет пат“, ...
Во израелскиот воздушен напад на северот на градот Газа, меѓу 11 загинати, седум се деца, јавува Ал Џезира. Според агенцијата за цивилна одбрана, 11 лица загинале во напад во зори на семејна куќа, а повеќе жртви биле затрупани во урнатините. „Куќата во која имало неколку раселени лица е целосно уништена“, изјави портпаролот на цивилната одбрана, Махмуд Басал. Тој објаснува дека се работело за двокатна зграда и дека неколку луѓе се уште се под ...
Осум лица загинаа, а 15 се повредени во пожар на пазар во Џангјаку во провинцијата Хебеј во северниот дел на Кина, јави „CCTV“. Властите ги истражуваат причините за пожарот, кој беше изгаснат нешто повеќе од еден час по избувнувањето во саботата наутро. „Повредените се хоспитализирани и нивните животи не се во опасност“, додава телевизијата. Пламен и темни облаци од чад можеа да се видат над пазарот во видеата објавени на кинеската веб-страница ...
Пред да ја предаде власта на новоизбраниот Доналд Трамп, американскиот претседател Џо Бајден ќе му го додели на Лионел Меси, Претседателскиот медал на слободата, највисоката чест што може да ја добие еден цивил во САД. Меси, заедно со легендарниот кошаркар Меџик Џонсон, ќе биде еден од 19-те цивили што ќе ги одликува Бајден. „Претседателот Бајден верува дека големите лидери ја чуваат вербата, им даваат на сите фер шанса и ја држат пристојноста ...
Уапсени се четворица државјани на Руската Федерација во Екатеринбург кои планирале да извршат терористички напад со употреба на експлозивна направа на места за масовен собир на граѓани во Екатеринбург, соопшти прес-службата на ФСБ РФ. „Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе четворица руски државјани, родени во 2007 и 2008 година, кои ги делат идеите за терористичка организација забранета во Русија и кои планирале да ...
Јапонката Томико Итоока, која беше призната како најстарата личност во светот според Гинисовата книга на рекорди, почина на 116 години, соопштија градските власти во Ашија. Итоока починала на 29 декември во дом за нега во Ашија, во префектурата Хјого, централна Јапонија. Родена на 23 мај 1908 година во Осака. Томико го прослави својот 116-ти роденден минатиот мај, кога доби цвеќе, торта и честитка од градоначалникот. И покрај нејзините години, ...
По повод масакрот што се случи во Цетиње на 1. јануари, кога беа убиени 12 лица, денеска во Владиниот дом во овој црногорски град се одржа комеморативна седница за жртвите. Комеморацијата започна со едноминутно молчење за жртвите, а упатена е порака дека ова е еден од најголемите предизвици со кој се соочиле Цетиње и Црна Гора. Градоначалникот на кралската престолнина Цетиње, Никола Ѓурашковиќ, рече: „Со тагата која сите ги обедини, се собравме ...
Денеска во 14 часот и 28 минути, Земјата ќе го достигне најблиското растојание од Сонцето во својата годишна орбита околу Сонцето. Перихел е точката во која планетата е најблиску до Сонцето, а Земјата поминува низ перихел секоја година на почетокот на јануари и тогаш е оддалечена 147 милиони километри од Сонцето. Спротивно на перихелот е афелот, кога Земјата е на најоддалечената точка од Сонцето, а оваа година тоа ќе се случи на 3 јули, објави ...
Во масовното злосторство во Цетиње на 1 јануари 2025 година загинаа 12 лица, меѓу кои и две деца. Оттогаш, бројни функционери на Црна Гора, но и на регионот, изразија сочувство, но и реагираа на информациите кои говореа за претходните дела на Ацо Мартиновиќ и претходните пријави до полицијата за оружје. Претседателот на Граѓанското движење на УРА, Дритан Абазовиќ изјави дека знае како е пронајден Ацо Мартиновиќ и дека во еден момент „се вмешал ...
Авион на руската компанија „Урал ерлајнз“ принудно и безбедно слета на аеродромот во Шарм ел Шеик, Египет, поради технички дефект на еден од моторите, соопшти египетското Министерство за цивилно воздухопловство. Инцидентот се случил непосредно по полетувањето од аеродромот во Шарм ел Шеик. Авионот, модел „Ербас А-321“, превезувал 236 патници кон Екатеринбург во Русија. Техничките екипи спроведуваат инспекција за утврдување на причините за ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се соочува со долга дисквалификација поради исклучувањето на синоќешниот натпревар од 12. коло на шпанското првенство против Валенсија (2:1). Во 79. минута Бразилецот го турна македонскиот голман Столе Димитриевски и доби црвен картон, а по исклучувањето вербално ги нападна судиите. تابع الحساب الاساسي @SIRDlV تابع الحساب الاساسي @SIRDlV#ValenciaRealMadrid pic.twitter.com/Za3Bmn34wA — ريــ’ـال ...
Четири мажи и една жена се ранети во пукотница што се случија во петокот вечерта во Вашингтон. Според полицијата, три лица се пренесени во болница, додека две сами дошле во болница. Според локалните медиуми, пукањето се случило на Хари Томас Веј, кој се наоѓа во близина на Универзитетот Галодет. Washington DC shooting: Five injured ‘in dispute between known parties’ As per DC Police Department, the preliminary probe reveals that the shooting ...
Русија во првите три дена од 2025 година изврши повеќе од 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, врз територијата на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“, пренесува Укринформ. „Нашите сили успеаја да соборат или да ги неутрализираат со електронска војна значителен дел од овие напади. Но, за жал, имаше цели кои беа погодени, а со тоа и повредени и загинати. ...
Администрацијата на Бајден неофицијално го информираше американскиот Конгрес дека предложила продажба на оружје во вредност од 8 милијарди долари на Израел, за муниција за борбени авиони и хеликоптери за напад. За да се имплементира договорот потребно е одобрение од внатрешната и сенатската комисија. Оружјето што се планира да се продаде вклучува ракетна артилериска муниција воздух-воздух што се користи за одбрана на борбени авиони од закани ...
Холивудскиот актер Мел Гибсон во текот на животот го следеа бројни скандали, но тој и понатаму е на врвот на листата на најуспешни и најпопуларни актери и режисери. Актерот Мел Гибсон е роден во предградијата на Њујорк како шесто од единаесетте деца, а набргу потоа се преселил во Австралија каде ја започнал својата актерска кариера. Мел Гибсон се прослави со улогата во „Лудиот Макс“, а улогата за малку не ја доби бидејќи вечерта пред аудицијата ...