На 72 години почина режисерката Виолета Џолева, објави Драмскиот театар. Во овој театар Џолева режира повеќе претстави, меѓу кои: Луиџи Пирандело – „Хенрих IV“ (1974) ; Пол Зиндел – „Дамите од Аламо“ (1990); Несин Азис – „Убиј ме душичке“ (1997); Васил Иљоски – „Чест“ (1998); Доналд Ли Кобурн – „Партија реми“ (2018). Театарот изрази сочувство до семејството. Џолева дипломирала на Театарската академија во Белград во 1974 година. Била член на ...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека има можност да се отвори постапка за проверка на финансиските текови околу продажбата на ТЦ „Соравија“, со која како што беше објавено вчера, со 39 проценти удел ќе се стекне Дрин Ахмети. -Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови, и секако дека Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и на основа на тоа да ...

Ова, освен што е штетно за дипломатијата на нашата земја, освен што произведува лоша слика за Северна Македонија, туку е и разочарувачки за секој млад Албанец, кому не му чичко Али Ахмети и кој го нема презимето Ахмети. Затоа, не можеме да не се прашуваме „Уште колку внуци му останале на Али Ахмети, за некогаш да им дојде редот и на другите млади Албанци’?. Како и да е, АлтернАтивА бара истрага за назначувањето на Бесијан Ахмети во Амбасадата ...

За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје изречени се вкупно 224 санкции, најгопемиот број за возење побрзо од дозволената брзина – 74 санкции казни.Сообраќајната полиција напиша и 19 казни за возење без возачка дозвола, една за управување возило под дејство на алкохол, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од ...

– Денеска е Меѓународен Олимписки ден 1533.– По неуспешната опсада на Виена во 1529 година и безуспешниот поход на престолнината на Австрија во 1532 година, турскиот султан Сулејман Втори со Австрија морал да потпише договор за мир. 1874.- Воспоставена била првата телефонска врска помеѓу Бразил и Европа. 1898.- Роден е германскиот писател Ерих Марија Ремарк (вистинското име му било Ерих Паул Крамнер). Дела: „На запад ништо ново“, „Враќање“, ...

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне, претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана, но силна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје сончево и топло, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, ...

1501.- Португалскиот морепловец Педро Кабрал се вратил во татковината од патувањето кога Бразил го прогласил за посед на Португалија. 1633.- Судот во Рим, составен од црковни лица, го осудил Галилео Галилеј на доживотна робија, а неговите дела ги забранил како опасни за христијанскиот свет. Тој работел на откривањето на тајните од областа на астрономијата. Во 1608 година го конструирал првиот телескоп со кој дошол до нови сознанија за движењето ...

Денес претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.Утринските температури ќе се движат од 14 до 19 степени, а дневните ќе бидат во ...

79.- Умрел римскиот цар Тит Флавиј Веспазијан, основач на династијата Флавиевци. Во текот на владеењето од 69 година победил во борбата против еврејските востанија во Палестина. Во Рим ги подигнал величествените објекти како што се Колосеумот, Капитол и Амфитеатарот. 1497.- Англискиот морепловец Џон Кебот ја открил Канада и ја прогласил за Северна Америка под влијание на Велика Британија. 1509.- Хенри Осми, вториот монарх од династијата Тјудор, ...

Во Македонија во недела ќе биде променливо облачно време, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. УВ индексот ќе има вредност 7. Минималните температури се движат во интервал од 12 до 19, а максималнаите ќе бидат соодветно та од 24 ...

– Денеска е Ден на телесните инвалиди на Македонија 1867.- Американецот Лисјен Смит ја патентирал бодликавата жица. 1903.- Роден е англискиот писател Џорџ Орвел (вистинското име му е Ерик Артур Блер). Дела: романите „1984“, „Животинска фарма“, „Бурмански денови“, „Никој и ништо во Париз и Лондон“, есеите „Критички есеи“, „Лов на слонови“, „Англија, ваша Англија“, книга за Шпанската граѓанска војна „На Каталонија со љубов“. 1905.- Меѓу селата ...

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 7. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, ...

– Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура – Светски ден на борба против дрогата 1541.– Во судирот меѓу шпанските освојувачи за власт на новооткриените територии бил убиен нивниот водач Франциско Писаро. Тој во 1532 година, со само 200 војници, со измама, ја зазел престолнината на Инките, Кахамарка и го заробил царот Атахуалпа, по што Перу станала шпанска колонија, а во 1535 година ја основал Лима, подоцна престолнина на Перу. 1810.- ...

1550.- Роден е францускиот крал Шарл Деветти. Во текот на неговото владеење од 1560 до 1574 година почнале верските војни меѓу римокатолиците и хугенотите (француските калвинисти). По наговор на неговата мајка Катерина де Медичи, која делувала во договор со папата Гргур Тринаесетти, во 1572 година го одобрил колењето на хугенотите во познатата Вартоломејска ноќ. 1574.- Во Фиренца умрел Џорџо Вазари, италијански сликар, архитект и писател, еден ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 ...

1491.- Роден е англискиот крал Хенри Осми. По прекинот со римокатоличката црква Хенри Осми спровел црковна реформа и прогласување на Англиканска црква (1534) независна од Ватикан, а со крал како врховен верски поглавар. Тој успеал да ја прошири власта на Велс, Шкотска и Ирска и успешно ја изградил силната флота – подоцна темел на англиската поморска сила. 1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф – просветител. Многу ...

На 24 јуни, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградска филхармонија предводена од славниот маестро Зубин Мехта во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, соопшти Филхармонија. Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на Симфонијата бр.7 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз. Маестро Мехта, еден од најголемите диригенти на ...

Синдикалната организација на Македонска филхармонија при СКРМ изразува задоволство од промената на владината одлука Џез-оркестарот да не биде сместен во нивните простории и што, сплотени, успеале во оваа битка. Но, потенцира дека немаат намера да ѝ се извинат на јавноста, како што побара од нив министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, туку и се заблагодаруваат за поддршката. -Единствена вистина на вчерашниот прес, беше само ...

Со претставата „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ од Србија во среда (21.06.2023) ќе се одбележи отворањето на годинешното десетто издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, што ќе се одржи од 21 до 25 јуни на фудбалскиот стадион „АМС Реонски центар“ во населбата Реонски центар во Општина Аеродром. Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и НУ Театар Комедија, а годинава акцентот на ...

Со претставата „Магбет“ од Српското народно позориште во Нови Сад вечерва (23 јуни) започнува деветтото издание на Битола Шекспир фестивал во Битолскиот народен театар. Годинешното издание се организира под мотото „Судбината за играчка ме има“, а програмата предвидува филмски проекции, концерти и танцови претстави. Денешната изведба на „Магбет“ во режија на Никита Миливојевиќ ќе биде во 20:00 часот. Утре (24 јуни) во 19 часот ќе се емитува ...

Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ вечерва со почеток во 20 часот во концертната сала на Македонската филхармонија ќе гостува Белградска филхармонија, предводена од славниот маестро Зубин Мехта. Мехта ќе го предводи оркестарот на Белградската филхармонија во изведбата на „Симфонијата бр. 7“ од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз. Со своите 87 години, маестро Мехта важи за еден од најзначајните диригенти на ...

Министерството за култура со задоволство го објавува успешното завршување на ексклузивната концертна турнеја, по повод 100-годишнината од формирањето на Белградската филхармонија, предводена од светски познатиот диригент Зубин Мехта. Во серијата, дел од иницијативата Отворен Балкан, Филхармонијата настапи во Белград, Тирана и Скопје, поттикнувајќи посилни културни врски меѓу трите нации. Се покажа како извонредна демонстрација на моќта на ...

Премиерот на Косово, Албин Курти ја оцени американската одлука да го прекине учеството на Косово на воената вежба во Европа под американско раководство како неправедна и катастрофа. Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, ден претходно соопшти дека Владата на Косово не ги координирала со САД акциите преземени на северот во државата и затоа ги претрпе првите последици, откажување на учеството на вежбите „Бранител Европа 2023“. – Она ...

Фановите се собираат пред портите на домот на Тина Тарнер во Куснахт во близина на Цирих откако синоќа беше објавено дека славната пејачка починала. Кралицата на рокенролот не напушти на 83 години по долго боледување , потврди нејзината портпаролка и со тоа навистина го претвори целиот свет во црно. Познатата пејачка беше пример за младите, кралица на рокенролот и жена која се бореше за подобар живот. Во текот на животот трпеше малтретирање, ...

ОВЕН Зголемената активност на вашето сообраќајно поле е одраз на зголемениот обем на работа. Денеска ќе постигнете натпросечни резултати. Партнерот ќе ви приреди убаво изненадување денес. Кратко патување и романтични моменти за двајца. Нервозни сте, напнати поради преголемите обврски. БИК Денеска ќе можете да ја завршите целата работа на време. Ќе добиете големи пофалби од претпоставените и колегите. Ве очекува ново познанство, на пократки ...

На место на професорот Јовев ќе дојде доктор кардиолог вработен во тетовската болница, дознава Канал 5. Засега решението се уште не му врачено на професорот Јовев бидејќи тој е на боледување. Меџити не ја откри причината за разрешувањето, кажа само дека имало нерегуларности, и дека медиумите тие информации ќе ги добијат од службите. Министерот вели дека ќе има промена и на други директорски места и дека од 2024 година ќе има раковдители во ...

Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев денеска во присуство на вработени и негови колеги од Клиниката рече дека за првпат земал боледување во 35 години работење, но го земал поради притисоци кои што ги имал. -Имав притисоци дека сум направил грешка во самиот протокол за настанот при отворањето на нова хибридна сала, единствена во регионот. Се случи да тоа беа уредно поканети сите, но единствено министерот за ...

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија. – Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен да побарам да се зголеми тој буџет, со цел Клиниката за ...

Доктор Нико Беќаровски, на социјалните мрежи го сподели својот став околу скандалот што деновиве ја тресе клиниката за кардиохирурхија. Bekjarovski Niko 18h · Организационите директори на Клиниките беа “измислени” во септември 2007 година, од тогашниот Министер Имер Селмани и тогашниот Премиер Никола Груевски, за наводно да ги водат сите технички работи по Клиниките и со својот врзан потпис да спречат било какви финансиски малверзации на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
61%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1010
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
59%
1013
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.69
52%
1011
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
88%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
67%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
68%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.66
45%
1011
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
49%
1012
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
0.51
60%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
32%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52