
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Речиси 36 милиони луѓе во европскиот регион, од почетокот на пандемијата со Ковид-19 можеби развиле долгорочни здравствени последици по инфекцијата со коронавирусот, велат податоците на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО). -Во просек, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет Европејци почувствувал или сè уште има такви последици, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге, на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и’ се обрати на јавноста по апсењето на тројцата косовски специјалци кои, како што рече, во полна воена опрема упаднале на територијата на Србија. „Важни се неколку работи, за да се избегнат шпекулациите, сега сме на крстосница дали ќе имаме мир или не затоа што има еден човек кој сака да предизвика војна, а тоа е Аљбин Курти, во тоа не се сомневам. Се плашам дека враќањето во нормала ќе биде тешко“, ...
Според косовските медиуми, се работи за лицето Блерим Даци, кој користел лажни документи со името Блерим Шабани. Информацијата за убиството денеска ја потврди и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој посочи дека стапиле во контакт со косовските власти и добиле потврда дека убиениот е македонски државјанин, но без да го каже неговиот идентитет. Извори на ТВ24 од обвинителството неофицијално потврдуваат дека една од насоките која води ...
Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Во прекин синоќа беше и стариот пат за Чачак, но сега е прооден. Поради големите врнежи утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што е наведено, до Краљево се стигнува преку обиколницата на општинскиот пат преку ...
Мисијата на НАТО во Косово (КФОР) соопшти дека „не била во областа кога српската полиција уапсила тројца косовски полицајци“ и ги повика Косово и Србија веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија. „КФОР испрати тим во областа и воспостави контакти со претставници на косовските институции и српските власти. Ги повикуваме двете страни веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани дејствија што можат да ...
Обвинителството во Краљево соопшти дека на тројцата уапсени косовски полицајци им е одреден притвор, јави дописникот на МИА од Белград. Вишото јавно обвинителство во Краљево донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничените Б. С., Р. З. и М. Ш. поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело-недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.Според предлогот на јавниот ...
Обилните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Муданија, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис, Тој додаде дека дождот предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија во регионот Муданија. Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, за испумпување на вода, ...
Министерството за надворешни работи информира дека на 17 јуни, на магистралниот пат Ељбасан-Пеќин, во Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало 8-годишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Ељбасан. Амбасадата на Македонија во Тирана е во комуникација со надлежните институции на Албанија и семејството на ...
Црногорската Специјална полиција по налог на Специјалното државно обвинителство утрово уапси неколку лица во продолжението на истрагата против шефот на тутунската мафија, објавија тамошните медиуми. Претресите на СПО се во тек низ цела Црна Гора. Според првите податоци на „Вијести“, потерницата содржи имиња на неколку важни личности од врвот на тутунската мафија. Станува збор за проширена истрага на Специјалното државно обвинителство за шверц на ...
Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел ги покани Александар Вучиќ и Албин Курти на итен, кризен состанок во четврток, 22 јуни. Курти ова го потврди за приштинските медиуми, наведувајќи дека Брисел се предомислил за датумот. „Побарав итен состанок истата недела и предложив план од пет точки. Но дојде поканата дека средбата ќе се одржи следната недела.. Ќе разговарам со мојот тим и ќе им одговориме на почетокот на неделата“, рече Курти. . ...
Косовската полиција уапси уште еден Србин под обвинение за воени злосторства извршени пред 25 години. За тоа време, поради актуелната криза, околу 700 камиони чекаат на паркинзи од Краљево до Јариње, бидејќи им е забранет влезот во Косово од Приштина. Тројца косовски полицајци се уште се во притвор во Србија. Се отвори проблемот со снабдувањето на продавниците на северот на Косово. Приштина им препорачува на сите граѓани кои сакаат да влезат во ...
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жосеп Борел соопшти дека ги повикал српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, на итна средба во Брисел со цел да се најде излез од актуелната криза, јави Мина. Борел на Твитер напиша дека е потребна итна деескалација и нови избори на северот на Косово, со учество на припадниците на српската заедница. „Ова е најважното нешто за регионот и ЕУ“, напиша Борел. Вучиќ ...
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека се потребни нови избори во четирите општини на северот од Косово, затоа што излезноста беше мала откако тамошното доминатно српско население ги бојкотираше претходните, и додаде дека сфаќа дека избраните градоначалници немаат целосен легитимитет. „Од друга страна, мора да изнајдеме вистинско решение, а не да работиме надвор од законот. Можно е да има петиција на граѓаните во која ќе се бара да биде ...
Во Грција денеска е предизборен молк во пресрет на утрешните парламентарни избори, а вчера партиите ги одржаа последните предизборни митинзи –претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис одржа говор во центарот на Атина, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас говореше во Солун, а претседателот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис одржа митинг на Крит. Нешто помалку од десет милиони граѓани утре ќе гласаат на изборите на кои ...
Предмет на јавниот повик до граѓаните се неповратни финансиски стимулации за купување на поеколошки нови или половни електрични возила, кои примателот на стимулацијата ќе ги задржи во сопственост најмалку две години. Вкупно за оваа намена фондот подготви шест милиони евра. За правните лица фондот е 2,5 милиони евра. Максималниот износ на стимулација, односно 6.500 евра, може да се добие за купување ново електрично возило за превоз на патници со ...
Грчката конзервативна партија Нова демократија убедливо победи на повторените парламентарни избори во неделата, а гласачите на нејзиниот водечки кандидат премиер во минатиот мандат Киријакос Мицотакис јасно му доверија уште еден четиригодишен период на премиерската должност. По преброените 91 отсто од гласовите, Нова демократија водеше со 40,5 отсто од гласовите што ѝ носи 158 мандати во 300-члениот парламент, според податоците на министерството ...
Доколку УЈП престане целосно со работа, а царина ги спушти рампите тоа би значело дека нема да има исплата на плати во цела држава, наплата на придонеси и даноци, прибирање средства во Буџетот по основ на казни и давачи, нема да има наплата на царини. Министерот за финансии тврди, согласно закон не можело да се стопира исплата на плата, но синдикатот и експертите го демантираа – не постои таков закон. Правото на штрајк е загарантирано со устав. ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 251 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 136 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, десет санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се четири санкции за минување на затворен сигнал – ...
Мерко веќе една недела се крие во глувчешка дупка, избегнува да се појави пред јавноста и медиумите, а за тоа очигледна поддршка има од неговата матична партија ДУИ и нивниот подизведувач во владата СДС велат од ВМРО-ДПМНЕ. – Од една страна секој ден устите им се полни со САД и ЕУ, а од друга страна кога нашите меѓународни партнери, ќе укажат директно со име и презиме на криминални активности, кои ги сторил нивен сопартиец, тогаш молчат, се ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а за исто толку се зголемува цената на дизел горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 71, а Екстра ...
„Сакаме да потенцираме дека Судскиот совет за прв пат ја добива на увид спомената претставка од ДКСК на 18 ноември 2019 година адресирана до тогашниот претседател Здравев. По направените проверки во архивата на советот, дојдено е до сознание дека претставка поднесена во 2018 година воопшто не е заведена во електронскиот систем. Оттаму зачудува паушалното тврдење на ДКСК дека претставката е загубена“, реагираат од Судски совет. Од Судскиот совет ...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 445 возачи.Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 309 возачи ја пречекориле ...
Сообраќајот на патниот правец Велес – Скопје е нормализиран, само во тунелот кај Катланово се одвива по една коловозна лента, соопшти АМСМ. Автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, попладнево беше целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода. Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип – Скопје. Во МВР попладнево, во 16:55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 186 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции. Како што соопшти МВР, изречени се и 15 мерки за возење без возачка дозвола, една за управување возило под дејство на алкохол, осум за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли. шест санкции за минување на ...
Тим државни обвинители од вчера ги контролираат предметите за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во ОЈО Струга и во Вишото јавно обвинителство во Битола, а денеска од Судскиот совет ќе вршат проверки во Струшкиот суд, откако минатата недела тој е ставен на црната листа на САД поради сомнежи за корупција. Мерко, пак, вчера преку социјалните мрежи порача дека ќе биде отворен „за поддршка на правдата и за секој процес пред правосудните органи”. ...
Кога јавноста мислеше дека дното е постигнато, со тоа што внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети го купил бизнис центарот Соравиа, на 24 год, за 30 милиони евра, затоа е тука вториот внук, кој со само 10 месеци стаж, станува прв секретар во амбасадата во Брисел, поставен токму од министерот Османи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека внукот, Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, од министерството за економија на кој се ...
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има ...
Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница во проширен состав донесе одлука да продолжи дијалогот со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, заради како што се наведува, постигнување на општествен консензус. Оценка на Извршниот одбор е дека дијалогот со опозициската ДПМНЕ за уставните измени треба да продолжи. Кога веќе ДПМНЕ не е против уставните измени, кога се согласи за учество во заедничка влада, нема причина дијалогот да не ...
Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа за електричната енергија во периодот од 13 до 15 часот, објави денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. Тоа, посочи Бислимовски, е максимумот што можевме да го направиме и очекуваме во наредниот период да почне промената на броилата.Евтината тарифа не ја воведуваме од какви било политички причини, туку заради сигналот на цената на ...
Собранието на Република Северна Македонија во секој момент е подготвено да ја почне постапката за уставни измени, изјави денеска претседателот на Парламентот Талат Џафери на брифинг со новинарите. Од моментот кога тие ќе бидат доставени до Собранието од предлагачот до моментот на утврдување на потребата за промена на Уставот потребни се 30 дена. Засега, како што вели, нема најава кога уставните измени би можеле да влезат во собраниска ...