1491.- Роден е англискиот крал Хенри Осми. По прекинот со римокатоличката црква Хенри Осми спровел црковна реформа и прогласување на Англиканска црква (1534) независна од Ватикан, а со крал како врховен верски поглавар. Тој успеал да ја прошири власта на Велс, Шкотска и Ирска и успешно ја изградил силната флота – подоцна темел на англиската поморска сила. 1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски писател и филозоф – просветител. Многу ...
– Денеска е Меѓународен Олимписки ден 1533.– По неуспешната опсада на Виена во 1529 година и безуспешниот поход на престолнината на Австрија во 1532 година, турскиот султан Сулејман Втори со Австрија морал да потпише договор за мир. 1874.- Воспоставена била првата телефонска врска помеѓу Бразил и Европа. 1898.- Роден е германскиот писател Ерих Марија Ремарк (вистинското име му било Ерих Паул Крамнер). Дела: „На запад ништо ново“, „Враќање“, ...
1501.- Португалскиот морепловец Педро Кабрал се вратил во татковината од патувањето кога Бразил го прогласил за посед на Португалија. 1633.- Судот во Рим, составен од црковни лица, го осудил Галилео Галилеј на доживотна робија, а неговите дела ги забранил како опасни за христијанскиот свет. Тој работел на откривањето на тајните од областа на астрономијата. Во 1608 година го конструирал првиот телескоп со кој дошол до нови сознанија за движењето ...
79.- Умрел римскиот цар Тит Флавиј Веспазијан, основач на династијата Флавиевци. Во текот на владеењето од 69 година победил во борбата против еврејските востанија во Палестина. Во Рим ги подигнал величествените објекти како што се Колосеумот, Капитол и Амфитеатарот. 1497.- Англискиот морепловец Џон Кебот ја открил Канада и ја прогласил за Северна Америка под влијание на Велика Британија. 1509.- Хенри Осми, вториот монарх од династијата Тјудор, ...
– Денеска е Ден на телесните инвалиди на Македонија 1867.- Американецот Лисјен Смит ја патентирал бодликавата жица. 1903.- Роден е англискиот писател Џорџ Орвел (вистинското име му е Ерик Артур Блер). Дела: романите „1984“, „Животинска фарма“, „Бурмански денови“, „Никој и ништо во Париз и Лондон“, есеите „Критички есеи“, „Лов на слонови“, „Англија, ваша Англија“, книга за Шпанската граѓанска војна „На Каталонија со љубов“. 1905.- Меѓу селата ...
– Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура – Светски ден на борба против дрогата 1541.– Во судирот меѓу шпанските освојувачи за власт на новооткриените територии бил убиен нивниот водач Франциско Писаро. Тој во 1532 година, со само 200 војници, со измама, ја зазел престолнината на Инките, Кахамарка и го заробил царот Атахуалпа, по што Перу станала шпанска колонија, а во 1535 година ја основал Лима, подоцна престолнина на Перу. 1810.- ...
1550.- Роден е францускиот крал Шарл Деветти. Во текот на неговото владеење од 1560 до 1574 година почнале верските војни меѓу римокатолиците и хугенотите (француските калвинисти). По наговор на неговата мајка Катерина де Медичи, која делувала во договор со папата Гргур Тринаесетти, во 1572 година го одобрил колењето на хугенотите во познатата Вартоломејска ноќ. 1574.- Во Фиренца умрел Џорџо Вазари, италијански сликар, архитект и писател, еден ...