Ви тврдам дека додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај ако нема некоја компонента или материја, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со набавката на глукомерите и лентите за дијабетичарите. Министерот, решение за проблемот со ленти за мерење шеќер и апарати го гледа во воведување на референтни цени во аптеките и секој корисник до одредена цена може ...

Потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап до топлинските станици и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата апелираат од ЕСМ. Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1 Октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. ...

Македонија има се помалку домашно производство на храна. И она што го има, добар дел заминува надвор од државата зашто, според земјоделците, било далеку подобро платено за разлика од кај нас. Иако власта се пофали дека земјоделството цвета, сепак сликата од терен е дека нивите остануваат пусти, зашто нема кој да ги работи, објави Алфа. Иселувањето, односно напуштањето на руралните средини, ниските откупни цени на производите добиени од фарма, ...

Човекот во чиј подрум МВР најде дрога е началник за киминалиатички истраги и екс истражител на СЈО (Специјалното јавно обвинителство, тврдат извори во полицијата кои се чудат на однесувањето на Спасовски и неговиот тим одговорен за односи со јавност. Според изворите началникот бил сопственик на една од двете простории кои пред неколку дена биле предмет на истрага и во која е најдена поголема количина на дрога. МВР тогаш информираше за акцијата ...

ФЕРО ИНВЕСТ преку своите фирми ЕМС-Energy Maintainance Solutions и БРАКО почна да произведува електрични трафостаници, коишто можат да се користат за електрани на обновливи извори на електрична енергија, но и за други индустриски капацитети, за станбени згради и населби, и за други потреби на компаниите и граѓаните. Трафостаницата е проектирана од архитектите од ФЕРО ИНВЕСТ/ЕМС, електричната опрема во трафостаницата е изработена и поврзана од ...

Бимилк во изминатата година делуваше проактивно во однос на ценовната политика и ги намали цените на најкупуваните млечни производи. Исто така, со наменски мерки насочени кон фармерите влијае и го поттикнува примарното млекопроизводство со цел одржливост на млечната индустрија во земјава. Една од најголемите млекарници во државата работи во полн капацитет и непрекинато го снабдува пазарот со млечни производи. Ова беше констатирано при денешната ...

Во новото издание на емисијата „360 степени” што ќе се емитува в понеделник од 20.15 часот на МРТ 1 ќе гостува поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Пред неколку дена се навршија три години откако Јанкуловска почна да ја издржува четиригодишната казна затвор за набавката на мерцедесот, предмет познат во јавноста под кодното име „Тенк”. Во интервјуто зборува на повеќе теми: престојот и условите во затворот, ...

Министерството за надворешни работи на Франција соопшти дека го назначи Рене Троказ за специјален пратеник за Западен Балкан и наведе дека тоа е во согласност со зголеменото вклучување на Франција во регионот, во контекст на пристапот на Западен Балкан кон Европската Унија. Специјалниот пратеник Троказ ќе биде вклучен во најважните прашања од регионалната политика, во координација со неговите европски и американски колеги, пишува РТК лајв. ...

Брисел внимателно следи дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ за смирување на тензиите на северот на Косово и доколку оцени дека Белград не ги почитува, е подготвен да размисли за воведување казнени мерки против властите во Србија. Ова на дело го изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борељ, докажувајќи ги стравувањата на нашата страна дека крвавата пресметка во Бањска ќе биде искористена за дополнителен притисок врз нашата земја и ...

Цела недела владата молчи дали со потпис на Артан Груби ја уортачиле државата со бугарската мафија? Праша на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. -Дали со потпис на Груби, а потоа и со потписот на неговиот шеф на кабинет, сега директор на државната Лотарија, Перпарим Бајрами, во земјава е договорен влез на бугарската 8888.бг, односно сестринската 7777.бг, фирми за онлајн коцкање на бугарската мафија? Дали ...

Македонското население, кое изминатите години има земено бугарски пасоши од економски причини за работа во Европската унија, се соочува со закани дека ќе им бидат одземени пасошите, доколку на овој попис не се запишат како Бугари, вели во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на македонски весник „Илинден“. Ѓурѓај како аргументи наведува дека во изминатите 11 пописи ...

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради силното невреме кое носи поројни поплави. Многу од градските подземни системи, улици и автопати се поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот пред подоцна повторно да биде отворен. Дожд до 20 сантиметри падна во некои делови од градот. „Ова е опасна, опасна по живот бура“, рече гувернерката Кети Хочул. „Прогласувам вонредна состојба низ Њујорк, Лонг ...

Компанијата Гранит“ која на фирмата чиј сопственик е бизнисменот чие скапо Ауди го вози вицепремиерот Артан Груби ќе ја гради и тетовската обиколница. На тендерот била „заобиколена“ аукцијатамкоја што е законски предвидена за вакви набавки, јавува неделникот Фокус. ,,ЈП за државни патишта склучило договор вреден над 12 милиони евра за изградба на првата фаза од обиколницата на Тетово со АД „Гранит“, која ја гради и автопатската делница кон ...

ВМРО-ДПМНЕ презентираше нови докази за неквалитетно млеко и млечни производи кои завршиле на македонскиот пазар. -Ова е едниот резултат кој го презентирам на јавноста, се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на афлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на афлатоксин над дозволената граница. Јавно ...

Поранешниот премиер Зоран Заев, денеска, на 5.годишнината од референдумот за Преспанскиот договор, порача дека е време за нов македонски успех. „Во тоа име повикува на одговорност и на постапки со кои ќе ги обезбедиме сите услови и ќе го искористиме поволниот геополитички момент за наше членство во Унијата најдоцна до 2030 година. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот за да продолжи по европскиот пат. За да се реализираат уставните ...

Со стартот на новата академска година, студентите кои ги исполниле условите за субвенциониран оброк од понеделникќе може да го користат ваквата поволност, информираат од МОН. Студентите не сакаат „дозиран“ оброк Оваа година износот ќе изнесува 140 денари, ќе се исплаќа на дневна основа, а средствата ќе може да се трошат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Сите студенти кои се ...

Словаците гласаат за парламентарните избори на кои се очекува тесна борба меѓу поранешниот левичарски премиер Роберт Фицо, кој вети дека ќе ја прекине воената помош за соседна Украина, и прозападните либерали предводени од лидерот на ПС, Михал Шимечка. Конечните анкети покажаа дека двете страни се во мртва трка, при што се очекува победникот да биде првиот што ќе се обиде да формира влада што ќе ја замени привремената администрација која од ...

„Невладините организации кои спасуваат мигранти во Медитеранот ќе мора да ги истоварат во земјите по чие знаме пловат нивните бродови. Oсобено во Германија, доколку не се најде подобар компромис за статусот на азил и имиграција“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во главниот град на Малта, Валета, каде се одржува Самитот МЕД9. Таа го отфрли амандманот што го претстави Германија за статусот и улогата на невладините организации…a ...

„Бела ноќ 2023“ ќе започне со централната манифестација пред порта „Македонија“, во 20 часот. Ќе се изведуваат композициите на маестро Кире Костов од страна на Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски, придружувани од Биг бенд оркестарот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски, проследени со специјално визуелно шоу со 3Д-мапирање на портата. Ќе претходи рок-концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“. Првото ...

Официјален Вашингтон е загрижен за српските тенкови и артилерија распоредени во последниве денови на границата со Косово. „Набљудуваме големо српско воено распоредување долж границата со Косово*, кое вклучува невидено поставување напредна српска артилерија, тенкови, механизирани пешадиски единици. Веруваме дека ова е многу дестабилизирачки развој“, изјавил портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, пренесуваат ...

На рекордни 40 години затвор за убиство и обид за убиство беше осуден вчера Славе Илиев (61) од село Подлес. Убиството го сторил пред три месеци во своето родно село, во општина Градско. Илиев со пиштол го застрелал 42-годишниот велешанец Миле Димов, а неговиот другар Миле Воденичаров тешко го ранил. Причина за убиството е тоа што Димов копал водоводен канал крај својата викендичка, а на соседот Илиев со кого подолго време бил во кавга, тоа не ...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија, соопшти Министерството за одбрана. Во базата во Ново Село каде што се сместени мултинационалните сили на НАТО, министерката Петровска и нејзиниот бугарски колега Тодор Тагарев ќе бидат пречекани од македонскиот и бугарскиот контингент, по што министерката Петровска ќе ...

Не помина ни еден ден по средбата на актуелниот и екс лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и Зоран Заев и веднаш го фатија СДСМ како лаже. Со мало истражување Твитерџии ја разбија лагата на СДСМ дека во Македонија била отворена најголемата фотоволтаична централа на Балканот со која се пофали Ковачевски. Најмалку две централи од таков вид во регионот се поголеми од таа со која што се фали СДСМ а која не е проект на владата на Ковачевски туку ...

Рускиот претседател Владимир Путин им го честиташе на сите жители на земјата Денот на обединувањето на Народните републики Доњецк и Луганск (ДПР и ЛПР), Запорожје и Херсонските региони со Русија, пренесува ТАСС. Во видео пораката по повод овој датум, шефот на државата потсети дека на 30 септември 2022 година се случи историски и судбоносен настан – потпишување на договор за прием на четири нови субјекти во Русија. Како што истакна, жителите на ...

Северноатлантскиот совет вчера даде овластување за испраќање дополнителни сили од Обединетото Кралство во Косово, доколку е потребно, за да ја решат актуелната ситуација. Ова се наведува во одговорот на претставници на НАТО на анкетата на „Косово онлајн“, колку дополнителни војници Алијансата ќе испрати во таканареченото Косово и од кои земји, пренесува Б92. Нема да коментираме конкретни оперативни детали“, изјави претставник на НАТО. Како што ...

Исплатата на октомвриските пензии за околу 330 илјади пензионери во земјава, започнува во понеделник, 02 октомври. Усогласувањето или како што некои го нарекуваат „зголемување“ ќе биде 5,3, а не 6.8 насто како што беше најавувано во неколку наврати Од Министерството за труд и социјала за Сител велат: „Согласно методологијата и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември ќе биде зголемена за 5.3%. Ова е второ ...

„Груевски тоа што сам го сруши сега плаче да му се донесе – Членот 353!“, изјави поранешниот премиер (1998-2002) Љубчо Георгиевски во емисијата „Трилинг“. Рече дека членот 353 е член со најголема историја во македонскиот правосуден систем. „Кога почна транзицијата раните 90-ти последната комунистичка власт членот 353 го тргнаа и го избришаа. Првите 10 години од македонската транзиција кога беа најголемите приватизации членот 353 не постоеше. ...

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, упати нова порака до Македонија со стара содржина. „Бугарија јасно го соопшти својот став за прашањето со Северна Македонија. Ние не поставуваме нови услови, но инсистираме да биде исполнет компромисот од јули 2022 година. И напомнувам дека во него има три меѓусебно поврзани моменти: уставните измени, Договорот за добрососедство и двата протокола“, одговори Габриел ...

Плакатот за локалните избори на 29 октомври во Бугарија на кандидатот за градоначалник на Благоевград, Атанас Кирјаков-Војводата, го краси стих од патриотската „химна“ на Македонците „Народе македонски“. Со „не сакаме богатство, не сакаме пари, тук’ сакаме слобода и човечки правдини“ на бугарски јазик им се обраќа на избирачите македонскиот активист од „главниот град“ на Пиринска Македонија, а во заднината е споменикот на апостолот на ...

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членовите на ИК на партијата, Ели Панова и Дафина Стојаноска и меѓународниот секретар Стефан Андоновски, оствари средба со Роберт Скот Хејзлет и претставници на Националниот демократски институт. -На средбата се констатираше одличната соработка која ја има ВМРО-ДПМНЕ со НДИ, во форма на различни обуки, семинари, трибини и друг вид на едукативни и тренинг настани. Констатиравме дека ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
82%
1015
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.57
76%
1014
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
59%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
81%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
74%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
77%
1015
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 14ᴼ
1.34
55%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52