
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



За штетата на долниот дел од мостот Беласица, настаната во пожар на 12 мај, обврска презело ЕСМ изјави денеска градоначалничката Данела Арсовска. Според неа, оној што го предизвикал оштетувањето на мостот треба да го санира и ЕСМ презел одговорност и обрвска да го направи тоа. По мостот „Беласица“ се вози, но дали и колку е безбеден Арсовска вели дека штетата на мостот е козметичка. „Мостот е безбеден и сигурен, тоа ние го имаме како ...
Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, во денешното интервју за Гласот на Америка вели дека работната група која ги изготвувала измените на кривичниот законик не го дочекала мислењето за содржината од Антикорупциска, пред да бидат изгласани набрзина во Собранието. За Ивановска најчудно е тоа што во испратената содржина за која се барало мислење од ДКСК воопшто ги немало спорните членови со кои се ...
Заврши изградбата на фотоволтаичната централа од 55 MW во Новаци, асоопшти Компанијата „Меј Енерџи“ со што Македонија ја доби најголемата соларна централа во регионот. Централата во Новаци ја надмина онаа во БИХ од 45 MW која влезе во пробна фаза, јавува ТВ21 Инвестицијата во Новаци е вредна 40 милиони евра. Се простира на 57 хектари, и има 101.000 панели. Вклучува преку 856 километри кабли. Изградбата почна во ноември, а сите изведувачи се од ...
Државните Елекратни се споија со термоелектраната на мазут ТЕЦ Неготино во спогодба на присоединување на трговски друштва што ја иницираше Владата, пишува Фактор. Претходно ТЕЦ Неготино работеше како засебен субјект во владина сопственост. Претходно, на крајот од 2022, Владата ја задолжи Електрани на Македонија да почне постапка за изработка на физибилити студија за јавно-приватно партнерство или за продажба на ТЕЦ Неготино. Проценка на неговата ...
Измените на Кривичниот Законик, покрај скриената амнестија за обвинетите функционери кои се гонеа за ,,Злоупотреба на службената положба и овластување”, во иднина дополнително ќе им ги врзат рацете на инспекторите и обвинителите, бидејќи покрај скратување на роковите за постапување и ограничување на притворот на само 8 дена, им се кратат и други ,,алатки”, со кои полесно се докажува криминалот – пишува Фокус. Па така, отсега за кривичното дело ...
Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа. Часовниците биле откриени во картонска кутија за која лицето, кое управувало со автомобилот, изјавило дека е пратка со лекови, испратена од негов пријател за болно дете. – По ...
Ако мислите дека струмичани јадат поевтин зеленчук од останатите градови во земјава, се лажете. Затоа доволно е да го посетите пазарот на големо во овој град. Празен е. Причината е што нема производители во толкав број како порано, а тие што останале, продаваат на откупни центри. Во вакви услови, зеленчукот што тука се произведува е со подеднакво високи цени како и во другите места во државата, објави Телма. Но, и трговците не минуваат подобро. ...
„ЛИЦА НА РЕВОЛУЦИЈАТА“, е насловот на изложбата на досега необјавени портрети на македонски револуционери, објавува Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Во годината кога одбележуваме три значајни јубилеи, од кои секој е клучен и значаен за македонското ослободително движење: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонската револуционерна организација, ...
Во овој момент не може да се оцени дали мостот „Беласица“ во Скопје е безбеден за употреба или не, вели деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски. Тој останува на ставот дека се потребни продлабочени и пообемни испитувања за утврдување на состојбата на мостот кој пред неколку месеци беше зафатен од пожар. „Во однос на мостот Беласица и безбедноста за неговото користење досега имам повеќе пати излезено со изјави во јавноста. ...
Маркетите се затвораа затоа што правеа измами со производите со загарантирани цени. Ние мораме да ги заштитиме потрошувачите, вели министерот за економија Крешник Бектеши во СТУДИО 10 на ТВ 24. – Граѓаните уште од денес ќе забележат дека одредени производи кои не спаѓаат во категоријата со загарантирани цени уште од денес ќе бидат со намалени цени. Граѓаните да бидат спокојни, државата презема мерки. Овие мерки ќе ја намалат инфлацијата и до ...
Казна од 10 години до доживотен затвор им се заканува на српските напаѓачи во инцидентот кај селото Бањска во Косово во кој загинаа косовски полицаец и тројца Срби , пренесува Н1. Во хаосот по инцидентот има многу спротивставени информации за бројот на уапсени. Но, врз основа на соопштението на косовското обвинителство, може да се заклучи дека осудените се соочуваат со високи казни. „На сторителот му се заканува казна затвор најмалку десет (10) ...
Во текот на вчерашниот ден околу пладне припадници на МВР извршиле претрес во две простории на територија на град Скопје при што е пронајдена поголема количина на дрога. Според извори во МВР едната од просториите е сопственост на висок полициски функционер. Во акцијата на МВР е уапсено едно лице но тоа не е високиот полициски функционер кој е сопственик на една од просториите каде е пронајдена дрогата. Во потрагата на МВР е користено и ...
По повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, шефот на државата упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија. „Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите припадници на бошњачката етничка заедница да им го честитам 28 Септември ‒ Меѓународниот ден на Бошњаците и најискрено да посакам денешниот ден да го поминат во добро расположение, исполнети со ...
На денешната седница на Владата биле донесени одлуки за намалување на царинските давачки за овошје и зеленчук на 10 насто, од сегашните 65%, изјави за СТУДИО 10 на ТВ 24 министерот за економија Крешник Бектеши. Исклучок останува царината на доматите, краставиците и пиперките за да им е остави простор на домашните земјоделци, вели Бектеши според кој добро е што има зголемен извоз на земјоделски производи, но примарен треба да е домашниот пазар. ...
Во декретот објавен во четвртокот, Владата на меѓународно непризнатата Република Нагорно-Карабах нареди да се распуштат „сите државни институции и организации“ во регионот на Кавказ почнувајќи од 1 јануари 2024 година. На овој начин, Нагорно-Карабах „ќе престане да постои“, објавија ерменските медиуми, повикувајќи се на изјава на премиерот Самвел Шахраманијан, кој го потпишал документот, јавува Дојче веле. Нагорно-Карабах му припаѓа на ...
Пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска од Охрид мисли дека на граѓаните не е им е важно дали некој функционер што краде лежи 5 или 10 години. Гостувајќи во емисијата Анализа на ТВ24 таа обидувајќи се да ја релативизира одлуката на власта да ги намали канџите за корупција на владините функционери вели дека на граѓаните не им било важно колку долго ќе лежат тие што крадат од нив. Лазаревска појаснува дека измените на Кривичниот законик биле ...
Поради непочитување на последните одлуки на Владата за намалување на цените за 10 отсто на одредени производи, Државниот пазарен инспекторат синоќа затвори уште пет маркети , дознава Фактор Казнети се и затворени 5 маркети во Кавадарци, Гостивар, Куманово и Тетово, информира директорот на ДПИ, Горан Трајковски. „Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се подготвени за парламентарните, покраинските и за избори во Белград на 17 декември. Разговарав со неколку луѓе, некои се за тоа, некои се против. „Во моментов мислам дека тоа не е клучно прашање, но мора да ја почитувате демократијата, мора да ги почитувате опозициските партии, што и да мислите за нивната работа, а јас не сум некој што се восхитува на нивната работа. И овде зборувам како ...
Ова е шокантниот момент кога келнерите се скараа со „странските клиенти“ откако избувна кавга во кафуле на познатиот плоштад Свети Марко во Венеција. На снимката се гледа како група мажи меѓусебно се туркаат и удираат во масите и столовите на надворешната тераса на Кафе Чиоџиа на плоштадот Свети Марко. Може да се види како мажите се клоцаат и шлакаат еден со друг, додека еден маж држел стол пред градите, навидум за да се заштити. Туристите кои ...
Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа на ТВ 24 вели дека од неговата партија ќе го бојкотираат законот за амнестија зашто станува збор за пуштање криминалци на слобода. Тој вели дека ова се преви по втор пат а дека и сега поентата е да одработат за ДУИ и СДСМ за време на изборите. Ова е обланда за криминалците да се најдат на слобода. „Јас не верувам дека ова се ситни криминалци. Денеска дознавам дека Хаки и Фејзи Азири ќе се ...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ и дека најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на ЕУ. Ова меѓу другото го вели шефот на македонската дипломатија во интервју за германбски ФАЦ. На прашањето дали има гаранции дека Бугарија нема да поставува натамошни барања по евентуалното усвојување на ...
Најтешкиот криминал го прават криминалците со бели крагни. СДСМ со првата амнестија имаа за цел да постигнат изгласување на Преспанскиот договор. Потоа сфатија дека Собранието може да се искористи за вакви цели и за амнестирање на оние од своите редови чиишто дела ќе застарат. Затоа толку набрзина беа донесени измените на Кривичниот законик, за само седум часа. Со измените на Кривичниот законик ги спасивме функционерите од минатата и сегашната ...
„Овој месец е во знак на таканаречениот ‘мега скандал’ и случајот со крадење на биолошка терапија. Се изредија политичари со згрозувања и зачуденост како тоа може да се случи, се изнаредија доктори да кажат колку се срамуваат што се се дел од докторската фела, се јавија и партиите да ја дозамаглат состојбата“ – пишува на Фејсбук докторот Вело Марковски згрозен поради тоа што, како што вели, овој случај доведе до губење на довербата во ...
Делови од централна Грција се поплавени по втор пат за помалку од еден месец, бидејќи бурата „Илијас“ ја зафати земјата со пороен дожд и грмотевици. Најпогодени области се градот Волос во Тесалија и северна Евија, јавува Greek reporter. На жителите на Волос им беше забрането да патуваат бидејќи невремето поплави патишта, подруми, домови и деловни објекти. Врнежите се закануваат повторно да ги подигнат водите на реката Крафсидонас на опасни ...
„ Можам да ви потврдам дека веќе в сабота 30 наши колеги заминуваат за Словенија, а оттаму за Германија. Вкупната бројка на возачи кои ќе го напуштат ЈСП е околу 100 и сите треба да одат во германскиот град Мајнц бидејќи имаат потпишано договори“, вели синдикалецот Маријан Поповски за Плусинфо. „Заминувања на возачи од ЈСП има во последните неколку месеци, а и ќе продолжат да си одат, бидејќи не се задоволни од условите за работа. Доколку е во ...
Во интервју за ТАСС кое треба да биде објавено денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да преговара за Украина, но имајќи ги предвид реалноста на теренот и руските безбедносни интереси. „Нашиот став останува: ние сме подготвени да преговараме, но да преговараме во поглед на реалноста што сега се развива на терен и во поглед на нашата позиција, која им е добро позната на сите, во поглед на ...
Заменик-претседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли, која ја претставува Социјалдемократската партија на Германија (СПД), рече дека Украина најверојатно нема да се приклучи на Европската унија до 2029 година. „Колку што разбрав, преговорите се во тек, но сигурно ќе биде потребно долго време пред вистинскиот пристап“, рече Барли во интервју за НТВ и за РТЛ, додавајќи дека Украина најверојатно нема да стане членка на ЕУ за време на ...
Со својот најдобар настап во досегашниот тек од сезоната, ракометарите на Еурофарм Пелистер му дадоа достоен отпор на четирикратниот европски првак и уште толку пати вицешампион Кил, од кој загубија со 23:20 во Битола во третото коло од групата А во Лигата на шампионите. За разлика од подредената улога против норвешки Колстад дома и со Олборг во Данска, македонскиот првак дури во завршницата потклекна против еден од фаворитите за титулата, во ...
Државниот празник 11 Октомври не случајно е избран за промоција на хитот во најава „Мојата Македонија“ на Давид Темелков, кој десетина години со успех гради музичка кариера во Хрватска, но со еднаков жар се труди да биде присутен и на македонската естрада. Како вљубеник во својата татковина, поп-пејачот се определи токму за Денот на народното востание на македонскиот народ за да го сподели со своите обожаватели напливот на емоции при ...
Министерството за внатрешни работи нема да казнува, ама сепак патните исправи на граѓаните нема да важат ако сакате да излезете надвор од државата. Тоа значи дека ако не смените пасош до февруари 2024 година, од овој термин па натаму нема да може да поминете на ниту еден граничен премин и пасошот со „Република Македонија“ ќе ви биде буквално само за дома. Според досегашните решенија со личната карта на која пишува „Република Македонија“, а не ...