
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Благодарница и икона на Исус Христос во име на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, му врачи денеска амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов, на раководството на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Изразената благодарност до тимот на медицинската установа е за укажаната лекарска помош на настраданииот навивач Драгомир Андонов од нападот со ладно оружје пред ...
Никој не објаснува во зошто МНР ќе плати толку пари за возила за самитот на ОБСЕ во Скопје, споредено со регуларната цена по која обичен граѓанин би изнајмил возило од посочената фирма. Телма се обиде да добие одговори од надлежната институција, но безуспшено. На потег сега се и антикорупционерите кои за вакви слични случаи досега отвораа предмети по сопствена иницијатива. Во меѓувреме, јавноста гласно критикува во изминатите денови, откако на ...
Според министерот за економија, Крешник Бектеши навистина треба сериозно да се размислува, во интерес на економијата, доколку средното образование треба да биде задолжително кај нас. „Мораме искрено да кажеме дека сите се соочуваме со исти проблеми и навистина мора да почнеме да правиме избор кој ќе има корист за економијата во целина. Зборуваме за невработеност од 13 или 14%, ако ја погледнете структурата на невработените ќе забележите дека се ...
Поставувањето на Миликије Халими за директорка на АД Аеродроми, која претходно беше вработена во Царина со средно медицинско образование, ја отвора пандорината кутија, колку партиски кадри се поставени на високи функции а без соодветно образование. Експертите постојано предупредуваат дека партиите на власт си ги вдомуваат своите кадри за да им се оддолжат за сработеното, но неретко, се поставуваат директори без бараната диплома или без работно ...
Откако нејзин сведок на претходно рочиште и го урна предметот со тврдење дека Жан Митрев не наметнувал туку одбивал барања за лечење со методата на хемофилтрација, денеска се случи нов резил за обвинителката Искра Хаџи Мишева во случајот против кардиологот и неговата ,,Клиника Жан Митрев”. Денеска во кривичниот суд во Скопје пропадна рочиште затоа што не можеше да дојде до сведочење на двајца нејзини сведоци против кардиологот Митрев. Иако ...
Земаа од компаниите за наводно да има за граѓаните, ама од нивниот џеб не им се дава. Функционерските плати кои неодамна пораснаа за 78%, никако да се намалат. Уште на 17 октомври, Владата требаше да претстави ново законско решение за намалување на платите. Барем според тогашните ветувања на вицепремиерот за економски прашања. Минатата недела Владата не задолжи, работна група од 4 министри, кои што утре треба да дадеме законско решение за ...
Есенската сеидба речиси и да не почнала. Земјоделците се жалат дека поради сушата голем дел од површините може да останат непосеани што навестува дека следната година ќе произведеме помалку пченица од вообичаеното, објави ПлусИнфо. – Ако порано се жалевме на високите цени на семенскиот материјал, на ѓубривото и нафтата, дека имаме недостиг од нив, годинава ги имаме иако цените вообичаено се високи, но немаме дожд за успешна сеидба. Во старт ...
„Едно од важните прашања поврзани со патот на * Македонија е прашањето за македонскиот литературен јазик. Ковачевски, Османи и Маричиќ често повторуваат дека македонскиот јазик е веќе признат во Европската Унија и оти тоа прашање нема да биде на дневен ред во натамошните преговори. Со тоа ги лажат Македонците. Бугарското собрание во 2019 година донесе декларација за непризнавање на македонскиот народ и македонскиот јазик и таа обврска ја има ...
Грчкиот електроенергетски оператор АПТО (Independent Power Transmission Operator) во рамки на планот за проширување на Балканот планира да купи удели во македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) пишува специлизираниот грчи портал Energy press. Според информацијата која се потпира на македонски извори, грчкиот оператор веќе доставил понуда за удел во МЕПСО кој може да се реализира преку стратешки договор или со зголемување на акционерскиот ...
Јавната седница пред Апелацискиот суд Скопје по кривичниот предмет во јавноста познат како „Меѓународен сојуз” денеска се одложи за 15 декември, откако на седницата не се појави првообвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки-13, кој се неоѓа на издржување затворска казна во КПУ „Идризово“, пренесе Плусинфо. Судијата Зоран Димитриевски констатираше дека обвинетиот Бојан Јовановски е уредно поканет, но не е спроведен од КПУ Идризово, додека ...
Обвинителката Лиле Стефанова се повлече од гонење на Никола Груевски, Миле Јанакиески, Владимир Пешевски за делото злоупотреба на службената положба со образложение пред судечкиот совет дека во случајот со Груевски настапува апсолутна застареност на делото, а постапката за другите тројца обвинети да запре поради измените во КЗ. Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште побара обвинението против обвинетиот Никола Груевски да биде ...
По протерувањето дипломати и воената помош за Киев, Македонија одново ѝ се испречи на Русија, овој пат како една од седумте земји-потписнички на амандман на руската нацрт-резолуција против величањето на нацизмот, кој зборува за (зло)употреба на оваа тема за целите на „специјалната воена операција“ во Украина. Москва поднесе нацрт-резолуција за борба против хероизацијата на нацизмот на разгледување пред Третиот комитет на Генералното собрание на ...
ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против корупција и криминал од една страна затоа што оваа структура на луѓе сака да ги задржи младите во државава, но и поради уште една работа. Ние мора да се бориме против корупција, криминал, сива економија, немаме простор, Буџетот веќе не остава простор. Во седум години владеење на СДСМ јавниот долг во државата е зголемен за 3,6 милијарди евра, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување ...
Рашела Мизрахи, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и шефица на парламентарната Анкетна комисија за случајот „Онкологија“ вели дека за случајот кој ја згрози макееонската јавност има нови сознанија: Првата, Фондот за здравство нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и ...
Заташкување на трагите од можните малверзации на Државна лотарија или влегување од грешка во грешка, констатира РСЕ. РСЕ: Државна лотарија ќе функционира и од ресторан за свадби!? Од пред неколку дена, Асмир Јахоски, Газдата на „Пуцко Петрол“ и син на поранешниот градоначалник на општина Пласница и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Исмаил Јахоски е нов сопственик на „Хеј ДООЕЛ“, компанија која склучи договор за закуп на деловни простории со ...
Информациите кои стигнаа до нас од свиркачи се токму за работата на Клиниката за онкологија во текот на оваа година. Се ускратува правото на лечење на граѓаните, а никој не реагира, не реагира ни обвинителството, нема обвинителен акт, туку само предистрага срамежливо најавена. Нè убедуваа дека биле скандали од пред неколку години, ама видовме дека не е така – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков и член на Извршниот комитет на партијата на ...
Уште една потврда за информацијата на expres.mk објавена пред десетина дена според која амбасадорката на САД Ангела Агелер отишла во Врховниот суд на сите судии да им даде поддршка по притисокот од власта. Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми во интервју за СДК.мк јавно признава дека највисокиот суд е под силен притисок да донесе одлука со која Никола Груевски ќе се врати во Македонија. Врховниот суд е под страшен политички притисок како ...
Во својата стратегија да ја зајакне својата позиција на балканскиот пазар грчкиот електроенергетски оператор ИПТО (IPTO) планира да стекне удел во македонскиот оператор МЕПСО, пишува грчкиот специјализиран портал Енерџи прес. Ако дојде до договор за купување на удел во МЕПСО, тогаш тоа ќе значи „активно вклучување на грчката влада, а соседната земја (Македонија–н.з.) би можела да послужи како порта за влез на ИПТО (Independent Power Transmission ...
Дваесет државјани од државата Бангладеш кои првично оценети како безбедносен исламски радикален ризик добиле дозволи за работа во Тетово. Првичните проверки на луѓето од Бангладеш направени во Мај покажале дека се работи за луѓе кои носат безбедносен ризик заради исламски конекции во нивната земја по што биле одбиени од македонските институции за добивање на дозволи за работа и престој и работа во Македонија. Оваа информација ја открива ...
Неколку експерти на ОН во четвртокот издадоа изјава во која беше вклучен јазик во кој се опишува „геноцид“ врз населението во Газа. Седум специјални известувачи на ОН за различни хуманитарни прашања во заедничка изјава рекоа дека веруваат дека цивилното население во Газа е изложено на ризик од геноцид и дека наскоро ќе биде предоцна да се обиде да го спречи тоа. Известувачите на ОН ги повикаа Израел и неговите сојузници веднаш да се согласат на ...
Професорот Александар Спасеновски смета дека неизгласување на Законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога, е знак дека има нестабилност во владеачката коалиција. Во синоќешното гостување на Тв21 професорот изнесе мислење дека ваквите спротивставени ставови се доказ дека има нестабилност, но дека не е толку страшно затоа што доаѓа пред крај на мандатот на оваа Влада. „Кога имаме ситуација како денеска кога Предлог-закон од ...
Вечерта на 2 ноември, израелската војска го затвори обрачот околу градот Газа, изјави контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили, пренесе „Аарец“. Според него, израелската армија нападнала пунктови, штабови, лансери и објекти на Хамас. Хагари додаде дека сè уште не е разговарано за прекин на огнот. Тој израз „сè уште не е на маса“, рече воениот портпарол. Јеменските Хути и либанскиот Хезболах, поддржани од Иран, ги ...
Во текот на вчерашниот ден, тројца државјани на Република Македонија (татко и две деца), безбедно ја напуштија Газа и во придружба на вршителот на работи во нашата Амбасада во Каиро, Елма Алторок, беа упатени кон египетскиот главен град, а од таму кон Македонија, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи. Со нив, преку Рафах се евакуираше и мајката на децата, која има палестинска патна исправа. Во Газа има уште двајца наши ...
Поделениот американски Претставнички дом вчера го усвои предлог-законот предложен од републиканците за 14,3 милијарди долари воена помош за Израел, но не и за Украина, пркосејќи му на претседателот Џо Бајден, пишува Њујорк тајмс. За усвојување на законот гласаа 226 конгресмени, а 196 беа против. Бајден претходно побара пакет во вкупна вредност од 105 милијарди долари, а претставници на Белата куќа во вторникот рекоа дека тој ќе стави вето на ...
Алтернатива, Движењето Беса и Демократско движење на Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити веќе неколку пати испратија порака до Алијанса за Албанците да ја напуштат Владата и да ѝ се приклучат на опозицијата, предуредувајќи ги дека е извесно дека изборите в година ќе донесат промена на власта. Како што извести Нова Македонија од брифингот на кој говореа министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу и Кренар Лога, понудата од здружената албанска ...
Гевгеличанец со пиштол се обидел да убие извршител и адвокат, со кои се сретнал за да договори како да го исплати долгот. „Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое што на 29 октомври годинава, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се сретнал по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на неговиот ...
Новинарот Ивор Мицковски со реакција на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека е „недозволиво еден автопат (Кичево-Охрид) од 40 километри да се гради веќе над 10 години, а се уште не е направен. Притоа пак да се бара одложување… идека договорот со Кинезите треба да се раскине“ „После 7 години и потрошени стотина милиони евра Владата признава дека не може да се изградат 40 км автопат. Па дајте им го на Груби и на Бехтел и Енка“, предлага ...
„Телевизијата Канал 5 продолжува да ги шири тезите на нетрпеливоста и изјави со поттикнување национализам, кои се преминуваат во ужасна албанофобија.“ – вели во објавата на својот фејсбук-профил основачот и директор на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА Насер Пајазити во врска со случувањето во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5. Илирија-ИНА ја пренесе објавата под наслов „Бркањето на Исмет Рамадани опасна медиумска ...
„Го видов скандалот на ‘Само вистина’ со Рамадани. Рамадани, вие сте гостин во емисија. Не смеете да му се мешате на новинарот како да ја води емисијата, како да зборува, какви прашања да поставува. Особено кога се работи за добар новинар, чист ко солза, во етичка и морална смисла. Добро воспитан од дома. Ви пречи што ние, Македонците нешто без прекин Албанците ова, Албанците она… ? Зошто немаме доверба во Албанците?“ – реагира актерот Сашо ...
„Од почетокот мислев дека на Алијансата за Албанците не ѝ е местото во оваа дискредитирана и криминализирана власт. Со случувањата околу кривичниот закон и предлог-законот за амнестија (барем за мене милоста не може да биде никогаш замена за правдата) ова мое мислење се претвори во мое убедување.“ – вели Арбен Фетаи, висок функционер во Алијансата за Албанците и шеф на кабинетот на нејзиниот лидер Арбен Таравари, во својата објавата на својот ...