Бостон Селтикс ја отвори плеј-оф серијата со убедлива победа од 103-86 против Орландо Меџик во НБА лигата. Шампионот беше одличен и ја израдува својата публика во „ТД Гарден“, оправдувајќи ја фаворитската улога. На мечот најдобар поединец беше Паоло Банчеро кој уфрли 36 поени и фати 11 скока, но тоа беше недоволни бидејќи имаше поддршка само од Вагнер. Во Бостон се истакна Дерик Вајт со 30 поени, 19 имаше Причард, 17 уфрли Тејтум, а 16 Браун. ...
Голден Стејт направи „брејк“ во осминафиналната серија против Хјустон славејќи на гостувањето во Тексас со 85-95 благодарение на фантастичните Стеф Кари и Џими Батлер кои го пренесоа ветеранското искуство за голем триумф на својот тим. На овој натпревар Батлер дебитираше за Голден Стејт во плеј-офот и веднаш се запиша во историјата на Голден Стејт како само четвртиот кошаркар кој постигнал повеќе од 25 поени, пет скокови, пет асистенции и пет ...