
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Демократското патриотско движење Ники (Победа), партија со 10 пратеници од вкупно 300 во Парламентот на Грција, ги искористи изјавите на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при неодамнешната посета на Скопје за да побара ново вето за Македонија. „Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Скопје во неделата на 29 октомври 2023 година изрази целосна поддршка за влезот на Скопје во ...
Анализирајќи ја застапеноста на Албанците во власта во земјите на Западен Балкан, новинската агенција на албански јазик „Журнал“ констатира дека албанскиот народ никогаш не бил во поповолна позиција. „Албанците во оваа деценија ја достигнаа најповолната позиција што ја имале во историјата. Од повеќе од 6 милиони луѓе распоредени во различни земји, Албанците денес уживаат национална факторизација и многу позитивен напредок. Албанците денес имаат ...
Власта се подели и во Собранието. Законот за амнестија кој помина на владина седница, не доби зелено светло од пратениците. Само 17 народни избраници го поддржаа предлогот на Кренал Лога со кого целосно или делумно требаше да бидат ослободени најмалку 1300 затвореници. 66 гласаа „против“ а тројца пратеници останаа воздржани. Опозицијата уште при самата најава од Правда дека со закон ќе се ослободуваат сторители на полесни кривични дела, се ...
Македонија, според проекциите на Светска Банка е со најнизок раст во регионот. Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти и Србија со 2 проценти. Годинава нашата земја не може да се пофали со голем економски раст. Како што веќе е објавено, годинава ќе ја заокружиме со само 1,8 проценти економски раст, додека ...
Синдикатот на полицијата на Македонија поднел кривична пријава против МВР и неколку службеници и функционери. Пријавата е поднесена поради тоа што не плаќале за животно осигурување и осигурување при работа. Од Синдикатoт велат дека ова претставува кривично дело од Кривичниот законик и Закон за инвалидско и друг вид на осигурување. -ДО Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава за помошник на министер ...
Електричната меѓусебна интерконекција Египет-Грција “ГРЕГИ” е предложена да биде вклучена во листата на проекти од заеднички интерес на Европската Унија Енергетските тела на ЕУ предлагаат електричната меѓусебна интерконекција Египет-Грција “ГРЕГИ” на групацијата Копелузос да биде вклучена во листата на проекти од заеднички интерес на Европската Унија. Како што соопшти денес Генералниот директорат за енергија (ГД Енергија) на Европската комисија, ...
Во рамки на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, со барање од 13 септември 2023, Основното јавно обвинителство Скопје ги обезбедило сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување, за финансиското работење на Клиниката, за периодот 1 јануари 2015 – март 2023 година. -Нов тримесечен извештај, за периодот до јуни 2023 година, согласно ...
Именувањето на три нови обвинители во трите основни јавни обвинителства во Тетово, Битола и Штип кои ќе бидат задолжени да постапуваат за предмети поврзани со безбедноста на новинарите, претставува исчекор во обезбедување поголема заштита и справување со неказнивоста за злосторствата против новинарите и медиумските работници. Минатата година за првпат беше именуван јавен обвинител од ОЈО Скопје да постапува во предмети поврзани со безбедноста на ...
Групацијата Феро Инвест, која е лидер во секторот на обновливи извори на енергија, во своето портфолио на услуги нуди и одржување на панели на фотоволтаични електрични централи поставени на крововите на производствените погони или магацини. Одржувањето се состои во чистење кое се спроведува со специјални машини и средства, а должината на рачките од над 9 метри им овозможува на операторите целосно сигурно и безбедно чистење на панелите со што ...
Мерењата на емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се во постојано опаѓање и за трипати пониски од дозволените гранични вредности. Ова се потврдува во секој квартален извештај што го објавува компанијата, а истото се покажа и во резултатите од мерењата за третиот квартал од годинава. Мерењата се спроведуваат на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и ...
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски не очекува нова политичка криза во државата иако, според него, изминатите четири години опозицијата ја блокира работата на Парламентот. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура појасни дека претстојат избори, кои ќе се организираат врз основа на изборен законик којшто ќе биде усогласен со сите политички партии. -Откако изборниот законик ќе биде ...
Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви, денеска изјави дека неговите сили оствариле нов напредок во спроведувањето на фазите од војната против Хамас во Појасот Газа, пренесе „Тајмс од Израел“. – Постигнавме напредок во уште една значајна фаза од војната. Нашите сили се во срцето на северна Газа, оперираат во градот Газа, го опкружуваат и ја продлабочуваат копнената офанзива и ...
Повисок економски раст од оваа година, пониско ниво на инфлација и продолжување на фискалната консолидација се очекувањата за наредната 2024 година како основни постулати во Буџетот, кој до средината на овој месец треба да се достави до Собранието на усвојување, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на средба со новинарите. За петнаесетина дена министерството за финансии ќе ги има контурите на Буџетот за наредната 2024 година а ...
Јас сум автор и уредник на „Само вистина“, тоа им е јасно на сите кои гостуваат во Канал 5. Вие ме осудувате дека Иван му се мешал на Мирчевски? Ова е класичен оскиморон, но еве, ќе го препишам на вашата неинформираност. Вака директорот на ТВ Канал 5, Иван Мирчевски, му одговори на првиот човек на АВМУ, Зоран Трајчевски, откако беше објавена реакција за вчерашниот инцидент помеѓу директорот Мирчевски и гостинот Исмет Рамадани. „Сметам дека ...
Познато е дека македонците во Грција постојано пеат македонски патриотски песни а најновото видео што доаѓа од македонска шрослава таму почнува со песната која вели дека северна нема да ја биде затоа што тие имаат една земја која се вика Македонија. Никогаш нема да е северна, една земја имам јас моја Македонија, се пее во македонското село Крива во близина на Кукуш во Егејска Македонија. Оригиналната варијанта на оваа песна ,,Никогаш северна” ја ...
Институтот за земјотресно инженерство смета дека Универзалната сала во Скопје е во опасност да се урне, поради тоа што подолго време е оставена отворена и не се реконструира, информира министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите. – Во јуни годинава добив две известувања од ИЗИС дека Универзална сала веќе е во опасност и дека може да падне. Многу долго е отворена, а следува време на зима, на дождови, ...
Тепачка меѓу власта и опозицијата направи хаос на денешната седница на Собранието во Албанија, пишуваат албанските медиуми, а пренесе Плусинфо. Демократските пратеници кои претходно влегоа во салата, ги собраа сите столчиња, натрупувајќи ги пред собранискиот под, акција која беше придружена со директни конфликти меѓу нив и нивните колеги социјалисти. Демократските пратеници ги обвинуваат социјалистите дека им е ускратено уставното право да ...
Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на патот Кичево – Охрид кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, рече денес премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље-Струга-Ќафасан. Тој најави ревизија на целиот проект. Освен ревизија од државните ревизори, Ковачевски смета дека ...
Добар дел од вработените на Клиниката за онкологија кои сведочеа на Анкетната комисија за скандалот во Собранието, не беа воодушевени од КАТО системот којшто бил исклучен веднаш по поставувањето. Системот за централна подготовка на цитостатици (КАТО) за нив е и скап и несоодветен во онаа состојба во која се наоѓа сега. Дел од сестрите што биле обучени да го користат, кажуваа дека и сега штедат на цитостатици, а КАТО системот не бил робот, туку ...
Огромна риба од видот толстолобик денеска беше спасена од езерцето кај кафулето „Централ Парк“ во градскиот парк во Скопје, објави ПлусИнфо. Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои веќе неколку дена го празнат и го чистат езерцето, денеска го извлекоа големиот толстолобик и привремено го свестија во кајак наполнет со вода. Слатководната риба „бел толстолобик“ (Hypophthalmichthys molitrix) потекнува од Кина и кај нас може да се забележи во ...
Нема причина за зголемување на цената на струјата од 20% поради бугарската такса на природен гас од Русија, велат експерти, енергетичари и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека треба да очекуваме вакво зголемување на цените на струјата и парното, ако Бугарија не ги ослободи потребните количини на природен гас. Според енергетски експерти, цената на гасот не треба да влијае на цената на струјата произведена од ...
Нашава и онака сиромашна економија, ќе мора да ја плати таксата за руски гас, а ако не се ослободат количините и се оствари сценариото за енормно покачување на електричната енергија ќе биде погубно за домашното стопанство, а на крајот цехот ќе о платат граѓаните. Според познавачите, по којзнае кој пат граѓаните и стопанството се пред свршен чин да плаќаат цех поради погрешните политики на власта. Клучно е што и покрај сите досегашни кризи ...
Македонските инженери контра владината одлука која под концесија ја дава водата на Црна река за изградба на ХЕЦ „Чебрен“. Енергетските експерти бараат владата веднаш да ја преиспита и повлече ваквата штетна одлука и да не склучува договори со странска компанија со која се откажува од државните води. Вели дека и ние како држава може да изградиме ваков енергетски проект. Наместо македонското електростопанството, од ваквиот лош бизнис, ќе се офајди ...
Скандалозно откритие во емисијата Заспиј ако можеш според кое Министерството за внатрешни работи потрошило огромни пари на услуга што никогаш не е добиена. Министерот Оливер Спасовски платил околу 2 милиони долари на израелска фирма за сервисирање на дроновите а МВР не добила услуга за нарачаната и платената услуга која никогаш не е доставена. Ова во емисијата Заспиј ако можеш го открива екс министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Цели 15 ...
Српскиот претседател денеска во видео објавено на неговит профил на Инстаграм нагласи дека никогаш нема да потпише за независност на Косово. „Исто како што … зборуваа дека се против санкциите кон Русија, и дека јас лично ќе ги воведам по 3 април и по тие избори не го направив тоа, додека тие се уште се залагаат за санкции против Русија до денес, па сега се измислија дека сум подготвен да потпишам независност на Косово само за да поминам ...
Во Членот 10 од Уставот на Македонија, јасно и недвосмислено стои „животот на човекот е неприкосновен“. За жал во Македонија дури и во овој момент се случува грозоморен скандал каде и денес и сега се заработува на грбот од болните од канцер. Создадено е системско диво месо на криминал и корупција која ги има зафатено сите пори на општеството, а највеќе доаѓа до израз таму каде треба да се спасуваат животите. Жално е што обвинителството не ...
Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за амнестија не доби поддршка од Собранието кое денеска одлучуваше за потребата од негово носење во тек на утврдување на дневниот ред на 129 седница. „Против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“. „Казната е нешто што се извршило, а амнестијата е нешто што ќе овозможи социјализација и ќе се овозможи социјален ефект. Основа цел е аларматната состојба во ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на настаните што се случија вчера на директниот пренос на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, каде во улога на гостин беше Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на претседателот на Владата и новинарот Горан Момировски, а уредник на емисијата беше колегата ...
„Етикетирање на медиуми и новинари, како што тоа во вчерашната емисија го направи Исмет Рамадани, советникот за евроатлантски вредности на Премиерот, негативно се одразува на слободата на медиумите и го нарушува новинарскиот дигнитет. Политичарите и носителите на јавни функции имаат посебна одговорност пред јавноста и треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и да вложат максимални напори да се овозможи медиумите ...
Сериозен конфликт се случува во владината коалиција откако денеска СДСМ го понижи лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Пратениците на СДСМ денеска гласаа против предлог законот за амнестија, предложен од министерот за правда. На гласањето за овој закон предложен од министерот Кренар Лога од Алијансата за Албанците за гласале само 15 пратеници а пратениците на СДСМ гласале против. Според партиски извори СДСМ се одлучиле на ова ...