
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид е крајот на 2023 година. По овој пат мора да се вози со автомобили од Кичево до Охрид во јануари 2024 година! Ова се зборови на премиерот Димитар Ковачевски од јавен собир. Искажани на јавен собир, во време кога се уште некој можеби можел да поверува дека – зборот си е збор. Тогаш Ковачевски го повика својот министер за транспорт и врски Благој Бочварски да стане – ах, да стане како Цаци, да го види ...
Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми нема да се појави во Судскиот совет, каде беше повикана поради реакциите во јавноста дека се вршат политички притисоци врз судиите. Причината што Адеми нема да биде присутна на денешната закажана работна средба во највисокото судско тело ја образложи преку соопштение. – Во контекст на Вашата покана за работна средба на која би се елаборирале објавени написи во медиумите, потенцирам дека написите за ...
„Едно сениште кружи низ Македонија – сеништето на македонството“. Вака пишува претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во својата најнова колумна во весникот „Нова Македонија“, насловена: „НЕ за промена на Уставот, ДА за ЕУ“. Тој забележува дека многу сили во Македонија и во ЕУ направија сојуз за света војна против македонството. „Тој сојуз е притаен, добро воден, меѓусебно оркестриран и меѓународно синхронизиран, медиумски сестрано помогнат, а во ...
„Али Ахмети: Кога бев фукара, се борев за Албанија. Сега како олигарх се борам за Србија!“ – со оваа иронична објава на својот фејсбук – профил поранешниот амбасадор и сега политички аналитичар Арсим Зеколи преку потсмев и на „креативен начин“ ја „цитира“ изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети во кумановското село Сопот дека тој ја „започнал својата дејност да ја прави Голема Албанија, ама и оти политиките се смениле“. Означувајќи го шефот на ДУИ ...
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров најверојатно нема да пристигне во Скопје на министерски совет на ОБСЕ што ќе се одржи на крајот на ноември, поради санкциите на Македонија и земјите од регионот кои ги затворија воздушниот простор за руски авиони. Шефот на руската дипломатија испратил писмо со такво барање пред неколку дена… „Добив писмо од Лавров во кој побара да се обезбеди негово присуство во Скопје, но има одредени ...
„Како е можно Алија Делија да ‘тргнал да ја прави Албанија’, а денес тој и неговото семејство се вмешани во најразновидни афери и коруптивни скандали, како што се Соравија и други? Има и многу други авантури и политички неуспеси на ‘Алија од Албанија’.Тој наиде на потсмевања кога кажа дека ‘ја имал започнато дејноста да ја прави Албанија’, бидејќи испадна оти на тој пат се попишманил! Откако дојде на власт Ахмети не само што го заборави ...
Во жестоките израелски напади ноќеска загинаа повеќе од 200 луѓе во Појасот Газа, пренесува „Франс прес“. „Во синоќешните масакри беа пријавени повеќе од 200 маченици“, соопшти Министерството за здравство на опколената палестинска територија. Тие прецизираа дека бројот на загинати го опфаќа само градот Газа и северниот дел на енклавата. Израел започна „значајни“ напади врз Газа во понеделникот додека неговата армија се бореше со милитантите на ...
Владимир Путин одлучиl да се кандидира на претседателските избори во март, потег што ќе го задржи на власт најмалку до 2030 година. Рускиот претседател чувствувал дека мора да ја води Русија низ најопасниот период во последните децении, изјавија извори за Ројтерс. Путин, кому Борис Елцин му го врачи претседателството на последниот ден од 1999 година, веќе беше претседател подолго од кој било друг руски владетел од Јозеф Сталин, повеќе дури и ...
Емисијата Код открива неверојатни врски со државни бизниси вредни десетици милиони евра кои водат до највисоките функционери на ДУИ. Во емисијата на Снежана Лупевска се откриваат линкови за кои јавноста не знае а на луѓе блиски на лидерот и на партијата ДУИ Али Ахмети им носат десетици милиони евра народни пари. Во емисијата се прави органограм на инволвирани лица кои станаа добро познати на јавноста по корупциските афери кои досега одлично биле ...
Немало никакво барање за дозвола околу отворање на Меморалниот комплекс на УЧК во кумановото село Сопот до Општина Куманово, изјави градоначалникот, Максим Димитриевски. „Дали е отворен музеј или спомен обележје, си има строга постапка дефинирана според Закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до општина Куманово за да побара било каква дозвола, вели Димитриевски за Локално. Во однос на ...
„Со оглед на асиметричноста на соседските договори, што ги потпиша Македонија, кои се во спротивност со највисокото право, јус когенс, според принципите на меѓународното право тие се ништовни сами по себе. Злонамерната манипулативност на Бугарија и Грција, како страни во договорите, за реализирање на нивните националистички интереси, без остварување на ветените придобивки за Македонија (напредување во евроинтеграциите), ја деградира нивната ...
На свеченоста во кумановското село Сопот, каде беше отворен меморијален центар на УЧК, лидерот на ДУИ Али Ахмети упатил неколку пораки, пренесуваат маедиуми на албански јазик. „Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во ...
Единствениот македонски спикер на парламентот Трајко Вељаноски кој говорел во бугарското собрание вели дека не секогаш односите меѓу двата народи биле лоши како сега. Тој е оптимист дека можат да се вратат деновите кога односите биле коректни но дека времето на добрите односи можат да се врати само со взаемно почитување меѓу двата народи и од корист за двете држави. Вељановски потсетува на не така дамнешни времиња кога тој бил во Софија а во ...
„Да се биде на одредена функција треба да се има многу искуство. Политичкото искуство е многу битно, а ние немаме политичар кој има доволно долго политичко искуство за една таква позиција. Во Хрватска сите претседатели биле избирани според големото политичко искуство, вели градоначалникот на Општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во СТУДИО 10 на ТВ 24. Вели дека размислува да се кандидира за претседател, дека досега не ...
Провокативни пароли со националистичка и екстремистичка содржина истакнаа навивачите на ФК „Шкупи“ на синоќешниот фудбалски дерби натпревар со „Вардар“ на стадионот во скопската населба Чаир. „Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија“ – се вели на една од паролите, објавува „Плусинфо“. Според присутни на натпреварот имало и пароли и извици со кои се величаат убијците на младото момче Никола Саздовски – Саздо, што е ...
Иако со закон или друг правен акт никаде не е забрането негово истакнување, СДСМ и ДУИ преку полицискиот апарат продолжуваат со прогон на граѓани за користење на знамето со ,,Сонцето од Кутлеш”. Преку МВР на Оливер Спасовски структури на СДСМ и ДУИ прогонуваат граѓани кои го истакнале знамето со сонцето со 16 краци кое се смета за македонски етнички симбол и беше официјално државно знаме до 1995 година. Цели 6 месеци откако Охриѓанец го истакнал ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опцу рускиот лидер Владимир Путин за време на гостувањето на американскиот телевизиски канал NBC News. Тој рече дека Украинците не се подготвени да ја предадат својата слобода на „е*аниот терорист“ Владимир Путин. „Имам многу сила, но дури и да се чувствувам силен и имам многу енергија, тоа не значи дека сакаме да се бориме цел живот бидејќи цената е висока, како што реков. Затоа што војната го зема ...
Канцер мафијата е заштитена од власт, 2 месеци откако се обелодени случајот, нема одговорност за никого, соопшти ВМРО-ДПМНЕ „ЈО со непостапувањето и незаинтересираноста со која пристапува кон случајот овозможува Канцер мафијата да продолжи со нерегуларностите. Според документите кои пристигнаа до нас има сериозни индиции дека криминалот на Онкологија не запрел. Власта си поигрува со човечки животи, а една веледрогерија блиска до власта печали. ...
Персоналот на воздухопловните сили на Јордан рано во понеделникот „фрли“ итна медицинска помош во јорданската теренска болница во Газа. „Авион на кралското воено воздухопловство фрли итна медицинска помош со помош на падобрани во јорданската теренска болница во Газа, чии резерви истекуваат поради доцнењето на испораката на помош преку преминот Рафах“, соопшти државната новинска агенција на Јордан, пренесе Ројтерс. Јордан минатата недела објави ...
Ф.Л. „Баба“ Коупленд – кој исто така бил свештеник во блиската црква – се застрелал во петокот, објави Sky News. Градоначалникот Коупленд побарал десничарска веб-страница да не ги објавува фотографиите, но таа одбила и продолжила со приказната, а два дена подоцна тој бил мртов. „Она што го правам во приватниот живот нема никаква врска со она што го правам во мојот свет живот“ – реагирал претходно Коупленд на објавувањето на фотките. „Дали ова ...
Скопскиот Апелациски суд денеска треба да одржи јавна седница за случајот „ТНТ“ поврзан со рушењето на станбено-деловниот комплекс „Космос“. Фијат Цаноски, сопственикот на компанијата „ФИНЕ“, вчера на прес-конференција обвини за судски преседан во Апелацискиот суд и тврдеше дека се подготвува застареност на предметот „ТНТ“ со што компанијата нема да ја добие оштетата од 11 милиони евра. „Судијата известител и претседател на советот Ѓоко Ристов ...
Долгогодишниот висок функционер на ДУИ, некогашниот „огнен“ а сега лидер на неодамна формираното Демократски движење, Изет Меџити, отфрла коалиција со македонски партии по изборите убеден дека вчера промовираниот „Европскиот сојуз за промени“ ќе биде победник на парламентарните избори догодина. „Стратешки партнер на албанската опозиција ќе бидат гласачите Албанци и Албанците. Немаме стратешки партнер кај Македонците. Ние тврдиме дека ќе бидеме ...
Сончево време со мала локална облачност се очекува денеска во земјава. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степени. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде свежо, а преку ...
„Претседателот на Владата на Косово Албин Курти, придружуван од неговиот политички советник за * Македонија Беким Ќоку, ги прими претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари и пратеникот од редовите на оваа партија Халил Снопче.“ – јави ТВ Клан Македонија, пренесувајќи го соопштението на Алијансата за Албанците. Натаму во соопштението се наведува: „На пријателската средба се разговараше за многу актуелни теми. Предизвиците со кои се ...
„Факт е дека ова заостанување во процесот на преговори се случило поради опструкции на наши соседи – една стара членка и една понова членка на ЕУ.“ – одговори првиот министер за животна средина и просторно планирање Тони Поповски синоќа, откако беше запрашан кој е можниот виновник за падот на доверливоста на Европската Унија во Македонија. Поповски учествуваше во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21. ТВ 21 пишува: „Се повеќе се гледа, особено во овие ...
Столе Димитриевски е прогласен за најдобар играч на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Рајо Валјекано на „Сантјаго Бернабеу“ од 12. коло во шпанската фудбалска Ла Лига, кој заврши без голови токму поради македонскиот голман. Чуварот на мрежата на Рајо и на репрезентацијата на Македонија спречи водство на „кралевите“ уште во 5. минута, кога го одбрани ударот на Федерико Валверде од непосредна близина, а во 39. минута ја одби топката над голот по ...
Точно една година пред претседателските избори во САД, анкетата објавена денеска во Њујорк Тајмс покажува дека потенцијалниот републикански кандидат Доналд Трамп е пред актуелниот претседател Џо Бајден во пет од шест клучни држави, бидејќи демократот ја губи поддршката меѓу младите и малцинствата. Според анкетата на Њујорк Тајмс/Колеџот Сиена, републиканскиот милијардер води на својот демократски предизвикувач во Невада (52/41 отсто), Џорџија ...
Анализирајќи го полуфиналето на Лига купот меѓу Хибернијан и Абердин што го реши Бојан Миовски, шкотската редакција на Би-Би-Си со еден куп комплименти за напаѓачот на „донси“ и на фудбалската репрезентација на Македонија. „Добрата игра на крајот е залудна ако не можете да ги искористите вашите шанси, а тоа се случи со Хибернијан бидејќи беше елиминиран од Виаплеј купот од страна на Абердин, која одвај дојде до здив. Ретко кога вредноста на ...
На денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Виница на дебатата насловена „Случај „ДИВО МЕСО“ – Мора да има одговорност за канцер-мафијата“ свое обраќање имаше пратеникот Антонијо Милошоски кој што истакна дека поранешниот министер Венко Филипче имал своја омилена веледрогерија која што била повластена и во министерството за здравство и кај Малмед, и во Фондот за здравствено осигурување а ...
Судскиот совет информираше дека испратиле покана до претседателката на Врховниот суд на работен состанок со членовите на Советот за да ја слушнат одблиску нејзината оценка за последните случувања и објавените написи во медиумите за политички притисоци врз судиите во највисокиот суд – пренее Алсат. „Евентуалното вршење притисок врз судиите е неприфатливо и загрижувачко. Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, оствари телефонски разговор ...