Компаниите и натаму си тераат по свое и на секој можен начин се обидуваат да го заобиколат Законот. Од 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие, кои ја имале обврската да го платат данокот на солидарност, должници кон државата се уште 26 правни лица. Овие компании, на име данок на солидарност, кон државата треба да уплатат 726, 6 милиони денари. Но, тоа според директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, сè уште го немаат ...

Украина, Молдавија и Грузија добија позитивни вести во средата во врска со нивните обиди да се приклучат на Европската унија, но земјите од Балканот, кои чекаат веќе децении да станат членки на најголемиот трговски блок во светот, изгледа дека се вратија поназад во редицата. Во редовните годишни извештаи за земјите кои што сакаат да се придружат на ЕУ, Европската комисија препорача дека на разрушената од војна Украина треба да ѝ биде дозволено ...

Град Скопје информираше дека , системот за брз автобуски превоз во Скопје доби зелено светло од меѓународните партнери, со што започнува неговата реализација Проектот за брз автобуски превоз или „автобуско метро“ во главниот град го најави претходниот градоначалник Петре Шилегов, но по стапувањето на новата градоначалничка Данела Арсовска на функција пред две години, проектот беше запрен. Арсовска за проектот на нејзиниот претходник изјави: „Од ...

Градоначалничката на Скопје во својата кампања ветуваше бесплатен превоз за сите – но наместо тоа, ги остави превозниците бесплатно да си работат. Најверојатно се крчна нов штрајк на приватните превозници, бидејќи наводно ЈП „Скопје“ веќе четири месеци не врши исплата според договорената динамика, а доцни и авансот. Поради тоа, дел од нив веќе ги паркираат автобусите. – Јас сум сопственик на приватен автобус и можам да кажам дека повторно ...

Фирма која тргува со струја сеуште не платила солидарен данок од 5 милиони евра. Ова е највисокиот еднократен кризен данок кој не е платен и по изминување на законски определениот рок, брифираат од УЈП. Веќе е познато дека досега најголемиот платен данок доаѓа од челичарницата „Макстил“, но во другиов случај станува збор за дополнително оданочување кое сеуште не е подмирено како обврска. Компанијата должи 294,6 милиони денари, а рокот е пробиен ...

Преспанскиот договор се уште им предизвикува главоболка на македонските граѓани. Еден куп трошоци за менување пасоши и други лични документи со новото уставно име, но тоа не е се. И регистарските таблички мора да се сменат до 12 февруари 2024 година. Владата за да помогне, најави дека ќе обезбеди налепници „НМК“ за да не се менуваат табличките целосно. Сепак, тие ознаки сè уште не се во употреба, а роковите наближуваат. Граѓаните и компаниите се ...

Евроамбасадорот Дејвид Гир се почесто ја критикува злоупотребата на ЕУ-знаменцето од страна на владиното мнозинство во Парламентот. И неговата денешна изјава беше во таа насока. Тоа што вели дека несоодветно се употребува овој собраниски механизам, ги потврди и ставовите на Асоцијацијата на спортски обложувалници. -Длабоко сме загрижени што и покрај апелите од Европската Унија да не се врши злоупотреба на европско знаменце за скратување на ...

Според првите дваестина вести на најпосетениот агрегатор на вести во Македонија time.mk ВМРО-ДПМНЕ е виновно за катастрофалниот ЕУ извештај. Во дури 6 први кластери со вести, вкупно околу 24, се објавуваат ставови на различни функционери на СДСМ кои тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за катастрофалниот извештај на Европската Комисија во кој владата е оценета со многу нули и единици во различни области. Вестите кои се дел од пропагандниот обид на ...

Министерот за правда Кренар Лога и возврати на професорката и поранешна министерка за правда Рената Дескоска, ама на латински јазик. Дескоска која оцени дека Извештајот на Европската комисија за судството треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и во Судскиот совет, а не да се префрла одговорност, предизвика нервоза кај Лога. „Во темнина пишуваат законски измени за да го уништат правосудниот систем, а на светло држат предавања за ...

Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија за 2023 година е меѓу најлошите, ако не и најлош во последните седум години. Стара рана која секоја година се продлабочува наместо да се излекува – вака може да се опише состојбата во судството, јавната администрација, борбата против корупцијата. Анализата на Алфа покажува дека извештаите на Европската комисија во годините власт на СДСМ и ДУИ во континуитет детектираат назадување во реформите во ...

Според проекциите , Македонската економија бавно заздравува од кризите . Пооптимистички сценарија Народна Банка има за идната година каде се проектира раст од три проценти и инфлација од 3,5 до четири проценти . Дури на среден рок за 2025 и 2026 растот ќе достигне четири проценти а инфлацијата ќе се симне на околу 2 отсто. Народната банка ги ревидираше проекциите за тоа како ќе ја завршиме годината. Се проектира дека растот ќе биде на ниво од ...

Една вреќа со пари се потрошени за изградба на автопатот „Кичево – Охрид“ долж 56,7 километри, финансирано од кинеската „Ексим Банка“. Како што објави Фактор, новиот извештај за работата на ЈП „Државни патишта“ во 2022 кој по одобрение од Владата e објавen деновиве, покажува дека до крајот на минатата година веќе биле потрошени околу 450 милиони евра. „Вкупно реализирано 447.383.985 евра (заклучно со 62-та ситуација), што изнесува 66 отсто во ...

Европската комисија препорача да се започнат преговори со Украина и Молдавија за влез во Европската унија, а Грузија да добие статус на земја кандидат за членство. На овој начин, РС Македонија, која е кандидатка од 2005 година, беше престигната од две земји кои дури минатата година добија кандидатски статус. Причината е што Скопје продолжува да ја одолговлекува промената на уставот со која би се признало постоењето на Бугарите во РСМ, јавува ...

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ денеска е позната индиректно обвинет за местење милионски државни тендери од најголемите македонски институции. „Не можеме да го поддржиме овој предлог и ќе зборуваме и на пленарната седница затоа што Комисијата чиј состав го разгледуваме денес е еден на изворите на корупцијата во Македонија. Гледате дека и со последниот Извештај на ЕК јасно се зборува дека нема напредок во борбата со криминалот и ...

Несреќа со тажен крај во фабрика во Јужна Кореја. Индустриски робот згмечил вработен техничар кој починал како последица на повредите. Несреќата се случила во неименувана фабрика, за време на работниот процес, во која роботот најверојатно по грешка помешал човек и гајба зеленчук, пренесува АП. Полицијата истражува дали роботот бил небезбеден или дали машината не функционирала. Против одговорните за безбедност во дистрибутивниот центар е отворена ...

„Рафиз Алити, со ‘воен прекар’ ‘Командант М’суеси (‘Учителот’) како поранешен командант на 115-тата бригада на УЧК изјави дека војниците на УЧК биле подготвени во секој момент да влезат во Скопје за време на судирот во 2001 година. Но, Алити појасни дека тоа не била целта и оти УЧК се бореше за да ги остварат Албанците своите права во Македонија и да станат рамноправни со Македонците.“ Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Во ...

Скандал во Скопски Водовод. Членот на Надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје на Фесјбук се осврна на ситуацијата во ова јавно претпријатие која пред неколку денови ескалираше, од една страна директорот Драган Иливески а од друга челновите на Надзорниот и Управниот одбор. Членовите на одборите беа онвозможени да одржат состанок во просториите на ЈП Водовод и канализација-Скопје, при што обезбедувањето регаираше физички по наредба на ...

Искубаното килимче за Фон Фер Лајен со кое владата ја пречека претседателката на Европската Комисија ја најави катастрофата од Брисел. За писателот и новинар Срѓан Ивановиќ кој ја води новата емисија ,,30 секунди” на expres.mk гафот на минатата недела бил токму искубаното килимче за Фон Дер Лајен со која Ковачевски и владата ја дочекаа пред почесната гарда. Црвениот килим беше срам за државата а само една недела подоцна владата го доби најлошиот ...

Албанските опозициски пратеници, предводени од поранешниот премиер Сали Бериша, и денеска не дозволија оддржување на пленарна седница на албанскиот Парламент. Тие денеска први влегоа во пленарната сала и, покрај присуството на припадници на Националната гарда, сепак, ја „затрупаа “ говорницата со столчиња и сето тоа директно го пренесуваа на Фејсбук. Залуден беше обидот на претседателката на парламентот Линдита Никола да ја почне седницата ...

„Повеќе од 18 месеци ДУИ и СДСМ ја замајуваа јавноста со уставни измени, но ЕУ покажа дека оваа власт не направи ништо за напредок на Македонија кон стандардите на ЕУ, да ја подготви државата за отворање на преговарачките кластери и за воспоставување на фундаментите за владеење на правото“ реагира Демократскиот сојуз по Извештајот на ЕК за Македонија. Велат дека Извештајот е реален одраз на состојбите во државата и поради тоа што нема напредок ...

Традиционалните пазари од регионот се основата на нашето работење. Но, во изминативе години значително го зајакнавме нашето присуство и на многу ЕУ-пазари. Според тоа, потенцијалот за раст на компанијата, пред сѐ, го гледаме токму на овие пазари, како прв приоритет, порача генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов. Според него, компанијата секоја година отвора по неколку нови пазари, па во 2023 година се присутни и во Италија, на Малта, ...

„Споменикот на кој беше претставена ‘голема Албанија’, како дел од Меморијалниот комплекс во кумановски Сопот, и другата иконографија што подгрева верска и конфесионална омраза и која, според нашите соговорници-правници, ‘велича милитантни радикали, кои со своето дејствување им одзеле животи на припадници на МВР, АРМ, а и на цивили’, продолжува да ја возбудува пошироката македонска јавност.“ – се вели во статијата со наслов „Зошто никој надлежен ...

УНИБанка уште еднаш потврди дека е банка која го следи пулсот на бизнис заедницата која креира кредитни производи според нивните очекувања и потреби. Последен во низата е Супер брзиот бизнис кредит кој е со фиксна каматна стапка, наменет за купување или изградба на објект и додатни инвестиции во бизнисот или рефинасирање од други банки, за обртни средства, нови машини или финансирање на други тековни потреби. Овој супер брз кредит е со износ до ...

Највисока вредност на ИОО за 2022 година има Битола 77.8, според анализите на Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“, кое трета година по ред го прикажува Индексот на отворени општини во Република Македонија. Индексот претставува сеопфатен индикатор кој го следи и оценува процесот на буџетирање на една општина за една фискална година во скала од 0 до 100. За подетално да се разграничат општините, тие се класифицирани во 5 категории: општини ...

Од вкупно 68.893 работодавачи во земјата, само околу 47.000 ја исплатиле платата во законски предвидениот рок без задоцнување. Од Управата за јавни приходи на денешниот брифинг со медиумите информираа дека на 700 работодавачи во тековната година им биле блокирани сметките поради неисплатени плати навремено. Најмногу блокирани сметки имало кај угостителите – 240, а потоа по дејности следувале транспортот, адвокатските дејности, поправка на ...

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ не гледа дека извештајот на Европската комисија е негативен за Македонија. Според него, има напредок во 80 отсто од поглавјата, пренесува А1.Он. „Комисијата дава објективен пресек на напредокот но и на слабостите. Произлегува важна порака, имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, а не е нотирано назадување. Оценката е добро ниво во 2023 година и е солидна константа веќе неколку години наназад. Во ...

Продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, информира, Агенцијата за управување со одземен имот. Со продажбата на четири недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 20.316.663 денари или 330.350 евра. Станува збор, како што истакнуваат надлежните, за три стана кои што се наоѓаат на ул. Славејко Арсов, еден од 78м2, два од 73м2 и ...

„Сум кажал јавно на телевизија неколку пати дека ние 2001 потпишавме капитулација во Охрид пред УЧК. Вечерва Павле Трајанов го кажа токму тоа во емисијата ‘Само вистина’ на ТВ Канал 5. Тоа значи дека некој извршил предавство! ИМ ЈА ПРЕДАЛ ДРЖАВАТА НА УЧК, ОДНОСНО НА ДУИ. Значи, Македонците се под окупација!“ – вели актерот Сашо Тасевски во својата објава на фејсбук-профилот. Натаму Тасевски пишува: Немав друг чуено јавно да го каже тоа. Јавно, ...

Заклучно со 6 ноември годинава, издадени се 4.629 работни доволи на странски државјани. На македонскиот пазар на труд има турски, косовски, албански, индиски, но и руски и украински работници, потврдуваат од Агенцијата за вработување, пренесува Фактор. „Работниците најмногу се ангажирани од следниве држави: Турција, Косово, Србија, Албанија, Индија, Грција, Бугарија, Непал, Украина и Русија. Најангажирани се работници од следниве професии: ...

Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата. Извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ, севели во соопштението на СДСМ Блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата. ЕК јасно ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
74%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
94%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.88
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.77
84%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
6.17
52%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
91%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
89%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52