Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, по вчера објавениот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија вели дека “да не беше ваков геополитичкиот контекст, се стекнува впечаток дека Европската коисија ќе нотираше и назадување во клучните области. „Но, како и да е, Извештајот го потврдува тоа што македонските граѓани добро го знаат – царот е гол, колку и да се пeрчи“! изјави за Дојче веле, Димитров. „Суштината на Извештајот е ...

„Деновиве во Сопот, Кумановско, се отвори музеј, кој предизвика контроверзии и скандал уште на денот на отворањето. Тоа не е музеј на УЧК, туку музеј на беззаконие и неказнивост, затоа што содржи збирка на кривични дела! На отворањето Али Ахмети, лидер на ДУИ и пратеник во Собранието на Македонија, стори две кривични дела, велејќи дека се залагал да нема граници со Албанија и Косово, но и оти поради околностите се одлучиле да бидат господари на ...

За прв пат по неколку години извештајот на Европската комисија во делот на судството покажува дека „нема напредок“, оцени во објава на социјалните мрежи поранешната министерка за правда, Рената Дескоска. Како што објаснува професорката, во 2019 и 2022 имало „добар напредок“, во 2021 и 2022 следувало „одреден напредок“, за во 2023 тој да биде оценет како воопшто да го нема. Ова треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот ...

Хамас ја загуби контролата врз северниот дел на Газа, откако илјадници жители се преселија на југ. Ова вчера го изјави портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари, цитиран од Ројтерс. „Видовме како 50.000 жители на Газа се движат од северниот дел на Појасот Газа кон југ. Тие се движат затоа што разбираат дека Хамас ја загуби контролата на север“, рече Хагари. „Хамас ја загуби контролата и продолжува да ја губи контролата на ...

Извештајот на ЕК за Македонија констатира неуспеси и неспособност на власта на секое поле, реагира со соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Имено јасно е наведено дека во извештајниот период не е постигнат напредок, т.е. не успеале да се адресираат и имплементираат исклучителните препораки од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) и Венецијанската комисија. И тоа во година во која МНР Османи се промовира како ...

Наама Леви, , била киднапирана . Информацијата за Гласот на Америка на македонски јазик ја потврдила Рашел Леви Друмер, професорка во Израел, која има македонско потекло вели дека 19-годишна девојка чии корени се од Македонија, била киднапирана на 7 октомври при упадот на припадниците на Хамас во Израел, јавува Гласот на Америка. На социјалните мрежи веќе е објавено и видео од 19-годишната Наама Леви, а на кое се гледа дека била малтретирана. ...

Движењето Беса ја оценува како скандалозна изјавата на премиерот Ковачевски дека во Меморијалниот комплекс во Сопот била поставена плоча со карта на Голема Албанија со задоцнување од 145 години. За музејот, пак, вчера со став се јави и министерот Бујар Османи кој рече дека објектот бил на приватен имот, а Али Ахмети бил само гостин. Фатмир Лимани ја критикуваше и ДУИ дека за секој предизборен циклус ја злоупотребува темата за воениот конфликт и ...

„За да се реши конечно албанското национално прашање во Балканот, треба да функционираат една Влада, еден Претседател и еден парламент за сите албански територии и Албанците да создадат заеднички ‘Проект’, заради акција за решавање на албанското прашање на сите нивни територии.“ – истакнува Сами Арифи, историчар-истражувач и книжевен автор од Косово, во својата колумна со наслов „Како да се реши албанското национално прашање?“, која ја објави ...

„Западот мора да сфати дека, ако се остави да се продлабочат тензиите во Косово и Србија, тие би можеле да станат многу потешки – и поскапи – за решавање. Она што се случува во Косово и Србија ретко останува во тие земји, а оваа криза лесно може да се прелее и на другите балкански држави. Блиската * Македонија, која припаѓа на НАТО, може да биде вовлечена. Понатамошните ескалации на Косово ќе предизвикаат хаос во Босна и Херцеговина. За да се ...

Рафис Алити, попознат како „командант М’суси (Учителот)“, во интервју за „Љајм“ одговори на прашањето дали целта на ОНА во 2001 година била „да ја направат Албанија“, како што пред неколку дена рече Али Ахмети на отворањето на „музејот“ во кумановското село Сопот. „Тоа не ни беше целта. Тоа се национални цели. Дури и мојот дедо зборуваше за Албанија, за отстранување на границите. Тоа е сон на сите генерации, па и пред нас. Всушност, нам што ...

Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст. Она што е потребно за отворање на депозит за детско штедење е како застапник да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на ...

Тивко кај власта по Извештајот на ЕК кој нотира дека во клучните области Македонија нема никаков напредок. Премиерот Ковачевски се крие од јавноста, а министерот Бујар Османи само изјави дека опозицијата била Крива за лошите резултати. Останува нејасно, како може опозицијата да влијае врз Извештајот кога тој нотира лоши резултати околу борбата против корупцијата, криминалот, скандалите во судството. Претседателот Пендаровски пак си е посебна ...

Кариерната советничка, Катерина Златановска Попова гостуваше во Dobro utro sekoe utro / Добро утро секое утро на ТВ Алфа и зборуваше за тековните работилници за личен и кариерен развој во циклусот #ЕсенскаТрансформација. Работилниците се наменети за сите жени и девојки кои сакаат да напредуваат во кариерата, да ги зајакнат своите лични вештини, како оние кои се поврзани со вработувањето и кариерата, така и животните вештини. До сега се ...

Од денеска до 11 ноември во Бугарија се одржува 22рото издание на најзначајниот саем за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Интерфуд & Дринк. Витаминка и оваа година е еден од најголемите изложувачи претставувајќи ја својата производна програма пред стручната јавност. Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на овој саем не само што ја зацврстува својата позиција на бугарскиот пазар, туку создава ...

Еден од водечките експерти за ЕУ во Македонија Малинка Ристеска Јорданова е насекирана за загриженоста на ЕУ и деветте нули за Македонија содржани во новиот извештај за земјава. Ристеска-Јорданова во Топ Тема на Телма анализира дека во извештајот на Европската Комисија за Македонија има девет нули за исто толку важни прашања. ,,Кога EK ќе искористи речник „загриженост“ значи дека рабoтите не чинат”, вели д-р Малинка Ристеска – Јорданова во ...

Цели пет дена пред Европската комисија да даде катастрофални оценки за Македонија во годишниот извештај медиумскиот експерт Виктор Грозданов го прогласи вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ за гаф на неделата. По еден од најлошите извештаи на Брисел за Македонија досега веројатно работата на Маричиќ ќе конкурира за гаф на годината. Краткото видео за Маричиќ како избор за гаф на неделата на линкот ...

Извештајот со многу минуси за Македонија не е изненадување, ама срамот е голем. Редно време беше некој од надвор да им стави огледало на Илинденска за да се погледнат и реално да согледаат она во што македонските граѓани се гушат со години наназад: криминал, корупција, заработени интитуции, лавиринтите како да дојдат до правда..Поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски вината за катастрофалните оценки на Европската комисија, а вината според ...

Кочанчанец го држи рекордот во Македонија по количина на алкохол во крвта која е откриена од страна на сообраќајната полиција. Тој го возел своето возило со цели 5,31 промили, иако нашиот закон дозволува 0,5. Кочанчанецот и покрај тоа што имал десет пати повеќе алкохол во крвта го возел својот автомобил. За разлика од кај нас, во ЕУ количината која е дозволена е различна. Во некои држави не се толерира алкохол, а во други максималната дозволена ...

Земјата треба да го забрза темпото на реформи поврзани со зачленувањето во ЕУ иако властите на Северна Македонија продолжија да демонстрираат и јавно да ја декларираат својата посветеност за напредок на европскиот пат, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. – Парламентот и Владата се залагаат да почнат и приоритетно да се ...

Македонската економија бавно се опоравува од кризите . Оценката од Брисел е дека државата сеуште бавно закрепнува од последиците од Руско- Украинската криза што дополнително го забавува и закрепнувањето од Ковид кризата . Дефицитот е на сериозно високо ниво и е под целта на Владата, а меѓудругото се должи на тоа што сме увозно зависна држава и поради зголемувањето на даночниот приход поттикнато од инфлацијата и недоволното извршување на неколку ...

Како одговор на предизвиците со кои се соочува Западниот Балкан, а кои произлегуваат од потребата за заживување на економиите по ковид пандемијата и актуелното влијание на руската агресија врз Украина, Европската комисијата (ЕК) ѝ предлага Европската Унија (ЕУ) да им понуди на земјите до Западен Балкан, План за раст што „ќе обезбеди можности за нивно доближување до единствениот пазар на ЕУ во многу како и значителната дополнителна финансиска ...

Владата најавува политичка одлука за бркање или соработка со кинеската компанија Синохидро која го прави автопатот Кичево – Охрид. Откако власта потроши вкупно 600 милиони евра и не успеа да ги заврши автопатот сега ќе се носи политичка одлука за него. Доколку претставници на кинеската компанија „Синохидро“ побараат средба секако дека ќе ја реализираме. На техничко ниво се одржуваат и реализираат средби. Важно е дека компанијата има се уште рок ...

„Човекот што ја измисли и што го правеше списокот за аболиција, барабар со Иванов не може денес да не спасува од истата. Би требало да се присобере, да се покрие со ќебе преку глава и да ќути. Се разбира, ако има образ. А нема“ – напиша актерката и поранешна активистка на СДСМ Софија Куновска на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Куновска алудира на улогата на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во спречување на политичката ...

Извештајот на ЕК за 2023 година е доказ дека лажни се изјавите на власта на СДС и ДУИ дека се фокусирани на европската агенда. Ова е извештај кој е одраз на тажната реалност, одраз на состојбата на стагнација и во одреден дел назадување во која се наоѓа Македонија. Денес нема да ја слушнете власта како зборува за извештајот, нема да го слушнете ниту Ковачевски, Груби, Маричиќ, Османи и останатите да се нарекуваат европски фронт затоа што ...

Претседателот Стево Пендаровски учествува на јавни конференции за мониторинг на власта и зборува за контрола на безбедносни служби а именувал директор без поминат полиграф. Пендаровски дава поддршка Народниот правобранител да иницира постапки за контрола на службите за безбедност а самиот не иницира истрага да провери дали шефот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу кој тој го именувал поминал полиграф односно тест за лаги каде ќе се утврди ...

Като-системот на Онкологија најрано би профункционирал до јуни 2024. А за три месеци на Клиниката ќе има четири акцелератори за болните од канцер – открива министерот за здравство. Меџити повторно призна дека има проблеми во здравствениот систем, и јавно побара од Министерството за финансии да одобри пари за нови вработувања. Тој не кажа дали Клиниката за онкологија ќе добие поголем буџет за следната година. Со оглед дека бројот на онколошки ...

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци. „Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска. Зајакнати се ...

За 6 месеци дизелот поскапел за 14 денари по литар – бензинот за 4. Цените на нафтата и натаму продолжуваат да паѓаат поради слабата побарувачка во Кина која деновиве треба да ги објави економските податоци. Од друга страна главните производители – Саудиска Арабија и Русија најавија дополнително намалување на производството. По највисоката цена од над 92 долари за барел на средината од октомври, цената се спушти на моменталните околу 81 долар. И ...

Ако не го пишуваше името на државата, во извештајот на Европската Комисија за Македонија, не ќе беше јасно дека станува збор за земја кандидат за членство во унијата. Документот со серија негативни забелешки во скоро секој сегмент, ѝ зададе силен удар на власта, која пак, во својата реторика непрестајно повторува оти работи исклучиво за напредок кон Унијата и на европски реформи. И познавачите на европските критериуми и процеси се на ставот дека ...

Хрватска воведува превентивни мерки, по случаите со труење. Хрватската корпорација Фортенова – Конзум, Велпро, Тисак и Рото Динамик, објави дека од своите продавници ги повлекува сите производи на „Кока Кола“ „Со главна цел да го заштитиме здравјето на нашите клиенти и сите други засегнати страни и одговорен пристап кон целокупниот бизнис, членовите на групацијата Фортенова – Конзум, Велпро, Тисак и Рото Динамик, од својата малопродажна и ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
55%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
74%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
94%
1013
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.88
84%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.77
84%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
6.17
52%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1017
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
91%
1014
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
89%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.12
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52