
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Премиерот Димитар Ковачевски измисли некој настан чисто да не биде тука и да не го прими Извештајот на Европската комисија затоа што нема храброст да се соочи со граѓаните и да ја признае вистината која е содржана во извештајот, а тоа е дека Македонија е земја која што стагнира, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на Алфа телевизија. Премиерот Ковачевски денеска е на мировна конференција во Париз. ...
ЕК вчера препорача почеток на пристапни преговори за Украина и Молдавија. Урсула од сред Киев кажа дека Украина веќе исполнила над 90% од условите и се борела за европските вредности. Да видиме: Корупција, до небо; Судство, не постои; Опозициски партии, забранети; Политички убиства секоја недела; Слобода на говор, директно во апс; Избори, нема да има (рејтингот на шефот падна од јуни до сега од 73% на 39%); Малцински права за сите освен за ...
„Уверувањата дека Бугарија нема да додаде нови услови за Македонија не се оправдани, ниту очекувани: јасен е и непроменет во подолг временски период бугарскиот национален поглед, според кој Македонците и македонскиот јазик не постоеле до 1945 година.“ – вели Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науки и уметности, во текстот, кој го објави весникот „Нова Македонија“ под наслов „Светскиот ден на науката и македонската ...
Американските дипломати кои работат на Блискиот Исток ја предупредиле администрацијата на претседателот Џо Бајден дека поддршката на Вашингтон за израелската воена кампања во Газа може да доведе до незадоволство во арапскиот свет, се вели во дипломатска телеграма, јавува Си-Ен-Ен. Се наведува дека САД, поради својата позиција, би можеле да ја изгубат поддршката од арапските земји за цела генерација. „Многу губиме на бојното поле за комуникации“, ...
Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска побара Основното јавно обвинителство да ги објави имињата на сите инволвирани во скандалот на Клиниката за Онкологија. „Крајно време е Обвинителството да излезе со точно име и презиме затоа што ова што денеска што го гледате, овој костум и оваа кравата ме гушат. Јас овде најубаво се чувствувам тука и имам емоции. Секогаш ми прилега белиот мантил и не претпочитувам да бидам политичар. Тука ќе бидам ...
„Да ја споделиме определбата за здружено дејствување и ефикасни одговори на актуелните предизвици во светот“, објави синоќа на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски, кој сподели и фотографија на која се гледа како се ракува со францускиот претседател Емануел Макрон. Премиерот Ковачевски со сопругата Елена Ковачевска синоќа во Елисејската палата беа гости на работната вечера со претседателот Макрон, во пресрет на Мировниот форум кој се одржува ...
Во областа образование остануваат да важат препораките од минатогодишниот извештај на Европската комисија, се вели во иИзвештајот на ЕК објавен вчера… „Македонија е умерено подготвена во областа на образованието. Ограничен напредок e постигнат со усвојувањето и воведувањето насоки и програми за зајакнување на инклузивноста и промовирање на зелените вештини, се наведува во поглавјето за образованието. ЕК нотира дека се одложува усвојувањето на ...
Над 20.000 камиони стојат на границата на Украина и Полска бидејќи од почетокот на оваа недела полските камионџии не ги пропуштаат, сметајќи ги за „нелојална конкуренција“, соопшти Министерството за обнова на Украина. Неколку десетици полски транспортни компании во понеделникот почнаа да блокираат три гранични премини меѓу двете земји. Бараат повторно воведување на дозволи за влез на камиони на украински превозници за да се намали нивниот број. ...
Ова што се случувало во клиниката за Онкологија е дело на една канцер мафија. Таа канцер мафија свесно предизвикала хаос во клиниката со цел во матното да се злоупотребува скапата терапија која чини и по илјада евра од ампула, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Притоа речиси по правило било набавувано терапија од омилената веледрогерија на власта која била „оќорена“ од тендери и народни пари. Она кое што е забележано во извештајот ...
Ова денеска за државното радио го изјави премиерот Виктор Орба нагласувајќи дека ова е „јасен став“ на Унгарија по ова прашање, јавува Ројтерс. Лидерите на земјите од ЕУ треба да одлучат во средината на декември дали ќе ја прифатат препораката на Комисијата да го покани Киев да ги започне преговорите за членство веднаш штом ќе ги исполни конечните услови. Секоја таква одлука бара едногласност на 27-те членки на блокот, а Унгарија се смета за ...
Нашата Влада има сериозен проблем со реалноста и сопствениот отупен наратив за кој скапо плаќа, а ништо не добива, вели во објава на социјални мрежи новинарот Ивор Мицковски.. „И после ужасниот извештај на ЕК, дека нема напредок во правосудниот систем, ниту во превенцијата и борбата со корупцијата, они и понатаму си тераат со повеќе од истата празна демагогија: Прво Уставни, па после реформи. Тој наратив од страна на ЕК и Фон дер Лејен им беше ...
Израелската армија објави дека организација во Сирија испалила беспилотно летало чија цел била училиште во јужниот израелски град Еилат, а Израел одговорил на нападот. Армијата не соопшти која организација во Сирија го испалила дронот кон Еилат, град кој се наоѓа на Црвеното Море на околу 400 километри од најблиската точка на сириската територија. Но, во соопштението се додава дека тие ја сметаат сириската влада целосно одговорна „за каква било ...
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е иузбран за претседател на политичката партија „За Наша Македонија“, ЗНАМ. На основачкото собрание, како што соопшти партијата, присуствуваа поддржувачи од целата држава. За членови на Извршниот одбор се назначени генерал Павле Арсоски, Жанета Делова и Игор Филков, за членови на Надзорниот одбор Ристо Николовски од Прилеп, Марјан Петковски од Куманово и Урош Милошевски од Скопје. Мотото на ...
Видеото, кое до четвртокот имаше речиси 1 милион прегледи, а трае само четири секунди предизвика лавина коментари на социјалните мрежи околу тоа дали на снимката е рускиот претседател или негов двојник, пишува Њусвик. Видеото, кое до четвртокот имаше речиси 1 милион прегледи, трае само четири секунди и додека има воден печат на Кремљ во горниот десен агол, не е јасно кога е снимено, иако на видеото има воден печат на Кремљ во горниот десен агол. ...
„…зошто сите се изненадуваме кога меѓународната заедница ќе ни даде лоши оценки дотолку повеќе што ние постојано укажуваме на тоа“, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска. „Значи, ДКСК дава препораки, невладините укажуваат, сите укажуваме и тогаш сите се глуви. Сега кога ќе дојде меѓународната заедница да ни ги каже вистинските оценки тогаш наеднаш сите се чудиме. Ама власта не ги гледа оценките“, ...
Ова го соопшти директорката на Службата за внатрешни приходи на Управата за јавни приходи во синоќешното гостување во „Клик плус“ на ТВ21. Лукаревска нагласи дека даночната управа претходно ги алармирала властите за постоење даночни обврзници кои фиктивно плаќале ДДВ. Како што се одвивала истрагата, станало очигледно дека поединци во самата институција помагале во овие недозволени активности. Додека само еден поранешен вработен моментално е во ...
„Враќањето на Никола Груевски во земјава може да биде крај на кариерата на срамен начин за Али Ахмети“ – изјави лидерот на Демократското движење Изет Меџити во емисијата „Интервју во Шења“. Ова го објави телевизијата на албански јазик „Шења“. ТВ „Шења“ пишува: Меџити посочи дека ДУИ и Али Ахмети манипулирале со меѓународниот чинител, велејќи дека Груевски мора да се врати, за да се обебедат 80 пратенички гласови за уставните промени, но оваа ...
„Алијансата за Албанците не се откажува од Законот за амнестија и покрај тоа што пред неколку дена беше отфрлена потребата од воведување на овој закон според постапка. Таа ќе ги почитува потребните процедури и законот ќе го предложи повторно овојпат според редовна процедура. Не е исклучена можноста да го предложи пратеничката група на Алијансата за Албанците, а не министерот за правда од нивните редови Кренар Лога.“ – изјави Елми Азири, ...
Украинската вицепремиерка за европски и евроатлански интеграции Олга Стефанишина смета дека за време на преговорите со Европската унија за заштита на малцинските права не треба да се поставува прашањето за заштита на руското малцинство, бидејќи тоа, едноставно, не постои. Таа го изјави ова на 9 ноември во Киев на заедничката прес-конференција со амбасадорката на ЕУ во Украина, Катарина Матернова. „Нема руско малцинство во Украина. Не постои! Не ...
ПАОК одигра „само“ 2:2 со Абердин во Солун во натпреварот од Лигата на конференциите на УЕФА, во кој на гостинските навивачи им беше забрането да внесат на стадионот „Тумба“ македонски знамиња како знак на поддршка на нивниот најдобар фудбалер Бојан Миовски. Македонскиот напаѓач и репрезентативец, кој на првата средба на домашен терен ја затресе мрежата на грчкиот претставник и голот го прослави со знакот за обединета Македонија со прстите, ...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со Гилес Норман, амбасадор на Канада во Македонија, со кој зборуваа на сите актуелни општествено – политички прашања Мицкоски со жалење констатирал дека Извештајот на ЕК го потенцира сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години наназад, а тоа е дека Македонија тоне во корупција, дека нема борба против криминалот, и дека власта практично е фасилитатор, наместо да ги санкционира таквите ...
Од моментот кога се почнати првите извештаи за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ, досега, содржински, по однос на оценките, по однос на тоа што е направено за претходниот циклус на оценување немало полош и понегативен извештај за нашата држава, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на трибина насловена како „Извештајот на ЕУ за Македонија – Одраз на реалноста“ која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат ...
Генералниот менаџер на Филип Морис Интернешнл Јацек Олцак е свесен дека скептицизмот е секогаш присутен во иновациите, но тој и неговата компанија веруваат во иднина без чад. Една трансформација на тутунска компанија прикажана преку примерот на Филип Морис Интернешнeл ја покажува силата на визијата на една компанија да ја менува реалноста. Ако пред 20 години беше невозможно да се замисли свет без цигари, сега оваа реалност започнува да биде дел ...
„ДУИ исфрли пробен балон, ‘нудејќи’ му го на Арбен Таравари местото како прв премиер-Албанец. Таравари нема да се валка, бидувајќи премиер според Договорот од Пржино, ангажиран под кирија од Али Ахмети. Но, замислете во каква паника се наоѓаат да му го испорачаат на најголемиот противник нивното главно изборно ветување.“ – објави вечерва на својот фејсбук-профил Арбен Фетаи, шефот на кабинетот на лидерот на Алијансата за Албанците Арбен ...
„Извештајот на Европската комисија не е ништо различно од тоа што ние го живееме секој ден и уште помалку различно од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години, бидејќи основната карактеристика на оваа влада на СДСМ и ДУИ е дека корупцијата цвета, а економијата тоне. И тоа е тажната реалност во која што ние живееме“. Ова го рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната дебата насловена „Извештајот на ЕУ за Македонија – ...
Израел од 9 ноември ќе започне да спроведува четиричасовни паузи во северниот дел на Газа за да им овозможи на луѓето да избегаат од непријателствата, соопшти Белата куќа, оценувајќи дека тоа е „чекор во вистинската насока“ – пренесе Радио Слободна Европа. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби рече паузите произлегле од дискусиите меѓу американските и израелските официјални лица во последните денови, вклучително и ...
Според оценките од ,,сведителството на ЕУ”, владата ќе повторува година односно не може да оди напред во следниот клас туку ќе биде репетент и догодина ќе треба да го заврши тоа што мораше да го имплементира оваа година. Ако оценките на Европската комисија се стават во сведителство со конкретни предмети излегува дека најмалку 9 владини министри се репетенти односно имаат по повеќе од три единици што во Македонија е критериум за повторување на ...
Министерството за правда во Македонија неодамна најави формирање на специјализирана работна група задолжена за изработка на измени на Законот за Судски совет. Оваа одлука доаѓа како одговор на загриженоста изразена во Извештајот на Европската комисија за функционирањето на Судскиот совет во земјата. Извештајот, објавен на 8-ми ноември, ја подвлече важноста од заштита на независноста и интегритетот на судиите и институциите, нагласувајќи ја ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ, за вестите на Канал 5, истакна дека извештајот на Европската комисија е објективен приказ на она што се случува во целата држава, не само во владата, не само во собранието, туку во целата држава. Имаме едно ниво на добра подготвеност на државата за продолжување на преговорите, имаме 80% од поглавјата, каде што е утврден некаков напредок, нема ниту едно поглавје, каде што се утврдува ...
Насловната фотографија на оваа колумна не снимена вчера туку минатата година која извесно е ќе биде прва и последна во која Ковачевски го примил годишниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера предизвика дипломатски скандал, откако индиректно го навреди евроамбасадорот Дејвид Гир и прекина долга традиција во односите меѓу Македонија и ЕУ. Ковачевски е првиот премиер на ...