Русија објави дата за почеток на изградбата на сопствена вселенска станица што ќе користи нови технологии и ќе биде домаќин на астронаути само доколку тоа е потребно. Тешко е да се каже дали нова голема вселенска станица има смисла, за една земја или за човештвото во целина, по искуството на Меѓународната вселенска станица која се очекува да биде деорбитирана во 2031 година. Вселенската станица донесе големи научни и технолошки достигнувања, но ...

Роботска нога што може целосно да се контролира од мозокот и 'рбетниот мозок им овозможи на седум лица кои го изгубиле долниот дел од ногата да одат речиси подеднакво брзо како и луѓето без ампутации. Бионичкиот екстремитет користи компјутерски интерфејс што ги засилува нервните сигнали од мускулите во преостанатиот дел од ногата и му овозможува на носителот да ја движи протезата со мисла и природни рефлекси. Во клиничкото испитување во кое ...

Една од ретките предности што ги донесе глобалното затоплување е отворањето на Северозападниот премин – поморска рута што минува низ водите на канадскиот арктички архипелаг, кој од 2007 година е повремено пловен, при добро време, поради намалувањето на арктичкиот мраз. Но, работите и не се баш идеални. Се чини дека најсеверниот дел од Преминот не станува почист и попловен. Напротив. Ова парче од рутата станува сѐ повеќе пренатрупано со дебели ...

Истражувачите се послужија со техники што се користат во астрономијата за да можат да ги идентификуваат компјутерски генерираните дипфејк слики што, на прв поглед, лесно можат да поминат како вистински фотографии. Имено, анализирајќи го сликите од лицата со користење на методи што вообичаено се резервирани за истражување на далечните галаксии, астрономите го измерија начинот на којшто очите на некоја личност ја рефлектираат светлината, метода ...

Една нова студија, што произлегува од соработката помеѓу италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) и Археолошкиот парк во Помпеја, потврди дека земјотресот што ја погодил областа истовремено со вулканската ерупција на 24 октомври 79 н.е. можеби ги натерал Помпејаните да побараат засолниште на отворено, каде потоа тие биле погодени од пирокластичниот облак. „Земјата уште трепери од претходниот ден“, напишал Плиниј ...

Во ова видео ќе дознаете колкаво е најниското ниво на изобличување што можете да го слушнете со вашиот аудио систем. Видеото, позајмено од каналот на јутјуберот и аудио ентузијаст Џулијан Краузе, содржи три тестови за изобличување: Првиот тест почнува од 00:36, со музика и изобличување кое расте од 0,001 % до 33,220 % Вториот тест почнува од 01:51, со синусоидален тон со фреквенција од 500 Hz и изобличување кое расте од 0,001 % до 10,450 % ...

Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), која е дел од Светската здравствена организација, го класифицираше талкот како 'веројатно канцероген'. Ова не е првпат да се појави хипотеза за корелацијата помеѓу употребата на овој минерал и појавата на рак, особено рак на јајниците. Меѓутоа, до денес, сè уште не е идентификувана причинско-последична врска, ниту праг, во однос на количината или зачестеноста на употребата, над кој се ...

Неолитската култура во Европа која создавала мегаструктури каков што е Стоунхенџ, на пример, доживеала голем пад пред околу 5400 години. Сега ги имаме досега најдобрите докази дека ова се должи на епидемија од чума. Секвенционирањето на древната ДНК од 108 лица кои живееле во северна Европа во тоа време, откри дека бактеријата на чумата Yersinia pestis била присутна кај 18 од нив кога тие умреле. „Мислиме дека чумата навистина ги убила“, вели ...

Јули 2024. На Преспанско Езеро му се случува забрзано исчезнување. Во однос на ланскиот 5 јули, нивото е пониско за цели 39 cm, иако според досега воспоставената динамика на намалувањето беше очекувано намалување од околу 18-20 cm. При површина на езерото од околу 258 квадратни километри, за една година се неповратно изгубени околу 100 милиони кубни метри вода, од што половината се непланирани, односно повеќе од повеќегодишниот тренд. ...

Anglia Components објави дека ветува бесплатна испорака на одредено количество примероци од секој STMicroelectronics (ST) NPI полуспроводник (New Product Introduction) за клиентите во во Обединетото кралство (ОК) и земјите во ЕУ-зоната. Ние не сме баш во ‘фокус-групата’, но сигурни сме дека ќе се снајдете Како дел од својата европска иницијатива Anglia Live, лансирана во јануари оваа година, Anglia може да им понуди бесплатни примероци на ...

Анализите користени во студиите на гравитациските бранови доведоа до повторно пресметување на дупките во таинствениот механизам од Антикитера. И до контроверзна хипотеза. Новата, можна интерпретација објаснувањата ги црпи од ни повеќе ни помалку туку од студиите на гравитациските бранови. Користејќи статистички техники што вообичаено се користат за анализа на гравитациските бранови, бранувања во ткивото на време-просторот генерирани од ...

Американските истражувачи го открија механизмот што ја предизвикува опаката, животно загрозувачка болест лупус. Процесот отвора патишта кон подиректен третман на болеста што погаѓа милиони луѓе ширум светот. Лупус претставува автоимуна состојба која се јавува кога имунолошкиот систем ги напаѓа обичните клетки на телото. Во моментов за оваа болест нема лек. „Со идентификување на причината за оваа болест, пронајдовме потенцијален лек кој нема да ...

Приближно 180 години наназад ако на некого бил вршен поголем оперативен зафат, голема е варојатноста дека за време на операцијата бил заспиен со општа анестезија. Иако оваа техника се користи речиси 2 века, и многу механизми од нејзиното функционирање се добро разбрани, сепак некои детали во врска со тоа како опојката успева да нѐ држи ‘заспани’ долго време без ненадејно да се разбудиме за време на операцијата сè уште остануваат нејасни. ...

Како што засега стојат работите, се чини дека сѐ зависи од маршрутата – автономните автомобили се побезбедни на праволиниските рути, додека ние луѓето сме подобри во управувањето возила во кривини и при слаба осветленост. Овој соломонски одговор произлегува од анализата на 2100 несреќи во кои биле вклучени возила со автоматски систем за управување (ADS – Automatic Driving System). Студијата спроведена од тим истражувачи од Универзитетот на ...

Во следните неколку месеци, една ѕвездена експлозија оддалечена 3000 светлосни години од нас се очекува да стане толку сјајна што би требало да биде видлива и со голо око. Експлозијата на нова во ѕвездениот систем T Coronae Borealis т.е. Северна круна, се случува приближно секои 80 години, при што нова експлозијата е видлива што од речиси секоја точка на Земјата. Последен пат експлозија на нова во овој ѕвезден систем била видена во 1946 година, ...

Матуранти, време е за следното поглавје од вашите животи. Доколку сѐ уште не сте се решиле во која насока ќе го продолжите вашето образование, во сабота – 6 јули секако посетете го Младинскиот културен центар (МКЦ) каде од 10 до 16 часот ќе се одржи УНИКОМПАС, најголемиот саем на универзитети. Саемот ќе ви пружи можност да добиете бесплатни стручни совети за избор на факултет и кариера, совети за одржување на менталната благосостојба при оваа ...

Енергијата од сонцето и енергијата од ветерот претставуваат примарни обновливи извори на енергија во најчиста смисла на зборот. Овие два вида енергија ги претвораме во електрична со помош на фотонапонски електрични централи (ФЕЦ) и ветерни електрични централи (ВЕЦ). Двата вида на централи претставуваат непостојани (волатилни) извори на енергија, како на дневна, така и на месечна основа. Ниту ФЕЦ, ниту ВЕЦ можат да генераираат енергија 24/7 од ...

По изминати цели четириесет и пет години, четвртиот, најамбициозен и, според многумина, најдобар албум на иконите на ју-рок звукот Бијело Дугме доаѓа во ново звучно руво, измиксан одново од оригиналните 24-канални ленти што внимателно зачувани лежеле во архивата на Кроација рекордс. Во студиото на Кроација Рекордс, новиот микс го изработил Горан Мартинац. Оригиналниот микс и снимка на некогашното винилно издание на албумот „Битанга и принцеза“ ...

Под мотото „E-commerce: Untangling Potential“ на 12 ноември во Националната опера и балет во Скопје треба да се одржи седмата по ред годишна конференција за е-трговија, која веќе трета година има регионален карактер. Конференцијата ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Како што е најавено, оваа година конференцијата ќе се фокусира на аспектите во е-трговијата каде е достигнат потенцијалот, но и на оние каде сè уште ...

Како што беше и планирано, капсулата се врати на Земјата на 25 јуни и со себе ги донесе првите примероци од далечната страна на Месечината. Подвигот на кинеската лунарна мисија Chang'e-6 е историски – за прв пат вештачка сонда слета на површината на Месечината скриена од нас, зеде примероци од карпи и прашина, се врати во лунарната орбита каде што ја чекаше поголема сонда која ја “презеде одговорноста” за собраниот материјал и се упати кон ...

Роверот на НАСА Истрајност (Perseverance) кој од 2021 година го истражува кратерот Језеро на Марс, достигна област од значителен научен интерес. Додека беше на пат кон областа наречена Светлиот ангел (Bright Angel), тимот на НАСА направи интересни геолошки откритија во еден древен речен канал. Светлиот ангел има карпест релјеф во којшто е можно да се најдат древни карпи што биле изложени на речната ерозија или седимент што го исполнил каналот. ...

Истражувачите развија нова техника за мерење на силите што функционираат нанано размери во течен медиум, за која велат дека може да го револуционизира нашето разбирање за добар дел од биолошките и физичките феномени. Микроскопот со супер-резолуција за мерење на фотонска сила – super-resolved photonic force microscope (SRPFM), прецизно мери како наночестичките се поместуваат под дејство на мали сили. Инструментот е толку прецизен што може да ...

Зрно фестивалот, и покрај понижувачката поддршка од министерството за култура, годинава ќе го има своето трето издание. Во моментов, во Темишвар, Романија, е поставена изложбата на дела настанати на минатогодишните работилници за благородни фотографски процеси, кои се одржаа во село Цапари, во прекрасниот простор на семејството Филевски. Годинава, Зрно има уште побогата и поквалитетна програма. На 28 jуни во Мултимедијалниот центар Мала Станица, ...

На 29 јуни од 19 часот во хотелот Монтана во Крушево ќе се прослави јубилејот: 50 ГОДИНИ Ултралесна авијација, 50 ГОДИНИ Крила за слободно летање - змејови и параглајдери, и 50 ГОДИНИ Хели клуб. Дневниот ред предвидува • Пречекување на гостите • Воведен збор • Поздрави • Доделување признанија за особен придонес во развојот • Промоција на Зборникот „Крила во слободен лет“, прашања и задачи за пилоти на змај и параглајдер. Поканети се сите ...

Технолошките стартапи ќе бидат воодушевени од веста дека ветеранот на ризичниот капитал од Силиконската долина (VC) General Catalyst е на повидок да собере 6 милијарди американски долари за поддршка на нови компании. Веста доаѓа непосредно по најавата на Андресен Хоровиц (Andreessen Horowitz), уште еден голем VC играч, за нов инвестициски фонд од 7,2 милијарди американски долари. Се работи за едни од најголемите суми од прибирање финансиски ...

Тајната за помалку користење на паметниот телефон е намалување на неговите перформанси со одложување на одговорот при допир – ќе биде толку иритирачки што ќе го оставиме телефонот настрана. Колку време поминувате пред екранот на вашиот паметен телефон? Веројатно најчестиот одговор ќе биде „премногу“. Мнозинството корисници кои решиле да го одморат, да го заштитат своето здравје и да го подобрат квалитетот на социјалниот живот, избрале да ...

По повод 65 години постоење, Факултетот за електротехника и информациски технологии вчера 18 јуни 2024, во просториите на Македонска Филхармонија, организираше Свечена академија под мотото „65 години наставна и научна извонредност“, по што уследи промоцијата на најновата генерација дипломирани инженери и магистри од овој факултет. На свечената академија беше претставен академскиот стремеж за постојан напредок, развој на науката, поддршка на ...

Колкупати сте помислиле дека вашето куче му недостасува уште само да прозбори? Можеби конечно дочекавме ова да се оствари :) Па, добро, можебои не баш буквално, но благодарение на вештачката интелигенција можеби ќе можеме да ги толкуваме вокализациите на нашите четириножни пријатели, дали кучето лае радосно или агресивно, а од неговите вокализации ВИ може да ги погоди и возраста, расата и полот. Група истражувачи од Универзитетот во Мичиген ...

Денес, во 22 часот и 50 минути (20:50 UTC), официјално започнува летото. Ова значи дека на денот на летниот солистициум, Сонцето ја достигнува највисоката точка на небото над северната хемисфера, што го прави 20 јуни најдолгиот ден во оваа година за секое место северно од Северниот напоредник (23°26′). По летната долгоденица, времето на дневна светлина станува сè пократко, секој ден, сè до денот на зимската краткоденица во декември. Ова се должи ...

Едно австралиско клиничко испитување покажа дека возрасните лица кои патат од повторлива болка во долниот дел од грбот со редовно пешање се ослободиле од неа на подолг временски период. Болката во долниот дел од грбот е водечка причина за инвалидитет во светот. Се проценува дека во 2020 година од неа пателе 619 милиони луѓе во светот, а се предвидува дека до 2050 година оваа бројка ќе се зголеми на 843 милиони. Досегашната медицинска практика и ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.72
65%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.35
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
50%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
63%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
35%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
69%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
71%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1011
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83