Во 2024 година (точниот датум сè уште не е познат) астрономите очекуваат дека во текот на неколку дена објектот T CrB, во соѕвездието Северна Круна (Corona Borealis), ќе го зголеми сјајот, а потоа ќе се врати во првобитната состојба. T CrB е бинарен ѕвезден систем составен од масивно бело џуџе и црвен џин, а се наоѓа во нашата галаксија на оддалеченост помеѓу 2 600 и 3 130 светлосни години од нас. Она што го прави T CrB интересен е тоа што ...

По најавите за конечната изградба на пумпно-акумулационата хидроелектрана Чебрен, капацитет којшто на нашиот систем му е насушно потребен, да разгледаме колку отприлика чини изведбата на една ваква електрана, колкав би бил проектираниот производен капацитет на електраната, што од тоа реално би користеле ние како корисници во Македонија и што тоа значи за нас. На овој начин ќе може да добиеме реална слика за полезноста на електраната, нејзината ...

Антропик, компанија за вештачка интелигенција поддржана од Google, лансираше во САД и Велика Британија платена верзија на својот чет-бот Клод. Со цена од 20 американски долари (или 18 британски фунти) месечно, новата опција Claude Pro нуди приоритетен пристап кога ботот е зафатен, ран пристап до новите функции и можност за испраќање повеќе пораки. Главната предност е што ќе имате пет пати поголема употреба со Claude Pro во споредба со ...

Додека ги чекаме објавите за добитниците на вистинските Нобелови награди, настан што треба да се случи на почетокот од идниот месец, ред е да ги разгледаме и добитниците на овогодинешните Иг Нобел награди. А се чини дека нема недостток на, ахем, интересни истражувања. Зошто геолозите сакаат да лижат карпи? Може ли нозете од мртов пајак да се користат како прецизна пинцета? Ова се дел од бизарните прашања на кои одговор даваат студиите што ...

Еден од најтешките проблеми со кои се соочуваме во време на еколошка транзиција е конфликтот помеѓу производството на чиста енергија и влијанијата врз биодиверзитетот и животната средина на структурите што ја произведуваат. Но, иако веќе подолго време се знае дека ветерните турбини претставуваат проблем за локалните птици и лилјаци, една нова студија објавена неодамна во Journal of Applied Ecology, која го разгледува влијанието на капацитетите ...

Денеска беше пробиен претходниот, многугодишен минимум на нивото на Преспанско Езеро. Не само што беше пробиен, туку брзината на намалување на нивото е поголема отколку во претходните неколку години, како што се гледа од стрмините на портокаловите линии на трендот. Од оваа точка патот води само надолу и прогнозата е дека ни претстои дополнително спуштање од околу 21 cm, односно до кота -591 cm, што одговара на надморска висина од 841,70 m. ...

Во трудот објавен во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, тим астрономи навести за можно присуство на црни дупки во нашето соседство. Објектите се веројатно сместени во ѕвезденото јато Хијади (Hyades). Доколку нивното постоење биде потврдено, тие би биле најблиските црни дупки до Земјата – оддалечени само 150 светлосни години. Имено, ѕвезденото јато Хијади е најблиското „отворено јато“ до Земјата. Овие јата претставуваат ...

За Udemy онлајн платформата за учење и настава сигурно сте слушнале. Основана е во мај 2010 година од Ерен Бали, Гаган Бијани и Октај Чаглар, на Udemy може да се најдат и широк спектар на бесплатни онлајн курсеви меѓу кои и курсеви за користење на вештачка интелигенција. Имено, ВИ може да се искористи за зголемување на продуктивноста, создавање на привлечна содржина и на многу начини да му помогне на вашиот бизнис да напредува. Па учењето нешто ...

Додека ние чествуваме Ден на независноста на Македонија, гиковите и сај-фај нердовите денес го одбележаа денот на Ѕвездени патеки – Star Trek Day. Имено, на денешен ден, пред точно 57 години оригиналната серија Ѕвездени патеки дебитираше на малите екрани со “Каде ниту еден човек не бил порано”. Интересно е што ова е всушност втора пилот епизода од сега легендарниот серијал. Првата пилот епизода, “Кафез”, била прогласена како премногу “умствена”, ...

286 386 577 668 298 411 128 469 151 667 598 498 812 366. Ова не се 42 броја земени по случаен избор. Оваа количина одговара на бројот на монотони Булови функции во девет димензии. Ова неодамна го утврдија Ленарт Ван Хиртум, компјутерски научник на Универзитетот во Падерборн во Германија, Патрик Де Каусмакер од КУ Левен во Белгија и нивните колеги, по повеќегодишна работа и 1500 часа поминати во пресметки. Пресметката на овој т.н. „деветти ...

Луѓето за првпат пристигнале од пределите на југозападна Азија во Европа пред 1,4 милиони години и оттогаш го освојуваат и населуваат континентот, приспособувајќи се на сите можни услови и преживувајќи дури и екстремни климатски промени. Ова беше доминантната теорија за ширењето на луѓето во Европа. Барем, до неодамна... Една неодамнешна студија на Лондонскиот универзитет Глобал (UCL) објавена во Science го доведува во прашање ова толкување. ...

Токму ваков е заклучокот на една нова студија изработена од истражувачки тим од САД. Моделирањето и симулацијата за создавање на минимална почетна популација за успешна колонија на Марс која би продолжила да напредува покажале дека целта може да се постигне со само 22 луѓе. Ова е значително помала бројка од претходната проценка којашто велеше дека за овој потфат би биле потребни најмалку 110 луѓе на површината на Марс. Колку повеќе, толку ...

Реализирањето на домашните поправки, преправки, градинарски уредувања и хоби-проекти секако е полесно со вистинскиот алат во рака. Сите домашни ентузијасти секако ќе ги израдува новата понуда од една од најреномираните компании за продажба на алат на македонскиот пазар – Лотулс, кои повторно стокмија интересна понуда за нив. Месец септември го отвора сезонската понуда на алати од марката Procraft. Засега се презентирани два модела на ...

Ажурирањето на софтверот на уредите на вработените е постојана и напорна работа. Понекогаш на компаниите им недостасуваат ресурси за да ја завршат работата правилно. Во просек, десетици нови пропусти се наоѓаат секој ден и стотици, па дури и илјадници закрпи за нив се објавуваат секој месец. Па, на кои ажурирања треба да им се даде приоритет? Иако не постои едноставен одговор на ова прашање и иако стратегиите за ажурирање на претпријатијата може ...

Кометата C/2023 P1 Нишимура, откриена пред само неколку недели, наскоро би можела да биде видлива со голо око. Кометата беше пронајдена од јапонскиот астрофотограф и астроном аматер, Хидео Нишимура на 11 август, кога го фотографирал ноќното небо со обичен дигитален фотоапарат со експозиција од 30 секунди. Кометата би можела да стане доволно светла за да може да се набљудува и без дополнителни помагала, уште на почетокот од овој месец. Но, ...

Европол предвидува дека до 2026 година до 90% од онлајн содржините би можеле да бидат вештачки генерирани, така што утврдувањето на вистинскиот идентитет на корисниците би можело да стане сѐ поголем предизвик. Денес, биометриката добива на интензитет бидејќи многу компании ја спроведуваат како побрз и поудобен процес за автентикација. Сепак, Стјуарт Велс, главен технолошки директор на компанијата за биометриска автентикација Jumio, ги посочи ...

Овој месец, на 30 август (некаде се среќава и 28) се навршуваат точно 60 години од првата презентација на компактната аудио касета и првиот касетофон од страна на реномираната холандска компанија Филипс (Philips). Имено, на 30 август 1963 година, на саемот Berlin Radio Show биле претставени овие два производа кои ќе ја одбележат аудиотехниката и музичката продукција во следните неколку децении. Иако денес овие две нешта можеби ја губат смислата ...

Автоматските системи, т.н. ботови, научија подобро од човек да ја решаваат captcha заштитата. Ова се оние лесни сликовни тестови од типот „Изберете ги сите слики каде што се појавуваат семафори“, „Впишете го прикажаниот текст “, „Изберете ги фотографиите со скали“... , со кои речиси секојдневно се среќаваме на интернет во ситуација кога треба да пристапиме до некоја веб-страница преку која треба да купиме билети за концерт, да испратиме документ ...

Во САД започна првото тестирање врз луѓе на таблета способна да се спротивстави на ефектите од нуклеарното зрачење од таканаречените валкани бомби или од нуклеарно оружје. Вестите дојдоа од американскиот Национален институт за здравство (NIH), при што се прецизира дека во претклиничките студии пилулата успешно отстранила многу од радиоактивните метали, вклучувајќи ураниум, нептуниум, плутониум, америциум и кириум. Во испитувањето учествуваат 42 ...

На 23 август, Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) успешно слета на Месечината со мисијата Чандрајаан-3. Со овој чин Индија стана четвртата земја која успешно постави сонда на Месечината и прва што слета на лунарниот јужен пол. Сите претходни месечеви мисии слетуваа во пределот на месечевиот екватор. Научниците сега се се во очекување на “искрцувањето” на месечевиот ровер кој треба да испраќа слики и податоци назад на Земјата. ...

Вселенското летало Луна-25 излезе од месечевата орбита во саботата, на 19. август, по што се урна на површината на Месечината. Јуриј Борисов, шефот на Роскосмос, објави дека главна причина за падот на Луна-25 била аномалија во работата на моторот. Наместо планираното активирање на потисните мотори да трае 84 секунди, моторот работел 127 секунди. Овој дополнителен импулс предизвикал Луна-25 да удри во Месечината, изјави Борисов за ТВ-куќата ...

Претходно видовме дека системот ХААРП не може да се користи за влијание на атмосферата и за модификација на времето, а сега ќе видиме дека истиот не може да се искористи ни за влијание на мислите и психата на луѓето. Најпрво да видиме колку силно магнетно поле не влијае на мозокот. Апаратите за снимање на мозокот со магнетна резонанса (MRI) создаваат екстремно силно магнетно поле со густина на магнетниот флукс B (магнетна индукција) од 1 до 2 Т ...

Иако сме сосема свесни за неизбежната неодминливост на животот и поготвени ја прифаќаме, неретко се наоѓаме како затечени кога ќе нѐ напушти некој познат лик. Деновиве тоа се случи откако нѐ напушти нашиот соработник Зоран Тасиќ. Зоран Тасиќ е роден на 29.11.1938 година во Скопје. Гимназија завршува во "Орце Николов", а дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград, на отсекот за електроника и телекомуникации, популарно наречен отсек за ...

Од сепија тоновите во филмот на браќата Коен сместен во времето на Валканите триесетти до детското црвено палто во Спилберговата „Шиндлерова листа“, филмаџиите долго време ја знаат моќта на бојата во филмовите. Сега, компјутерските научници се нафатија да ги анализираат палетите употребени во филмовите во последните 60-тина годии за да направат слика за изминатите шест децении во филмот. Истражувачите од Универзитетот во Ватерло се слуѕжеле со ...

Една година откако вселенскиот телескоп Хабл ја детектираше најоддалечената ѕвезда во универзумот, Еарендел, телескопот Џејмс Веб ја презеде фугуративната палка за од поблиску да ја проучи и да ги истражи нејзините карактеристики. Нешто повеќе од една година по набљудувањето на Хабл најоддалечената ѕвезда што некогаш била забележана (барем досега), со име коешто на староанлиски значи Утринска ѕвезда,таа се најде во фокусот на набљудувањата на ...

Aјде да урнеме еден мит: во повеќето општества на ловци-собирачи, жените не се задолжени само за собирање растенија и плодови од земјата. Според студијата објавена неодамна во PLOS One, во која се анализираат податоците од последните сто години за различни социјални групи од овој тип, во најмалку 8 од 10 случаи жените ловат заедно со мажите. Оваа нова свест е поткрепена со бројни археолошки докази. Имено, многу од откриените женски скелети се ...

Со сета еуфорија околу супермесечината се подзаборави на еден редовен августовски спектакл на ноќното небо – метеорскиот дожд Персеиди. Персеидите се еден од најблескавите метеорски дождови во годината и се случува секоја година во периодот од 9 до 13 август. Овој метеорски дожд всушност претставува остаток од кометата Свифт-Татл, а е именуван по соѕвездието Персеј. Ове се должи на радијантот односно привидната насока од којашто метеорскиот дожд ...

Досега, науката беше во најмала рака резервирана, кога станува збор за вакво нешто. Но, едно истражување, чии резултати неодамна беа објавени во Nature, случајно откри дека во некои ситуации, металите може да можат да ги “самозаварат” наноскопските пукнатини кои се резултат на абење. „Она што го видовме со свои очи е неверојатно, бидејќи науката ни кажува дека пукнатините во металите можат само да станат поголеми, а не повторно да се собираат ...

Иако постои само две години, фестивалот на алтернативна фотографија – Зрно, со својот сериозен пристап, голема посветеност и специфичното поле на работа – благородните фотографски техники, до неодамна непознати кај нас и за оние кои се бават со фотографија, годинава, на второто издание направи сериозен исчекор во квантитетот и во квалитетот на содржините кои ги понуди на македонската публика и на меѓународна сцена. Активностите почнаа со две ...

Краткото објаснение е ова: изложеноста на сончева светлина му овозможува на нашиот мозок да произведува повеќе серотонин, хормон кој поттикнува подобрување на расположението. Со ова ефективно се чувствуваме посреќни. А сега, ред-два и за некои други податоци... Сонцето нѝ подарува и среќа. Како што споменавме, од биолошка гледна точка изложувањето на сончева светлина му овозможува на нашиот мозок да произведува серотонин, невротрансмитер којшто ...

Скопје

12ᴼ/12ᴼ
4.12
82%
1016

Белград

14ᴼ/12ᴼ
3.6
89%
1014

Софија

9ᴼ/9ᴼ
1.54
91%
1020

Сараево

12ᴼ/12ᴼ
1.33
88%
1017

Љубљана

12ᴼ/9ᴼ
1.03
91%
1016

Атина

16ᴼ/13ᴼ
3.6
74%
1010

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
3.09
94%
1015

Подгорица

16ᴼ/12ᴼ
0.0
94%
1015
Currency

61.5987

Currency

57.1762

Currency

71.7446

Currency

37.7477

Currency

41.8214

Currency

63.1777

Currency

8.07825

Currency

0.62373

Currency

0.37325

Currency

0.52555

Currency

1.76582

Currency

0.68517

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

530 $

Никел

603086 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

854 $

Злато

74022 $

Бакар

9 $

Паладиум

30452 $

Платина

30736 $

Родиум

151607 $

Цинк

92926 $