Кога ќе кажеме компјутер, нанотехнологија, батерија, мислиме нешто што е создадено пред неколку децении или најмногу сто години. Но, неколку археолошки артефакти и наоди, предмети изработени и градени пред стотици години, некои од нив и пред новата ера, поседуваат карактеристики за кои би сметале дека може да се постигнат само со користење на современата технологија и наука. Како тие биле создадени во некои случаи е сѐ уште мистерија – загатка ...

Ако се наоѓаме во вселенски брод што полетал од Земјата и се движи низ вселената постојано забрзувајќи, движејќи се сѐ побрзо и побрзо, кои оптички ефекти би можеле да ги видиме? Дали би можеле да ја достигнеме брзината на светлината? Што би се случило кога како во научнофантастичните филмови би се обиделе да го искривиме простор-времето за да може да патуваме побрзо од светлината, што би виделе тогаш? Одговорите на овие прашања, спакувани во ...

Можеби и не сте свесни, но веќе имаме и фотографија од овој епски настан... * За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian. * * * Дополнително објаснување од д-р ...

Срцето е првиот орган што се развива. Но, и покрај неговата важна улога, научниците знаат изненадувачки малку за тоа како точно се распоредени неговите клетки. А тоа набргу може да се промени... Tим од истражувачи го комбинираше секвенционирањето на РНК со најсовремената технологија за правење снимки со единствена цел – изработка на досега најдеталната мапа на срцето. Тие се надеваат дека овој „атлас“ ќе им овозможи на научниците да се справат ...

СпејсЕкс денес треба да го изврши третото лансирање и пробен лет на Старшип. Прозорецот за тестирање од 110 минути се отвора во 13 часот. Преносот во живо е најавено дека треба да започне за отприлика половина час, 30 минути пред лансирањето. Второто пробно лансирање на Старшип (Starship) имаше повеќе важни достигнувања и обезбеди непроценливи податоци за продолжување на брзиот развој на вселенскиот брод. Третиот пробен лет има за цел да го ...

ЛЕД диодите се присутни во светот околу нас уште од ’60-тите години од минатиот век, иако своето место во “мејнстрим” технологијата почнаа да го наоѓаат дури по ’90-тите години. Како и зошто толку долго се чекаше за оваа “штедлива” компактна револуција? Одговорот е мошне интересен... Првите ЛЕД диоди имаа црвена боја, а мошне бргу потоа ја добивме и првата ЛЕД со зелена боја. Но, патот до сината ЛЕД диода не бепе толку брз и едноставен. Може да ...

Секогаш е најдобро преземањето на апликациите да се врши од реномирана продавница и, секако, пред да ги преземете да направите сопствено истражување за нивниот квалитет. Експертите за кибер безбедност открија 21 апликација за паметни телефони што никогаш не треба да ги преземате. Според Malware Fox листата била опишана како “најлоши апликации за Android во изминатата година”. “Важно е да се знае дека повеќето од овие апликации се достапни и во ...

Уште во првите 6 месеци од почетокот на научните операции, во 2022 година, телескопот Веб го собори рекордот поставен од Хабл за детектирање на најдалечната потврдена галаксија. Се верува дека галаксијата позната под ознаката JADES-GS-z13-0 се формирала „само“ 325 милиони години по Биг Бенгот. Ова значи дека таа е повеќе од 100 милиони години постара од најстарата галаксија откриена од телескопот Хабл во 2015 година – GN-z11. Се проценува дека ...

62-годишниот Германец кој од „лични причини“ решил да се вакцинира 217 пати против ковид, поминал низ бизарното искуство без да пријави несакани ефекти и без ослабен имунолошки систем. Неговиот случај, опишан неодамна во една статија во Lancet Infectious Diseases, е интересен за оние кои ги проучуваат ефектите од прекумерната имунизација. Вакцините содржат неинфективни фрагменти од патоген т.е. антигени или „инструкции“ за тоа како самото тело ...

Интересот за најголемата криптовалута во светот ги достигна нивоата што за последен пат беа забележани во 2021 година. Како последица на тоа, во вторникот вредноста на биткоинот (BTC) се искачи над 57 000 американски долари. Цената на оваа “најважна” криптовалута порасна за цели 10% во текот на последнава недела и цели 35% од почетокот на оваа година, најмногу поради возбудата што ја предизвикаа низа фондови преку кои се тргува на берзата за ...

Откажувањето од пушење носи здравствени придобивки на која било возраст – кон ова укажуваат резултатите од студијата објавена неодамна во Jama Network Open која ги анализира здравствените податоци на речиси три милиони Корејци во периодот од 2002 до 2019 година, од кои 200 000 добиле дијагноза на рак. Иако истражувањето истакнува дека најголеми придобивки имаат оние кои го оставаат пушењето пред 50-тата година од животот, резултатите покажуваат ...

Леталото на Интуитив Машинс лансирано минатата недела продолжува без посериозни проблеми да се движи кон Месечината. Ако сè продолжи да се одвива како што треба лендерот Нова-Ц „Одисеј“ (‘Odysseus’ Nova-C) може да ја започне процедурата за слетување уште утре, на 22 февруари, почнувајќи од 23 часот и 49 минути по македонско време (17 часот и 49 минути по американско источно време). Како што веќе пишувавме (види Втор обид на приватна компанија да ...

Reddit склучи договор со Google што му дозволува на гигантот за пребарување да ги користи објавите од порталот за онлајн дискусија за обука на неговите модели за вештачка интелигенција и за подобрување на услугите од типот на Google Search. Договорот, објавен во четвртокот и проценет на приближно 60 милиони американски долари, истовремено му овозможува на Reddit пристап до моделите на Google AI за подобрување на неговото внатрешно пребарување на ...

Малиот рептил Тридентиносаурус антиквус (Tridentinosaurus antiquus) бил откриен во далечната 1931 година во близина на Страмајоло, на висорамнината Пине, во алпскиот регион Трентино. Фосилот се чува во Природонаучниот музеј при Универзитетот во Падова, а се смета дека е значаен не само поради неоспорната вредност на фосилните докази за времето на Пермот (периодот пред 300 до 250 милиони години), туку и поради неговиот необичен изглед што се ...

Во 2021 година група археолози наидоа на интересно откритие на северот на Шпанија – бронзена рака која се чини дека датира од пред околу 2000 години. Она што откритието го прави интригантно и уникатно се четирите линии со чудни симболи врежани од едната страна на артефактот, вдолж дланката. Најновите анализи укажуваат дека овој антички епиграф е поврзан со древните палеохиспански јазици и мошне веројатно бил дел од јазикот што низ вековите се ...

Веб-прелистувачите се портал помеѓу вас и Интернетот, така што тие треба да имаат одбранбени механизми кои можат да ги спречат хакерите да се “вселат” во вашиот компјутер или мрежа. Оттаму сосема логично е што Google сака да го направи Chrome уште побезбеден. Со претстојното ажурирање, Google Chrome ќе може да детектира и да блокира обиди за хакирање чијашто цел е креирање на упориште во домашната мрежа како место од каде што потоа ќе се тргне ...

Со помош на VLT телескопот на Европската јужна опсерваторија, астрономите пронајдоа квазар којшто не само што е најсјаен објект од овој тип, туку е и најсветлиот објект што некогаш бил забележан. Квазарите, всушност, претставуваат сјајни јадра од далечни галаксии, а нивен главен извор на енергија се супермасивните црни дупки. Па така, “чудото” на најсветлиот квазар е напојувано од најбрзорастечката црна дупка која досега била забележана, и која ...

Меморијата има лоша “навика” да бледнее со текот на времето. Со изминување на часовите и деновите, ситуацијата што сме ја доживеале, деталите за луѓето кои сме ги запознале, што тие рекле, како биле облечени, стануваат сѐ поматни. Но, се чини дека ова универзално правило не важи толку кога е во прашање сеќавањето за локацијата. Имено, генерално многу добро се сеќаваме каде бил поставен некој предмет, дури и кога забораваме на сè друго. ...

Amazon AGI објави дека го развиле најголемиот модел за текст во говор што некогаш бил создаден. Притоа се објаснува дека поимот “најголем” значи дека моделот има најмногу параметри и дека за негова обука била користена досега најголемата база на податоци. Научниот тим на Amazon AGI го опишува равојот и обуката на моделот во научниот труд којшто е достапен на предпринт серверот arXiv. Големите јазични модели (Large Language Models – LLM) од типот ...

Овојпат фотографијата на неделата е всушност видео. Роверот Пeрсевиранс го сними поминувањето на месечината Фобос пред Сонцето. Глетката се разликува од она што во ваквите прилики може да го видиме на Земјата, а во тоа можете да се уверите и самите од видеото во прилог. Минатиот четврток, на 8 февруари, роверот Пeрсевиранс (Perseverance) од неговата локација во кратерот Језеро на Марс, ја сними месечината Фобос, како со нејзината неправилна ...

15 февруари е роденден на Галилео Галилеј (Galileo Galilei, 1564 – 1642), италијанскиот физичар и астроном и првиот човек кој го насочил телескопот кон небото за вршење на астрономски набљудувања. Првите негови откритија биле во областа на физиката, а неговата дејност во астрономијата започнала кога тој самиот конструирал телескоп во 1609 година. Телескопот не бил нова измислица, веќе бил познат и употребуван како дурбин. Но, она што Галилео прв ...

Како потсетник на денот кога кога ООН го основала радиото на Обединетите нации – 13 февруари 1946 година, денес во светот се одбележува Светскиот ден на радиото. Прославата оди под мотото “Век на информирање, забава и едукацијa”. Во нејзиното обраќање по повод денешниот ден, г-ѓа Одри Азулеј, генерален секретар на УНЕСКО, нѐ потсети за значењето на радиото и улогата што тоа ја имало и сѐ уште ја има ширум светот “На овој Светски ден на радиото, ...

Сондата Касини, чијашто мисија за истражување на Сатурн и неговите прстени и сателити заврши во 2017 година, сè уште носи сензационални откритија. Новото изнеднадување се однесува на месечината Мимас, под чиешто “рошаво” ледено лице е детектирано присуство на течен океан. Мимас е мала месечина, со дијаметар од само околу 400 километри. Нејзината површина исшарана со кратери не навестува ништо за постоењето на скриен океан. А сепак, новите ...

Веќе извесно време се залагам за инвестирање во нуклеарни електрани базирани на мали нуклеарни реактори (Small Nuclear Reactors – SMR). Минатата недела ЕСМ најави можно вложување во овој вид електрани. Идејата е одлична и заслужува поддршка, но треба да бидеме максимално внимателни поради можноста повторно да ни се подметне некаква штетна зделка, по примерот на Чебрен и Митилинеос. За да го избегнеме ова, но и за да ги препознаеме предностите на ...

Паметните телефони станаа неопходност – ги користиме за да разговараме со оние кои се далеку, да гледаме видеа или да фаќаме прибелешки, но тие се и алатка со која вршиме плаќања и банкарски операции. Во овој поглед, истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (MIT) во Бостон открваат ранливост што е заедничка за многу уреди, а која во иднина би можела да биде искористена за следење на нашите активности, па дури и добивање на ...

Неделава, повикувајќи се на трудот објавен неодамна во Nature Physics, хрватски Клик извести дека научниците откриле докази за патување низ времето. Но, пред да почнете да ги барате временските патници во вашето опкружување, има една “разочарувачка” страна од веста – во основа истражувањето ја исклучува можноста (барем засега) дека некој некогаш да патува назад во времето. Но, иако во макросветот времето во вселената тече само во една насока, на ...

Шест месеци вежбање и здрава исхрана може да го намалат биолошкото стареење поврзано со дебелината кај децата што е придобивка поголема од самото губење на тежина. Придобивките од здравата исхрана и постојаните физички вежби се толку длабоки што можат да се забележат и на клеточно ниво. Кај децата кои страдаат од гојазност, шестмесечниот тренинг и урамнотежената исхрана ја зголемуваат должината на теломерите, заштитните капсули сместени на ...

Во петок, во Народна техника – Скопје, ќе се одржи првиот состанок за одбележување на педесетгодишнината од формирањето на „Хели“ клубот. На состанокот ќе треба да се реши кој ќе биде организатор на прославата по повод јубилејот, "Heli XC", Народна техника или Воздухопловната федерација на Македонија. Кубот „Хели“ е формиран 1974 година и претставува значаен воздухопловен центар и институција од каде се ширеше културата во регоинов по прашање на ...

Секоја година помината на училиште или на универзитет го зголемува нашиот животен век – ова е дел од заклучоците во студијата објавена минатиот месец во The Lancet Public Health. Во истражувањето биле анализирани преку 10 000 податоци од 59 индустријализирани земји и земји во развој, при што било откриено дека неучењето му штети на нашето здравје подеднакво како пушењето или злоупотребата на алкохол. Анализата покажува дека ризикот од смртност ...

Набљудувањата од вселенскиот телескоп Веб понудија директен поглед во иднината на Сончевиот систем – моментот кога Венера, Меркур и можеби Земјата ќе бидат проголтани од Сонцето. Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА го понуди првиот поглед на иднината на нашиот Сончев систем и ги потврди досегашните сомневања за неговата судбина. Накратко, според астрономите кои користеле податоци собрани од JWST, за 5 милијарди години, кога Сонцето, откако ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.72
65%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.35
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
50%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
63%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
35%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
69%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
71%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1011
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83