Научниците ги мапираа мозоците на луѓе додека тие гледале инсерти од некои од најомилените филмови, какви што се ‘Почеток’ (Inception) од 2010 година, ‘Имеријата го возвраќа ударот’ (The Empire Strikes Back) од 1980 и ‘Сам дома’ (Home Alone) од 1990, со цел ги идентификуваат различните мозочни мрежи вклучени во обработката на различни типови сцени. Сега, со сигурност може да се каже дека гледањето филмови и не е некој одмор за мозокот ;) ...

Една нова студија, спроведена врз глувци, го менува традиционалниот модел на кодирање и на повикување на спомените. Во реалноста процесто е помалку стабилен, но повеќе во согласност со искуството. Откривањето на нов механизам со кој мозокот ги „освежува“ спомените, преку поврзување со претходни искуства, ни овозможува да разбереме како човечката меморија останува ажурирана во однос на секојдневните искуства стекнати со текот на времето. Група ...

Пред околу три недели, Скопското астрономско друштво организираше јавно набљудување на кометата C/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС на паркингот пред Калeто. Дури и ако времето беше целосно ведро, влажноста во воздухот како и смогот направија целиот настан да не биде баш како што планиравме. Многу луѓе со право заминаа незадоволни од она што го видоа. Оние што не беа на тој настан нè контактираа со барање да се организираме повторно, но тргнувајќи од ...

Деновиве нивото на Преспанско Езеро го постигна годинешниот минимум. Слабите снежни врнежи минатата зима и слабиот доток на вода во езерото пролетва предизвикаа кусок на вода на почетокот од летото, што езерото не успеа да го надомести во текот на летото и есента. Согласно јунските прогнози за годинешниов минимум помеѓу -625 и -630 cm, вистинскиот годинешен минимум (ако е воопшто постигнат) е достигнат при кота -626 cm, цели 36 cm пониско од ...

И покрај неверојатно високите површински температури, вулканите што исфрлаат лава и облаците од сулфурна киселина, ненаселената Венера нуди витални лекции за потенцијалот за живот на други планети, се вели во еден нов научен труд. „Честопати претпоставуваме дека Земјата е модел за животоподобност, но ако ја земете предвид оваа планета изолирано, не знаеме каде се границите и ограничувањата. Венера ни го дава токму тоа“, вели Стивен Кејн, ...

Новите 7-нанометарски процесори од кинескиот производител на чипови, наводно, ги надминуваат перформансите на серијата Raptor Lake од Интел. Кинескиот производител Loongson ја усвои стратегијата “ток-ток-тик” за да го затвори јазот со Intel и конечно да влезе во директна конкуренција со Intel и AMD... Кинескиот производител на процесори Loongson, наводно, брзо го затвора јазот со западните производители на процесори во однос на сировите ...

Иако вчера, со втората проекција, заврши 32 ФАДФ Камера 300 , сè уште не стивнуваат впечатоците од прикажаните и наградени филмови на овогодишниот Интернационален фестивал на аматерски документарен филм. Социјалните мрежи се преполни со фотографии од средбите пред, за време, и по прикажувањето на двете проекции на документарните филмови. Во организација на филмскиот град на УНЕСКО Битола, а по повод 60 години од смртта на Милтон Манаки се одржа ...

Институтот за развој на електронски комуникации - ИНРЕКОМ Скопје шеста година по ред објавува краток сублимат/коментар на извештајот од Европската Комисија во делот за напредокот на Македонија во однос на дигиталната трансформација и медиумските слободи. Од ИНРЕКОМ сметаат дека заклучоците на Извештајот на Европската комисија оваа година е воглавно подобар од лани, но дека сепак остануваат некои од старите нереализирани препораки на кои сега се ...

За прв пат, хемичарите креираа класа молекули за кои претходно се сметаше дека се премногу нестабилни за да постојат и ги искористија за да генерирање на егзотични соединенија. Имено, ваквите молекули се сметаа за премногу нестабилни па оттаму нивното создавање беше речиси невозможно. Сепак, експериментите покажаа дека тие може да се „фатат“ во одредени реакции за од нив да се добијат корисни производи. Научниците велат дека овие ‘озлогласени’ ...

Експлозивниот напредок на генеративната вештачка интелигенција би можел да биде одговорен за дополнителни 5 милиони тони е-отпад до 2030 година, вели една нова студија. Извештајот, објавен деновиве во Nature Computational Science, проценува дека без промени во регулативата, само генеративната ВИ технологија ќе произведе 1,2 до 5 милиони тони е-отпад до крајот на деценијата. Студијата открива и дека годишната продукција на е-отпад од ...

Google Flights ветува дека ќе ги пронајде за вас најсоодветните евтини летови, секако ако сте подготвени да жртвувате малку од комфорот. Дали ова ќе се оствари? Ќе дознаеме за недела-две... Google Flights дебитираше во 2013 година, но оттогаш до денес баш и не може да се пофали со некој особен успех. Корисниците кои пребаруваат за евтини авионски летови на интернет, сепак претпочитаат да користат други платформи од типот на Skyscanner, Kayak, ...

Google неодамна лансираше нова функција која ви овозможува да најдете информации на интернет преку снимање на кратко видео. За користење новата функција која користи вештачка интелигенција, потребно е само да ја насочите камерата кон некој предмет, да го држите кругот што се користи за фотографирање во режимот „Lens“, и на глас да поставите прашање за пребарувачот. Релевантните одговорисе прикаќуваат за неколку моменти. Опцијата е достапна и за ...

Пред дваесетина дена Марк Цукерберг (Mаrk Zuckerberg), американскиот бизнисмен и основач на Фејсбук го претстави својот нов изум – очилата Орион, за кој вели дека е револуционарен. Цукерберг додава дека за десетина години сите ние ќе ги замениме своите мобилни телефони со вакви специјални очила... Се работи за специјални електронски очила (goggles) со дисплеј кој работи на батерии. Со овие очила, освен што може да се гледа околината слично како ...

Кина е дом на најмоќниот отпорен магнет на светот, кој произведе магнетно поле 800 000 пати посилно од Земјиното. Магнетот поставен во Постројката за стабилно високо магнетно поле (Steady High Magnetic Field Facility – SHMFF) при Институтот за физички науки Хефеи на Кинеската академија на науките, на 22 септември оваа година успеал содржи стабилно магнетно поле со јачина од 42,02 тесла. Оваа бројка тесно го надминува претходниот рекорд за ...

На 10 октомври 2024 година, во хотелот Мериот во Скопје, се одржа годишната манифестација GDi Solutions Day 2024, која го собра врвот на македонската ИТ заедница, претставници од јавниот и приватниот сектор, како и експерти за дигитална трансформација. Манифестацијата ја отвори директорот на GDi Скопје, Дејан Крстевски, кој ги поздрави присутните и истакна дека оваа година фокусот е ставен на практичната примена на дигиталните решенија во ...

Новиот тест на СпејсЕкс беше целосно успешен – по раздвојувањето, бустер-ракетата се врати во роботските раце на лансирната рампа дoдека Старшип го продолжи својот лет и, точно според планираното, заврши во водите на Индискиот Океан. Вселенскиот лет на Старшип (Starship) на СпејсЕкс (SpaceX), изведен вчера, на 13 октомври 2024 година, беше еден од најспектакуларните вселенски настани во последниве години. Компанијата на Илон Маск ја лансираше ...

Преминот кон зелена енергија е неизбежен и Македонија мора да го следи глобалниот тренд на намалување на употребата на фосилни горива. Овој процес ќе бара големи промени во индустријата и економијата, особено во поглед на инженерските професии поврзани со термоенергетиката и моторите со внатрешно согорување. Ова е предизвик, но и можност за создавање на нови, одржливи работни места и индустрии. Македонија, како дел од глобалните и европските ...

Под мотото Променете го крајот на нечија приказна вчера беше одбележан Меѓународниот ден на органодонорство Европскиот ден на органодонорството, 7 октомври, се одбележува со цел да се подигне свеста за значењето на органодарувањето и поттикнување на граѓаните активно да се вклучат во овој благороден процес. Во земјава во изминатите четири години трансплантацијата од починат донор се развива со засилено темпо. За прв пат во историјата на ...

Церера е првиот воопшто откриен астероид. Во 1801 година бил забележан од италијанскиот астроном Џузепе Пјаци. Но, Церера е всушност единствената џуџеста планета во внатрешниот Сончев систем и најголем објект во главниот астероиден појас сместен помеѓу орбитите на Марс и Јупитер. Научниците претходно тврдеа дека видливите кратери на површината на Церера значат дека џуџестата планета нема голема прекривка со мраз – помалку од 30%. Новото ...

Втората генерација на Старлинк сателитите испушта непланирано радиозрачење кое е и до 30 пати повисоко од порано, и ги попречува (радио) астрономските набљудувања. Ова го потврдија астрономите користејќи го радиотелескопот LOFAR кој работи на ниски фреквенции и е управуван од страна на институтот за радиоастрономија, ASTRON, во Холандија. Телескопот започна набљудувачка програма за следење на непланирано зрачење од овие сателити со цел да се ...

Научниците изработија запис од генетскиот план на човештвото во речиси неуништлив 5D мемориски кристал – нов формат за складирање податоци што може да ги сочува вредните информации безбедни во текот на милијарди години, потенцијално дури и до крајот на универзумот. Истражувачите веруваат дека временската ДНК капсула би можела да биде искористена за оживување на нашиот вид долго откако тој ќе изумре. Но, сите не се согласуваат со тоа. Кристалот ...

Рака на срце, кога станува збор за кометите, никогаш не можеме да бидеме 100% сигурни дека ќе бидат видливи со голо око. Сепак, астрономите полагаат големи надежи за кометата C/2023 A3 (Tsuchinshan-ATLAS) која би требало да биде видлива непосредно пред зори, во текот на четири последователни утра во следните неколку дена. Кон средината на октомври може да уследат и дополнителни прозорци на видливост со голо око на ноќното небо Кометата за првпат ...

Јадранското Море е дом на илјадници различни морски видови, вклучително и многу кои ги нема никаде на друго место. Новите палеонтолошки истражувања покажуваат дека до средината на 20 век, Јадранското Море имало жив и здрав екосистем пред работите ненадејно да се променат... Анализата објавена во Proceedings of the Royal Society B покажува дека во 19 век и раните децении од 20 век трендот бил позитивен за морскиот живот во Јадранското Море. На ...

Еден астероид полека се приближува кон Земјата. Но, место за паника нема – астероидот нема да удри во нас. Наместо тоа, Земјата ќе добие привремен минијатурен придружник, кој по 2 месеци ќе продолжи понатаму на својот пат низ вселената. Астероидот 2024 PT5 има пречник од околу 11 m, отприлика со големина на еден автобус. Телото беше откриено на 7 август од телескопот ATLAS (Asteroid Terrestrial-impact Last Alert System), лоциран во Јужна Африка. ...

Астрономите откриле нешто прилично извонредно од длабочините на вселената – тие детектираа моќна серија радиобранови. Она поради што оваа емисија “отскокнува” од вообичаеното е тоа што овие радиобранови патуваат низ вселената цели 8 милијарди години! Оттаму експертите сметаат дека оваа емисија би можела да помогне за подобро да ја разбереме една од најголемите мистерии на универзумот... Сигналот, познат како FRB 20220610A, се состои од сјајни ...

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) постојано ги следи најновите трендови за дијагностика и третман на животните, па во таа насока по повод Деновите на ветеринарна медицина 2024, ги поканува докторите по ветеринарна медицина да се пријават и да земат директно учество на интерактивната и на практичната работилница за „Ултразвучна дијагностика на абдомен и ехокардиографија во мала пракса“ предводена од еминентниот хрватски ...

Завршена и тестирана е новата комбинирана примопредавателна антена за 2,4 GHz / 10 GHz за работа преку сателитот Es'Hail QO-100, што се наоѓа во геостационарна орбита, на 35.786 km над екваторот. За работа преку овој сателит прв пат беше објавено во „Емитер“ во написот "Прва македонска радиоаматерска станица опремена за работа преку сателит", а таму може да се види и старата антена. Направено е подобрување во делот на фидот - илуминаторот, кој ...

Секој ден со нов пробив на полето на батериите. Јапонските истражувачи од Националниот универзитет од Јокохама откриле ветувачка технологија за батерии со литиум манган оксид. Нивниот пристап користи манган во електродата за да создаде батерија со висока енергетска густина која е истовремено исплатлива и одржлива. Батеријата достигнува неверојатни 820 ват-часови по килограм густина на енергија без намалување на напонот, надминувајќи ги ...

Еден нов вид 3Д печатено лепило би можело да го промени начинот на кој ги спојуваме материјалите. Досега, научниците развија два нови метода кои можат да создадат екстремно силни врски на ниво на пора, елиминирајќи ја потребата од дополнителни лепила при процесот на сврзување. Лепилата и останатите индустриски адезиви се мошне моќни кога станува збор за прицврстување на нештата заедно, но тие не се баш добри за животната средина. Всушност, за ...

Истражувањето на Кајперовиот појас што го реализира мисијата Нови Хоризонти (New Horizons) на НАСА откри популација на објекти во надворешниот Сончев систем што укажува на тоа дека Сончевиот систем формирал од многу поголем протоѕвезден диск отколку што тоа првично се мислеше. За потсетување, Кајперовиот појас е регион што се простира понатаму од Нептун и е дом на прастари остатоци од планетарен материјал. Појасот за првпат е откриен во ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.72
65%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.35
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
50%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
63%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
35%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
69%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
71%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1011
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83