Градот Амстердам им забрани на своите вработени да ја користат апликацијата Телеграм (Telegram) на нивните службени телефони поради потенцијална криминална активност на апликацијата и ризик од шпионажа, изјавил портпаролот на општината за БНР. Управата на Градот ја усвоила забраната кон крајот на април, но јавно не зборуваше за тоа. Портпаролот на ИТ секторот на град Амстердам изјавил дека Телеграм претставува „безбедно засолниште за хакери, ...

Голем број истакнати новинарски куќи и социјални мрежи како што се Њујорк Тајмс, Вајрд и Инстаграм одбија Apple да спроведува обука на сопствените модели со вештачка интелигенција со нивните податоци. Ова се случува три месеца откако Apple ја претстави алатката наменета за издавачи којашто овозможува тие да се откажат од обуката на вештачката интелигенција. За системите со вештачка интелигенција да функционираат, тие треба да бидат обучени со ...

Драматични температирни промени и промени во врнежите доаѓаат за 70% од светската популација во следните 20 години. Промените се должат на високите емисии на стакленички гасови. Вака вели истражувањето чиишто резултати се објавени во Nature Geoscience. Истражувањето вели и дека драматичното намалување на емисиите би ја намалило оваа бројка на 20%. Со цел да ја испитаат брзината на метео промените што треба да ја очекуваме во наредните две ...

По речиси две години макотрпна работа и огромен вложен труд, група студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку дена беше претставен на натпреварот „Алпе Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска. Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, како и кон отворање на нови можности за студентите и поддршка на нивните идеи, ...

Факултетот за електротехника и информациски технологии, кој оваа година одбележува 65 години постоење, е подготвен за упис на новите бруцоши во учебната 2024/2025 година. Досегашната статистика на ФЕИТ вели дека интересот за сите седум студиски програми е подеднаков и студентите се запишуваат на посакуваната студиска програма во државна квота... Оваа година приликата да се запишат на еден од најпрестижните технички факултети во државава ќе можат ...

Серија гравури откриени на камени столбови кои датираат од пред 12000 години се можеби првиот пример на соларен календар во историјата. Многу пред папата Григориј XIII (1501-1585) и неговиот Грегоријански календар, Турците веќе ги следеле деновите, годишните времиња и годините со соларен календар. Ова се резултатите што произлегуваат од студијата објавена во Time and Mind, која ги анализирала гравурите во комплексот Гебекли Тепе, археолошки ...

Минатиот месец започна фаза 1 од големото испитување на mRNA вакцина против неситноклеточен карцином на белите дробови, со прелиминарни резултати кои се ветувачки. Испитувањето треба да заврши во јануари 2026 година. Испитувањата на mRNA вакцината против неситноклеточен карцином на белите дробови започнаа во седум земји. Лекот користи технологија слична на некои од вакцините што се користат против ковид. Технологијата, всушност, првично и беше ...

Природно-математичкиот факултет на 29 и 30 август ги очекува пријавите од идните студенти – бруцоши, за новата учебна 2024/2025 година. Оваа година на Институтите на ПМФ за првиот циклус на студии ќе можат да се запишат вкупно 1030 студенти од Македонија и 32 студенти од странство. Согласно со објавениот конкурс, пријавите се вршат преку електронскиот систем iKnow на УКИМ, а сите потребни документи се доставуваат лично во просториите на ПМФ. ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел унапредување на образованието на младите во земјава и отворање на нови можности за нив, обезбеди над 290 стипендии за сите Факултети за новите студенти на прв циклус студии, како и 720 половични стипендии за студенти од секоја студиска програма и од секоја студиска година, за кои родителското право го врши само еден родител. „УКИМ ќе додели 240 стипендии, кои се распоредени по 10 стипендии за ...

По повеќе од една година рекордно високи глобални температури на морињата, екваторијалниот Атлантик се лади побрзо од кога било. Во текот на изминатите три месецa, промената од топли кон ниски температури во екваторијалниот Атлантски Океан се случи со рекордна брзина. Оваа нова шема на „Атлантска Ла Ниња“ доаѓа непосредно пред очекуваната транзиција кон поладната Ла Ниња во Тихиот океан, а овие настани што се случуваат еден по друг би можеле да ...

Ел Нињо е дел од природниот климатски феномен наречен Јужна осцилација Ел Нињо (El Niño Southern Oscillation – ENSO). Феноменот има две спротивни состојби: Ел Нињо и Ла Ниња, и обете влијаат значително врз глобалното време. Делувањето на Ел Нињо може да се идентификува преку голем број различни мерења, вклучувајќи: потопли од вообичаените температури на површината на водата во тропскиот источен Пацифик, атмосферски притисок над нормалата во ...

Замислете кога би било можно да лансираме сателити во орбитата без користење на ракети, ниту било каков погонски систем, туку инструментот или било кој товар сам да стигне во орбитата. Група на кинески научници го предлага токму тоа, да се изгради машина која ќе го користи принципот на магнетна левитација за лансирање. Идејата е да се искористи центрифугалната сила, тоест товарот кој се лансира да е прицврстен за ротор кој ќе се врти доволно ...

Првенецот на Снежана Каначки од Србија, научно-фантастичниот роман „Поларис – последниот град“, деновиве го доби првото македонско издание. Жанровски романот може да го сместиме како младинска дистописка фантастика, жанр кој се стекна со популарност на почетокот на овој век, особено со успехот на книжевните серијали “Игри на гладта” (2008) од Сузан Колинс и “Дивергентни” (2011) од Вероника Рот, кои имаа и мошне успешни филмски адаптации. Со ...

Древните седиментни карпи, пронајдени од роверот Истрајност (Perseverance), го потврдија присуството на вода на Марс во минатото. И тие ја одржуваат жива надежта дека ќе најдат траги од вонземски живот. Според податоците собрани од Тања Бозак, геобиолог од Одделот за гео, атмосферски и планетарни науки при МИТ, роверот Истрајност на НАСА открил дека древните карпи во кратерот Језеро на Марс се формирале во присуство на вода. Овие седиментни ...

Една нова студија предлага дека изборот на домашно милениче е директно поврзан со личноста на оние кои го посвојуваат. Англичаните ги користат термините „cat people“ и „dog people “, додека на македонски јазик првите ги нарекуваме „мачкари“, додека вторите најчесто кучкари. Значењето е исто – има луѓе кои посвојуваат мачка затоа што ја претпочитаат и други кои никогаш не би можеле да живеат без куче. Сега една нова студија објавена во Anthrozoös ...

Студија на МИТ ги истражуваше шансите да се умре за време на лет и откри дека патувањето со авион станало 39 пати побезбедно од 1968 година до денес. Од 1960-тите до денес, патувањето со авион станало 39 пати побезбедно. Ова се резултатите од студијата објавена во Journal of Air Transport Management, која ги анализирала ризиците од смрт додека патувате со авион споредувајќи ги смртните случаи од 1968 до 1977 година со оние од 2008 до 2017 година ...

НАСА го одложи лансирањето на мисијата Crew-9 на Спејс Екс (SpaceX) за септември. Причините се поврзани со проблемите на боинговиот шатл Старлајнер (Starliner), кој стои ‘заглавен’ на вселенската станица веќе цел месец. Извесно е и враќањето на астронаутите дома за скоро време и покрај позитивните тестови на Старлајнер... Проблемите на шатлот Старлајнер на Боинг, кој во моментов сè уште стои прикачен за Меѓународната вселенска станица (ISS), ...

Научниците создадоа уред кој може да ги користи амбиенталните радиофреквентни сигнали, како Wi-Fi и Bluetooth, за енергија. Пронајдокот, велат истражувачите, може да помогне за подобрување на енергетската ефикасност на уредите и да им овозможи на малите сензори да работат без батерии. Меѓународниот тим на истражувачи ги објави своите наоди во Nature Electronics. Електромагнетните бранови се користат во голем број сигнални технологии, вклучувајќи ...

Еден од пет луѓе кои се во состојба на кома можеби е случај на „заклучена личност“. Ова значи дека тој/таа е свесен за својата околина, но не може да комуницира. Едно големо истражување покажа дека некои од луѓето кои имаат сериозно оштетување на мозокот можат да извршуваат сложени ментални задачи според зададени барања и покрај тоа што не можат да се движат или да зборуваат. Феноменот беше полесно да се отфрли „кога се мислеше дека се работи за ...

Да се измерат и проучат одредени чувства кои ние луѓето сме свикнати да ги опишуваме со зборови, никогаш не е лесно. Земете ја, на пример, тагата што нè обзема кога ќе почине некој близок: концептот за „жалост“ се чини исклучително човечки, па како тогаш би можеле да го измерите кај некое животно? Во реалноста, постојат начини... Едно истражување спроведено од Универзитетот во Оукленд чии субјекти се домашните миленици кои мошне често се ...

Бостонската компанија Perceptive објави дека создаде робот способен ефикасно да ги извршува функциите на стоматолог. Неодамна овој робот за првпат изврши операција на човек. За зафатот потрошил осумпати помалку време отколку што обично му треба на лекарот. Системот е опремен со модерен 3D-скенер кој користи оптичка кохерентна томографија за создавање на детална тродимензионална слика на устата на пациентот. Ова овозможува автоматско откривање на ...

Како прво, сегашните котли на јагленова прашина не се наменети за согорување на природен гас, поради многу повисоката температура на согорување на гасот од околу 1500 °C. Но, дури и да се намали температурата на согорувањето со додавање голем вишок на воздух, тоа не е добра идеја од термодинамички аспект, поради неискористувањето токму на високата температура на согорување, која носи висока ефикасност на конверзијата на топлинската енергија во ...

Шимпанзата комуницираат преку гестови. И најизненадувачки е што нивните разговори имаат ист ритам и паузи како нашите. Ако се занемари малиот детаљ дека шимпанзата не користат зборови, може да се каже дури дека нивните ‘разговори’ се мошне слични на оние нашите, на луѓето. Ова е заклучокот на студијата објавена во Current Biology која врши длабинска анализа на комуникацијата во пет различни заедници на шимпанзата. Студијата се фокусира на ...

Деновиве во видокруг ни влезе едно интересно видео за радикалната идеја на биоцентризмот според која животот го создава времето, просторот и самиот космос, како и последиците што произлегуваат од неа – паралелни универзуми, неуништливост на свеста на набљудувачот, а зошто да не и бесмртност на квантно ниво. Дали човечката свест ја создава реалноста? Дали постои физичка реалност која е независна од нас? Дали воопшто постои објективна реалност? ...

И повторно доаѓа тоа време од годината кога нѐ очекува еден од најблескавите метеорски роеви. Персеидите се редовни посетители на августовското небо на северната хемисфера и видливи се некаде од средината на месец јули, па речиси до крајот на месецот август. Иако метеорскиот дожд во помал интензитет е видлив во целиот овој период, неговиот пик го очекуваме на 12 и 13 август. Овој метеорски дожд всушност претставува остаток од кометата ...

Британските научници и инженери за прв пат успешно истрелаа ласерско енергетско оружје со голема моќност од борбено возило на британската армија. Револуционерниот тест, како што тие велат, бил спроведен на полигонот на лабораторијата Dstl (Defence Science and Technology Laboratory) во Портон Даун. Ласерското оружје неутрализирало цели на растојанија поголеми од 1 км. Како дел од Програмата за демонстрации на Копнено ласерско насочено енергетско ...

Тајното пресретнување на видеосигнали е прилично стар начин за електронско шпионирање, но новиот метод откриен од група истражувачите дава застрашувачки нов увид во начинот на којшто тоа може да се изведе. Новооткриената техника комбинира безжичен ЕМ мониторинг и алгоритми за вештачка интелигенција за да го „чита“ текстот од екранот на жртвата. Истражувачкиот тим од Уругвај откри дека е можно да се пресретне безжичното електромагнетно зрачење ...

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, во своите јавни настапи и преку веб-страницата на Министерството, упати повик до наставничката фела и до јавноста за предлози и консултации во врска со неколку образовни теми. Во таа насока, како мој почетен прилог одлучив да објавам еден документ, што го подготвив пред околу 13 години за друга ама слична намена, затоа што во него најголем дел од предлозите се однесуваат за ...

ФЕИТ потпиша Меморандум за соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје со кој се утврдува рамката во која се реализира соработката помеѓу двете институции за спроведување истражувачки, образовни и апликативни активности и проекти од заеднички интерес, заснована врз искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и на просторните капацитети на потписниците. Предмет на соработката, која ја ...

За разлика од многу други форми на меморија, се чини дека возраста не влијае врз способноста за паметење и препознавањето на музичките теми. Имено, осумдесетгодишниците се способни да ги препознаат познатите мелодиите подеднакво добро колку што тоа го прават тинејџерите. Претходни истражувања веќе покажаа дека многу аспекти на меморијата се засегнати од стареењето, како способностите за повикување на спомени што бараат обработка на “податоците” ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
7.72
65%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
53%
1019
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
76%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.35
73%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
50%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
63%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
37%
1010
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
35%
1012
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
69%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
71%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
82%
1011
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.6461

Currency

35.8915

Currency

39.8754

Currency

64.502

Currency

7.97057

Currency

0.67503

Currency

0.38121

Currency

0.52517

Currency

1.50576

Currency

0.66699

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83