
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Уште само неколку дена од почетокот на второто издание на винскиот фестивал во Охрид, кој ќе се оддржи на 22, 23, 24 јуни. Богата музичка програма со македонски музички артисти е тоа што ќе го дополни уживањето во дегустацијата на македонските вина и вкусната храна. На отварањето на фестивалот во четврток на сцената ќе ги видиме Баклава, Миле Кузмановски и Куку Леле. Во петок Брас Брадрс, охридските рокери Бекдор Бенд и Лугер, како и ...
Со почетокот на летото и летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија – Охрид, започнува и второто издание на винскиот фестивал – ” Ohrid Wine Festival”. Од 22 до 24 јуни на Кејот Македонија, поточно на платото пред хотелот Палас, три дена во Охрид ќе се дегустира убаво вино и храна, надополнета со убава музика и забава за сите генерации. По успешното прво издание кое покажа дека Охрид е вистинско место за промоција на винската култура и ...
Очигледно, да се каже „Не“ знае да биде ослободувачки. Веќе не е битно за што се однесува тоа „Не“. На оваа корумпирана и неспособна клика „Не“, очигледно е единствениот начин да сфатат дека наишле на ѕид, и дека се што до сега правеле и се навикнале да фукнционираат веќе нема да може. Најмногу боли што го лажат народот, и тоа без усул. Што му ветуваат блескава иднина, некаков си европски сон, иако забораваат да кажат дека доколку вакви никакви, ...
Во просториите на Институтот за етнологија и антропологија при Приридно-математичкиот факултет во Скопје во среда (31 мај), со почеток во 11 часот ќе се одржи омаж по повод годишнините од раѓањето или смртта на тројца етнолози. Ќе бидат одбележани 30 години од смртта на проф. Милош Константинов, 10 години од смртта на Ангелина Крстева и 80 години од раѓањето на проф. Крсте Богоески. – Слично како и минатата година, кога омажот се однесуваше на ...
Во галеријата Рудиќ, утре на 07.06.2023(среда) во 20ч ќе се отвори изложба на Бранимир Карановиќ, Професор емиритус на Факултет за применети уметности од Белград. Карановиќ дипломирал на Факултетот за применета уметност во 1974 година во класата на проф. Божидар Џмерковиќ во Белград. Магистрирал графика во 1976 година на Факултетот за ликовни уметности во Белград во класата на проф. Марко Крсмановиќ. Од 1978 до 1997 година, професор по ...
Тоа што последните два месеци е актуелно е договорот со Бехтел и Енка, со кој за баснословни суми (за кои како што гледаме ќе надминат и 2 милијарди евра) ќе се градат неколку делници низ Македонија, со средства директно од буџетот. За почеток да кажам, дека финансирање на проекти од овој тип, и со олку голем износ, директно од буџет, во најмала рака е неодговорно и несериозно. Со таквата одлука правите да државата нема денар за ништо друго во ...
Ретроспективна изложба на творештвото на Владимир Темков ќе биде отворена во Националната галерија, во објектот Чифте амам, на 31 мај 2023 година (среда) со почеток во 20 часот. Ќе се изложат дела од сите циклуси на неговото творештво. Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година, а со изложбата одбележува 40 години од неговата прва самостојна изложба. Во сиот период учествува на изложби во Македонија ...
Прошетав низ трговскиот Рамстор во Центар. Таму истакнати таблоа од ученици од повеќето факултети и дел од средните училишта. Во зависност од тоа кој е бројот на апсолвенти, многу нешта ќе ви станат појасни. Сатанизацијата на одредени струки како тешки или неатрактивни во голема мерка придонело на осипување на кадрите. Најзагрижувачки е кога ќе видите наставни смерови со по еден, двајца, тројца. Навистина жално! Посебно кога се работи за струки, ...
Македонскиот уметник Киро Урдин изминатите месец и половина е актуелен во САД со неговата изложба “Ancestor“, која е поставена во Мајами, Флорида. Урдин, кој долги години твори и живее во Франција и Белгија, е претставен со своја нова самостојна изложба во Мајами, која е насловена “Ancestor” и ќе е поставена во галеријата Amadlozi во соработка со Kloser Contemporary Art од Белгија и El Espacio 23. Истата публиката ќе може да ја види се до 31 мај ...
Докторот по историски науки и поранешен директор на Музејот на македонската борба, д-р Бранислав Светозаревиќ им одржа вистинска лекција на група бугарски новинари, кои се соочија едни со други во областа Мала Преспа во Албанија. На ова скоро 20 миниту долго видео можете да ја проследите жестоката дискусија за историјата и потеклото на македонскиот народ, во која Светозаревиќ поентираше кога им рече на бугарските новинари, дека тие всушност ...
По повод чествувањето на заштитникот на Гевгелија, Вознесение Христово – Спасовден, во Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија, под покровителство на Општина Гевгелија, се организира културна програма, на која денес (26 мај, петок), во 20 часот, ќе бидат промовирани две книги од Васко Шутаров. Книгите „Со зрно сол. И парче локум“ (карантински колумни) и „Кога Татковината станува чедо, а вистината борба“ на Васко Шутаров, политиколог, ...
На сцената на Драмскиот театар Скопје од 22 мај до 28 мај 2023 година е следниот репертоар: ден и час: 22.05. 2023 (понеделник) | 20:00 претстава: ЗА НАС ПОЧНУВА ЖИВОТ Играат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска и Нино Леви автор: Ѓерѓ Шпиро режија: Дејан Пројковски ден и час: 23.5.2023 (вторник) | 20:00 претстава: ЧУДНА СЛУЧКА СО КУЧЕТО ВО НОЌТА Играат: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска, Соња ...
На факултетите и институтите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, на 30 мај од 12 до 14 часот ќе се спроведе гласање за избор на ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна комисија. Нивните програми за работа се објавени на веб-страницата на УКИМ (ukim.edu.mk). Во пресрет на изборите, ...
Самостојно претставување на уметницата Тања Балаќ ќе се одржи на 19 мај 2023 година, со почеток во 20 часот, во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. Станува збор за мултимедијален проект – видеоинсталација насловена „Вкрстени избори“ („Crossing Choices“, 2023), која се состои од слика, фотографија, инсталација и видео. Текстот во каталогот за изложбата е на проф. д-р Ивица Џепаровски и се однесува на експерименталниот филм со ...
Македонскиот павилјон на Биеналето за архитектура ќе се отвори во четврток (18 мај), со проектот „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот ‘Свети Јоаким Осоговски’, 1992-2017“. Официјалното отворање на Биеналето е на 20 мај, а Македонскиот павилјон ќе се отвори утре, на Светскиот ден на музеите. Излагачи претставени во поставката се Минас Бакалчев, Митко Хаџи-Пуља, Александар Радевски, Саша ...
Во пресрет на одбележувањето на 18 Мај – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МУЗЕИТЕ 2023,ќе се одржи Советување кое е традиционално организирано од страна на Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) уште од 1994 година. Согласно ваквата востановена пракса на МНК ИКОМ, оваа година Советувањето е на темата „Музеи, одржливост и благосостојба“. Советувањето е поддржано од Министерството за култура, во рамките Годишната ...
Хорот на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“ вечерва (вторник, 16 мај) за првпат ќе изведе концерт со словенско-византиско пеење, на настап во во Музејот на македонската борба, со почеток во 20 часот. Станува збор за концерт кој е дел од фестивалот „Денови на македонска музика 2023“ на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ. На концертот ќе се промовираат и книгите „Литургии арманеска“ од Јане Коџабашија и „Краток воскресник“ од ...
Во изминатите неколку години од време на време се отвора темата за промена на изборниот модел, и истата се заташкува, очигледно затоа што проценките на оние кои се на власт, не им оди во прилог. Во неколку наврати имам пишувано околу тоа што би било добра идеја како да се надгради изборниот модел… (колумна 1) (колумна 2) Постојано се зборува за една изборна единица, истовремено ретко кој зборува за слободни (отворени) листи, или пак за изборен ...
Општина Илинден на 16 и 17 мај 2023 година, ќе ги реализира традиционалните Денови на културата, во чии рамки во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи 24-та Литературна манифестација „Илинден 2023“, а во соработка со Друштвото на писателите на Македонија. По тој повод денеска во просториите на ДПМ се одржа прес-конференција на која беше претставена Програмата на манифестацијата, а за активностите говореа градоначалникот на Општина Илинден, ...
Промоција на монографијата посветена на животот и творештвото на скулпторката Анета Светиева ќе се одржи овој петок (19 мај), во објектот Даут-пашин амам во Скопје, точно на пладне. Промотор на книгата е историчарот на уметност, проф. д-р Небојша Вилиќ. Во изведокот од текстот на Викторија Васева Димеска се вели дека слоевитоста на животот и комплексноста на творештвото на Светиева, вкрстување на нејзините животни тешко проодливи патишта и ...
Разговор со историчарот на уметност Јане Теохаревски, поврзано со романскиот град Темишвар, град на европската култура 2023 и неговото учество на самата манифестација. Теохаревски долги години работи во сферата на средното образованието, а добар дел од својот работен век го продолжи и во Македонската радио телевизија. Сега своите пензионерски денови ги продолжува со активно творење, а учеството во Темишвар годинава е само дел од неговите актив ...
Во време на астрономски подем на вештачката интелигенција, не смее да се заборави на негување на природната. Здружението на граѓани со високо натпросечна интелигенција Менса Македонија в сабота организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови. Тестирањето ќе се одржи во 11 часот во предавалната 123 на Машинскиот факултет-Скопје. Сите лица со навршени 16 години што сакаат да се тестираат и да го дознаат својот коефициент ...
Денес (4 мај 2023 година), навршуваат 120 години од смртта на великанот на македонска револуционерна борба, еден од идеолозите на Македонците за сопствена културна и интелектуална засебност и самостојност. Делчев на 4ти мај 1903 година, во селото Баница, Серско (денешна Грција) прерано го заврши неговиот исклучително краток, а плоден живот. Гоце Делчев со своите идеи и ставови беше пред своето време. Размислуваше космополитски, интелектуално, ...
Балканот е едно навистина специфично место, вредно за анализа од секој вид. Етнолошка, антрополошка, социолошка, историска, но очигледно треба малку да се позанимава и медицинската наука, барем кога е во прашање одредени „шизо“ моменти кои зафаќаат одредени елити, а се пренесуваат на цели нации. Дека креирањето на една нација (на секоја нација, да се разбереме) е вештачко и е процес кој се базира на политичка агенда, тоа е повеќе од јасно. ...
Кога читам и слушам што челните луѓе на актуелната власт користат како изговор за глупостите кои ги прават, се прашувам две работи: дали се тотални аналфабети или пак се толку самоуверени во некаквата поддршка која веруваат дека ја имаат од некој повисок надворешен фактор, што мислат дека се што прават ќе помине неказнето? Ова што се случува со постапката за автопатите кои што треба да се градат, навистина ги мина сите граници. Договор „во ...
Уметникот Златко Глигоров ќе се претстави пред публиката со својата инсталација „Рефлекции“. Истата ќе се отвори во четврток (13 април 2023) во Галерија 2 во МКЦ, со почеток во 19:30 часот. Инсталацијата „Рефлексии“ е нов истражувачки проект на Златко Глигоров. „Инсталацијата се состои од серија на дводимензионални модули (мултиплицирани фрагменти) во заднината, а во преден план е поставена минимализирана скулптура. Скулптурата е двокомпонентна ...
Во вторник (11 април 2023 година) со почеток во 19:30 часот, во Рудиќ Галерија ќе биде поставена клупска изложба на фотографии, “ЕЛЕМА 2023“. “ЕЛЕМА 2023“ е изложба која го означува креативниот и творечкиот континуитетот на ФК Елема. Како прва годишна клубска изложба она ги најавува идните активности на Клубот кои секако ќе бидат претставени во периодот кој следи, со јасен акцент на индивидуалноста на авторите, слободниот дух, секогаш со нов ...
Кога Македонија на почетокот на 90тите реши да истапи од федеративната заедница Југославија, како самостојна и независна држава, тоа успеа да го направи без ниту еден испукан куршум, законски, правно издржано и со по многу нешта светски устав, по критериуми кои светски интелектуалци и политичари го пофалија. Еден од нив беше токму светски признаениот Робер Бандитер. Робер (Роберт Бадинтер) (Париз, 30. Ⅲ 1928) – француски адвокат и политичар. ...
Општина Велес денеска го распиша конкурсот за собирање на предлози за добитник на традиционалната актерската награда за животно дело „Петре Прличко“. Како што информираат од Општината, предлог за добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од ...
Веќе станува смешно се она што се случува со Универзалната сала. Сагата која трае повеќе од десетина години, веќе се губи поентата за истото да се зборува. Ајде да направиме еден рекапитулар на се она што се случуваше околу неa. Објектот е изграден само две години по скопскиот земјотрес, во 1965 година. Објектот е платен со средства од донација од 35 земји, а е купен од бугарска фирма од Софија, а не како што многумина шират муабет дека салата е ...