Навистина не можам да го сфатам однесувањето на функционерите и политичарите кога во обид политички да поентираат, го малтретираат народот! Нај актуелно е ова со градскиот превоз во Скопје. Имало бомба подметната, па ќе штрајкувале, Владата презела обврска за учениците, па не плаќа заостанати побарувања… Си се местат меѓу себе, се роварат и си прават опструкции, а жртва е народот. А бе, несреќи едни, знаете ли како е на сабајле да во паника ...

Најновата оптичка илузија ќе ви помогне да откриете дали имате супер натпреварувачка личност или сте брутално искрена личност. Некои гледаат череп, а некои две девојки како играат карти. Илузијата првично беше објавена на TikTok профилот на Чарлс Мериот, а видеото од тогаш е прегледано скоро 84.000 пати. Ако забележавте девојки како играат карти, тоа значи дека сте весели и оптимистични, многу сте натпреварувачки расположени и сакате да ...

На првата самостојна изложба на Александар Томовски која вчеравечер (12 октомври) беше отворена во МКЦ беа изложени дела што прикажуваат балерини, но во една поинаква средина – зад кулисите. Се чини дека Томовски во своите црно-бели фотографии успева да го долови светот каде што место во вообичаената сценска поставка ги гледаме балерините без аудиториумот од кој некогаш сме дел и самите. Прикажувајќи ги сами со себе авторот го доловува сиот ...

Делото „Дијалектите на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство (стручно-правни аспекти)“ од авторот м-р Александар Јорданоски е стручна монографија која излегува од печат во бурни и непредвидливи времиња за македонскиот идентитет, којшто сам по себе ги вклучува јазикот и неговите дијалекти, фолклорот, ракописното наследство, песните, умотворбите, игрите… Авторот во оваа стручна монографија ги анализира негувањето, грижата и ...

Синоќа (сабота, 15 октомври 2022) во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ (1947 – 2022). Марин Бабиќ (роден 24 октомври 1947 Белград – 15 октомври 2022 Скопје) во 1971 година дипломирал на Театарската Академија во Софија и истата година се вработил во Драмски Театар Скопје. Учествувал во бројни и значајни улоги во бројни претстави не само во Драмскиот театар, туку и во ...

Почина македонскиот ликовен уметник Јован Балов (61) кој живееше и твореше во Берлин, Германија. Јован Балов имаше своевидна амбасадорска улога за македонската култура кога во 2004 година во Берлин ја отвори галеријата „Прима центар“, каде што на негова иницијатива се одвиваше интензивен ликовен живот на уметници од Македонија и од регионот. Сликарот Јован Балов е роден во Скопје на 6 ноември 1961 година. Студиите ги завршил на Факултетот за ...

Синдикатот на културата на Република Македонија испрати соопштение до јавноста дека откако го добиле извадокот од нацрт-записникот од 88-та седница на Владата на РСМ и како синдикат кој е еден од потписниците на Колективниот договор во културата, зачудени се од предлог-мерките од страна на Владата во однос на Колективниот договор во културата, кој веќе трета година се применува со пропишана методологија за пресметка на плати, која од истава оваа ...

На моменти ме плаши оваа општа смиреност во јавноста, иако е повеќе од очигледно дека се врие. Нема протести, нема блокади, нема демонстрации, дури и нема нервозни и хистерични јавувања по медиумите, како што неретко има. Впечатокот е дека се таложи бес и омраза кај народот за се што се случува, а не се гледа спас на повидок. И кога секој смета нека не може да оди подолу и полошо, државата најавува намалување на платите, онаму каде што ќе ...

На 05 октомври 2022 (среда), во Македонска академија на науки и уметностите – МАНУ, со почеток во 19 часот, ќе се отвори изложбата на фотографии, како и промоција на фотомонографија со текст на Ферид Мухиќ, како и аудио визуелна снимка. “Копнежот по светлината“ претставува мулти медиски проект инспириран од универзалниот стремеж на човекот да излезе од темнината за да стаса до светлината; темнината на осаменоста да ја замени со светлината на ...

Промоција на книгата „Дијалектите на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство – стручно-правни аспекти“ на м-р Александар Јорданоски на 5 октомври 2022 (среда), од 12 часот, во објектот Порта Македонија. Модератор на промоцијата на книгата ќе биде д-р Марјан Патлиџанковски, додека промотори на истата се проф. д-р Михајло Марковиќ од Државниот универзитет во Тетово и м-р Ивона Опетческа Татарчевска од Управата за заштита на ...

Денес се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред ...

Артис Леон Ајви Џуниор познат по псевдонимот Кулио (Coolio), почина доцна вчера (28.09.2022) од срцев удар, на 59 години. Кулио бил во посета на пријател кога се срушил во бањата. Брзата помош констратирала смрт на самото место. Кулио беше рапер, продуцент на плочи и актер, а неговиот мејнстрим успех е на крајот 90-тите години со неговите албуми It Takes a Thief (1994), Gangsta’s Paradise (1995) и My Soul (1997). Најпознат е по неговиот ...

Сите велат дека не треба да се мешаат спортот или културата, со политиката. Како ли не сфаќаат дека севкупното живеење е политика и борба за доминација? „Војната“ е природна состојба на човекот, според Томас Хобс. По својата природа, човекот му е на човека волк (Homo homini lupus). Бидејќи секој човек е потенцијален непријател на другите луѓе, кај секого се јавува страв да не биде нападнат и уништен, а стравот и недовербата водат кон некаква ...

„Синергија во времето“ е насловот на изложбата од Страхил Петровски која во среда (28 септември), со почеток во 19 часот ќе биде отворена во Спомен-костурницата во Велес. Најновата видео инсталација на Петровски е зашеметувачки визуелен „кружен тек“ во(н) времето и просторот, каде не знаете дали сте вие во центарот на движењето или пак движењето иницирано од уметникот едноставно ве зграпчило и ве врти центрифугално и центрипетално низ својата ...

Никола Бадев (8 август 1918, Глишиќ, Кавадарци – 25 септември 1976, Скопје) — македонски пејач на народни песни, како и собирач на народни песни. Никола Бадев е роден на 8 август 1918 година, во кавадаречкото село Глишиќ, во земјоделско семејство. Мајка му се викала Сута. Со неполни десет години започнал скришум да свири на виолина, а во неговата музичка наобразба многу му помогнал вуко му Васил Неделков, кој како самоук музичар свирел на повеќе ...

Петре Мито Андреевски (попознат како Петре М. Андреевски; Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 — Скопје, 25 септември 2006) — македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го ...

Европски денови на културното наследство 22 – 28 септември 2022 година. „Одржливо наследство“ е темата на Европските денови на културно наследство 2022. Со тоа се става фокус на активната улога на заедниците, коишто градат поодржлива и посигурна иднина за европското наследство, во контекст на климатските промени и ризиците што тие ги носат. Европските денови на културното наследство, како заедничка иницијатива на Советот на Европа и Европската ...

Навистина не ми е јасно, како можевме како нација да си дозволиме една повеќе од пристојна инфраструктура на Македонските железници да дозволиме да се разгради и уништи. Таа треба да расте, да се шири и надградува. Самите возови и вагони како такви се најмалку битни. Тие се репарираат, средуваат, на крајот на краиштата, со една политичка одлука се купуваат нови или половни, небитно. Круцијална е самата инфраструктура. Истата, околу Скопје е и ...

Друштвото на писателите на Македонија традиционално го распишува Конкурс за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од писателка-членка на ДПМ, објавена во тековната година. Во конкуренција за ова признание ќе влезат стихозбирките објавени од септември 2021 година до крајот на септември 2022 година. Авторките и издавачите треба да достават по еден примерок во канцеларијата на ДПМ, најдоцна до 1 октомври 2022 година. ...

На 22 септември (четврток), во Национална галерија на Македонија, објект Мала Станица, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Јана Луловска, со наслов Natura in Vita/Vita in Natura. На македонската ликовна сцена во последните години станува се поактуелна работата со дискурзиви на екологијата и заштитата на животната средина, што укажува на фактот дека уметниците се моќна алатка во освестување и праќање на јасни сигнали ...

Денеска (13 септември), на 91 годишна возраст, почина маестро Фимчо Муратовски, еден од основоположниците на диригентската уметност во земјава, и поранешен директор на Македонската филхармонија. Муратовски е роден во Скопје на 11 август 1931 година. Во 1958 година дипломирал диригирање на Музичката академија во Загреб кај професорот Милан Хорват. Специјализирал во Санкт Петербург. Од 1959 бил ангажиран како диригент во Операта и Балетот на МНТ и ...

Продукција АРИСТОН е создадена од м-р Никола Ристевски во 2019 година во Свети Николе, Овче Поле, Република Македонија, како последица од истражувачката работа, објавувањето на книги и успешното промовирање на Македонија на неколку балкански медиуми и на History Channel. Причина за создавањето на видео продукција која ги промовира културното наследство и природните ресурси на Ристевски и тимот бил огромниот природен, културен, духовен и ...

Од 7 септември 2022 година, изложбата „Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ ќе биде достапна за публиката во објектот Мала станица. Изложба ќе биде отворена во среда (7 септември), во 13 часот. Тематската изложба „Жанр сцени од Колекцијата на Национална галерија“ е програмска изложба од Годишната програма на Националната галерија на Македонија, и ќе трае заклучно со 10 октомври 2022 година. Во периодот додека поставката ќе биде на ...

Навистина не ми е јасно, како некој се осмелува да ни подметне термин „загуба на струја“? Каде се губи истата? Системот е целосно автоматизиран, точно се знае на која трафостаница и на кое место има проток на електрична енергија кој или не е фактуриран воопшто, или е фактуриран, а не е платен. На вистина на секому е преку глава да плаќа туѓи трошоци. Веќе не проаѓаат муабетите кој во каква состојба бил, дали имал пари или не, и мешањето на ...

На денешен ден е роден академик Васко Ташковски (Нижеполе, Битолско, 31 август 1937), македонски сликар, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот. Завршил средно уметничко училиште во Скопје во 1958 година, а потоа дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Освен со сликарство ...

Скопје е град кој во континуитет се развива и шири. За жал, промените кои се случуваат не ги прати паралелно во развојот и севкупниот транспорт. Ниту инфраструктурата, ниту превозните средства. Толку што ме држи сеќавањето, од независност до сега ова се следните обнови на возниот парк: 50тина автобуси во 90тите, во два наврати во првиот мандат на Коце Трајановски, преку Владата, (100 украински, и 200 и нешто двокатни кинески и мали минибуси) и ...

На денешен ден е роден македонскиот сликар Томо Владимирски (Скопје, 26 август 1904 – Скопје, 14 септември 1971). Тој бил македонски сликар, сценограф, еден од основоположниците на модерното македонско сликарство. Првите сликарски поуки ги добил од својот учител, зографот Димитар Андонов Папрадишки. Во 1935 година завршил академски курс во Белград, а веќе во 1937 година, специјализирал сликарство на Уметничката академија во Прага, кај професорот ...

Во недела на 28 август православните христијани го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица во народот познат како Голема Богородица. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка, крај Скопје, одбележувањето на празникот започнува во сабота попладне, а во недела во утринските часови ќе се одржи литургија со која ќе чиноначалствува неговото блаженство архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Во предвечерието на празникот, во ...

Ова е нешто за коа сум пишувал, пишувам и ќе пишувам во годините кои следат. За најголемата измама која му се случи на македонскиот народ, на која многумина потклекнаа, а гледам и во не така мал број, се уште ги држи. За оној селскиот Пинокио, со семето, племето, загубен во времето, што ја бараше жицата… Ве направи сите мајмуни, и се уште ви се смее. А дел од вас народе мој, се уште го браните и поддржувате. Ќе не внесел во Европа! Дали се ...

Влијателниот скулптор Клес Олденбург, чии огромни дела од секојдневни предмети воодушевуваат милиони луѓе ширум светот, почина вчера во својот дом во Њујорк на 93-годишна возраст. Галеријата „Пејс“, која го претставуваше уметникот, соопшти дека настрадал од последици од неодамнешниот пад. Клес, инаку, е опишан како „еден од најрадикалните уметници на 20. век, во развојот на поп-артот“. Олденбург е роден во Шведска, а во САД се преселил во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
1008
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
94%
1013
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
7.72
61%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
95%
1010
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.42
91%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
65%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
2.68
77%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1004
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.66
47%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
6.17
76%
1011
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
4.47
62%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
93%
1006
Currency

61.535

Currency

56.8742

Currency

73.5317

Currency

35.6019

Currency

39.5387

Currency

64.4906

Currency

7.95294

Currency

0.67129

Currency

0.38043

Currency

0.52485

Currency

1.49922

Currency

0.6653

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83