Докторот по историски науки и поранешен директор на Музејот на македонската борба, д-р Бранислав Светозаревиќ им одржа вистинска лекција на група бугарски новинари, кои се соочија едни со други во областа Мала Преспа во Албанија. На ова скоро 20 миниту долго видео можете да ја проследите жестоката дискусија за историјата и потеклото на македонскиот народ, во која Светозаревиќ поентираше кога им рече на бугарските новинари, дека тие всушност ...

Објавена студијата „Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски“ на Верица Мукоска Деновиве од печат излезе книжевно-теориската студија „Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски (компаративна анализа)“ на авторката Верица Мукоска. Со употреба на компаративна ...

Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови, на 03.12.2024 (вторник) со почеток во 18:30. Тестирањето ќе се одржи на факултетот за Електротехника и Информатички Технологии (ФЕИТ), согласно кампањата на Менса за подршка на крводарителството, тестирањето е бесплатно за крводарители. Повеќе информации можете да најдете на линкот од настанот: https://www.facebook.com/events/931890928812036 или на ...

Филмската училница ја одржа четвртата сесија. На почетокот, филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева дебатираше со посетителите за нивните синопсиси со методот на опсервација, изработени минатата недела. Посетителите потоа беа запознати со неколку правци и авторски кругови во светската кинематографија од 30-те, 40-те и 50-те години од минатиот век: францускиот реализам и надреализам, германскиот експресионизам и пропаганден филм, италијанскиот ...

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје излезе со став во врска со новата Нацрт-концепција за основното образование. Нивното соопштение ви го пренесуваме интегрално. Најнапред, ги поздравуваме сите напори за спроведување сериозни реформи во образованието, како и настојувањето за усовршување на квалитетот во воспитнообразовениот процес. Ние сме и секогаш сме биле за реформи, ...

Во Скопје на 10.08.2021 г., на 59 годишна возраст почина проф. д-р Владимир Давчев, редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше роден на 03.11.1962 година во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. По завршувањето на гимназијата се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за филозофија. На Филозофскиот факултет почнува да работи на ...

Летен Академски Курс (ЛАК) – организиран од страна на БЕСТ-Скопје повторно ова лето, по 17-ти пат! Можноста за образовно надоградување и културен развој е сон на секој студент! Искуствата од меѓународен карактер преку коишто студентите ги прошируваат нивните познанствата низ цела Европа, и воедно го надополнуваат своето стручно познавање во областа на нивните студии, се есенцијални за секој амбициозен студент! Токму затоа БЕСТ Скопје, преку ...

Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Препораки за заедничко одбележување на историски личности: СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ Мисионерското дело на Светите браќа Кирил и Методиј ги поставува основите на христијанската ...

Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Најголемиот универзитет во земјава годинава има вкупно 10.918 слободни места за нови студенти, од кои 5.306 се за редовни кои се финансираат од Буџетот и плаќаат 200 евра партиципација, 4.522 се за редовни со школарина, кои плаќаат по 400 евра и 1.090 се за вонредни студенти. Притоа, исто како и минатата година, ...

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“ како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни. Tаканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања усвоени од страна на Заедничката македонско-бугарска меѓувладина комисија” за стотина македонски научници се ништовни и нерелевантни ...

На факултетите и институтите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, на 30 мај од 12 до 14 часот ќе се спроведе гласање за избор на ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна комисија. Нивните програми за работа се објавени на веб-страницата на УКИМ (ukim.edu.mk). Во пресрет на изборите, ...

Со подновен концепт и збогатена програма започнува 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (15-29 август, Охрид) 65 македонисти од 17 земји ќе учествуваат на 57. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а вкупно 150 македонисти (семинаристи и истражувачи на 51. Меѓународна научна конференција) ќе ја развиваат грандиозната македонистичка мисија во древниот град Охрид. Под ...

Крсте Петков Мисирков е македонски филолог и историчар, великан на македонската национална преродба… Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија, денешна Грција, на 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија, денешна Република Бугарија на 26 јули 1926) — македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на ...

На денешен ден, пред 100 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на ...

Денес (21 февруари 2022), по долгогодишно боледување, на 71 годишн возраст почина проф. д-р Драги Михајловски, еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен покрај другите творештва и по преводите на Шекспир, преведе 37 драми и 154 сонети од Шекспир. Драги Михајловски е роден 16 октомври 1951 г0дина во Битола, каде го поминал и своето детство. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломирал ...

Со неколку настани денеска ќе биде одбележан Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, кој беше прогласен во 2019 година со одлука на Владата. На овој ден во 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и правописот на македонскиот јазик. Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува ...

Промоција на книгата „Дијалектите на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство – стручно-правни аспекти“ на м-р Александар Јорданоски на 5 октомври 2022 (среда), од 12 часот, во објектот Порта Македонија. Модератор на промоцијата на книгата ќе биде д-р Марјан Патлиџанковски, додека промотори на истата се проф. д-р Михајло Марковиќ од Државниот универзитет во Тетово и м-р Ивона Опетческа Татарчевска од Управата за заштита на ...

Делото „Дијалектите на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство (стручно-правни аспекти)“ од авторот м-р Александар Јорданоски е стручна монографија која излегува од печат во бурни и непредвидливи времиња за македонскиот идентитет, којшто сам по себе ги вклучува јазикот и неговите дијалекти, фолклорот, ракописното наследство, песните, умотворбите, игрите… Авторот во оваа стручна монографија ги анализира негувањето, грижата и ...

Историјата на современиот македонски литературен јазик и правопис не почнува од 1945 година, туку неговите теоретски и практични основи се поставени во Македонското научно-литературно другарство во С.Петербург во илинденската 1903 (1905) година. Врз основа на Националната програма од 12 ноември 1902 година на новооснованото Другарство, испратена до руската влада и до Советот на С.Петербуршкото словенско благотворно друштво, објавена и во ...

Во рамки на соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, наскоро ќе започне настава по македонски јазик на новоотворениот Лекторат по македонски јазик. Наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска. Во тек се процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик, а ...

Македонскиот јазик денес (18 јануари 2024) одекна од срцето на Тирана. На Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана повторно беше отворен Лекторатот по македонски јазик како дејност на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје. На свечената церемонија пригодни обраќања имаа ректорката на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Биљана Ангелова, ректорот на Универзитетот во Тирана ...

Александра Велева е добитник на наградата „Дијалог” за 2012 година за книга од млад истражувач. Таа наградата ја добива за книгата „Интеркултурната комуникација изразена во масовната култура”. Одлуката за ова признание ја донесе жирито во состав д-р Снежана Веновска-Антовска (претседател), д-р Веле Смилевски и д-р Јован Дамјановски. Добитничката на наградата Александра Велева магистрира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, а сега е ангажирана ...

Промоција на делото „КУЛТУРОЛОШКИ ТОЧКИ НА МАКЕДОНИЈА“ од м-р Александар Јорданоски во Музејот на македонската борба за државност и самостојност на 22.3.2023 (среда), со почеток во 12:00 часот. Модератор: м-р Даниела Станковска-Плачковска Промотори: д-р Марјан Патлиџанковски, книжевник м-р Марјан Гијовски, историчар Извадок од книгата… Патриотизмот на денешницата нужно побарува квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето, ...

Студијата на проф. д-р Дејан Донев „За нашите етички основи“ ја доби наградата „Константин Философ“ за филозофска книга на годината, за 2024. Донев е втор добитник на оваа награда што ја доделува Филозофското друштво на Македонија. Во 2023-та, беа востановени награди „Константин Филозоф“ во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач. Одлуката за Наградата за филозофска книга на годината е ...

Почина Иван Микулчиќ, еден од најзначајните претставници на современата македонска археологија (25. 03. 1936 – 26. 06. 2020) „Професорот на Филозофскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Господарот на вербалната едукативна визуелизација на минатото, предводникот на теренските археолошки истражувања на Македонија од втората половина на 20. век Истражувачот кој ја задолжи македонската, балканската и светската археологија со ...

Македонската Влада, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Како што соопшти Министерството за култура, Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше ...

Во текот на минатата недела, Музејот на Народната банка одржа 18 интерактивни едукативни е-средби со ученици од 3. до 9. одделение од 6 основни училишта од Општина Центар. Овие едукативни е-средби ги следеа околу 1000 основци, што дополнително укажува на успешноста на активностите, имајќи ја предвид заложбата за претставување на нумизматичкото културно наследство пред што поголем број ученици. Е-средбите помеѓу кустосите, конзерваторите и ...

Во моментов на Археолошкиот локалитет Стоби се работи на расчистување на работите на терен и подготовка за овогодинашната програма на Националната установа „Стоби“. Програмата на Националната установа „Стоби“ за 2021 година опфаќа 17 проекти, од кои 11 директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, три проекти во областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство, еден проект ...

Археолошкиот музеј на Македонија ќе ја отвори изложбата “Праисторијата во Струмичко-радовишкиот регион”, на 09.03.2023 (четврток), со почеток во 13:00 часот. Изложбата е организирана од Завод и Музеј Струмица, Завод и Музеј Штип и Археолошкиот музеј на Македонија. Публиката ќе има ретка прилика да види на едно место дел од археолошките предмети од локалитетите Орниче, с.Костурино; Канли Чаир, с.Дамјан; Страната и Чаушов камен, с.Ангелци; ...

„Македонска песнарка“ нa Ѓорѓија Пулевски, објавена 1879 година во Софија, е првата одделна стихозбирка на македонски јазик во нашата литературна историја. Во оваа поезија е одразена македонската национална идеологија и суштина на Македонското (Кресненско) востание (1878-9), а песните биле пеени меѓу револуционерите, за што биле и наменети. Во збирката, освен македонски народни песни, Пулевски објавил и 3 свои авторски поеми: – „Плачење ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
61%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
55%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
76%
1022
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.2
50%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.29
91%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
4.12
56%
1021
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
71%
1022
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
53%
1018
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
70%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
67%
1023
Currency

61.6117

Currency

52.938

Currency

69.9543

Currency

34.9481

Currency

38.006

Currency

66.3931

Currency

7.45725

Currency

0.66132

Currency

0.34783

Currency

0.5252

Currency

1.26148

Currency

0.59829