
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Актерот Тони Михајловски е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година. Михајловски над три децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ и на други театри и ликовите пред филмската камера се испишува и голем дел на историјата на театарот и филмот кај нас. Посветеноста, автентичноста и препознатливоста на Михајловски говорат за неговиот широк актерски распон и ...
Во издание на Современост – Скопје, деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени“, нова поетска збирка на Стефан Марковски. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност. За збирката, македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, подвлекува: ...
Зе одржа манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ по 27 пат, во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје… Еве ги добитниците на наградите: Тинејџерска ТВ серија 2023 Тин-Камп Балетска претстава за деца 2023 Петар Пан Трајни вредности за афирмација на танцот Тодор Миладинов Трајни вредности во народната музика Нино Величковски Трајни вредности Д-р Миодраг Врчаковски – текстописец Посхумна награда за животно дело Кире Костов Спортист ...
Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи промоција на постхумно објавената книга „Македонскиот идентитет и македонското прашање“ од авторите, универзитетски професори Ванче Стојчев и Александар Стојчев, историчари, специјалисти за воената историја на земјава од античко до денешно време. За темите од најновата книга на двајцата автори „Македонскиот идентитет и македонското прашање“ ќе зборуваат уредниците проф. д-р Наде Проева и проф. ...
Интимниот амбиент овозможува подлабока врска помеѓу публиката и изведувачите, создавајќи извонредно концертно искуство, наведуваат организаторите. Илјадници свеќи ќе ја осветлат сцената на Филхармонијата на премиерното издание на првиот „Candlelight“ – концерт под свеќи на камерниот оркестар Профундис, на кој како солист ќе настапи светски познатиот виолинист Марио Хосен, што ќе се одржи на 12 април. Хосен, чија виртуозност му носи признание на ...
Минатата година Поточиња со прекрасно издание го прославија својот 20-ти јубилеен роденден, а годинава се очекува забавата да продолжи на радост на сите деца. На 13 и 14 април во Македонска Филхармонија ПОТОЧИЊА по 21. пат ќе потечат и ќе донесат многу радост и насмевки на детските лица. Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски во маската на ...
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов. Балетската претстава „Заспаната убавица“ преточена во музиката на Петар Илич Чајковски ќе се одржи на 7 и 8 март на сцената на ...
На престижниот фестивал „Жените од светот“ што ќе се одржи во Истанбул на 3 март ќе настапи македонската виолинистка Пламенка Трајковска со композиција со наслов „Ламенто вело“ за соло виолина. Како дел од проектот „Мојот град мојот глас“ Пламенка Трајковска ја создаде композицијата „Ламенто вело“ која се базира на звуците од градот Скопје и на фолклорна тема заедничка за балканските простори. „Ламенто вело“ се снимаше во Белград во студиото ...
Живееме во интересни времиња, навистина. Иако, за многу нешта одредени визионери, дали преку своите изјави, колумни, говори, скечеви, како да ги предвидуваа нештата. Во пресрет на претседателската и парламентарна кампања, како многу пати до сега, со екстремна и условувачка реторика излегуваат дел од перјаниците на партиите на македонските Албанци. За да не бидат покусо, кога едните ќе искажат став, другите како да мора да додадат уште нешто по ...
Повторно вест во медиумите: Владата префрли 2.5 милиони евра за плати и трошоци во Железници- Транспорт. Пред неколку месеци им префрлила 16 милиони евра за струја. Генијално! За греота сме. Во време кога еден куп водни и патни коридори се блокирани, во време кога соседството гради брзи пруги со 200 на сат, ние тонеме во долгови. Жално, ама вистинито. И ова претпријатие, како и она за инфраструктура, власта го дели како изборен плен за владеење, ...
Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови, на 22.02.2024 (четврток) со почеток во 18:30 часот, на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, во Карпош 2. Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството, тестирањето е бесплатно за сите крводарители, наместо доказ за уплата, потребно е да приложите крводарителска книшка. Повеќе информации можете да ...
Колку сакате да ги потценувате, ама она што го почнаа Заев и Димитров, а го продолжија Ковачевски, Маричиќ и Османи, си добива тапија. Сето тоа, потпомогнато со најдолгиот владетел во сенка, Оливер Спасовски. Документите беа она што колку толку не одржуваше во живот, иако веќе поодамна да бидеш Македонец беше проследен со коса црта и додавка „граѓанин на Република Северна Македонија“. Не до толку дека сакале да ги искористат старите нарачки од ...
Националната Алијанса за Ретки Болести – НАРБМ изразува сериозна загриженост за можноста од повторно доцнење на набавката на терапии за пациентите со ретки болести. Доцнењето на објавувањето на тендерот за набавка директно влијае на оние кои преку Програмата за ретки болести добиваат терапија за нивните состојби. Оваа програма се усвојува секоја година од Владата на РСМ и претставува основа според која се обезбедуваат средствата и набавуваат ...
На следниве избори и претседателски, и парламентарни, очекувам народот да гласа за оние кои ќе покажат достоинство и ќе застанат во заштита на државните интереси, за оние кои ќе изберат луѓе кои ќе ги пратат зад решетки сиве овие кои не опустоштија и осакатија, кои не продадоа, и ќе изберат лица кои ќе бидат во функција на државата и институциите, а не „алаш вериш“ мајстори кои ќе се збогатат за три животи. Избори се приближуваат, повторно ...
Македонскиот јазик денес (18 јануари 2024) одекна од срцето на Тирана. На Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана повторно беше отворен Лекторатот по македонски јазик како дејност на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Скопје. На свечената церемонија пригодни обраќања имаа ректорката на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Биљана Ангелова, ректорот на Универзитетот во Тирана ...
Како се брани државата? Со дела, секако! Како ја браниме ние? Никако! Секој индивидуално, колку може и колку знае, и колку има време. Со сопствени сили и сопствен буџет, аматерски стихијно, и место со поддршка, со сопки од системот. Културата ни е тезгаџиска, клановска и партиско етнички поделена. И кога се прави нешто, секој гледа да го „набилда“ сопственото его, име и џеб, затоа што нема веќе кој да се замара за трајни вредности. Образованието ...
Промоцијата на “МОНОГРАФИЈА 25 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО” на Пандора Апостолоска Саздовска ќе се одржи на 19 jануари 2024 година во 21:00 часот во БРУТАЛСИК (концепт простор, центар за мултимедијален проект, архитектура, уметност и дизајн) во Скопје. “МОНОГРАФИЈА 25 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО” на Пандора Апостолоска Саздовска ги презентира актуелните визуелни истражувања на авторката во период од 25 години творечка работа. Текстот е на историчарот на уметност и ...
На мое големо задоволство, а се надевам и на севкупната македонска јавност, пропадна обидот за градење на браната Чебрен од страна на грчката држава, со давање на ХЕЦ Тиквеш на 60 години. Да не се разбереме погрешно, јас не се ситам на неуспешен проект, туку на отуќување на нешто што веќе го имаме и за давање на бодените ресурси и електричната држава, која ни е сосед, но де факто не ни е пријател, плус огромните загуби кои би ги имале, а ...
Денес (28 декември 2023) почина писателот Александар Поповски — македонски поет, романописец и автор за деца. Александар Поповски е роден 1932 година во Ново Косово, Приштина, денес Косово. Основно образование и гимназија завршил во Кавадарци и во Скопје. Студирал книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје и светска книжевност на Универзитетот во Љубљана. Работел како новинар во Радио Скопје, „Трудбеник“ и „Вечер“, како и во „Детска радост“, ...
Постојана е дебатата на темата дали има превработеност со јавните и државните органи и институции. Фактот е еден: Нема како бројка превработеност, туку има погрешна распределба на работни места. Негде фалат луѓе и не може да се функционира, на други места има луѓе кои не прават ништо. Тоа е маката! Пред некој ден излезе анализа за покриеноста во државата со екипи во брзата помош. Фалат над 50 екипи за да се исполни законскиот минимум. Само во ...
На 21.12.2023 година (четврток), во Националната галерија на Македонија, во објектот Даут пашин амам, со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989)“. Одбележувајќи го 90 годишниот јубилеј од раѓањето на Ристо Калчевски (1933-1989), еден од најзначајните толкувачи на енформелната практика во македонската ликовна уметност, нашата цел е интегрално презентирање на неговото богато ...
Во Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во среда (20 декември) во 12 часот ќе се одржи промоција на делото „Резбарени тавани, долапи и врати во Македонија“ од долгогодишната професорка, научен истражувач и еминентен академски уметник, Анета Светиева. Промотор ќе биде проф. д-р Никос Чаусидис, со присуство на авторката. Станува збор за повеќегодишен проект кој бил одбранет како докторски труд ...
На 19 декември, православните верници во Македонија ја чествуваат најчестата слава во македонските домови, Свети Никола. Станува зборза посна слава па на трпезата ќе доминираат посна сарма, посно гравче, риба. Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ...
Во рамки на соработката меѓу Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, наскоро ќе започне настава по македонски јазик на новоотворениот Лекторат по македонски јазик. Наставата ќе ја одржува новоизбраната лекторка д-р Славица Свидерска. Во тек се процеси на одредување на статусот на предметот Македонски јазик, а ...
Утрово, на телевизија погледнав прилог во живо, во кој се зборува за недоследноста на државата, кон живот и делото на Есма Реџепова Теодосиевски. Навистина е жално кога гледате дека оваа актуелна структура баш и е гајле за се што одредени лица дале за државата, туку се водат според максимата „купи ден – помини“. Нема државотворност, нема почит, туку само формалност, и правење лице, а бркање работа за себе самите. Есма Реџепова, и нејзиниот ...
На 16 декември 2023 година, сабота, со почеток во 11 часот, во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечена академија посветена на 98 годишнината од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција, во 1925 година. Организатори на академијата се Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението Сонцето од Кутлеш од Скопје. Реферати на свечената академија ќе поднесат ...
Национална галерија на Македонија ја најавува јубилејната изложба „110 години од раѓање“ на уметникот Лена Стефанова. Изложбата ќе биде отворена на 20.12.2024 година (среда) со почеток во 12 часот, на пладне, во објектот Чифте амам. Претставува голем предизвик организирањето јубилејна изложба и одбележувањето 110 години од раѓањето на уметницата Лена Стефанова. Јубилејните изложби секогаш се повод за констатација како нечие творештво на посебен ...
Изложбата „Мајкинство“ на уметничката група МОМИ ќе се одржи на 7 декември 2023 (четврток), со почеток 20 часот, во Салон Империал II, при КИЦ. Отворањето на изложбата „Мајкинство“ на уметничка група МОМИ, која ќе се отвори во четврток, 7 декемри 2023 во 20 часот во Културно Информативниот Центар – Скопје, а истата ќе биде отворена до 10.01.2024 година. „Teмата на која заеднички работевме изминатата година е темата „Мајкинство“, тема која е ...
Изложбата „Од поинаков дискурс – Фауната од колекцијата на Националната галерија“ ќе биде отворена во објектот Мала станица, во четврок 7 декември 2023, со почеток во 19:30 часот. Дискусиите и дебатирањето за или против менување на методите и експериментирање со нови пристапи на истражување и презентирање на ликовната уметност, осовременување на истите, излегување од сигурната институционална зона со нови, автентични теми, несекојдневни и храбри ...
Во оваа моја колумна нема да се осврнам на политички теми, туку просторни, инфраструктурни. Имено, начинот на кој функционира политиката кај нас, пред се на локално ниво, општините, градот, советите, и спрегата со одредени моќници и инвеститори. Замислете го Министерскиот состанок на ОБСЕ доколку не беше пуштена администарцијата дома? Имено, 90 отсто од државните институции се во општина Центар. Нема дисперзија, а нема ни паркинг. Улиците не се ...